1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов закон за пушење во Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Aleksandar1212, 25 октомври 2017.

?

Дали го поддржувате новиот закон за пушење во локалите?

  1. Да

    20 глас(а)
    20,6%
  2. Не

    77 глас(а)
    79,4%
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.047
    Кога може Франција да носи закон за одредување на минимална тежина на модели на модни ревии и при тоа пред се е за генералната порака и пример за младите како борба против eating disorders, зошто да не остане нашиот закон? Нејзино право бе, ако сака нека гладува...но не!
    Не гледам ништо недемократско во него.
    Ми се смачи тоа таа политичка коректност и тоа чуено право на избор.
    Тоа право на избор на секоја будала ни ја однесе и уште ни ја носи државата во неповрат.
    Дома кој што сака нека си прави, но на јавни површини, работни места и угостителски објекти треба засекогаш да се ускрати можноста.
    Природно е да не пушам и да имам средина која е незгадена од чад, не е природно да сум родена со одлуката да пушам и воздухот да биде облаци од чад од цигари.
    И онака е презагадено.
    Ова му доаѓа како кога девојка со лични проблеми одбива нежен и добар дечко за да биде со грубјан кој ја тепа и одбива, ама она тоа го нарекува љубов.
    Ти помага државата со сила да направиш нешто што е добро за тебе, ти викаш, не фала...сакам да умрам од рак.
    Секаде во светот е срамно веќе да си пушач и свеста е на високо ниво по ова прашање, но ние се уназадуваме со цел да угодиме на неразумниот гласач. Па ако тоа е тоа гласачко тело кое аплаудира за овој закон да се смени не сакам да живеам во државава, зошто дефинитивно сме базично глупи и површни и никогаш нема да не биде.

    Станавме тешки лигуши.
    Додека светот ги филтрира нештата и станува прецизен према што е право, а што не, дека демократијата каква што ни ја презентираа низ која може да помине свашта не е функционална, ние куцкајќи се доближуваме до тие веќе напуштени гледишта.
    Па дури и да е така, некои нешта не треба да се право на избор кои бегаат од природната состојба и точка.
     
    На x.Daisy.x, BlackAndWhiteSwan, LollySky и 10 други им се допаѓа ова.
  2. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    А друг кафич кај што ти е убав амбиентот неможеш да најдеш па знаеш мора во оној кој се пуши.
    А тоа со пушачите и излегувањето надвор на 5мин, оди ти да мрзнеш да видиш како е.

    Леле аман бе што сте сите као потресени, нејкеле они да дишат чад. Како некој да ве приморува да одите во локали кај што ке се пуши.:worried:

    Ке си имаат и они прикладни места за седење ама важно пушачите надвор да бидат, под казна бе море. Срам да им е со таа цигарата у уста. :rofl::rofl:

    Утре ке барате и у ќоше да седиме со грбот свртен.:D

    Ке се усвои законов, џабе си потскокнувате. :smoke::wasntme:
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Проблемот е што ќе нема такви места, сите ќе „приштедат„ да ја купат лиценцата.

    Ние можеме да бираме дали ќе одиме во кафулиња и дискотеки со турбо фолк, рок музика, техно или џез (и тн.) музика или да ли ќе одиме во ноќни, стрипитиз или пратенички клубови, но со чадот од цигари не е така. За разлика од музиката чадот од цигарите се лепи во белите дробови, се лепи за косата, облеката... Има битна разлика!
    И сега ако таму се греши во поглед на здравјето на работниците, треба ли тоа да се прошири и низ местата за излегување?! Тоа само значи дека е потребна примена и евентуално проширување на законот за заштита на работното место.
     
    На zuto, LollySky, shz и 5 други им се допаѓа ова.
  4. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Извини Алба, ама се си има своја цена. Ако си спремна да пушиш и да се труеш, труј се, океј, ама биди спремна и надвор да си излезеш, другите нема потреба да ги труеш :D

    А па вие како го направивте, како на Северниот Пол да одите на експедиција ако излезете на 5 минути.
     
    На zuto, YoungandBeautiful, LollySky и 9 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.261
    Пол:
    Женски
    Ништо ново друштво мора да си барам са. Јбг. До сега по партија се делеа луѓето, са по цигара. (fingers) :|
     
    На zuto, YoungandBeautiful, LollySky и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    А по твоја логика ќе се дели друштвото на две?
    Ти ќе одиш во локал каде што се пуши, а дечкото ќе оди кај што не се пуши, пример?

    Значи пушењето си е лично твој избор. Ако сакаш да се труеш, слободно. Ако ти се мрзни надвор за една цигара, оти нели "неможиш" да издржиш, па мрзни што да ти речам.
    И е за потресување фактот што не му се дава избор на непушачите, и вака или онака ќе бидат приморани да дишат чад и да мирисаат на цигари, против своја волја. Значи се загрозува нечие здравје. Незнам што не ви е јасно?
    Ако за здравјето не треба да се потресуваме, тогаш незнам за што треба.
     
    На zuto, YoungandBeautiful, LollySky и 11 други им се допаѓа ова.
  7. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Епа извини и ти ако не сакаш да се труеш, ке си одиш во локал каде што нема да бидеш труена. :D
    А тие 5мин и не се баш 5мин на -20 во рок од неколку саати кога си излезен и тоа го правиш на повеќе пати.
    Нема да може, барем не овојпат. :inlove:


    Затоа што никогаш досега ради друштво во домашна зачадена просторија не сте седеле, нели?:D

    Дома на другар пушач не сте им отишле на гости кај што се пуши?:^)

    И да баш мое право е да се трујам ако сакам да се трујам, исто мое право е и во рок од 4саати кај што сум во дискотека да не излегувам на секое на ладно да палам цигара.. кога можам внатре да си џускам бре со цигарче и пијачка в рака исто како и вие.

    Па не знам види консултирај се со другарите пушачи на оваа тема. Можеш и да ги замолиш петиција да потпишат, затоа што нели.. не заслужуваат да седнат на топло и раат цигара да испушат.

    Ке ви биде даден избор и локал каде нема да биде дозволено пушење, се останато натаму и е твој избор, како сакале вие да го вртите.


    И уште еднаш ке напоменам, за тоа дали и како ке се договарате со друштвото е ваша работа, битно е дека И ДВЕТЕ СТРАНИ СЕГА ИМААТ ПРАВО НА ИЗБОР. :hai:
     
    Последна измена: 27 октомври 2017
  8. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Кога веке сме седеле кај другар дома во зачадена просторија, барем сега секаде да се труеме, така? Епа ај ако не, сите ќе почниме да пушиме. Идеално решение.:drunk:

    Ти твојот избор си го направила кога си решила да пушиш цигари. Мрзнењето надвор на -20 е исто така ТВОЈ избор. Не е твое право да загрозуваш туѓо здравје, затоа што си решила да го загрозуваш сопственото.

    Како што веке кажа Daylight
    И после, кај е нашето право на избор? Ама супер вие битно ќе си пушите на топло, а дека луѓе со проблеми со дишењето и мали дечиња ќе го дишат тој чад не е битно. Себично е.
     
    На zuto, Nausicaa, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Види Анора, сигурно нема БАШ сите локали да ја купат таа лиценца, да не претеруваме сега. Од инает сите можни сценарија ги измисливте. Во моментот кога ке го пречекориш прагот на вратата во локал каде што се пуши ти си го направила СВОЈОТ ИЗБОР. Никој не те приморал да влегуваш внатре.

    Истото важи и за несовесни мајки кои би донесле дечиња во таква просторија. Тоа е нивен избор, никој не ги брка нив со цигарата по улица и не им ја тура во нос.
     
    Последна измена: 27 октомври 2017
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Помогни ми да сфатам. Ете седнуваш на нет, отвараш некој сајт и таму читаш дека во САД ради пушење и пасивно пушење умирале по 6 милиони раја годишно. По еден холокауст годишно. Тоа се 60 милиони за 10 години, 120 милиони за 20 години. САД има 323 милиони жители.
    И сега како оваа цифра не ти предизвикува реакција како "чекај бе, како може 6 милиони да умираат годишно, мора да е грешка" туку си ја прифаќаш како точна. И како да правиме муабет сеа? Како?

    Решение е да има понуда и за двете страни и да се има избор, сосема едноставно :)

    Имаш сериозен проблем со сфаќање на основни поими.
    Политичка коректност е во спротивност со правото на избор и го задушува правото на изразување. Поборниците на политичка коректност се истите кои се хистерично против никотинот.

    Одамна, уште пред снегулките да се родат, првата земја која забранила пушење е Третиот Рајх.
    Во една Сауди Арабиа пушењето е забрането дааалеку пред западот. Северна Кореја.
    Ставовите на напредни огранизации како МПЦ мнооогу одамна се дека пушењето било "демонско кадење", грев, и пат кон казаните :devil: Тоа се тие прогресивни земји и организации. Таму нема избор, се е ради некоја виша цел.

    Токму правото на избор е најголем успех на западната цивилизација и негово негирање не враќа цивилизациски назад.

    За доброто на државата бе :D
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.047
    Не знам како ова оди во прилог на дискусијата и освен да ти пишам И? не ми доаѓа ништо друго.
     
    На Nausicaa и DAngel им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.261
    Пол:
    Женски
    Па ланска зима на место каде одевме имаше дел за пушачи добро затоплен. Следно пушачи избираат да пушат, макар тоа да значи и да запалат надвор, на -10. Одлуката е нивна. Ние кои направивме одлука да не пушиме, ама исто ко да пушиме од вакви измени, сме тие кои би страдале. Зошто вака ние непушачите или без пријатели (и партнери) ќе останеме, или ќе бидеме приморани да дишеме туѓа одлука, зошто изгледа право на своја немаме.
     
    На Nausicaa, PaLaVa и Annora им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.600
    Пол:
    Женски
    @Црна Ружа де де. Ко вмровец пред избори. Ете 1 милион нека се, па и помалце ако сакаш. Се вртиш као киша око Крагујевца, ама никако да се фатиш за поентата.

    Сите статистики и истражувања покажуваат дека пасивните пушачи еднакво страдаат како активните. Или пак ќе спомнам, како вмровците, па оние статистики што не ни одговараат не се точни?!

    За каква црна политичка коректност збориш?! Политичка коректност има кога се работи за општото добро на народот, а ако дел избрале да се трујат, државата треба да им обезбеди место да се трујат? Како е тоа коректно? Да ти помогне во труењето? Па доволно е што цигарите се легални и што секој може да си ги дозволи. Тебе никој не ти го ускратил правото да пушиш. Колективното добро е секогаш пред индивидуалното, а посебно кога индивидуалното го нарушува колективното и токму тоа е најголемиот успех на западната цивилизација. Колективното добро е секогаш заштитено. Со конзумирањето цигари што ти придонесуваш во општествово, за да оправдаш дека државата ти дужи нешто, или закон?!
     
    На Lianna Anna, zuto, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  14. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Па тоа ке си се договорите со нив.. ке си направите компромис. Не може само за едните погодено кога веќе се нудат услови и за двете категории на луѓе. Себично е.

    Ионака и низ дома кога ке седнете кај некого кај кого се пуши бидејки сте мешано друштво истото се случува со единствената разлика што во локалот каде ке се пуши( и ако одлучиш да седиш таму) може да има каде каде подобра вентилација него во некое собче во домашна атмосфера.
    Зошто тогаш не им се буниш што те трујат другарите?
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.261
    Пол:
    Женски
    Секој дом си има свои правила. Немам право да се мешам јас како некој *дома* ќе си прави, но на *јавно* место имам право да не бидам труена. Разликата е што домот е личен простор на човек кој го одредува сам со се правила, а јавно место е место во кое секој прави што е дозволено и колку што е возможно да не смета на некој друг зошто просторот (и воздухот) е подеднаков за сите.
     
    На daylight, zuto, Annora и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Можеш да напишеш и О, тоа нема да го смени фактот дека лупеташ.
    Правото на избор во склоп на легалната рамка е еден од темелите на кои се базираат западните демократии.
    Арбитрарните забрани се дел од тоталитарни општества.
    Имаш нешто заедничко со нацистите, исламска држава и талибаните е што сте против избор кога станува збор за никотин.

    Нема потреба од навреди, тоа што веруваш во се што ќе видиш на нет не е моја кривица. Јадните 120 милиони мртви амери од пушење 1997-2017.
    А може не се ни милион. Може не се ниту пола милион. Може не се ниту...
    Сериозно? Дај да видиме некој линк од такви научни истражувања, тоа би било интересно :)

    Поентата е дека треба да постои избор, се работи за легална супстанца, која и ти ја субвенционираш преку даноци :D дакле директен соучесник си во "труењето на народот".

    Како тоа го нарушува колективното право, како правото да избереш да не одиш на место на кое се пуши те загрозува? Како те загрозува правото на избор на оние кои пушат да одат на такво место?

    Со консумирањето цигари се плаќаат еден куп даноци и акцизи со кои општеството се одржува во живот. Се работи за огромна пара на годишно ниво. Пушачите значи ја полнат државната каса на основ пушење, непушачите не. Постоење на локали каде што ќе се пуши е најмалку што може да стори општеството за тие 700К граѓани.

    Имаш милион ствари кои не се здрави, од алкохол до никотин, бел шеќер, до милион адитиви, до зејтин во кој се пржел еден тон компири (фаст фуд), коцкање, кладилници, лебот и белите пецива (подобро да не знаеш како ги прават по пекариве) седење пред компјутер и играње игрици по цел ден, недвижење на младината...кои се оставени на граѓанинот да одлучува за себе.

    Исламска Држава пример, не остава на своите граѓани да патат во агонијата на изборот. Нема цигари, нема алкохол, нема коцка, нема кладилници, нема фаст фуд, нема игрици.
    Рамадан не пие, не пуши, не се коцка и не јаде чизбургери.
    Биди паметен. Биди Рамадан :devil:

    Којзнае колку е здраво тоа општество :party:
     
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Сабајлево кога одев накај работа, два оџаци на блискава фабрика буфтаа во полн ек. Помислив колку цигари треба истовремено да се запалат за да се добие истиот ефект.

    Навистина не ве разбирам зошто ви смета ако негде е дозволено пушењето. Тоа место "негде" заобиколете го. Или поминете покрај него и гледајте ги со презир оние кои седат таму.

    И сега природно било да не се пуши и треба да се завземе таа страна. А кога се поддржуваат некои Инес мажи, е тогаш природното не се поддржува зошто модерно е да се биде опен мајнд. Двојни аршини за прифаќање на природното?
     
    На referentka и ♣ Alba Viduam ♣ им се допаѓа ова.
  19. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    а ти стварно мислиш дека ќе останат локали што нема да купат дозвола?ќе си го ризикуваат прометот?офкорс нот,да не се лажеме.Зошто ми смета пушењето?Затоа што има луѓе кои цел живот патат од астма.Знаеш ли како е да се бориш со астма?и сега тој не треба воопшто да излезе на кафе зошто некој неможе 2 минути да излезе надвор?или родители или пријателки со деца кај ќе одат на кафе?Би рекла подобро ќе беше да се донесе закон секое кафуле да си направи посебен затоплен дел за пушачи(што веќе во голем број од кафулињата го има)одколку непушачите да бидат приморани да седат во чад.во врска со мажите секој како размислува.Но тие мажи не штетат на околината.Ете тоа е разликата.
     
    На Lianna Anna, Mishela, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  20. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Себично. Ако законот предвидува услови кои мора да се исполнат, мислам на соодветна вентилација, можеби и ограничување на гостите според возраст над 18 год., тогаш не верувам дека сите ќе извадат лиценца.
    А другата споредба беше со акцент на прифаќање на природното или не.
    И, колку и да се надмудруваме, законот ќе биде донесен. Каква јавност, какво истражување, сослушување.
    Мене лично повеќе ме интересира дали ќе биде тргната забраната за пушење во фирмите. Секако повторно со ограничување. Во мојата канцеларија не работам со странки и е приватна фирма. Влагам на работа и не излагам 8 часа. Пушењето на тераса ми е губење време, а го губам.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ му/ѝ се допаѓа ова.