Можи ќе звучам сурово ама полицемерен и посебичен народ од нас нема. Ја сакам мојата држава, но не може да се прогресира токму од народот. Сите се спремни да коментираат како во еу земјите (ќе земам за пример Словенија инспирирана од снимките на новинарот од канал 5) кога му коментираа сите како е таму прекрасно, ние сме биле назад од то, таму можело кај нас не можело…итн Можи сѐ и кај нас само да сака народот. Или пак сакаат сѐ да биди океј ама се додека нивните желби не се загрозени (желбата за возење над дозволено, да се пуши кај шо се сака) значи тие да бидат исклучок оти наводно тие на никој не сметаат кога се работи за нив. Епа не можи така… За жал го нема чувството на одговорност и на колективност за создавање на општо добро. Кај нас народот за жал функционира “Ако мене ми е добро многу ми е гајле подалеку од дворот дали е ужасно” Зато нема промени…ни за воздухот, ни за сообраќајот, ни за инфраструктури…Ова е само еден сегмент…за политичарите не ни коментирам тоа е огромна тема. Јас мислев дека можеби нешто од мојата генерација (луѓе од 30тина години) нешто ќе се смени, но нема…се продолжуваат старите искривени вредности. Ама ние на крајот од денот сме “топол и мирољубив народ” А да…ко ќе речат сѐ друго средивме па ова остана…вас никако не ви одговара ништо. Сѐ повеќе ме асоцира државата на некоја од оние како Колумбија и слични…мафијашки работи, дроги, убиства, беззаконие…единствено што сме помали територијално
Како вака правите некои нелогични паралели? Дали си видела пушач да крши инвентар/покуќнина ако изгуби или не може да најде цигара? Дали пушач ви рекол позајми ми до другиот 15ти 50 евра да си купам штека цигари? Дали пушач си ја остава целата плата и целиот имот за да си купи цигари? Ако не сте работеле со луѓе зависни од комар немојте да пишувате нешто што вашиот мозок не може да го испроцесира. Завист да, но не одете во крајности што не се воопшто логични.
Сум видела мајка што му вика на детето нема пари за чоколатце, притоа си купува две кутии цигари. Сум видела човек што вика подобро да умрам, цигарите не ги оставам. Што е тоа ако не зависност? Сегде нека ги забранат, јас да сум и дома ќе им е забрането ако имаат деца да пушат. Надвор само кај што нема луѓе и ќе нема кој да трујат.
Сопругот е спортист (не пуши) Јас пушам 5 цигари дневно -на тараса, ама и овие 5 ги откажувам ради законов. Еве колку ќе има ефект. Не е битно во каква држава живеам ама законов ќе донесе позитива- еве ако се воведе најстрого.
Да забранат, ама тоа дека само цигарите се штетни не е, тоа дека мајката не купила чоколатце не значи дека дома нема полна фиока чоколади и слатки работи (исто штетни), тој што ќе умре нема да откаже цигари не е ништо повеќе од тој што ќе умре а нема леб да откаже. Ете тоаа е...
Да, површно е да нема детето нешто за да има мајка му цигари? Ако тоа е површно за тебе не знам што да ти кажам. Или некој да ги одбира цигарите пред животот, да не му е гајле ако умре како ќе им биде на другите. Навистина површно. Или колку да се каже нешто? Така ми изгледа.
Цигара знам да запалам ептен ретко од ќеф иако можам да се воздржам и без што значи дека законов и не ми менува нешто многу. Ама во држава во која ништо не функционира прво да се фаќаат за вакви глупи закони стварно нема потреба. Место од главата од опашката почнуваат. Низ Скопје има еден куп угостителки објекти каде има соодветна поделба на пушачки и непушачки дел. Така било со години. Никој не ги тера со сила непушачите во пушачки дел, имаат избор. Не мора да одат онаму каде се пуши. Дури и во цела кафана ако се пуши и тоа е јасно назначено, сами бираме дали одиме или не одиме таму. Пушач не би седнал во место за непушачи, обратното се случува и после се бунат ги труеле. Поделба и контрола врз истата е во ред а целосна забрана во никој случај.
Наш народ е ратоборен само кога се обидува да се воведе ред во државава, е тоа никако не му одговара. Се дигна востание и за Сејф сити и сега за законов.
Карикираме повторно. И повторно прашувам дали сте виделе бихевиорално разлика помеѓу пушач и комарџија? Јас ставив примери од иста клапа, па веќе кога ги категоризирате пушачите и комарџиите на исто рамниште очекувам исти примери у пракса. А тоа што мајката купила цигари наместо чоколада не ги категоризира сите пушачи. Многу глуп пример навистина. Има родители кои што чекаат да им пушти државата детски додаток за да купат метамфетин. И сега ова не се важи зашто не се работи за цигари нели?
Морам да те поправам за ова. Ако ти не познаваш, не значи дека нема. Спомнав поназад. Познавам и гледам пушачи кои седат во непушачки дел и пушат, а не добиваат опомена. Закон кој треба да спаси животи не е глупав закон, туку есенцијален и битен. Мора од некаде да се почне. Една поправена работа во државава значи многу.
Поповршно од тоа- изведување животни заклучоци, за луѓе што сме ги виделе во поминување- нема. Кутрото дете, останало без чоколадо, пушачите самоубијци и убијци, среќа па кратко живеат, инаку кој ќе ги трпеше по 140 години да живеат
Исто наштетуваат на другите околу себе. Психо-физичкото здравје е загрозено и од пушачи и од комарџии.