1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов закон за пушење во Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Aleksandar1212, 25 октомври 2017.

?

Дали го поддржувате новиот закон за пушење во локалите?

  1. Да

    20 глас(а)
    20,6%
  2. Не

    77 глас(а)
    79,4%
  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Хипотетички:
    Јас сум приватник.
    Локалот е мој
    Јас вложувам, јас водам бизнис..(да не редам што уште правам)
    И на крај - јас поставувам услови за работа.
    Нели?!

    На градежните работници зарем некој се труди да им ја намали прашината што им влегува во плуќата?!


    Значи, да се разбереме, ама НЕ ПОГРЕШНО.
    Јас сакам НИКАДЕ да не се пуши, во ниту еден локал, зашто и кога ја имам таа потреба ја задоволувам на места определени за тоа и ИЧ не ми пречи.Побитно ми е што во локалот си седам во ,,чиста,, просторија и што не трујам на цигари.

    Ама, муабетот ми е - неможеш да им забраниш на приватниците (ако има ваков Закон) да дозволуваат пушење.

    А што се однесува до лиценцата - парите одат во Општинските каси, па ако се работи чесно и поштено ете има од што да се полнат.


    П.С. А каква е таа петиција?
    Каде е истакната за потпис?
     
    На 1209, theowndemon и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  2. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Петицијата е под наслов Стоп за измена на законот за пушењето
    Мене лично законот ми се допаѓа токму поради тоа што секој сопственик на локал кадешто не се служи храна ќе може со помош на лиценца да си овозможи конзумирање цигари внатре во локалот. Исто го гледам и како добра работа тоа што не повеќе од 30% во локалот е дозволено консумирање цигари. Многу ме интересира како ќе одвојат сопствениците на локали 30% од објектот.
     
    Последна измена: 26 октомври 2017
    На daylight, elimkd и referentka им се допаѓа ова.
  3. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Зошто бе, ЗОЖТОООО пишуваш вакви ствари,(facepalm)(facepalm)(facepalm) во други теми имаш ок мислења, ама коа ќе се избаци некој со вакво нешто, како да се воздржи човек а да не почне со саркастични коментари?
    Ајде размисли уште еднаш околу ова што си напишал :)

    Затоа се работи за избор. Тутунот е легален и законски регулиран, на него се плаќаат додатни давачки.
    Како легално средство - мора да биде оставен на избор на потрошувачите и угостителите.
    Изборот значи дека ако на некој му смета чад - не мора да оди во кафиќ во којшто се пуши, едноставно е :) Зошто би одела во локал каде се пуши ако си непушач? Биди си принципиелна и не влегувај ако мислиш дека т.н. пасивно пушење ќе ти наштети на здравје некако.


    Потребна е соодветна вентилација и нема да има проблем. Ако локалот не може или не сака да воведе соодветна вентилација, не треба да се издава лиценца.

    Само што, никој не е загрижен за куповите работници кои гинат секоја година на работно место, трудовите инвалиди кои секоја година остануваат со...очајот во раце, а такви има десетици илјади буквално.
    И ниту еден од чад од цигари туку од ствари кои не влегуваат во снежните перцепции како затрупување со земја или пад од 7 спрат на зграда во изградба или долготрајан изложеност на хемикалии. Имаше случаи на работнички во конфекција кои починаа на работно место летно време, без клима уред на +50 рмбачење по 12 саати.

    Ама пасивно пушење...
     
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Ај вака, искача мешано друштво у кафич, и да речеме смее да се пуши у затворениот дел.

    Непушачите треба да седат цела вечер ко у гасна комора, само ради дружба. А не дека МОРА да се пуши, али ете се смее.
    А ако не смее да се пуши, седат сите на воздух, и ако на некој му се пуши, ќе излезе на 5 минути, па и ќе се размисли дали да пуши уште една по ладново надвор. Оти, не МОРА да пуши, на крај краева.
    И многу ми е патетичен моментот кутрите пушачи се разболувале додека пушеле надвор по ладното, додека истовремено катран си лепат на плуќата... Каква дискриминација, ве молам! Еве две солзи ми капнаа, абе пукнав од жал...
    А не е дискриминација ја да не пушам, али некој да ме труе против моја воља.

    И друго, каде е логиката ако не сакам, да не искачам каде се пуши. Па значи никогаш нема да излезам со пријатели што пушат, а и да се деси тоа, ќе седиме каде не се пуши, и пак ќе излезат да пушат надвор.

    Оти и за пушачи и за непушачи е подобро да се излезе на 5 минути надвор, одколку да се седи во погон од Тутунски комбинат.
     
    На Dust, macush., x.Daisy.x и 18 други им се допаѓа ова.
  5. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    џабе гласав за Сдсм кога уште на почеток менуваат добар закон од времето на вемерото..ај белким нема да им успее да го изгласат.
    Бидејќи у затворена просторија кај што се пуши, пушат едно 50-100 људи..не се седи ни 5мин...ќе се труеме за чузди ќејфови..
     
    На Nausicaa, Jason123, shz и 2 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Јас пак таму каде што неми одговара ич не им влагам.

    И не да молам да влезам и да се жалам на ,,политиката,, која ја води ресторанот, туку едноставно за мои пари каде сакам ќе си влезам.

    Незнам зошто би влегла во кафана каде се пуши кога има сто други каде не се пуши

    А факт е дека кафаните каде се пуши работеа фул, затоа што каде има алкохол таму и цигарата те влече, така да верувам дека ќе има заинтересираност за лиценци за пушење.

    И воопшто не ми е криво ако не влезам во таа кафана
     
    На kim.k, Baby-bubu и Црна Ружа им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.424
    Допаѓања:
    24.768
    Ова би успеало само доколку луѓето со кои се дружиш се непушачи. Ај локали што можеби ќе треба да сменам, треба ли и пријатели? [​IMG]

    Драго ми е што законов веројатно нема да пројде. Но, доколку пројде се сомневам дека локалите ќе издвојат само 30% од местото. Можеби на почетокот, но со тек на време ќе се опуштаат и ќе почне да се пуше насекаде и секогаш. Тоа е проблемот кај нас, што се нема усул. А токму од немање усул одредени пушачи не можат да видат дека е нелогично нивното барање. Пушат цел ден постојано, па како животот да им зависи мораат да добијат одобрение да продолжат да пушат и во кафуле.
     
    На PaLaVa, Jason123, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Не знам што е толку страшно да излезе пушачот на неколку минути надвор. Барем ниту неговата облека а ниту облеката на останатите нема да труе! Иако не сум редовен пушач, ми се случува ретко да запалам цигара и искрено глупо и непријатно ми е да чурам во затворен простор. Многу попријатно прво заради самата себе ми е да ја извршам таа потреба на отворено и за кратко да си се вратам во незадимена и незсмрдена просторија. Нај глупо ми е да излезам од дома тазе избањата, средена, намирисана а да се вратам дома ко смрдлива пепелјара со отпушоци. Како е можно по ѓаволите, некој да нема ништо против таа непријатна миризба на облеката и косата! :puke:(facepalm)
     
    На daylight, shz и zuto им се допаѓа ова.
  9. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Затоа тоа се решава со вентилација и доделување на лиценци врз основ на постоење на добра вентилација.

    А хипотетички, дали консумираш нешто жестоко во угостителскиот објект? Претпоставувам да.:party: И јас исто:party:
    Пошто неколку чашки брља (етанол со вештачка боја и арома наречен коњак или виски или етанол без наведените додатоци, разблажен во вода познат како вотка) ќе ти направи 666 пати поголема штета него чадот.
    Па не мора да биде брља, може да е пиво кое окапува во цистерни и силоси пред да го точат од канистер или од шише било како, све је то ради здравља.

    Ирелеванто е тоа какви преференци има поединец при дружење. Ако некои твои другари одат во место каде трешти турбо, ако некој твој другар те вика на певаљка која дрма со салото и цицките, ако твое друштво оди во казино малку да се релаксира на слот машина, па шо, стотка или две, ако оди во кладилница итн. тоа се лични преференци и избор, или ќе одиш или не, тоа нема врска со правната страна.

    Како што ти имаш избор како непушач да одиш во објекти каде што ќе консумираш легална дрога (алкохол) без никотин, така и пушачите имаат право на избор да одат во објекти каде што ќе консумираат легална дрога уз легалната дрога (алкохол и никотин).
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Пушам, ама не сакам кога се пуши во затворена просторија.
    И ете сега сум против да се смени законот.

    Ако ми се пуши ќе излезам надвор и готово.
    Кај веќе душата ни мириса на цигари, па ајде и цела облека нека ни смрди.
     
    На daylight, zuto и Gosh им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.424
    Допаѓања:
    24.768
    Поентата со алкохолот, до некаде ти држи вода. До некаде. Чаша вино/пиво/виски/ракија повремено посекако нема да ти штети, дури можеш да извадиш и некој бенефит. Никако не тврдам дека се 100% здрави, но во мали количини повремено дури и можат да се оправдаат. Но на крајот, изборот е твој. Можеш да пиеш било што друго што не е алкохол, додека пак ако седиш во просторија каде е дозволено пушење, изборот повеќе не е твој. Секако, не мораш баш токму таму да влезеш, но ова важи доколку си во друштво со пушачи.

    Целиот прв пасус ти е лоша споредба бидејќи ништо од тоа не е лошо по здравје.

    Во секој случај, останува да видиме дали ќе биде воопшто прифатен законот и доколку да, како ќе биде спроведен. Ако е прописно, со одлична вентилација и ограничувања, тогаш веројатно ќе биде во ред.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    И јас сум против промените во законот за пушење, затоа што живееме во држава каде:

    - за 10 месеци има 127 мртви бебиња;
    - држава во која е најзагаден воздухот во Европа;
    - држава која нема легални депонии;
    - се повеќе има ѓубре;
    - се возат најстари автомобили и автобуси;
    - бројот на болни од рак се зголемува секојдневно;
    - ДРЖАВА КАДЕ ТРОТОАРИТЕ СЕ УЛИЦИ А ПЕШАЦИТЕ МАЛЦИНСТВО БЕЗ ПРАВА А ВИЕ САКАТЕ ПРАВА ЗА ПУШАЧИТЕ??? ОЗБИЛНО ТОА??????


    [​IMG]
     
    На macush., YoungandBeautiful, daylight и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Немаш никаков бенефит од чаша индустриски етанол. Ние секташите знаеме мрачни ствари, пример дека "Коњакот" кој ти го носат на маса во кафиќ не е коњак (тој се прави во Франција, отстојува во црешови буриња со години и е тотално надвор од price range на просечен граѓанин на РМ, да кажеме 1000 денари чашка 0,04) него е брља од Бадел или Албанија
    Ако земеме како почетна премиса дека она што е штетно по здравје треба да се регулира или забрани, ќе имаме интересни ситуации, но во случајов имаме две легални супстанци, законски регулирани.

    Пак се враќаме на тоа дека имаш избор да одиш на место во кое можеш да консумираш легална дрога за која сметаш дека нема да ти штети (етанол) и да не одиш на место на кое се употребува друга иста таква (никотин) за која сметаш дека ќе ти наштети.
    Значи воопшто не мораш да одиш на место каде што нешто ќе ти смета.

    Добро вентилирана просторија и готова ствар.Па ко воли, нек изволи :party:

    П.С. Етанол=Алкохол, таа е дрогата која не орасположува. Во Бразил се користи и како гориво за автомобили.
     
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Следно ај нека биде да се зголеми дозволеното количество алкохол зад волан, па на кого не му одговара нека не вози кола и нека не пешачи по тротоар.
    Права сте немале...(facepalm)
     
    На macush., YoungandBeautiful, Zaljubena26 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.600
    Пол:
    Женски
    Видете, алкохолот е штетен да, ама коњакот што јас го пијам во кафана, не штети на ничија туѓа јетра сем мојата, ниту коса и облека му мириса на Петко од мојот коњак. Додека пак Петко кој пуши на другата маса, штети и на мојата плуќа, и моите очи солзат и мојата коса и облека мирисаат.
    Тоа е таа разлика во штетноста, што некои избори навлегуваат веќе во туѓите избори. Петко не мора да се бања во 3 сабајле зошто јас сум пиела коњак, а јас морам да се бањам зошто Петко пушел.
    Да се излага 5 минути надвор на цигара е повторно избор. Ако ти не можеш да издржиш 2 саати со друштво без таа пуш пауза, што да ви кажам. И ние пиеме чашка алкохол кога сме излезени без цигари и еве живи сме. И што е најбитно, на овој или оној начин никој не “страда” од нашиот избор.
     
    На Daydream, neno0o, Dust и 18 други им се допаѓа ова.
  16. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    @Црна Ружа, оти вака забегуваш со муабетот? Изгледа во сектата денес не ви фрлиле мртви кутриња за ужина. :D

    Загрижени сме ама овде правиме муабет за пушењето по локали. Отвори тема за конфекциските работници и нивните никакви работни услови (ако сеуште нема) па таму ќе разговараме за тоа, можеби дури и ќе се согласам со тебе.

    Ми се допаѓаш вака како форумски лик, не ми го расипувај впечатокот. :u:
     
    Последна измена: 26 октомври 2017
    На YoungandBeautiful, daylight, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.424
    Допаѓања:
    24.768
    Го форсираш алкохолот, ко што измеша и погоре турбо, певаљки, слотови и др. Ај ако не зошто гнетеш бургер со бог знае какво мелено месо и пржени компири во палмина маст, се убиваш пополека? Не губи фокус, збориме за пушење цигари. Во кафуле/ресторан никој не те тера да конзумираш легална дрога (етанол), можеш да пиеш и јадеш што сакаш. Додека пак туѓа одлука со туѓ дим може да ти биде наметнат.

    Се сложувам за избегавање на локали каде што ќе биде дозволено пушење, со надеж дека нема да го применат повеќето доколку се одобри законот. А земајќи во предвид дека во државава претерано многу се пушат цигари, не би ме изненадило повеќето да дозволат. И не би ме изненадило да нема никаква или доволно добра вентилација и да си прави кој што сака, каде сака и колку сака.
    Но, останува да видиме.
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    хаха...ного тру стори у еден маабет..
    ама замисли и Петко да лока коњак..и да се опие..и да ти дојде..да ти се пушта..и ем на цигаре ем на алкохол ќе ти мирисе..душичката ќе ти га отрове..:D...е тугај..си на*бала..:D
     
  19. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Сум против тоа да се воведе овој закон поради причините кои ги наведоа и во претходните коментари. Се согласувам со тоа дека тие луѓе можат да издржат еден до два часа без цигара, нема светот да се сруши без една цигара или две. Исто така е точно и тоа дека вие труете луѓе наоколу со цигарите. Мене лично тоа не ми смета, јас не сум пушач но имам дома членови во фамилија и пријатели кои пушат пред мене па ништо не им велам зошто се приспособувам. Но некои луѓе не можат, и со право.

    Ама од друга страна имам разбирање и за пушачите. Најдобро ќе беше Владата да ги обврзеше законски локалите да направат мали посебни простории каде ќе може да се пуши, колку-толку тие простории ќе ги штитат и самите пушачи од преголемиот студ надвор кога е зима. Тоа ќе беше многу попаметно.

    И ви се молам, немојте да зборувате дека немаат пари сопствениците на локалите тоа да го направат. Кога имаат пари да даваат за разноразни глупости тогаш ќе можат да најдат и пари за една мала просторија каде ќе можат привремено да престојуваат на пет минути пушачите за да испушат една цигара.
     
    Последна измена: 26 октомври 2017
    На DAngel, Tan4ence и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    И како тоа го менува фактот што не мора да одиш во локал во кој се пуши?
    Со добра вентилација нема да им ништо од горе опишаното, а последиците од коњакот кој штети на твојата јетра утре ќе го плаќаат сите од даночните пари, ништо не е бесплатно :inlove:
    Мирисот на твојата облека после одење во локал воопшто нема никаква тежина како аргумент при донесување на законска одредба.
    Луцифере, имај милост, што е ова бре, каква аргументација?
    Непријатната миризба како основа за носење закони...и веднаш да се забрани Летото, пошто потење и смрдеа,бањање и такви ствари.
    Можеш да "страдаш" само од твојот избор да одиш на место на кое се пуши.
    Ја сам изненаџен како никој не перцепира најосоновни разлики при аргументација, основи на логика.
    Ништо не треба да правиш освен да не одиш во локал во кој се пуши :)

    Тоа е крстот кој го носам, шо да се праи :D Морам да инсистирам на логичка и морална доследност, сите ми сте драги ама никој нема да ме дупи во здрав ум :emo:
    Јас само реагирав на загриженоста за вработените по локали и секако, таа "загриженост" се јавува само кога на некого му сметал чадот од цигари. Пред и после тоа не постои, не се потегнува како аргумент. Или некој е загрижен за здравјето на работниците или не е.

    Госпоѓице, во кафуле никој не те тера воопшто да одиш.
    Никој не може да ти наметне да одиш на место на кое се пуши. Тоа е твој избор. Со изборот да одиш на такво место ќе бидеш изложена на ситуацијата која настанува од одење на такво место.
    Со неодење на такво место, нема да бидеш изложена на ситуација која произлегува од одење на такво место.
    Одење во локал спаѓа во слободни и доброволни активности.

    Ништо не измешав, ти кажувам дека локалите 18+ се места кои во основа служат за социјализација со користење на легални дроги, секогаш етанол, а до 2010 и никотин. Можеш да одиш и да пиеш кофеин но немаш право да бараш присутните за свои пари да не можат да пијат алкохол. Или никотин.

    Да, и фаст-фудот треба да се забрани пошто е крајно штетен, ако тргнеме од премиса дека се што е штетно за здравје треба да се забрани. И алкохолот нормално.

    А за вентилација споменав околу 14 пати :)
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ му/ѝ се допаѓа ова.