1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов закон за пушење во Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Aleksandar1212, 25 октомври 2017.

?

Дали го поддржувате новиот закон за пушење во локалите?

  1. Да

    20 глас(а)
    20,6%
  2. Не

    77 глас(а)
    79,4%
  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Па јас не знам дали некој умира поради фаст фуд... ама знам за смртен случај од рак на бели дробови, а починатата последните години од животот затера по кутија и пол до две кутии цигари на ден... СЕКОЈ ДЕН... Не верувам дијагнозата да беше случајност.
    Мене не ме засега законот. Во таков локал каде ќе осетам чад не им влегувам следен пат, а не можам да кажам дека ми е изразена емпатијата кон тоа пушачите (таква сум :(), па ниту кон оние кои не знаат дека треба да се тргнат од чадот. Ама нормално, не го поддржувам, свесна сум колку е БИЗАРНО државата да поттикнува труење на граѓаните.
     
    На Lianna Anna, YoungandBeautiful, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  2. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Смешно ми беше коментарот дека заради законот за пушење се намалил прометот по кафаните - глупости. Сите кафики и ресторани се полни и покрај забраните.
    Законот си е на место.... подобро е на зима 1 цигаре да запалат надвор него 20 цигари додека другите непушачи јадат или пијат кафе.
     
    На LoneWolfGuy, kukla21 и zuto им се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Само пиши на google - why is fast food bad for you и ќе ти се разјаснат дилемите. Инаку да, умираат луѓето поради фаст фуд, т.е. од мрснотиите кои ги содржи, крвни садови се запушуваат и оп - срцев удар. Висок холестерол и триглицериди во крвта се опасна работа.

    Рак на бели дробови може да добие и непушач, воздухот кој го дишеме е гаден. Ама, цигарата е отров, во вистинска смисла на зборот. Покрај тутун, цигарите содржат и јаглерод моноксид, никотин итн. Според некои истражувања цигарите содржат 4000, а според други над 7000 отрови. Дел од ова оди во белите дробови на пушачот, дел во средината или понатаму, пасивниот пушач.
     
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    :o Hавистина ли, шо збориш...
    Да подготвам молив, блокче и да почнам со цртање.
    Некој има навика секој е*ан ден да конзумира хамбургер, пица, бурек... И не познавам таков кој починал од тоа. Повеќе од пакување чипс не можам да изедам колку и да сакам, оти ми се слошува. А никотински зависници доаѓаат до степен кога не знаат за доста. Знам еден куп пушачи кои можат цел ден без прекин да не тргнат цигара од уста. Сега појасно ти е што сакав да кажам? Ај, поздрав.
     
    На Lianna Anna и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Јас познавам, океј е сега? Всушност познавам двајца.
     
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Пак не е на место забелешката, затоа што веројатно зборуваш за двајца што освен маснотии, немале навика да внесуваат нешто друго.
    Никој не умира само оти еден оброк во денот му се состои од сендвич, или четврт бурек, или тост. Не оди тоа така.
    Цигарите создаваат зависност многу полесно, отколку некоја храна. Си ветува дека ќе запали една, и на крај пали една... кутија. Тоа дека непушач може да добие рак на белите дробови е валидно, ама каква случајност, единствениот починат од рак на плуќа за кој знам лично, беше најактивниот и најредовниот пушач, за кој исто така знам лично.
    И секако, побезнадежно звучи да ти најдат рак на бели дробови, отколку покачен холестерол.
     
    Последна измена: 29 октомври 2017
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Јас знам, затоа и те цитирав.

    Стои фактот дека цигарите се штетни, и јас го напишав истото.

    Изолирани случаи има. Прв пример, познавам личност која пуши по една пакла цигари дневно, има 77 години и нема болест на белите дробови. Познавам личност која никогаш не запалила цигар, активно спортува а при преглед докторите прашале по колку кутии дневно пуши. Познавам млада личност (30тина години) која имаше рак на бели дробови.

    Мислењава се скроз офф-топик, можеби и ке ги избришат.

    На темата, законот за забрана за пушење е единствениот закон од претходната влада кој е за поздрав. Има исклучоци, ама во најголем дел од објектите истиот се почитува. Мене како непушач ми одговара.
    Знаме каде живееме, а со овие услови, лиценци, врагови и чуда, можеме да претпоставиме каков ке е исходот.
     
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Или во превод, ме цитираше за нешто да ми се правиш паметна. Ако вака буквално ја сфаќаш секоја фраза, како првата... што да се каже.

    И сега тоа ли ќе читаме повеќе од два дена, релативизирање на штетноста на цигарите, преку несоодветни споредби :?:

    Мене апсолутно не ме интересира кој пуши, колку, каде, и дали ќе се отруе од пушење за да навлегувам во дебати и да ја следам дискусијата. Но, знам дека државата би требало да ја интересира дали народот и се труе, арно ама, државата...
     
    Последна измена: 29 октомври 2017
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.148
    Пол:
    Женски
    Петицијата потпишана.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не е работата во тоа што кој ќе каже туку во здравиот разум, такви цифри се невозможни.
    Ете да ја земеме РМ, дали има нешто инфо колку раја умира годишно од цигари, ако се знае дека пер капита имаме повеќе пушачи од САД и тоа поефтини цигари со послаб квалитет, настрана тоа, ако во САД умирале по 6 милиони годишно тука би требало да цркаваат 40.000 годишно земено поделено со број на жители и така за 20 години ќе изумреле 800.000 раја во РМ, гледаш колку треба да се внимава што и како се чита сега?

    Повторно по 50 пат, никој не ти ускратува право. Во локали каде не се пуши нека си одат кои им смета чадот и тоа е тоа, интересно ми е ова сите на темава тргнувате од погрешна премиса дека непушачите ќе мора да одат во локали во кои се пуши, дека некако магично нема да имаат избор, дури и страв ме фаќа од неможноста за основни логички опреации :worried:

    Тоа што крајно репресивни и автократски режими биле први во забрана на тутунот и тоа пола век пред западот е факт. Тоа што поборниците на скратување на избор се согласни со Мула Омар и Хитлер околу тоа прашање исто така е факт. Муабетот беше дека скратувањето на избор за пушење е нешто западно, ново, модерно, јако. Ама не е така туку тој тренд го започнале најтиранските режими. Верувам дека е појасно сега.

    Друга ствар шо секогаш ги иритира луѓето и ме доведувала во чудни ситуации :D е муабетот околу моралната и логичка доследност.
    Дакле не смее една особа да се залага за ускратување на пушење во угостителски објект а истовремено преку даноци истата особа да го субвенционира пушењето. Како што аналогно иста особа не смее со една рака да боде со нож некого а со другата да држи транспарент со осуда против насилство.

    Алкохол/никотин веќе кажав, иста ситуација.

    Гледам нешто петиција против измени на законот.
    Ок сето тоа, но истите кои прават петиција истовремено го субвенционираат производството на тутун. Дакле, тие би требало да прават петиција за прекинување на субвенционирање на тутун или чак за забрана на тутун комплетно. Тоа се вика морална (и логичка) доследност. Знам дека образовниот систем никогаш не ја споменал па вака мора некој лик на форум да ја презентира :devil:

    Ако во ова не ви е проблематично тогаш сме на спротивни краишта во системот на животни вредности 8)
     
    Последна измена: 29 октомври 2017
    На ♣ Alba Viduam ♣ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Ама џабе им објаснуваш, тие пак ке ти речат им ускратуваш право кога тие го прават уствари тоа.:D
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Мислам ок, може да се имаат такви ставови, но каква е вредноста на тие ставови лишени од морална и логичка доследност?
    Затоа имаме хаос на сите страни, никој ништо не зема сериозно, све е на вересија, на поминување, онака, колку да се каже, сите ставови на популацијата се такви, не само за ова него за било што...но тоа е друго, треба да отворам една тема иако мислам дека ќе биде избегнувана :worried:
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    6.467
    Јас сум пушач, понекогаш ми оди и кутија на ден, но некако се чувствувам индиферентно во врска со законов. Мислам дека дури повеќе се наслонувам кон тоа да не се реализира. Ми поминуваат некои бледи слики низ глава кога бев помала и седевме со моите, роднини, пријатели на маса во кафич/кафана/ресторан, и 10 души палат цигара на 5-10 минути, истото го прават оние на соседната маса, и оние до нив... Само знам дека тоа беше таква димница, ништо не се гледа од толку чад околу тебе, те штипе за очи, ти солзат, кашлаш. За мирисот на облеката и косата, ајде мање више.

    Друштвото, да, повеќето сме пушачи, ама имам две-три другарки коишто не можат да смислат цигари, па понекогаш зимно време сум седела со нив на затворено во кафич, па и по два-три саати сум можела да останам без да ми текне да излезам на цигара. Ќе испушам една пред да влезам, и ретко може еднаш-два пати да излезам до надвор. Но, сепак полесно ми било со нив, да бев со пушачко друштво, на секои 5 минути ќе почневме да стрепаме за цигара, и нема шанси седење внатре. :D

    Искрено, некако ми е сеедно, и да можам да пушам внатре, и да не можам. Зошто и онака најголем дел од кафичите имаат посебен полу-заграден дел зимно време во кој може да се пуши. Има само една случка поради која ќе речам под хитно да се усвои законов. Минатата Нова Година, мислам дека беше толку ладно што не се издржуваше, јас бев облечена во кошула, џемпер и бунда и секое излегување ми беше борба за преживување, тие 2-3 минути што бев надвор ми се чинеа ко 3 саати. :worried: Настрана од тоа, рамнодушна сум.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нормално дека никој нема да касне бургер и да падне од маса мртов, но непобитен факт е дека фаст-фудот е штетен по здравјето.
    За колку особи си слушнала кои се упоколиле ради кардиоваскуларни проблеми, компликации од дијабетес и остали болештини за кои е најзаслужна лошата исхрана комбинирана со недвижење и слични ситуации?

    Не може да се тргнува од две различни премиси со очекување на резултат кој ќе биде доследен на фактите.
    Ако законот тргнува од почетна премиса дека нешто кое е штетно за организмот ќе биде забрането во угостителски објект тогаш законот треба да ги обработи сите нешта кои се штетни по здравјето а не само една. Алкохол аут, фаст фуд аут (вклучително и традиционални отомански фаст фудови како буреци), газирани сокови аут, грицки аут, никотин аут...

    Ако законодавецот тргнува од почетна точка дека секој е должен за себе да си прави сметка и дозволува избор на лоша храна, етанол, газирани зашеќерени сокови и секакви чудесии тогаш апсолутно мора да дозволи и избор при употреба на никотин, вклучително и во угостителски објекти кои преку соодветна легислатива за поседување вентилација (нема пример закон за менување зејтин во кој се пржи префабрикуван компир и не е сменат од гњујо коа беше пвемиев).
    Не верувам дека некој сака да знае на што личи зејтинот кога го менуваат во сендвичара, таа полутечна темна смрдлива маса која одвај се тегне на пат кон пластичен сад :D

    Сегашниот закон е дискриминаторски, манијакално лицемерен и болесно недоследен, посебно во светло на фактот што истиот законодавец плаќа по евро на кг тутун државна субвенција :D

    На крај полека ќе дојдеме до вистинската причина за реакциите а тоа е непријатниот мирис како што го перцепираат непушачите, значи никакво здравје, грижа за ова или она, не знам што :sun:
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Секаде станува тренд непушењето. Само очигледно кај нас сеуште ќе се враќаме од излегување со усмрдени и зацрнети кошули и маици. Законот си беше супер.
     
    На kukla21, MissDior, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека е до миризбата, не мириса фино ниту покрај (во) места каде се продаваат прженици.
    Темата не е начин на исхрана, ама тоа така во Америка луѓето живеат на фаст фуд. Сега збориме за мкд услови. Овде не е толку честа појава просечен штедлив жител, дневно да дава стотина денари за бургер што ќе го држи сит 2-3 часа. Тука повеќе се разболуваат од неконтролирано гнетење храна што сами си ја подготвуваат дома.
    Уште еднаш ќе повторам, пушењето лесно создава зависност. Најголемиот дел од оние кои пушат, се зависници. Еден од показателите е мрзнењето надвор на минусни температури. Некој да се навлече до тој степен на вид храна, е ретко до неверојатно. Не сум видела човек да му се тресат раце од нервоза зашто не пробал од омиленото сокче или сендвич, ама вознемирени пушачи во апстиненција има на претек.
    И колку повеќе се пуши насекаде најнормално, толку повеќе нови заинтересирани пушачи ќе има.
     
    Последна измена: 31 октомври 2017
    На Yowannty, Someonespecial и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.286
    Пол:
    Женски
    Со брза храна, газирано, алкохол и цигари си штетиш себеси, со цигари во јавно, затворено место штетиш на сите. Со првите се труеш сам и ретко на кој му е грижа искрено, со вторите труеш други и дебилно е тоа. Не ви ги сфаќам споредбите, зборате како на некој гајле да му е што некој друг внесува приватно, кога не смета на никој. :^)
     
    На Lianna Anna, Yowannty, zuto и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Oсвен што сама по себе си контрадикторна со вториот цитат, барајќи да нема потреба од навреди, врати се наназад, дали заслужуваш, да повторно и јас заклучам како и членката дека напразно млатиш со дневно политички паушални изрази.
    Морам да ти признаам дека не си ни духовита.
    Релативизатори на темиве прошле ехе...
    Оф чекај и буквалисти според потребите.

    Ова со талибаниве, нацистиве и не знам веќе што, тоталитарни општества шије ми га ѓура философии на вадење од контекст на моето мислење... е типично за човек кој не знае да поентира. Особено за исламистиве и никотинов...
    Она кое што ја коси природната состојба на нештата е нешто кое не треба да е предмет на разговор и нема врска со партии, системи, закони, е нештото кое што ти не го разбра, а при тоа сакаше да бидеш многу длабока во исказите кои морам да те разочарам - промаши.

    Твојот цистит ќе го залечиш со палин, ама оди кажи му тоа на оној со бронхијална асма и алергии итн, а кој сака да се социјализира, но нема...зошто другар му пуши, не можат да се договорат. Од еднаш битно ми е здравјето да не настинам, ама цигарчево како ќе ми легне...

    Кое право на избор зборуваш ти девојче?
    Тоа што ти пушачот решаваш да запалиш цигара пред другарка ти непушач, а сака да пиете кафе заедно? Не гледам кај е нејзиниот избор у причава, сем твојот. Или ги делиш на пријатели и непријатели пушачите и непушачите.


    Не навлегувам во психолошките детерминати на пушачите, навистина ќе ја направиме големата. Ама не е ни малку симпатично. Ќе кажам само дека според статистиките можам да заклучам дека дефинитивно сме нација која порадо ќе го потисне главниот проблем, отколку да го реши, решаваме се путем кратки задоволства. Да не го запоставиме единствениот факт кој упорно се покрива зад задоволство - не е задоволство, зависност е. Задоволството доаѓа зошто прави дистракција од реалниот проблем кој се случува на потсвесно ниво, со што доаѓа до олеснување за момент правејќи нешто како палење цигара, и доаѓа до делузија дека си одеднаш задоволен...

    Нема добри намери во сето тоа и точка. Вие кои имате деца, дали би сакале вашето дете да пуши? Или не сте помислиле дали вашето дете е загрижено за вашето здравје? Дека вашата несовестност сега ќе биде негова грижа утре? Не умира секој втор од баш цигари, но и те како сериозно се намалува квалитетот на живот.
    И не мислам да водам анти тобако кампања, но да знаете дека она кое што за толку се залагате е најодвратниот тутун кој се продава во Европа. Полн со пестициди кои ги вдишувате длабоко и се вгнездуваат во вашите алвеоли, па лепејќи се по белодробната марамица создавајќи таква прекрасна уметничка слика, имаат право - секој човек е уметност сам за себе. Вие си знаете. Туѓото непушење не ви штети, ви помага само да се стрпите некое време и при тоа да си го смирите срцевиот ритам ако не повеќе барем на некое време. Вашето пушење кај пасивнот пушач предизвикува ист ефект како да запалил цигара, а не го избрал тоа. Би удриле шамар некому без причина, а од задоволство? Чуму тогаш цигара? Во оние кои го бранат законот чувствувам само себичност и опсесивна желба поголема од грижата и одговорноста од своите постапки кои би влијаеле врз нечие здравје, сем нивното.


    Не верувам во плиткоста на темата како таква, а вие како сакате. Сем што се грижам за себе, се грижам и за оној што пуши. Ме зачудува муабет - хаха у кафиќ се оди за задоволство...

    Легален е тутунот бидејќи неговите конзумери стануваат побрзо зависни, но подолго живеат отколку конзумерите на другите дроги. При тоа го прават идеален бизнис (и при тоа не е суштината даноците и акцизите за кои ќе пишам подоле, каква смешка кажа) на големите корпорации чии бенефити ги носат само во својата држава доколку е тнк или мнк. Значи "ќарот" не е во државата, не е во закрепостените тутунопроизведувачи, туку на корпорациите и нивните сопственици.
    Тоа е исто како и со многу лекарства. Како и за брзата храна, како и за ред други работи кои постојат за да го вртат бубањот и да прават пари, но кога јас јадам сендвич само моето тело крахира, мојата одлука влијае само на мене, со цигарите не е така.


    Ме болат виугиве и све у пичке материне, еве на темава имаме експерт - живееме од даноците од продажбата на тутун и акцизите... Сироти други светски економии... што мораат да создаваат генијални начини, да тупат глава за да го зголемат своето ГДП и да ги покренат своите економии, кога можат едноставно да стимулираат поише пушење и точка.
    Ќе се ОТРУЈАМ ЕВЕ САМА СО ЦЕЛА ШТЕКА ЦИГАРИ ВО УСТА. Па посмешно НЕМА од ова што го прочитав! Нема!!! Според оваа логика ние уствари сме 4та најбоља економија у свет... Уствари сега пушењето е и ПРОДУКТИВНА ствар, активна и недделива супстанца од економијата. Па ние бре немаме потреба од реална економија, не тутутнопроизводството, не производите од тутун, туку самото пушење. Ќе си садиме тутун, ќе си бидеме Ленка, после ќе си го продаваме сами на себе, и ќе пушиме и оп ќе ја полниме државната каса. Генијално! Ова треба да развие нова економска школа, правец, Милтон Фридман да позавиди, мочко еден многу знае он од Чикаго за Прилеп! Семјуелсон ич не го спомињам бре, за јавните финансии треба све тоа таму што пишал со алокации глупости да фати да се изнегира бре! Стубот на модерните економии се пушачите, тачка!
    Цигарата го поседува човекот, не човекот неа, ко кошката со јајцето нешто, само малку помодерно и почудно, зошто уствари цигарите не се крајниот продукт, туку пушачот како мотор на економијата.
    Македонски капитални добра - цигари, уствари не самите цигари не, не, нееее, туку - пушачите на цигари како недделив дел од модерната македонска економија. Уејт уат?
    Тутунот како таков е недделив и битен дел од економијата, ама истиот е продуктивен и важен кога ќе го изнесеш од земјава и генералната поента на субвенциите е таа. Да го произведат, да добие конкурентна цена и да се макне од лицето на оваа земја само така е релевантен за платниот биланс на земјава. А не да продуцираат пушачи по јавни објекти со цел да плаќаат даноци и акцизи за да ни биде жива економијава... *се крсти* *исусехристеисусехристеисусехристе (кажано уз снемуење воздух)*
    Уствари чекај, уште погенијално, не треба да ги субвенционираме тутунопроизведителите, туку пушачите за да купуваат поише за да ја јакнат економијата.

    Јас мислам дека светската економска криза беше предизвикана од енормниот пад активни пушачи на цигари на глобално ниво, а не таму Волстрит причи. Оќеј?

    На крајот на билансната црта - трошоците за здравствено осигурување кои ги троши државата за населението за кардиоваскуларни заболувања, пулмонални заболувања, канцери се многу поголеми од даноците и акцизите. И генерално во глобалната економија, пушењето ја кошта економијата 1 милијарда долари, а целата добивка се слева само во џебот на тутунските корпорации. Кај е ќарот тука? Заробуваат милиони долари кои можат да се насочат во други продуктивни трошења. Впрочем, типично лобистичко влијание е тоа дека ограничената употреба на тутун ја загрозува економијата, што впрочем е далеку од точно. Ако ја рашириме палетата може и подетално да се ѕирнат реперкусиите кои се далеку даааалеку од страшни.

    И прочитај како почнаа со пакла цигари да има 19 у неа, а не 20. Иако тоа реално не функционира веќе, но паклите останаа 19.

    Важи, нека го изгласаат законот, но нека ги качат даноците за цигари. Нема многу потреба да си ја тупат главата како да решаваат буџетски дупки со толку зависници. Лепота ќе ни биде. Знаете државната каса каква ќе биде? Бавча! И плус на нас непушачите да ни плаќате екстерналии. Јбг...тоа е сеа, ама ќе можете пошто ќе добивате субвенции за да пушите за да ве стимулираат за да плаќате даноци, тамам од субвенциите екстерналиите ќе ни ги покривате. И така...малце измешано му доаѓа и чудно, ама полека ќе си легнат работите. Ќе ја сфатиме оваа факд ап логика и ќе почнеме да произведуваме се од тутун.

    Мислам дека треба да се буните и за забраната на рекламирање на тобако производи. Кои се они да ви бранат да си гледате убавки реклами. Вие постарите ќе ви текне на секси рекламата за Партнер и за Камел со згодниот каубој... Кај ни е тука правото на избор да си глеаме шо сакаме? Аааа?!


    И рече на девојката дека плаќала данок - даклем - субвенционирала труење... ох пресладок Исусе...како и исспинува мислење алал...
    Мислам дека во Курир ќе им бркаш јака работа.
     
    Последна измена: 31 октомври 2017
    На Lianna Anna, Jas!, MissDior и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Кога на игнорантноста ќе се придружи препичавањето се добиваат вакви купови бесмислици, логички недоследности и изблици на тоталитарниот ум.
    Дали е некој себичен или не, дали е напорен или не, дали е ваков или онаков - тоа треба да биде најмала грижа на законодавецот.

    Нопобитен факт е дека го субвенционираш тутунот преку даноците, тоа не е никаков спин, тоа е факт, несоборлив, едноставно е така и не е поинаку. Може тоа те тревожи, може да те нервира, но тоа не го менува фактот дека субвенционираш тутун.

    Еве да ти поедноставам.

    а) Тутунот се субвенционира од буџетот на РМ
    б) Буџетот се полни преку даноци
    в) рандом особа лилит плаќа даноци

    И сеа кој го субвенционира тутунот?

    а)Талибаните ускратуваат избор на употреба на тутун
    б)Рандом членка на форум мрчи против правото на избор

    Шо имаат заедничко Мула Омар и рандом членката?
    Може да те нервира тоа, но нема да го смени фактот, таков е, непроменлив.

    Мислам дека не е премногу тешко да се извлече заклучок.

    Никаде не реков дека државата опстојува само од даноци и акцизи од тутун али дека се значаен дел од буџетот е факт. Тоа што никој никогаш не се залагал за да се запре субвенцијата или чак и да се забрани тутунот но е многу загрижен за угостителски објекти е само лицемерие. Загриженоста се појавува поради мирисот и дека ќе смрдела облеката и тука завршува. Тоа е мотивацијата, ништо повеќе. Може тоа ги иритира луѓето дека испаѓаат површни но тоа е што е.

    Тутунот бил присутен многу пред тутунските корпорации и рекламите. А кој треба да има профит од тутунот, Ауди? Крајслер? Нокиа? Отсекогаш бил легален. Wow, профит бил мотивот, какво чудо! Се додека не се стави вон закон тој останува легална дрога, како и многу други кои се такви.

    Јаки ми се овие препич фрази како "Presladok isuse" :Dали глупо е, на англиски-амерички sweet Jesus има смисла, на македонски е ептен за никаде...али ти си знаеш.
    Нареден пат не се обидувај на празно да испаднеш попаметна од некого, туку адресирај ги фактите и аргументите.

    Екстерналии :D ќе се сопнеш со такви зборчиња, немој, глупо е. Посебно уз ракија или пивце во угостителски објект каде не се пуши.
     
    Последна измена: 31 октомври 2017
    На ♣ Alba Viduam ♣ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    У реду е, терај. :D
    Комплексите на друго место за "зборчињата" кои чинат 6 години книга и логика. Што да ти правам сега јас?!
    Се вртиш околу три небулозни реченици и спинуваш упорно.
    Нема поента да се дискутира со човек кој сака да прави "маалски" муабет, за нешто што не го крепи факт. Мислм стварно си досадна во бескрајните нелогични и празни реченички.
    Ај здраво.

    Попрочитај малку, ќе ти треба.
     
    На LoneWolfGuy, crimson, Aleksandar1212 и 1 друга личност им се допаѓа ова.