Јас сум непушач и не сакам да се пуши. Ааууу секаде кај и да седнам на кафе после ќе мирисам на цигари.
Јас од законот што го прочитав разбрав дека ќе има 30% од локалот со просторија за пушење, на останатиот дел строго знак за забрането, и дека ќе биде дозволено на терасите...сега и онака е дозволено на тераса, односно заграден дел на кој што само кровот го отвараат за луфтирање, скоро сите кафичи ова го применуваат, многу малку се само со затворен дел за седење, така што законов не ни менува многу уствари, во дискотеки во 90% се пуши внатре, едино рестораниве/кафаниве се малку дискриминирани...не знам што ви менува толку ако се дозволи и внатре пушење кога и онака сите се мрзнете на терасиве зашто имате во друштво пушачи 70% од населениево пуши...мене би ми одговарало ако се усвои законов.
Една работа добра ке направи, друга ке упропасти.... Цигари битно ке дозволи сегде да се пуши, а покачувањата на пензиите ке ги укине, свашта... Ама ај битно зимно време ние пушачите нема да мрзнеме, редно беше да се дозволи.
Ја законот ќе го подржам само ако смее и ганџа да се пуши. Да не се нервирам оти катран ќе ми се лепи на душава.
Една работа треба да се расчисти прво: се додека правиш нешто што е штетно по туѓо здравје, немаш право да бараш да ти биде дозволено. Да станува збор за некаков обичен смрдлив дим, ајде де, пак некако може да се оправда. Но, да шириш намерно и свесно отрови и да бараш да ти биде тоа дозволено треба да немаш грам морал и разум. И извини ама за какво ускратување на услуга зборувате?! Дали кафето кое го порачувате или пицата се поинакво приготвени за оние кои не пушат од оние кои пушат? Дали цената е различна? Нормално дека не. Тоа што кафулињата и рестораните го нудат се пијачки и јадења кои сите ги добиваат на ист начин приготвени и по иста цена, никој не ја ускратува ничија услуга.
Јас разбрав дека со новите измени, задолжително ќе биде сите луѓе да пушат, не е битно пушачи/непушачи. Доколку некој го затекне инспекција да не пуши - следат казни.
Со две раце ја потпишувам петицијата. Цигарите не се потреба, тие се задоволство, така што никакво право не им е скратено на пушачите. Јас како непушач не го загрозувам здравјето на другите и не би требало да се ограничувам да одам во некој локал кај што може убав ми е амбиентот зошто знам дека таму ќе смрди на чад. А пушач ќе може кај сака да влезе, само треба да излезе пет минути надвор.
Јас пушам повремено и сметам дека законот сепак не треба да се смени. Не е убаво и пријатно да се седи во зачадена просторија. Јас иако пушам конкретно само со кафе или алкохол , а кафе и алкохол пијам само кога сум излезена воопшто не ми смета што се пуши само надвор. Порано кога се пушеше во кафичи секој ден морав да ја мијам косата и облеката едно носење и толку, мене тоа ми пречеше, од аспект на здравје не се интересирам многу пошто доволно смртни случаеви од удар имав во животов на луѓе што никогаш не пушеле. Па не мислам дека и пасивното пушење е толку штетно. Значи и како пушач не сакам да се укине законот.
Значи катастрофа, на два пати искачање си идам дома и на човек не мирисам. Косата алишта се ми мириса на цигари. На што личи тоа, арно си беше без цигарите а кој сака да пуши нека си излезе надвор.
Не ги читав Вашите мислења погоре, но сакав да си кажам свое видување. Според она што го читав, ќе се пуши во оние кафичи каде не се служи храна и кои ќе набават лиценца за таа намена. Лиценцата сигурно ќе биде скапа. Крај краева, немора да пиете кафе во кафичот каде што се пуши, седнете си некаде каде е забрането пушење. Кафулињата се приватници кои сами одлучуваат дали ќе се пуши или не и нема што да им замеруваме за нивната одлука. Јас сум пушач, ама еве забранава за пушење ми одговара. На кого му се пуши, нека си излезе надвор.
Нека го ова овде, нека трепка: http://en.rauchverbotweltweit.de/smokingbans-worldwide.php Само ние ли бе упорно да регресираме?! А што е со вработените? Една од основните обврски на работодавецот е да овозможи безбедна и здрава работна средина. И пред да одговорите со „па нека си најдат работа каде што не се пуши“ да ве потсетам дека никој не е должен да менува работно место (да не зборувам дека не оди тоа така лесно во Македонија) затоа што вие не сакате да си ги контролирате потребите. Snowflakes? О, огледалце огледалце...
Бизнис си е бизнис. Битно да се репнат кафанчињата и локалите со екстра давачка за... лиценца да се пуши. Која лудост, еј.
Ова не ми се верува да е така стварно нема логика. Работава иди маж ми пуши јас не и не треба т.е. не можеме да излезиме заедно заради цигарите. Инаку за законот сметам дека е убаво шо не се пуши по кафичи и ресторани. Тешко беше првата година сега веќе се сите навикнати да излегуваат надвор на цигара.
Министерството за здравство излезе со став дека не го подржува Законот. Значи оттаму немаат зелено светло. Плус петиција. Тешко дека ќе се изгласа законот и дали воопшто ќе влезе во собраниска процедура. Јас сум против овој закон. И ќе се потпишам доколку се собираат негаде потписи.
Абе фино си беше и вака. Единствено што би изменила е терасите што беа со мушами и некои импровизирани оградички да се направеа асални зашо и онака веќе кафичите се поделени на пушачки и непушачки дел. У дискотека НИКАКО цигара. Не ради смрдење на алишта, туку дали се свесни колку пати ми се изгорени алишта и упропастени лаковани салонки ради тие цигари? Стануваш сабајле и како да те ределе со куршуми.