Форумџика на годината

Нов закон за заштита од пушење

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Munchmallow20, 12 јануари 2026.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.434
    Допаѓања:
    68.636
    Пол:
    Женски
    Фала ти, навистина бев кутро дете што помина без многу работи во животот за мајка му за цигари да има.;)
     
    На Tanjamm, Munchmallow20 и pinklipstick им се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    61.442
    Пол:
    Женски
    Пушењето е луксуз, не е нужно добро (да не речам лошо). Не треба отстапки да прават непушачите за вас, туку обратно. Поразително е колкав процент од народот пуши, а тоа кажува само колку никако не сме се справувале со овој проблем. Деца што до вчера не знаеле газ да си избришат сами пушат цигари. Кој им ги дава нив? Па уште кога ќе се фалат некои како се криеле од мали дека пушат, е браво, медал да ви дадат треба.
    Познавам луѓе што последните пари ги давале за цигари наместо за јадење, па тоа ако не е зависност јас не знам што е. Затоа не ме чуди примерот погоре со мајката, за свое дете чим така прават што очекуваш за другите околу нив. Осет за колективност нула.
    За пушачки и непушачки делови се кажа доволно погоре, не знам зошто тоа се тера како аргумент кога буквално во повеќето места нема физичка бариера, па воздухот е скоро ист. А и тие 2-3 саати седење да не можиш без цигара. Не било зависност. :D Не е зависност само кај оние што можат да поминат со цигара две денот и да не ги тера постојано да земаат.
    Твојата слобода завршува каде што мојата почнува. Мојата слобода е да можам да седам некаде без да морам да дишам отровна смрдеа и да се смирисувам бидејќи некој друг решил да се труе.
     
    На Annath, SummerGirl, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.797
    Допаѓања:
    14.768
    Јас сум пушач и ќе кажам, мило ми е што го има законов!
    Никого не сакам да трујам околу мене, посебно не деца
    Секогаш кога палам излегувам надвор, колку сака нека биде ладно
    Кога искачам, ако има простории каде што се пуши, може да запалам една, две. Ама има личности што претеруваат, кога ќе дојдеш дома да ти корнат алиштата на цигари.
    Имам братучедка ми дојде на гости толку пушеше кај мене дома, што два дена не можев да излуфтирам и и реков повеќе така не! Колку сака нека се лути, кога јас како пушач ми сметаше, што да кажеме не пушач да влезе во таква просторија
    И треба да се казнува, никаков народ сме!
     
    На Panda00, Harper, SummerGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    3.669
    Пол:
    Женски
    А во врска со тоа дека почнаа закони да се редат од возачи, пушачи големо браво така треба од народов да се почне, се надевам еве и за други проблематики дека ќе се воведуваат ригорозни закони. Како за силувања овие денови. Можеби сум оф топик ама дајте прво овие брливите да ги лишаме.
     
    На Mumoftwo30 и Marijana93 им се допаѓа ова.
  5. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    3.791
    Пол:
    Женски
    Исто ко Маријана, и јас сум страствен пушач, ама секогаш имам осет кога сум во друштво на непушачи, секогаш. Дури и на отворено секогаш прашувам дали смета ако запалам, секогаш ми велат не бе шо ти е запали слободно. Како и за слики што прашувам за дозвола да објавам така и за ова. Па и дувам настрана за да не оди димот од цигарите накај непушачот. Ама секогаш буквално беше, не бе шо се потресуваш не смета уживај си. Е сега дојде интересното, баш тие што секогаш ги "пазев", сега се најгласни за законов дека уствари им сметало и те како, само ми правеа лице од богзнае кои причини. Ќе ценев повеќе ако ми кажеа отворено, секако немаше да палам колку и да сме на отворен простор, поштувам тие работи макс. Вака испаднаа лицемери, ама барем се покажаа, па во иднина ни на отворено не би со тие кафе да пијам или да шетам у парк.
     
    На Panda00, christinnn, Mazegin и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    2.177
    Наштетуваат и психички нестабилни личности, зависници од алкохол, насилници, силувачи, убијци, малтретирање во училиште и на работа.

    Никој не вели дека законот за пушење во затворен простор не е во ред, ама да ставате пушач и комарџија на исто ниво е дијаболично.
    Не може да кажете се и сешто само да бидете во право.
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    31.383
    Пол:
    Женски
    За тоа се виновни тие од угостителскиот објект. Мора да си водат ред во спротивно да си платат казни. А дека има соодветни објекти што водат сметка има и тоа како. Во многу ресторани шанси нема да дозволат на некој внатре да пуши, ни пепељара не би донеле на маса.
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pinklipstick

    pinklipstick Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Excuses excuses..|(
    Да не е обратно?
    На секој начин пробувате да го изрелативизиратe себичното однесување за кое нема баш оправдување.
     
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.970
    Допаѓања:
    30.887
    Пол:
    Женски
    Во казината ќе дават ли бар да се пуши? :rofl:
     
  10. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    2.177
    Ништо не си разбрала девојче.
    Се молат мајките краљици да си ги приберат невоспитаните и прегласните деца у ресторан додека пијам рум, пушам цигара и играм на мегавин.
     
    На senjorita-v, Adidas888 и christinnn им се допаѓа ова.
  11. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.606
    Пол:
    Женски
    Не им се замарај ич, гледаш дека едвај чекаа да излези нешто вакво за да се закачат како крлежи.
    За здравјето им било, немој молим те. За штетноста на цигарите ми труби а без кола ни до тоалет не оди, редовно се храни со мрсно и благо, бута се’ и сешто во него, ама цигарите се штетни и ти го труеш ако запалиш две/три цигари во негово присуство.
    Оокеј е.:whew:
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pinklipstick

    pinklipstick Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Абе добри сте вие? Некој бутал благо и мрсно и што сеа?! И ти дополнително треба да ми чуриш да ми го доскратиш здравјето?
    holy-priest-ezgif.com-resize.gif
    Тоа да ми е близок нема да го толерирам не па таму некој си ќе трпам да ми чади. :@
     
  13. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.606
    Пол:
    Женски
    Па ич не мораш никој да трпиш, многу нормално.
    Сами си го бираме кругот на луѓе со кои се дружиме, ништо на сила.:D
     
    На Panda00 и MiloMalo им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.434
    Допаѓања:
    68.636
    Пол:
    Женски
    Исто се зависности. Само со различни последици и брзина на уништување.
    И некој со својата зависност може да си седи дома, не да ги труе и другите наоколу, уште себично да се расправа зашто не е тоа фер.
     
    На senjorita-v, nextredstyle и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  15. pinklipstick

    pinklipstick Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Да де да најлесно ви е да кажете никој не те тера да трпиш затвори си се дома не мораш да излагаш со пушачи, нели? Страшно. Малку осет. :fubar:
     
  16. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    3.549
    Иако пушам по 2 до 3 цигари на ден, се категоризирам во пушачи и ептен го поддржувам законот(y) Само.. се надевам дека целосно ќе се почитува и ќе се казнува. Јас живеам во Шведска и тука овие правила од многу одамна важат. Сега ми е незамисливо дека кај нас во Македонија се пуши пред болница (а верувам и внатре на некои ноќни смени:worried:), пред училиште, на детско игралиште… Или пак во затворена просторија каде што има деца. За ресторани исто така, тука нема ресторани за пушачи и непушачи. Ако сакаш да пушиш ќе излезиш од ресторанот и ќе си поодиш така бааги затоа што баш и пред ресторанот не се пуши:nod: Кога јас се преселив ми беше чудно и мене ама сега ми е нормално и многу поубаво. Тука многу малку луѓе пушат, додуша повеќе снусаат ама со тоа не загадуваш никој само се труеш самиот. Кога си дојдов во МК последен пат во кој и ресторан да бевме излезени корневме на цигари и коса и облека|( Јас работам во школо и во близина негова никаде не се пуши. Затоа само палам на тераса со кафе и никаде цигари со мене не носам, ете се можело и така.
     
    На tambelina и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Мора нацијата да се култивира, да фрли цигари, да не шљока алкохол. И едното и другото е нецивилизирано. Колку пати сте виделе трудница да пуши? Родители со мало дете да пушат внатре? Растена сум со двајца пушачи, пасивно пушев, поради нив, па и некое ојле дојде од комшии, роднини ако дојдеше, чадилница. Крајно време е народов да влезе во 21 век, да се колтивира. Народ на кој пороци му се приоритет не е народ.
     
    На tambelina и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.910
    Допаѓања:
    183.589
    Пол:
    Женски
    Сега читав во првото мислење шо е едитирано, каде се ќе важи законот, и сите точки се common fucking sense. И тука завршвам со коментирање, бар една точка да беше неразумна па да имаше простор за лутење.
    [​IMG]
     
    На OneMiss, Annath, Ugly Duckling и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.256
    Допаѓања:
    26.827
    Пол:
    Женски
    Па коцкарот позајмува и краде пари, пушачот "краде" нечиј воздух и здравје.
    Исти к на крај, нешто ти земаат против твоја волја.
     
    На senjorita-v и nextredstyle им се допаѓа ова.
  20. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    17.578
    Пол:
    Женски
    Иам видено и тоа пази пациентка беше и претпоставувам лежеше на ГАК, беше со таква болничка облека, трудна.
    Ја отидов нешо за хормоните, надвор бев, ау коа почна да ми смрдииииииии, кај не ми беше океј уше ова фалеше :puke:

    Ај кажете после дека сите мајки мислат за доброто на своите деца :)

    Фала Богу дома никој кај мене од моиве не пуши, а ја неам ни пробано тоа срањето, нит па сакам.

    Останува заклучокот дека пушачите се најбезобразни и најсебични особи.

    Ма немојјјјјјј :^)

    Со ова само потврдуваш колку само Македончето е глупо и тупо.

    Може кај нас еден ебан Закон да помине бе без да се мрчи? |(

    Ау тој синдром у вас а - у значи (facepalm)

    Системот е крив, а вие прави (highfive)
     
    Последна измена: 13 јануари 2026
    На Iva:), Tanjamm и nextredstyle им се допаѓа ова.