сдс се залагаше за АЈРО (чист воздух), го укинаа денот на дрвото, а сега се обидуваат да донесат нов закон за пушење на цигари. Каде е сега нивната кампања за здрав живот? Наместо да инвестираат во спортот, да се залагаат за субвенции за велосипеди (како што направи Коце Трајановски), наместо да воведат мерки за садења на дрва тие сега сакаат да спроведат нов закон за пушење цигари. Зошто? Јас не пушам цигари и сум против овој закон. Сите ги знаеме штетните последици од цигарите. Доколку некој одлучи да пуши цигари, зошто и моето здравје како непушач да биде загрозено. Пример излегувам со друштво во некој кафич, да речеме дека во кафичот седат 20 луѓе што пушат цигари за еден/два саата додека сум во тој кафич тие луѓе колку цигари ќе испушат? и зошто да го загрозат моето здравје или здравјето на друг непушач? Не ми е важно што димот на цигарите создава непријатен мирис на облеката и косата, мене ми е поважно здравјето кое во присуство на цигари ќе ми биде загрозено.
Уште имам трауми од средно кога се враќав после излегување и мирисав како пепељара. Има причина зашто скоро сегде низ светот е забрането пушење на јавни места особено во затворени простории. Штетно е, не само за пушачот, туку и оние околу него.
@Црна Ружа Фактот дека ќе треба да одам во кафуле во кое не се пуши не го коментирав, и секако дека тоа ќе го изберам, ако таков закон се донесе. Не збориме тука за хронични алкохоличари па да ми ја праиш таа споредба, иако ја наметнуваш темата и звучиш дека сите што пијат алкохол малтене забегале во алкохолизам. Никој не се здобил со последици од чаша две коњак за викенд, така што секој сам ја плаќа својата чаша и толку е. И да, усмрдените алишта не се аргумент, ама изборот мој да ја штедам плуќата е, особено доколку некој ми го нарушува тој избор со неговиот. А дури и кога би оделе до крајности, како што ти милуваш, јетрата е единствен орган кој целосно може да се регенерира особено на млади години, а плуќата не. Така што тежината помеѓу штетата од цигарите и алкохолот е огромна.
Реално, сите ќе земат лиценца, особено попознатите места, затоа што нема да ризикуваат да им се намали прометот.
Ама друже, има еден битен фактор што ги издвојува цигарите од другите услуги во кафичите и кафаните што се исто на некој начин штетни по здравјето. Од фаст фудот ич, па дури ни од алкохолот - оние што не ги конзумираат, не трпат штетно влијание по здравјето од тие што го прават тоа, и тоа на неизбежен начин - преку воздухот во затворената просторија. Замирисаните коса и алишта се само надворешна и не толку битна иритантна појава, сите знаеме што е проблемот со пасивното пушење. Исто така, си спомнал за тешки прашања во општеството како работници во ужасни и опасни услови и трудови инвалиди... Епа, меѓу другото, на нас што се буниме за ова и тоа ни е поентата - дека има многу посериозни проблеми за решавање со кои владата треба да се зафати, од наводната „дискриминација“ на пушачите
Полошо е да влезете во кафич каде 15 души јадат брза храна, а други 15 пијат алкохол, или каде сите тие 30 души пушат? Не ви држат вода споредбиве....
Јас не пијам алкохол и не јадам брза храна. Алкохолот и брзата храна се штетни само за луѓето што ги конзумираат, а не се штетни за околината. Од друга страна во еден кафич 20 луѓе кои ќе испушат по 2-3 цигари, димот го дишат непушачите со што се загрозува нивното здравје. Во овој случај цигарите ќе бидат штетни како по здравјето на пушачите така и по здравјето на непушачите .
Мило ми е што министерството за здравство не ја поддржа измената на законов. Уште тие да ја поддржеа и ќе умреше во мене и онаа последна трошка надеж дека државава ни иде на подобро. И какви се тие муабети никој не ве тера да идете по кафичи кај што се пуши? Па со воведот на лиценци во сите кафичи ќе се пуши. После ај овие што не пушат пред згради нека се собираат на кафе. Ај ако не попис ќе правиме на населениево да видиме дали има повеќе пушачи или непушачи, па ако има повеќе од вториве, да се забрани секаде пушење па тогаш пушачиве да не мора да идат по кафичи. Што бараат, седете си дома и пуфкајте си. Може така? Свашта...
Во СДК имав пишано дека ќе се случи ова и бидна... За жал и јас сум пушач, ама не поднесувам задимени простории нити па сакам да димам на други. Ќе го направат и најгадното нешто само да е контра ВМРО. Мизерии се, а со нив и оние продадените.
Во што е тогаш дилемата, ако нема да одиш во локал каде се пуши? Значи ќе си избереш така и готова работа Настрана тоа, какви здравствени последици има од повремена посета на локали во кои се пуши со соодветна вентилација? Дај да видиме кои се тие здравствени ризици, баш ме интересира. Бидејќи ако со повремено вдишување чад се нарушува здравје тогаш пушачите би требало да се покојни после пар месеци пушење. Какви тоа последици врз дробовите ќе остави? Ако одговорот е практично никакви, тогаш останува мирисот а тој не може да биде аргумент. Баш би било интересно да се спореди штетата од пар чаши етанол со вештачка боја и арома и чадот што за тоа време ќе биде вдишан Повторно се враќаме на доброволноста и изборот кои морам пак да ги потенцирам. Ако особа која не сака чад не оди на место каде се чади - нема да и биде наштетено од чадот, сосема е едноставно - особата која не сака чад може да се заштити од истиот со неодење, не знам зошто сите ми го прават истиот муабет и на сите им одговарам истото, зошто мислите дека мора некој да оди на такви места? А што навистина знаеме за пасивно пушење? Пред некоја година ти текнува еден случај кога загинаа пет машки особи на возраст 20-25 години некаде кај градска болница Ск, кога се враќале пијани дрво од локал некаде со кола и со некои 200 на сат се забиле во стуб, ги собирале низ улица деловите од лешевите. Никој те нема смарано со ретардирани пијани муабети, провокации, баздење на алкохол, дебилности, тепачки, не ти се има пуштено пијано сељачиште, шо ме гледаш накриво, немаш носено дрвосана другар/ка шо повраќале до смрт и не знаат кај се наоѓаат до дома, итн. Како тоа одненадеж немало последици врз другите од алкохолот, ја сам шокиран А последиците од брза храна ја плаќаме неспоредливо повеќе него последици од пасивно пушење, пошто никој не гледа накриво лик кој ждере во сендвичара и има 26кг вишак. Кога таквиот ќе се лечи на трошок на сите даночни обврзници али не ни текнува да посочиме со прст. Значи јас и ти треба да плаќаме на некој пошто не можел да се контролира колку и што јаде? Не постои начин рационално да се одбрани одење на место каде се консумира алкохол со истовремено инсистирање на штетноста на цигарите и нивна забрана на истите места. Отидов јас да запалам една
Истото важи и за другата група. Ако на некој му се пуши нека не оди кај што е забрането. Многу едноставно. Нека седи дома, нека оди надвор...што мора да оди по кафани да пуши.
@Црна Ружа Скоро читав едно истражување во САД дека поради цигари, таму умираат околу 6 милиони луѓе годишно, вклучувајќи ги и оние кои биле изложени на зачадена околина, а самите не биле пушачи, и дека тоа биле смртни случаи со висок процент на превенција, доколку овие се откажеле на време. Овој факт е застрашувачки. Да не зборам за над 4000 штетни супстанци кои ги содржат цигарите и навидум наивниот чад, кој и те како остава црна точка на плуќата на сите вдишувачи на истиот. И најголем дел од истите се канцерогени. Муабетот ми е, тоа што јас си дозволувам чаша вино (пошто лично никаква ракија не пијам, ниту коњак) еднаш неделно или еднаш во 2 недели, не може ама никако да се спореди со паклото што брат ми ќе го здумани во еден ден. И секако, алкохолот е исто штетен, ако се пие по литар дневно. Не ми е поентата да се докажуваме што е по штетно од што, зошто и двете ствари се штетни. И во тоа докажување нема рационален аргумент се сложувам. Ама аргумент кој го побива твојот е, дека мојата чаша вино апсолутно на ниеден начин не смета на никој околу мене, односно поради нечии цигари некој трет страда. Тоа е аргументот, сакал ти да го прифатиш или не. Дали добра вентилација е решение не знам. Не сум истражувала на таа тема, еве ако знаеш повеќе околу тоа повели. Ако добрата вентилација ќе спречи чадот од нечија цигара да помине низ моето грло и да се залепи на мојата плуќа притоа ничим изазвано.. повели. Јас сум сигурна дека виното од мојата чаша, завршува исклучиво во мојот организам и ничиј друг.
@Црна Ружа аман си запнал со вентилацијата. Колку ќе може таа вентилација да спречи да ми иде чадот во нос и по коса и по облека. Чиниш аспиратори не знам какви ќе стават па ќе вшмукуваат сета миризба и чад. Инаку за последиците еве да ти кажам за мене. Иако немам посериозен проблем со срцето и дишењето, осетлива сум на мириси, чад и било какви работи што ми влијаат на дишењето и пулсот. Ако сум некаде 15 минути изложена на чад околу мене добивам интензивни тахикардии од кои едвај стојам и сум пред колабирање. А не па некој што навистина може нешто акутно да му се случи од пасивно пушење.
Себичнo рaзмислувaње не не вoди никaде. Кaкo и зa се вo живoтoт дoбрo е дa се имa избoр. Акo пушaм, не знaчи декa требa дa сум грaѓaнин oд втoр ред. Акo не пушaм, немa пoтребa непoтребнo некoј дa ме труе. Алкoхoл вс цигaри. Кoлку мoже чoвек дa нaштети сo свoите 5-6-10 цигaри, a кoлку некoј кoј сo 2-3-4 чaшКИ aлкoхoл ќе седне зaд вoлaнoт? Реaлнoстa пoкaжувa декa aлкoхoлoт е пoштетен. Мoжеби не личнo зa себе, мaмурлoкoт пoминувa, aмa зa oкoлинaтa мoже дa биде фaтaлен.
Имам цело друштво кое пушти и секогаш на 2-3 минутки излегувале на цигара по еднаш до два пати во текот на вечерта. Ако сите 3-4 смеат да пушат внатре би било тоа многу повеќе од една до две цигари, и повеќе од две цигари на човек на кои јас како непушач ќе бидам изложена, и други околу мене. Прво тргам од мене дека чад ми смета, во затворен простор ме печат и очи. Ако јас одам во локали каде не смеј да се пуши внатре, со кој ќе одам кога мнозинството пуши и сака да оди на место каде се пуши? :') Сфаќам зошто пушачите го сакаат ова, но лично јас се преродив со непуштење во затворен простор. Следна работа, сите поголеми места, кои можат да си дозволат, ќе земат лиценца за што повеќе луѓе да одат таму, профит. Ќе биди исто како да смеј да се пуши сегде и тоа е малку ... претерано. Пушачите направиле избор дека сакаат да пушат, и мислам дека е само фер да се почитува правото на непушачите да не пушат, и притоа да не се изложени на чад од цигари.
Јас сум строго против новиот закон за пушење. Мислам дека стариот закон беше и еден од поретките коишто се почитуваа.
Пред некоја година саркастично сите викаа...кој му се пуши надвор да оди...пушачите беа на еден начин отфрлени без некој да го сослуша нивното барање.....а сега барем ако се донесе закон со тие ставки што ги спомнуваат ке има кафичи и објекти за сите па кој кај сака нека оди.... Пушачите трпеа без цигаре во објект....а прашајте ги непушачите колку им било гајле дали некој мрзне или трпи за цигаре. Непушач би рекол за пушач...... нека трпи нека смрзне за цигаре..тој си пуши негов проблем.....епа сега кога ке одите во објект каде што е дозволена цигарата ке трпите и вие или ваш проблем ако не ви се влегува внатре..... Без да да де навреди некој ама тој што не пушел незнае како им е на пушачите и обратно...секој си бара терезија
Пак читам споредби за цигарите со алкохолот. Разликата е би рекла во начинот на кој делуваат. Алкохолот повеќе делува акутно, на нервниот систем и ја оневозможува координацијата на човекот со самиот себе. Додека ако некој испуши две цигари по ред, иако психички и физички изгледа во ред, штетата хронично ја трпи, ама ја трпи, а за жал и други ја трпат. И не, ова не значи дека сепак алкохолор е поштетен. И ако толку се осеќате дискриминирано, толку кревате бунт и барате некакви права само зошто не можете без циигара, мислам дека сериозно треба да си го ставите прстот на чело и да размислите. Секако дека никој не може дс ве натера да се откажете, ама барем признајте дека со таа навика само си штетите себеси и на другите и дозволете да бидете "дискриминирани" од таа причина. Не знам кое е тоа задоволство што го добивате од цигарите ама тоа е веќе друга тема на муабет. Камо да зборувавме вака за дискриминираните дечиња со посебни потреби или фактот што луѓето со инвалидитет немаат еднаков пристап кон многу работи во секојдневието...