во просторија каде што најмалце 50 души пушат истовремено никаква вентилација не ти врши работа.Не е себично да се бара посебен затоплен дел во кафулето за пушачи.себично е да барате да се пуши во просторија кај што седат сите. викендот бев излезена во такво кафуле(пошто во мојот град никаков закон не се почитува)и истовремено пушеа 100 луѓе.Вентилацијата пуштена,те покривот го отвораа,те врати отвораа и ништо не помага кога толкава маса на луѓе пуши.
@Црна Ружа Ружо ружице Апсолутно нема навреда према тебе, ниту намера за истата, особено поради што ти ги ценам поголемиот дел од мислењата. Ете јас верувам во глупости, а ти се што ќе кажеш е вистина и најпаметно. Ете нека ти биде. Повторно фокусот не ти е на најбитното. Тебе никој не ти скратил избор. Твоето право да пушиш е загарантирано и само твое. Сега праиме муабет, за моето право на избор да не пушам и истото да ми се обезбеди, а да не сум ниту пасивен пушач. Заземањето страна дека нешто ви е ускратено или немате избор нема апсолутно основа на која да се темели. Иако успеа и ИСИС да го вметнеш во процесов на дискутирање. А и за сите останати нездрави навики што ги спомна, пак ќе повторам, разликата е што маснотиите во мојата крв од хамбургерот од седмица се само мои и никако не влијаат на крвната слика на некој кој се храни според диета дадена од нутриционист. За чадот од цигарата на Петко, не можам да го кажам истото. А оџаци, трансродови та и алкохол, апсолутно немаат врска со оваа тема. Овде за цигари збориме, и ништо од тоа не е поврзано со новиов предлог закон. А разликите во набројаните, се како небо и земја.
Кога сме кај модерно и оупен мајнд, баш и потребата за пушење кај многу луѓе може да се нарече од мода/бес и слично. Кој како си гледа. Мене лично не ми се допаѓа таа номенклатура, па гледам да не ја користам иронично ни за цигарите кои не ги обичам и поддржувам, ама и навистина ич не ти држи споредбава Сања Ако новиве имаат намера да се покажат како поразлична влада од претходната и во служба на народот, сметам дека законот не треба да биде донесен. Петицијата се шири по фејсбук, многумина сме против. И не само што обични луѓе се бунат со цврсти аргументи поврзани со здравјето, туку и самото Министерство за здравство се изјасни против, што би требало да е повеќе од доволно.
Генерациски разлики ..до душа не толку многу големи за да не сакаме едно кафе со цигарче да испиеме, а при тоа да не чуствуваме како куче пред месарница.
Jokes aside.. Загрозување туѓо здравје поради сопствено задоволство е несфатливо. Излишно е да коментирате дека не ви се излегува надвор на цигара. Додека бев пушач немав проблем со излегување надвор во зима. Па тоа се 2,3 минути. Никој нема да замрзне. Реакциите за ладново ви се како да мора да пушите облечени во бикини на Антарктик. За жал сметам дека ќе се усвои законов. Ама ете барем пушачите нема да мрзнат, а ние ќе се труеме
А зошто не го заобиколиш едноставно? Зошто толку инает? Зошто по секоја цена некој да мрзне надвор? Зошто по стоти пат не влезеш во локал каде ке имаш чиста атмосфера? Друштвото нема да сака да те дружи таму? Епа извини ама проблемот можеби треба да си го бараш во нив, а не во тоа што им овозможил новиот закон малку мир на пушачиве. Чисто поради ваш избор. Иначе настрана од муабетов погоре, па јас не сум знаела дека пола форум непушачи никогаш не седат во зачадени простории од цигари или нечиј чад од цигара да имаат трпено досега. Интересно како тоа ви смета само кога се работи за локали, а на сите останати места доброволно со полна плуќа си прифаќате да седите некогаш и во далеку полоши услови.
Тоа е еден пример од многу. Ќе ти кажам уште еден иако нема смисла. Папаз е кафич со најубаво кафе. Ќе земат лиценца. Јас зимно време нема да можам да пијам убаво кафе без да бидам изложена на чад. Да не се лажеме за Бт можам одма да кажам дека сите кафичи кај Католичка ќе земат лиценца зошто немаат заграден дел за пушачи (плус еден ако земи автоматски во загуба се другите нели). Следно, кога некој пуши во кафич нема да бидам изложена на чад 2-3 минути (како што еден пушач излегува надвор за цигара), туку нон стоп прво ради околината (нема да пуши само еден човек), второ кога се можи да се пуши внатре едноставно поќе се пуши. Јас ова не го пишам само за мое друштво, дури кога сме надвор пушат со рака под маса да не ми сметат, ама неќам да пикам некој друг во пример и затоа во пример се ставам секогаш јас, го пишам зошто очигледен е исходот со ваков закон. Поголеми локали *сите* ќе земат лиценца, за да останат најдобри. Тие кои се неуспешни не би зеле - дип ќе нема од шо да оддели, а верувај и тие кои се нови ќе штедат за да ја земат само за да знаат дека ќе им тргни бизнисо. И после џабе постои некаков си закон, кога ќе биди како да нема закон. Барем за нас корисниците, не за сопствениците на локали. И еве ќе го кажам уште ова, моментално има вработени во локалите. Ако газдата земи лиценца, а вработениот е непушач, не дај Боже има и некој здравствен проблем, треба да менува работа или пак да си трпи? Барем знајте дека е тешко барање на работа ете. Мрзнење на -10 стварно нема сегде, бирајте локали кај шо е затоплено, по ваш избор мрзните. Лани идевме ние до Арт, сега затвори, ама беше затоплено со парно и поларни ќебиња, добра вентилација. Ова за дел со пушачи, во кои некогаш сите седевме таму, топло беше. Или Конект (не делот со бар, сепак тоа не е тема на зборање иако и таму е затоплено, туку за кафичи зборам зошто само за нив е законов) горе е така. Значи има места каде е затоплено, изборот да се оди на такво место место стои (а избор на вакви места ќе се намалува со постоење на лиценци зошто поќе ќе им се исплаќа да си купат лиценца место да трошат на греење, поларни ќебиња и сл).
Има решение и за пушење по локалите . Еве во Фратели во Тетово , се пуши , но локалот има филтери city tree па не се чувствува дека некој пуши внатре . Впрочем во Тетово се пуши во сите локали . На прсти на една рака се бројат тие каде не се пуши . И додека беа дпмне на власт беше така . Така да , на нас овде и не ни менува многу законот за пушачите . Мене како пушач , не ми е проблем да излезам надвор да запалам цигара , сум излегувала и на -20 надвор на цигара ( ова предходната зима ) па преживеав и не измрзнав . Има решение во секој случај . Ете додека дозволуваат временските услови нека се пуши надвор , а за зимно време нека се постават city tree по локалите и ваљда ќе се сите задоволни
Не се работи воопшто за инает, како што веке напоменав се работи за здравје. Во моментот кога ТИ ќе решиш да пушиш и ти си го направила ТВОЈОТ избор. Никој не те приморал да пушиш цигари и да мрзниш надвор, така? Ама не, сега не ти одговара, па ајде ќе си барам права. Аргументите дека ви студи надвор оти "морате" да запалите цигара, во споредба со загрозувањето на нечие здравје, ви се безсмислени. Да не навлегувам во понатамошна дискусија, досега требаше да ви биде јасно.
Нормално дека ке барам, имам право на топло место исто како и ти независно од мојот стил на живеење и одлуки за моето здравје. Еве ти одлучи си исто, никој не те приморува на ништо. Стварно не знам како не сфативте сите досега дека немате прво да ускратувате туѓо право на личен избор кој нема да ви штети освен вие ако не дозволите. Леле стопати истово.. "никој не те приморал да пушиш цигари".. па и тебе душо никој не те приморал да влегуваш во кафулиња каде се пуши, така? Никој исто така не те приморал и воопшто да излегуваш од дома и да одиш во дискотеки и да се труеш со алкохол, па се труеш. И тоа е штетно. И ред други примери кои се последица на правото на избор. Иначе сум била приморана да мрзнам надвор затоа што еден ист начин на живот се наметнувал во одредени ситуации за различни луѓе.. кога сите ние имаме различни потреби. И од каде сега нечија потреба да биде задоволена на сметка на потиснување на нечија друга, кога веќе има услови и за двете категории?? А да.. сите лиценцата ке ја купат и вие нема да има каде да излегувате. Многу валиден аргумент.
Е.. уствари кога ке размислам и алкохолот што го конзумирате не е потреба па пак го правите. Или грешка сум?
Ја потпишав петицијата за да не се менува постоечкиот закон,откако претходно убаво се испокарав со маж ми.Јас сум задоволна со сегашниот закон. Двајцата сме пушачи,ама го поддржувам законот,никој не е должен да го диши димот од моите цигари. Скоро бев во Србија,во кафана каде што се пушеше.Главата ме болеше после три дена,лошо и за мене како пушач,цигара за цигара затоа што е дозволено.Да требаше да излегувам надвор да палам,помалку цигари ќе испушев и немаше да мирисам на пепељара.
Па и без секс се живее ама пак го нарекувате потреба. Или и од тоа сме зависни? И тука завршувам со дискусијава затоа што почнува некако на мајтап да ме тера така да.. аста ла виста.
Сексот е нагон. А инаку, алкохолот ако го консумирам, има штетност само врз мојот црн дроб, не врз оние на другите како што е случај со пушењето
Ако одиме по таа логика повеќето работи што ги правиме се нагонски на овај или оној начин. Посебно во психологијата. Ке извртуваме сега терминологија, не по врат по шија. Како што реков.. аста ла виста мучачас.
Бев втора година кога уште важеше онај закон дека е дозволено пушење во дискотеки. Кога одевме цела дискотека беше чад. Не можеше човек да видиш од што беше зачадено. Кога ќе си одев дома плачев, од што ми беа иритирани очите. Алиштата обавезно на перење. Од кога го укинаа овој закон и кога почна да се пуши надвор, единствена разлика беше што само алиштата ми мирисаа на цигари. Сега повторно нов закон и ќе може да се пуши внатре. Во многу кафичи се пушеше цело време. Чадот си оди низ цела просторија, низ цел локал, без разлика што има дел за тие што не пушат. Пак алиштата ќе мирисаат на цигари, а не планирам да седам дома зошто пушат внатре. Ако ми се излегува ќе излезам, па ако сака магла од чад нека има.