Ок, ќе си праиме хипотетички муабети На моја свадба, пред 100 години, рекоа сок не служиме, не ни се исплати. И ако су лагали мени, и ја лажем вас За што се бунат тогаш кафеанџиите? А реално, никој не е должен да служи 8 саати во чадилница, за да си го заработи лебот
Ама мајка ти не излегува по кафани Или, кафаните не работат за пушачи. Само повеќе алкохол им се троши со пушачи.
Повторно ќе кажам дека расправата не е зошто е воведен законот, туку зошто ги ставате во исто рамниште зависник од никотин и зависник од комар. Имате мноогу поголеми проблеми од пушењето во затворен локал, чекајте кога ќе ви го направат градот како Амстердам. Таму учтиво со кафе ти следува и џоинт. Тогаш ќе ги барате цигарите.
Ова е тој синдром наш од кој си патиме. Да има ред, да има закони и правила, ама за мене да не важи, јас да си правам што сакам. Мене да ми е удобно, другите нека цркнат ако сакаат, сѐ додека мене ми е океј. Уште за во ЕУ сме со размислувањава.
Дежа ву имам од првиот пат кога се донесе ваков закон пред 15 години. Исто беше муабетот кој ќе седи дома, кафаните како ќе пропаднат и слично. Нит некој дома седеше, ниту кафаните пропаднаа. Се пушеше на дозволени места и животот си продолжи. Така ќе биде и сега, само треба да се издржи првичната галама и институциите да бидат доследни до крај. Страшно сме неедуцирани како народ за ефектите од цигарите и најтрагично е што нови и нови генерации упорно влегуваат во тој магичен круг каде што цигарата се гледа како врв на уживањето и есенцијален дел од постоењето. Знам пошто и јас бев дел од тие генерации, пропушев од желба да бидам дел од таа фама, ама среќа се вразумив па сфатив колкава лудост стои позади цела таа индустрија. Како целокупното живеење, глорифицирање на цигарите, нормализирање на пушење насекаде потсвесно ја врежува во глава идејата за пушење на новите генерации. Ние растевме со билборди за цигари, сега ајкосот од фрижидер уште што не ми излегол. Толку се допушти да се пушат секаде, што нема веќе ни игротека каде што не се пушат. Апсолутно го поддржувам и предлогот цигарите тотално да се тргнат од видно поле во маркетите и да се забрани цел тој маркетинг што моментално се случува. Цигарите треба да се третираат како тоа што се - отров и порок и треба државата да си воведе цела стратегија за справување со ситуацијата.
Па закон за пушење во затворени простории си има од дамна, не знам што изиграваат сега бесни глисти. Тоа што не се почитува е друго, иначе си има од пред 15-20 години.
И не е толку и до законот колку што е до подигнување на свеста. Као мора закон да има за на некој да му текне дали е ок нештото што го прави.
Законот од пред 10-15 години се почитуваше ама за жал беше сменет пред 5-6 години и затоа се пуши сегде.
Свеста се поттикнува преку јавни кампањи и едукација од мали нозе, а моментално ние ги немаме ни двете.
Сосема моментално не потребен закон, НО сепак ми одговара. Да сме нај реални цигарите се штетни. И алкохолот е да, ама некој ако пие до мене нема да ме труе што е случај со цигарите. Ако сакаш да се труеш седи дома и труј се. Не малтретирај други. Толку.
Изгуглав, во 2018 се измените и од тогаш машала сегде се пуши. Значи од 2010 до 2018 никаде не е дозволено а во 2018 тој закон е сменет и е дозволено пушење во "одредени делови, простории и надворешни тераси" ама кај нас тоа значеше пушење сегде. Еве исечок од Нова Македонија.
Значи во 2025 сте скоро па таму кајшто сте биле во 2010. Значи политичари- свака част, какво возење во круг
Заев ич нема фаца за пушач, се зачудив дека во Приштина стоеше покрај владината зграда на цигара. Грујо не знам дали е пушач и тој ич нема фаца за пушач. И Максим нема фаца за пушач, ама се зачудив кога видов слика со симпатизерка и тој во рака имаше цигара. Не сум сигурна дали пуши или од мода зема некогаш некое цигарче.
Најчесто кај нас пушачкиот и непошучакиот дел се одделени со еден мал порстор., или евентуално внатре-надвор покриено со отворени врати. Јас како непушач седам во непушачкиот дел и на 1метро од мене има маса пушачки дел и пак се усмрдувам и пак очи ме печат. Нема решение секако одделно ако не се одалечени.