Ке се даде на знаење де кога ке се усвои законот.. или и тоа не е јасно? Да, во право си.. немаме право да пушиме. Како сме се осмелиле?! Само вие непушачите имате права. Иначе ич не ви смета на куќни слави кај што знаете дека ке биде полна соба чад да однесете деца да се трујат цела вечер, а сега ви смета тоа што во некои, повторувам НЕКОИ локали ке биде дозволено пушење, а вие останатите ПАК ке си имате соодветен локал со чист воздух за да си уживате на раат.. мора пушачиве по секоја цена да мрзнат на -20 зимно време а? Иако и вие имате погодности како непушач?
И јас сум против законов. Иако знам да запалам цигара од време на време, али фино е да си одам дома од дискотека и да не мирисам на пепељара, или да го јадам омиленото јадење во ресторан, а под нос да не ми мириса некоја грда 57ца.
Порано кога се пушеше низ локалите да ти е страв да седнеш во нив. Глава ќе те заболи од чадот од цигарите - од облеката смрди цела куќа. Зошто бре да се тровам заради некој што одлучил да не се грижи за сопственото здравје? Насекаде во светот е забрането пушењето во јавни простории, само кај нас наопаку. Укинувањето на некои работи не се смета дека се засукани ракави и дека нешто е сработено. Треба да се изврши промена во регистрацијата на локалите и треба да се знае кој каков е. Кој сака да се регистрира како таков нека си плати на државата ако смета дека со дозволувањето на пушењето ќе му се зголеми прометот. Така ние непушачите ќе си ги посетуваме рестораните каде не се дозволува пушење. https://sdk.mk/index.php/svet/nujork-zabrani-pushene-elektronski-tsigari-vo-javen-zatvoren-prostor/ Spoiler: Петиција https://www.change.org/p/info-vlada-gov-mk-стоп-за-измена-на-законот-за-пушењето
Како да некој ги тера пушачиве да пушат или како да едноставно мораат, па биле они дискриминирани. Едноставно не пушете Можете, ама не сакате.
Доколку сметате дека не се потребни измени во законот за пушењето можете да се потпишете на петицијата:Стоп за измена на законот за пушењето.
Бидејки сум пушач го поддржувам законот за пушење во НЕКОИ локали, и иако сум пушач ми се допаѓа тоа што пушењето нема да биде дозволено во објекти каде ќе се служи храна.
Не сум пушач и немам ништо против оние што се пушачи,сами свесно се трујат.Но да ме трујат и чадат у лице додека јадам,или пијам кафе и уживам,тоа не и сум против дс се пуши во кафичи и ресторани.
Нема врска со право ова. Одењето во угостителски објект е избор, точно и како таков треба да биде оставен на поединецот да одлучи. Добро е да има локали каде што не се пуши и каде што се пуши, па секој по свој избор. Најинтересно ми е кога раја која оди во кафиќ и таму пие алкохол се обидува да употреби здравствени аргументи во однос на забраната за пушење Во кафиќи, клубови и дискотеки не се оди ради здравје. Snowflakes
Одвратен ми е мирисот на цигари. Па сеа зимно време како сардини ќе бидиме начукани во локалите, уште да се пуши како што е се затворено како во гасна комора ќе е. Зошто јас како непушач да бидам приморана да копам на трујам на цигари? Ајде тргнете го настрана тоа со загаденоста бидејки покрај сите фактори кои го загадуваат воздухот, пушењето не е ништо, ама смрди бре одвратно. И на крај краева зошто пушачите дискриминирани? Па некој со пиштол на чело ги тера да пушат? Толку не можат саат и пол два да се воздржат?
Лесно се решава тој снежен проблем. Нема да одиш на места на кои се пуши и крај приче Не е насекаде, во некои земји како Австрија оставено е на сопствениците да одлучат. https://www.yelp.com/search?find_desc=Smoking Bars&find_loc=Wien
По сѐ што прочитав се однесувате како до сега законот да се почитувал. Сте биле во зимска дискотека во Скопје? После 01h секој може да запали цигара без проблем. Што е со рестораните во другите градови во Македонија?! И јас сум пушач, и тоа страстен. Никако не би сакала да седам во кафуле што е зачадено, но исто така не би сакала цела зима да се мрзнам под греалки што никако не можат да го загреат просторот, ниту да седам изолирана во 10м2 надвор од локалот. И јас плаќам исти цени како и оние што не пушат, така што би сакала да добијам исти услови и услуга.
Некаде прочитав дека Македонија е 4та земја во свет по испушени цигари во една година. Значи овој закон не е воопшто наивен и занемарлив и потребно е да остане. Очигледно, цигарите тука се бијонд... зависност. Пушењето е избор, да. Ама навлегува и во туѓиот избор на непушење. Заради нечив избор да пуши, јас не сакам коса да ми мириса, ниту облека, додека мојот избор да не пушам, не навлегува во ничие право. Идеално решение дека постои - тешко, и тешко дека ќе успеат да ги задоволат сите апетити. Кога секој би бил повеќе само свесен за своите нездрави навики би било најдобро за сите, патем тука не мислам само на цигарите, туку кај нас недостасува колективна свест за водење здрав живот, ниту бар во одредени рамки. Искрено верувам дека лиценцата е само наводен избор, пошто нели, демократија, избори, бла бла бла бла... Веројатно ќе ја направат прескапа, да не може секој да ја дозволи.
Ни смета. Токму поради тоа и престанавме да одиме по такви куќни слави и престанавме иситите да ги организираме. Сите имаме право на живот а со тоа право да дишеме чист воздух. Да се убиваш себе си на рати, тоа е веќе личен избор! Имаат право на тој избор, но нека не го наметнуваат нивниот личен избор на другите кои тоа не го сакаат! Е не, поради забава се оди... Во кафиќи, клубови и дискотеки секогаш се одело првенствено ради здравје - да се издува и ублажи стресот со џус, музика и секс во (претходно исчистено и дезинфицирано) веце. Но никој тоа не го признава јавно за да не отклонува од мејнстримот, демек забавата им била побитна од здравјето
Од кога тоа престанало да се оди по куќни слави? Иронично. Зборуваш за наметнување на личен избор на други во случај каде твојот е испоштуван во однос на законов, а ти се бориш против тоа некој да го добие истото право и услуга што ја добиваш ти.
Се се среди, до овој закон се дојде. Алал. Не ме занима законот за пушење, ме занима тоа што се зафаќаат за вакви глупости како се друго да е под конец... Нема оправија овде, нема. Само избори, митинзи, дебели фотелји за тие кои се докопале до нив... а за обичниот народ зафрканции со закони за пушење како многу битна работа додека побитното тоне до недоглед.
Како поранешен пушач ќе се изјаснам За промена на законот. Се согласувам да не се пуши каде се служи храна. Исто се согласувам да има локали за пушачи и непушачи. Само... лиценците треба да бидат прилично скапи и да не бидат иста цена за сите т.е во зависност од капацитетот и големината на објектот и цената да варира. Најважно... пред да се даде дозвола за пушење во локалот истиот треба да има добар вентилациски систем и често надгледување дали истиот се одржува и користи. Џабе ќе дозволат пушење ако не контролираат дали воопшто има вентилација во локалот, каква е и дали се користи. Да не се враќаме наназад во времето на усмрдените локали, туку да одиме чекор напред (се надевам) И да, пушачите до сега беа дискриминирани, колку и да сакате да не го признаете тоа. Да се надополнам... Би можело, во локалите каде е изводливо, да има дел за пушачи, дел за непушачи кои ќе бидат физички одвоени.
На муабети од типот на како мали нас не труеја па што ни фали, не знам ни како да реагирам. Апсолутно, дај да си ги труеме и ние децата зошто нели и нас не труеле. Прогрес! Пасивен пушач сум и мразам да пушам во присуство на непушачи и не можам да ги разберам луѓето кои од аспект на пушач, не го чувствуваат моментот дека е апсолутно погрешно да здраворазумно влијаам негативно на здравјето на тој до мене, макар бил непознат, само поради мој личен избор. Мразам и да влезам во диско и да излезам труејќи на цигари. Едно е да се направи посебна просторија за пушачи (затворена) друго е да се дава дозвола за лиценца. Многу јасно дека 99% од локалите ќе ја земат. Не го разбирам ниту моментот со услугата. Демек некој одбива да ве служи ако си пушач? Не ви дале маса? Сите сме на исто кога седнуваме да не услужат, не можам да изберам да не го дишам чадот и не можам да го избегнам, така соодветно и законот. Цигари се личен избор и треба така и да останат. Сите аргументи за промена на законов се фалични.