1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов закон за пушење во Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Aleksandar1212, 25 октомври 2017.

?

Дали го поддржувате новиот закон за пушење во локалите?

  1. Да

    20 глас(а)
    20,6%
  2. Не

    77 глас(а)
    79,4%
  1. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Владата прави комплетно нов закон за пушење. Пушењето ќе се дозволи секаде, освен во локалите каде се служи храна. Сепак, дали ќе се пуши во кафулињата ќе одлучат самите угостители. Тие ќе имаат право да изберат дали сакаат во нивниот локал да се пуши и за тоа да платат лиценца или ќе останат на сегашното решение, пушењето и понатаму да биде забрането кај нив.

    Владата најавува закон по европски терк.

    „Комплетна либерализација и право на избор пред се на угостителските објекти каде не се служи храна да имаат право да изберат, ако сакаат да биде дозволиво за пушење тие да имаат право со лиценца тоа да биде нивен избор, ако имаат право да бидат за непушачи тоа да биде нивен избор. Апсолутно тоа не се однеува таму каде што се служи храна. Работат стручни луѓе, сакаме меѓународна пракса“, вели Зоран Заев - претседател на Влада



    Пред да се донесе новото решение Заев најавува јавни дебати за да се слушне мислењето на пошироката експертска фела. Можно е новиот закон да биде донесен до крајот на годината, зашто зимата е најголем проблем и за пушачите и за угостителите.

    Минатата недела Владата не даде мислење за законот за пушење што го предложија група пратениците од СДСМ. За овој закон ќе се расправа после локалните избори. Со него се предвидува пушењето да биде дозволено на терасите и летните бавчи и во зимски услови, кога ќе бидат затворени со најлони. Во ноември собраниската комисија за здравство ќе ја повика експертската јавност да даде мислење дали треба да се тргне забраната за пушење на тераси.

    Сега во бавчите на кафулињата и рестораните е дозволено пушење само кога објектот нема кров или е отворен од најмалку три страни.
     
    На cresa-jagoda и Dust им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.098
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски
    Забранава за пушење е едно од многу малкуте нормални и океј ствари што останаа од изминативе 11 години.

    Прво, либерализацијата за цигари и алкохол е далеку од приоритет со кој треба да се зафаќа владата.

    Второ, ако законот за алкохол (она со забранетото продавање после 7 навечер мислам) навистина не помага нешто многу и не може да ги спречи штетите од алкохолизмот, за овој закон против пушењето сметам дека ги штити непушачите онаму каде што се почитува. Затоа, не да се зборува за негово укинување, туку треба и да се наметне построго за секаде да се почитува.

    Трето... слушам во муабет денес и читам на фб ставови од мои познаници (и тоа од најзагадените градови – тука од Скопје, од Битола, Тетово) што ептен иначе си ги поштувам, пристрасни не политички туку чисто од аспект на пушачи. Аргументот им е дека и така надвор е толку загаден воздухот преку зима, што најмал проблем е пушењето и едни замирисани алишта и коса од цигари, пффф...
    Значи... не. Баш земајќи ја во предвид штетата на здравјето од загадувањето на воздухот, не треба уште да му се додава на тоа и пасивно пушење и кај нас што сме одлучиле да не се труеме.

    Значи, јас како непушач сум против измената.
    Ако направат само за на тераси, отворен дел од локалите или уште подобро посебен дел за пушачи – океј, ама за целосно укинување... огромен thumbs down.
     
    На Rama, macush., BlackAndWhiteSwan и 35 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.327
    Ај сеа ние непушачите ќе мрзнеме надвор за внатре да не се труеме а?
    Не ја сфаќам потребата толку да се разгледува ваквиот закон, па дури и пушачиве да се жалат дека биле дискриминирани. Абе ајде.
    Дискриминирани?
    Извини, си решил веќе да се труеш, и колку сакаш труј се, ама ќе ги трпиш последиците без да тераш друг да ги трпи што дошол едно кафе да испие и немој да бараш некакви права кога тоа што пушиш е твој избор.
    Нека направат да се пуши само во посебен дел или тераси, а не внатре каде што има деца, или луѓе со астма или друг проблем со дишење или срце.

    Не е пушењето не знам каква потреба па толку да ги сожалуваат демек -леле ај заладува времево, дај да им овозможиме да си се трујат на потопличко. Наместо да се оди кон тоа да има што построги закони против пушењето, они за подобрување на услови ќе ми зборуваат.
     
    На Rama, macush., Victorian и 24 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.485
    Допаѓања:
    78.334
    Пол:
    Женски
    Мене како непушач, ми одговара да не се пуши таму каде што седам. Не поднесувам мирис од цигари. Отров. Како што беше досега, ок си е да биде и одсега.
     
    На Rama, crazylady, Arthur и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Има ли воопшто потреба да кажам колку сум ГНЕВНА поради предложената промена? Јасно ми беше дека живееме во ненормална земја ама дека до волку ќе отидеме? Цел свет му има отворено војна на пушењето, само ние одиме назад :headbang:. И да, ептен реален твит:
    Capture.JPG
    Пушењето е ризично по здравјте. Следствено, очекувам државата да излезе во пресрет и да не заштити од опасностите од туѓиот КАНЦЕРОГЕН порок.

    Се потпишав на фб петицијата, ако дознаете дека некаде се собираат и „во живо“ потписи, кажете! Ако се организира протест, исто споделете информација, планирам да бидам во прв ред! :@:@:@:@:@:@:@:@
     
    Последна измена: 25 октомври 2017
    На Rama, macush., Marossa и 19 други им се допаѓа ова.
  6. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.260
    Пол:
    Женски
    У Тетово се пуши сегде, без разлика дали е затворено или отворено местото, лето или зима, надвор или внатре, така што мене овој закон не ми менува апсолутно ништо.:yawn:
     
    На GabyTranceॐ и Justicija им се допаѓа ова.
  7. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Јас комплетно го поддржувам овој закон. И убаво ви е објаснето вам што не сакате да седите во зачадени простории дека овај закон нема да биде применет во СИТЕ локали, што значи претходно ке си се информирате каде е дозволено и нема едноставно таму да одите. Voila. И едните и другите задоволни.. а не да дискриминирате пушачи само поради тоа што вие не пушите, па да мрзнат поради вашето незадоволство.
    Не сакате да се труете? Океј, ке си одите во локал каде тоа ке биде забрането. Што не е јасно?
    Од каде потреба да радикализирате се што вам не ви е по воља?!
     
    На sunshine96, Miss666, Anacid и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    19.443
    Пол:
    Женски
    Јас како пушач сум пресрекна за новиот закон ... Значи на -10 степени да се треси човек надвор алооо ... Ние пушачите не смеевме внатре со цигари , но сега непушачите никој не ги брка надвор :lol: мала шала ;)
    Добро е што имаат избор кафулината дали ке платат лиценца и ке дозволат пушење на цигари , или ке си останат по старо , значи нема сите кафулиња да дозволат пушење на цигари , па непушачите ке имаат каде да одат на кафе , за разлика ние пушачите бевме осудени да мрзниме надвор на -10 степени
    Таму е друга држава и друг систем :D
     
    На Црна Ружа, Miss666 и ♣ Alba Viduam ♣ им се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    50.301
    Пол:
    Женски
    Глупости се ова сега ќе седнам некаде и ќе јадам, а некој ќе пуши и ќе усмрдува.:devil: Не само тоа туку пушењето е штетно, Заев се враќа назад место да одиме напред.
    Секаде нека направат простор само за пушачи да можат зиме и лето да пушат место да мрзнат надвор, а и тие непушачите да не се трујат и да не се угашуваат во чадот.
     
    На Arthur и daylight им се допаѓа ова.
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    19.443
    Пол:
    Женски
    Читај прво добро, па после донесувајте заклучоци
     
  11. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Откако дојде оваа влада и постојаниот закон за пушење никако не се почитува бидејќи голем број на криминалци се охрабрија и не почитуваат нит закон нит бакрачи и сега си пушат си пушат и пушатттт :D:rofl:
     
    На LoneWolfGuy, Rama, Arthur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    19.443
    Пол:
    Женски
    Јас до денес пушам цигари надвор , бидејки кафулината ги почитуваат правилата , не е до мене , тие си се држат до законот
     
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.768
    Пол:
    Женски
    Каде тоа? Во кој локал?
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Срамотилаци, пушат јавно кај им стигне. Другите барем на Халкидики се криеја :!:

    Нормално дека не сакам некој да ми пуши на маса. И онака мака мачам со алергии и проблеми со дишење по цела година. Ја потпишав петицијата, без двоумење :!:
    Ама донекаде го сфаќам законот и подржувам што никако нема да смее да се пуши на места кај што се јаде. И плаќањето на лиценцата го подржувам, ама нека биде малку поскапичка, да има и државата корист некоја од тоа. Ако се изгласа едноставно никогаш нема да влезам во место кај што се пуши, доволно ми е што од градов се цела усмрдувам |(
     
    На Rama, blackwave, Arthur и 5 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.019
    Допаѓања:
    224.987
    Пол:
    Женски
    финтата е што сигурно не се дружиш само со пушачи. секогаш ќе улета и некој непушач и кај да седне тој!? да се двои!? не бива ич.

    пушач сум, не подржувам пушење во затворени простории како ресторани и кафулиња. Утре да сакам со дете да седнам да не можам. А и без дете, зошто цела да трујам на цигари!?
     
    На Rama, crazylady, Marossa и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    19.443
    Пол:
    Женски
    Лили пушењето на цигари ке биде строго забрането таму кај што ке се служи храна . За кафулињата ке биде овозможена лиценца , но тоа ке биде ИЗБОР , а не ОБВРСКА . Па Лили ние пушачите ке одиме во оние кафулиња да пиеме кафе кај што имаат лиценца за пушење на цигари :)
     
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.019
    Допаѓања:
    224.987
    Пол:
    Женски
    ќе ве посетам кога ќе сум без дете :rock:
     
    Последна измена: 25 октомври 2017
    На zuto и Justicija им се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.205
    Не разбирам, на СДСМ им се смачи од власт па сакаат да го вратат ДПМНЕ? Или одат по логиката удоволи им на трговците во заблуда (дека наводно луѓето не оделе доволно во кафани поради забраната) и надевај се на позитивен исход и на следните избори?!

    Дајте правници тука на форумот подучете нè форумџиите како да го обжалиме ова зло пред Уставен Суд?
    Па не е јасно кои се тие локали и на кои локации се наоѓаат низ Скопје и републиката?

    Пушењето цигари (и други чадливи работи) се избор, а не право!
     
    На Rama, YoungandBeautiful, Arthur и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Ќе ве потсетам дека постот е отворен за мислења кадешто ќе се слушне страната и на пушачите и на непушачите. Препукувања никаде не водат.

    Доколку сметате дека не се потребни измени во законот за пушењето можете да се потпишете на петицијата: Стоп за измена на законот за пушењето.
     
    Последна измена: 25 октомври 2017
    На ♣ Alba Viduam ♣ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Не ми сметаат закониве за пушење ама ми се едноставно смешни. Уште од раните години цигари се пушеле во сите локали, кафулиња, ресторани и сеа као демек надвор нека се пуши ''да не се отуреме ние непушачите''.. Како прво воздухот е загаден, душите ионака ни се црни така да нема сигурно никој да се отруе од димот на цигарите. Сите се прават толку невини, а колку и да сакаш да не се пуши внатре, сепак имаш или си имал барем некој познаник или пријател кој до тебе пуши една за друга и не си се бунел. Пример..како мали некој роднина ќе застанел со цигара до вас и вие од каде сте знаеле за тоа како деца? Сепак сме отруени уште од мали и никој не може да не заштити или излечи :) .. Ова не го пишав како хејт зашто сум пушач само не сакам глумење.
     
    На srhsejbsk и ♣ Alba Viduam ♣ им се допаѓа ова.