Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов тренд - забрането носење деца на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од jacqueline.s, 27 мај 2017.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Па тоа веќе го напишав, да не се повторувам. Ама тоа не е причина да не ги каниш децата затоа што постојат свесни родители кои си ги пазат децата. А ако некои се некултурни постојат начини, ќе ги замолиш еднаш, а ако продолжат па и ќе им го повишиш тонот малку. А тоа што не одиш ти на сваба за да ти се качуваат деца на глава тоа е се супер, али јас свадбата ја доживувам како место каде се збираш со семејството и пријателите, во превод и моето дете спаѓа во семејството.
     
    На Kaetana и zuto им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    Многу полесно е да викнеш без деца неголи да трчаш на свадба и да се караш односно да повишуваш тон и да се нервираш..
    Ама кој како си сака нели
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Полесно ама навредливо.
     
    На zuto, Kaetana, Lostinparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    И да се караш на свадба е навредливо ко ќе видиш.. Вајда си ги знаат кoј со деца да ги канат кој не.
     
    На Nausicaa и Brinetka им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да се караш. Еднаш му велиш построго. Не е навредливо да кажам дека не сакам некој да ми гази на фустанот или да се плетка низ луѓето. Не ни мора невестата или зетот. Келнерите би рекле ако децата трчаат наоколу пуштени сами и очигледно сметаат. Ама треба да го земат во предвид младоженците фактот дека ако има деца треба да им се обезбеди соодветно место. Нека си доплатат за мал простор кај што децата ќе играат. А ако канат родители треба да ги поканат и децата.
     
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.002
    Допаѓања:
    14.227
    Пол:
    Женски
    Како бе така да си доплатат за децата посебен простор. Секој си го знае сопственото дете, дали ќе е мирно ако е мирно ќе го земеш ако не ќе најдеш некој да ти го чува. Ептен ако немаш кој да ти го чува само тогаш би го земала, а зависи колку год е тоа дете. Мене па ич не ми изгледа убаво и дете во количка спие цело време на свадба, што знам....

    П.с дали озбилно би сакала невестата да се замара да ги "воспитува" децата....
    Или пак келнерите...
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    7.602
    Пол:
    Женски
    ^Да де, јас ќе немам друга работа на свадба па ќе замолувам родители да си ги соберат децата, а ако не, ќе одам глас да им повишувам.

    Немав мислење на оваа тема се дур пролетта на една свадба едно дете од соседната маса правеше салта низ салата, ја тргаше невестата, преку 10 пати се затепа со другите деца и тие плачеа и на крај за да биде се совршено, кога го донесоа десертот го повлече чаршавот од масата и неколку тањири се слупаа на земја. Мајка му немаше време да погледне што прави детето од сликање и пушење цигари.
    No offensе, почитувам родители кои не само на свадба туку и на едни обични гости или слава си го пазат детето. Дете е, сака да поигра, сигурно не треба да го врзеш за столица ама па вакво безобразие не бев видела.

    Ќе погодите на крај што се случи без да ви кажам? Келнерот и рече на мајката да го припази детето да не се исече од чашите што се скршија, а мајката сфатила дека он ја навредува дека не го пази па навредена си замина дома оти детето и било угнетувано.

    Се согласувам со Камелија, поради вакви случки на посуптилен начин би кажала дека не сакам деца на свадба.
     
    На Herrera, Lolipop23, Amelia и 3 други им се допаѓа ова.
  8. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    Само не ми е јасно како иде постапката на канење, дојдете ама без деца. Малку чудно е, али секој за своја свадба си прави како сака. На кој не му се свиѓа нема да отиде и тоа е.
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Сфаќам невестата да не се замара тоест не ни треба да се замара, ама келнерите зошто да не, па имам видено пијаници на свадба досаѓаат на гости ама келнерите си ургираа, а ако се навреди некој гости, боли ме брига и јас сум се навредила од понашањето на детето.
    Генерално не ги носат родителите на свадби децата. Ама преглупо е да не се поканат сите. А тоа дека треба да си доплатат простор за децата, треба, ама кај нас малце сме сиромашни и ни е шок ако треба да платиме нешто што не мора. Ама ако така гледаш и свадба не мора да правиш.
     
  10. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    7.602
    Пол:
    Женски
    Ќе го пишеш на поканата само името на сопружниците ма Џони :D
     
    На Nausicaa, VoodooGirl и John Snow им се допаѓа ова.
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    Тоа јасно ми е туку реакцијата на родителите ме занима:D Нека сподели некој од тука како реагирал у таков случај:wasntme:
     
    На Harper му/ѝ се допаѓа ова.
  12. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Мене свадби со деца ми се као една игротека, растрчани на сите страни, пиштење, вриштење.
    Ама битно има каде да се занимаваат нели, као демек нема кој да ги причува тие 2-3 саати па морало со деца по свадба?

    Крај краево свадба е да уживам јас таму, дали сама или со партнер. Да се опуштам и да си пивнам црвено вино, ако се погоди добра музика и да си заиграм. Не да се занимавам со детето дали му се какало, дали повратило, дали цицка сум му дала у уста, дали се превртило негде и глава скршило и сл.
    Ипак и јас имам живот и потреба да се опуштам откако родам нели?

    И не се задолжени младоженците да изиграваат бебиситери и да изнајмуваат катчиња за вашите деца. За фамилијарни собири си има други пригоди, родендени, имендени и ред други работи.
     
    На SexiLy, Anie93, Lolipop23 и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    7.602
    Пол:
    Женски
    На пола од нив ќе им олесни, поголемата половина ќе бидат увреЃени и ќе драматизираат дека немат да одат :?:
     
    На Herrera, Lolipop23, Sesil и 2 други им се допаѓа ова.
  14. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    Паметно збориш дејче, паметно:smirk::D
     
    На Harper му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Најпрво, морам да кажам дека читајќи ја темава, се пресмеав со коментарот на @kukla21 за бабата и „внучињата“-студенти, како и коментарот на @AnaKarenina од сестринската тема, за кременадлата што и ја собрале од тањир.

    Второ, озбилно прашувам, дали некој има видено со свои очи ваква покана, со прешкртани деца? Зошто мене таа постираната неколку страни претходно ми личи како сатирична илустрација со која се потенцира алчноста и „задните намери“ со кои се прават (дел од) свадбите кај нас.
    Многу добро паметам колку се осетив бедно кога од ептен блиска другарка добив покана каде беше нагласено подарок во плик, и место букет и бомбоњера да сме носеле грепки. Ако не па, што не допишале, тие што се на мисла да закажуваат фризер и шминкање, да баталат тоа, па место улепшавање, на нив да им ги додадат парите. Нема везе, ама стварно неубаво се осетив кога ја прочитав поканата.

    Инаку, многу е дрско и сурово да пратиш покана со прешкртано дете. Не сум родител ама и мене ми е грдо и екстремно несчувствително. Да добијам таква порака, ич не им одам. И баш е добар показател на карактер на оние кои би пратиле таква покана.

    И јас мислам дека ова е најчесто причината зошто кај некои стои семејство тие и тие, а кај некои е нагласено Трајче и Стојна. Зошто, реално, си ги знаеме блиските. А не се децата криви. Нит се невоспитани, нит разгалени туку се едноставно деца. Сакаат да си играат, сакаат да се забавуваат. Мене ми е сосема нормално мало дете да сака да истрча за време на првиот танц, да се обеси на оро или да се џитне врз интересниот фустан на невестата. Родителот е тој кој треба да изреагира во тие моменти. Детето не знае дека не треба така, мајката и таткото се тие кои треба да внимаваат. Епа, затоа на некои покани ќе бидат повикани сите, а не некои само родителите. Не е дека детето не чини, туку родителите се тие кои се проблем.
     
    На Lolipop23, zuto, Amelia и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Кога ќе дојде време за тоа, деца прифаќам само на најблиските. На подалечни роднини и пријатели не. Ама не дека на поканата ќе ги прешкртам туку фино лепо ќе си пишам име на двајцава возрасни само и готово, јасно е.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.205
    Допаѓања:
    125.437
    Пол:
    Женски
    Во мојата фамилија на секоја покана за свадба го пишува името на татко ми со сопругата и децата,со семејството.И децата се дел од семејството.
    На мојата свадба ќе ги поканам сите.
     
    На zuto и Mantub им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Поточно амин. Сакале да се опуштат после пораѓај, свадбата ли ја чекаа да се опуштат :^)
    А за неканење деца на подалечни роднини не зборам пошо ни роднините не ги канам, само со најблиските свадба, па на прва братучетка да и речам без внука ми да дојде, цел живот сме растеле ко сестри, нема понавредливо.
     
    На zuto и nextredstyle им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.205
    Допаѓања:
    125.437
    Пол:
    Женски
    Едниот мој братучед има немирни деца,но кога ќе се мажам ќе го поканам со жена му и децата.Тој прв ми дојде на помош кога ми беше лошо.Лошо би било да му речам дојди само со жена ти.Неговите деца ми се внуци,немирковци,но слатки немирковци кои ми се крв.Нема да двојам.Сите ќе ги поканам.
     
    На zuto и Mantub им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Време е во локалите за свадба да има и детски простор, со девојки ангажирани за пригледнување на деца.
     
    На zuto, Love 83, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.