Форумџика на годината

Нов закон за заштита од пушење

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Munchmallow20, 12 јануари 2026.

  1. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    4.491
    Пол:
    Женски
    Како што прочитав дел сватив дека никој од дома не излегува за да се забавува.
    Ако не запали цигара нема да му е забавно па мора да излезе со друштво и да пуши, пие алкохол и сл.
    Кај ви е мотивот за дружење, да се забавувавте, да се видите со особа која ви е драга итн итн или?
    Ако не запалите цигара 2-3 часа нема да умрете ама па мене ќе ми наштетите.
    90 % од пушачите дома не си пушите, ама во кафана/кафич мора па шо сака нека е.
    Давате чуство дека само за цигара излегувате во кафана/диско/кафич итн.
    Воа ви го пишува екс страствен пушач кој во живото сватил кои му се приоритетите. А тоа не е да излезам да поради цигара, туку да излезам да се видам со особи кои ми се драги, да испијам кафе на сонце, да уживам во денот. Запалила цигара или не.
     
    На Milkiway, Мис Стоун, l0vekim и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.040
    Допаѓања:
    16.646
    Пол:
    Женски
    Ништо нема да дебатирам на темава, исчитав мислења еден куп да, и само ќе кажам ДАЈ БОЖЕ да го усвојат законов и вистинаки да биде така! Преку глава од умирисана коса и душа. :lol:
     
    На eliesaab, riba79, Мис Стоун и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Мис Стоун

    Мис Стоун Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам и јас да се усвои законот, ако стварно се усвои. Порано не ми пречеше но сега веќе не можам да издржам во пушачки дел. Значи поминвам низ пушачкио 20 секунди за да влезам внатре во непушачки и готово се веќе ми мириса и коса и алишта и се.
     
    На eliesaab, GirlVolley, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Travertino

    Travertino Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2025
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Без пушење дефинитивно
     
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.986
    Допаѓања:
    26.080
    Пол:
    Женски
    Како пушач , не ми сметаат вакви закони . Искрено , ако јас сакам да се трујам и да си ги давам парите на цигари , не е должен некој да го трпи мојот чад . Преферирам да седам на отворено , да пушам цигара дури и кога не е забрането пушењето внатре . Дома пушам не дека не , ама имам прозор што стои подотворен и си пушам покрај него или излегувам на тераса . Нема да ме убијат 10 минути на воздух :D
     
    На tambelina, Мис Стоун и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.585
    Допаѓања:
    3.391
    Пол:
    Женски

    Додека на секој нов закон коментирате “како се да е средено во оваа држава, па се фатија за тоа…” нема да не биде.
    Крајно себичен и непромислен е тој коментар,напишан онака од рукав истресен.
    Од малите нешта се почнува да се почитува и применува и се градат големи промени и резулатати.
    Овој народ не трпи авторитет,закон,почит и слично…саможивници до срж.
     
    Последна измена: 16 јануари 2026
    На Nausicaa, Giovanna, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  7. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.585
    Допаѓања:
    3.391
    Пол:
    Женски
    Луѓе сериозна е бројката на пушачи, во ова спаѓаат и голем број деца од 12год па нагоре.
    Алармантна е ситуацијата и не е нормална и за пушачите и за тие околу нив што ги трујат
     
    На sino.o.oka, Giovanna, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.446
    Допаѓања:
    8.106
    Пол:
    Машки
    2ра или 3та најпушачка нација сме во Европа. Бетер од турците. :smoke:

    Па без пари цигари да делат, 70% од луѓето во Македонија ќе се соберат. Ќе направат колона до Црно Море. (facepalm)
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.969
    Допаѓања:
    30.886
    Пол:
    Женски
    Без пари ако делат, цела фамилија ќе ја викам, сите да земат, иако со нив не зборам со години. :D
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30 и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  10. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.680
    Допаѓања:
    8.553
    Пол:
    Женски
    Сум за законов, во смисла, да не се пуши внатре, на постројка, во школски двор или градинка..
    Ама, во двор на фабрика, важи и за таму??
    Зошто?
    Сите сме возрасни, надвор сме, може да се одделиме..
    А пред кафич/кафана ќе се пуши?

    А во парк?
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.692
    Допаѓања:
    200.498
    Ништо од ова не е ,,објект,, ако се водиме според уводот во темава, освен на автобуска постојка и пред објекти со деца, никаде не видов забрана за отворено.
     
  12. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.680
    Допаѓања:
    8.553
    Пол:
    Женски
    Јавен простор како да заслушнав..
    Не знам што е планов, за тоа прашав..
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.585
    Допаѓања:
    3.391
    Пол:
    Женски

    Најверојатно ќе има посебно место за пушење,обележано со црвена боја на коцка и само таму ќе смеат да пушат.
    Не смее ни на работно место,ни во кафич,парк…
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Собери пушачи, алкохоличари, коцкари, ќе испадне дека скоро секој возрасен во Македонија треба да се лечи од некаква зависност.

    И муабетот „се е средено за ова се фативте“ е пропагирање на распад систем, на пропалитет општество. Тие што секој ден пушат по 3 кутии цигари, кога последен пат научиле некоја вештина за да бидат конкурентни на пазарот на трудот, кога последен пат прочитале книги(сигурно Зоки Поки во 1 одделение), кога последен пат биле на кино, театар, на нешто што значи духовно наградување, цивилизирање? И колку од тие што сте на Запад, ги сменивте своите навики, да не пушите, да не пиете, да учите нови работи? Во приватен и државен сектор најголем дел од работниците пола работно време се пред врата, пушат цигари. За тие треба пола плата. На сите можни листи Македонија е рамо до рамо со џихадистичките држави.
     
    На SummerGirl, Polyincognito, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Сженете си навики или како во секое цивилизирано општество пушете си надвор. Еве прилог колку "не е штетен" никотинот.
     

    Прикачени фајлови:

  16. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.621
    Допаѓања:
    19.554
    Едвај чекам да воведат за ајкосите да не се пушат во игротеки, ресторани и канцеларии. Јас трпам, детево ми трпи ради ајкос што смрди одвратно и што итекако е штетен за други да го дишат. Па и тие со ајкосите без осет ти пуши во канцеларија па уште " ама дозволено е"... огромна поддршка за законот
     
    На SummerGirl и Annath им се допаѓа ова.
  17. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    6.721
    Многу се радувам за законов.
    Ај за локали ајде де, многу повеќе за други места, како здравствени установи, образовни установи, ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА.
    Откако сум родител не можам и не можам да ги разберам оние кои стојат до лизгалка и со една рака детето го држи да се спушти, во друга рака цигара запалена.
    Која е потребата бе во тие пола саат, саат што ќе си тука да мораш да запалиш цигара и да дишат деца чад и на онака “многу чист” воздух?

    Исто и такси превоз.
    Влагаш внатре тоа смрди корне, пред да влезам ја гаси цигарата, стигаш на работа ко од биртија излезен.

    И што прочитав наназад - “stop be pregnant around my cigarettes”?
    Еве лани ја бев трудната на маса на свадба каде сите околу мене извадија пурите, башка што имаше и деца на масата.
    Пола свадба надвор си ја преседев и напуштивме порано.
    Да запалиш цигара во присуство на бремена жена и деца без око да ти трепне оти ти се може нели, треба да имаш IQ собна температура.
     
    На theowndemon, Мис Стоун, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  18. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    3.600
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ова повеќе треба да те загрижува отколку законот за пушење.
    Од џебот на народот ќе биде исплатено ова, веќе ако коментираме за државава што полека полека ʼнапредуваʼ.
    IMG_6143.jpeg
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.014
    Допаѓања:
    16.912
    Пол:
    Женски
    И кога ќе ставиш сè заедно, тие се попривилигирани на работни места отколку непушачите. Можат да забушаваат, го имаат оној изговор дека мора да запалат и така до недоглед. Од ваквите ликови фирми немаат ќар, напротив. Само зијан.
     
    На M.B., SummerGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    3.791
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да ги намалувам, сега едно до две максимум во денот. Таман додека се изгласа нема да палам ич :nod:. Знам и верувам во себе, и порано сум правела паузи и тоа не мали паузи туку со години без цигара воопшто. Едно време и ајќос пушев од лубеница :D Како и да е, поарно да се изгласа и да не се труеме ни себе ни другите околу себе, и плус ќе заштедиме (fingers)
     
    На Sweetymk и SummerGirl им се допаѓа ова.