Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов тренд - забрането носење деца на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од jacqueline.s, 27 мај 2017.

  1. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.215
    Допаѓања:
    21.535
    Деца на свадба се носат само кај блиски.
    Глупаво е на покани да се пречкртуваат деца, ама уште по глупо ми е кога родители си ги носат децата на свадба која не е ниту блиска а и на поканите ги пишува само двајцата нив.
    Па се знае дека секое столче речиси е испланирано , а ако неколку родители понесат деца над 3-4 години кои не биле планирани од домаќините тогаш ќе треба и децата на посебно столче да седат и што треба неколку маси плус за непланирани гости.
    Баш некаде по форумов читав како некоја жена си го однела внучето на комшиска свадба оти сакало да игра.Е ајде де.
     
    На oblace1, Lolipop23, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.080
    Допаѓања:
    77.057
    Пол:
    Женски
    Тогаш и нема потреба од свадба правење.Интимна веселба,ручек со најблиските а не со комшии,пријатели и луѓе што не ги ни знаеш.За се има начин.А не после е овие донеле малку пари а многу луѓе биле,оние без осет што правеа,леле децава ми го искинаа фустанот...

    Леле,читам и неможам да верувам шо читам.Овие колку имале а колку донеле или празен плик донеле а како се облекле,колку трошеле на страна итн.Па ако си пред сите ваква можеби и затоа ти дале толку во плик или па ете празен плик ко што кажуваш.Свадбата е веселба а не израмнување на сметки или раздолжување, ама кој како си ја доживува и за која цел ја прави...

    А редот е???Поклон во плик задолжително и тоа да се покријат порциите плус да остане нели за да си купат нешо младите,да не е за џабе канењето и малтретирањето.Човече!
     
    Последна измена од модератор: 29 мај 2017
    На cresa-jagoda, Annath, Summerlover и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Сметам дека не е во ред да биде потенцирано вакво нешто на поканата но исто така сметам и дека мали деца се носат кај блиски. Ако имам дете и добијам покана на која го пишува моето и името на партнерот, тогаш подразбирам дека само ние двајца сме поканети. Во таков случај кога би имала каде да оставам дете и ако можностите тоа ми го дозволат секако дека не би го понела со себе. Често свадбите се само измачување за малите деца а воедно и за родителите кои наместо да се позабавуваат и прослават треба да трчаат по децата низ цела сала и да внимаваат да не направат некоја беља. За жал многу често сум воочила по свадби дека некои родителите едвај им обрнуваат внимание на децата на кои им се допушта да прават се и сешто. Неконтролирано трчаат, се бркаат, одат по други маси, ги растураат декорациите, ги допираат цвеќињата кои се подаруваат на младите, врескаат, се закачкат меѓу себе и што ли уште не. Немам ништо против тоа да се носат децата на свадба но само доколку се дисциплинирани, ги слушаат родителите и го прават она што ќе им се каже.
     
    На cresa-jagoda и Luna91 им се допаѓа ова.
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    17.679
    Редот е кој колку може и што може. Сепак на свадба не се оди со празни раце. Макар било и нешто најсимболично. Нигде не пишав дека треба пари, ниту да се прават калкулации во однос на порциите. Празен плик е некултура и точка. Човече!
    На мојата свадба немаше потенцирање поклон во плик. Имаше многу малку непарични подароци и на нив најмногу се израдував.
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Од се што прочитав на темава, можам само едно да искоментирам: Не прави свадба ако немаш пари!!!
    Ама озбилно луѓе! И јас се омажив и братучетка ми, и другарка ми и другарка на другарка ми, и сите ние направивме свадби колку што ни држеше џебот! Значи 20 луѓе, најнајнајблиските! На тие луѓе ниту можам да им речам без деца да дојдат бидејќи нивните деца се мои малтене браќа и сестри, ниту пак можам да им речам за поклон кога самите знаат што ми треба. Па макар и ништо да не донесат, не можам да им се налутам пр на баба ми, кога знам дека нема за леб, ама внука сум и и ми дошла од мерак на свадба.
    Секој сака можеби свадба со 500 луѓе, канети комшии и 5 то колено братучеди, раскоши, шљокици, чипки и триста музики, ама нема да го имаш тоа ако не можеш да си дозволиш! И притоа не поаѓаш со математика да се позајмиш а со свадбата ќе ги вратиш парите од поклони во плик, па да се тресеш кој колку донел.
    Некогаш претеруваме и едните и другите. Ако немаш пари -направи прослава, ако немаш доволно за во плик а сакаш да испочитуваш некого, не оди знаејќи дека повеќе му е битно да донесеш полн плик отколку ти да се појавиш. Од др страна пак, тие што прават свадба ќе речат ту не дојде џабе ги плативме порциите, а да дојдеше со 1000 ка пак немаше да чини...
    На свадба со деца, освен кај брат, сестра, први братучеди ептен блиски, не се оди, кој како сака нека рече.
     
    На Glasna, cresa-jagoda, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.080
    Допаѓања:
    77.057
    Пол:
    Женски
    Нит знам кој колку и што ми донел на свадбата(и дал ми донел) нит па некогаш се замарав.Се веселев со луѓето кои ми значат и ме испочитуваа да дојдат и тоа ми е повеќе од доволно.Не гледав во раце на гостите дал носат плик или поклон или ништо.Тоа сакам да кажам.
     
    На cresa-jagoda, nena2010, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  7. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Ова е измислено од некој што гледал што се случува со мали деца на свадба. Лично јас сум видела како децата трчат од еден до друг крај, се буткаат низ орото, па дали да се веселам или да гледам како ќе згазнам и турнам некое дете. Но тука не ги октивувам децата, деца како деца, родителите се виновни. Па фати си го и смири си го детето. Никој не е должен да ти го трпи. А не гајле си немаат, пушти ги децата и уживај си.
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Баш бев пред два дена на свадба и на маса се коментираше на оваа тема, прв пат слушнав, ме интересира причината која е? Ради заштеда на порцијата или да се спречи неред?
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.755
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не сум ни видела ни добила покана на која пишува забрането носење деца. На секоја покана си го пишува името на тој кој е канет на свадбата, ако не го пишува името на детето како ќе го носам со мене? На мојата свадба имаше 6, 7 деца од моја страна, од на мм немаше ниедно, и сите си ги пишуваше на поканата. Мислам безобразно е да се носат децата, ако тоа не е потенцирано, од кај знаеш дека има порција и за нив. Подобро да си прашам отколку да го влечам и детето со мене.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Покана со потенцирано поклон во плик сум добила.
    Ни една не се пожалила од невестите колку добила или дека имало празен плик.
    Покана со прешкртани деца како што можам да заклучам од мислењата никој нема добиено.
    Ако добијам,па добро,не е крај на свет да смислувам одмазди или да се лутам.
    Оние што имаат осет и знаат каде можат да ги носат а каде не децата не мора да им се потенцира,оние другите и да им нацрташ ќе ги донесат и ич не се замараат дали е тоа нормално или не е.
    Невоспитани деца и тоа како има.
    Мојата свадба беше со полно деца ама немам впечаток дека растурале нешто.
    Точно е дека трчаа,се факаа за оро,сите лево,тие десно ама мене тоа ми е смешно и ни најмалку не ми прече.
    Крајно ме изнервира кога на свекор ми први братучеди земаа да пукаат (полицајци) мислеш ја ослободиле Мк.Е тоа ми е крајно сељачки и би требало да стое на поканите и да биде прешкртано а не децата.
     
    На Glasna, Jana87, JuLleE и 11 други им се допаѓа ова.
  11. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Што знам, не сум сретнала досега покани каде е нагласено да се оди без деца. Мене лично и децата ми се составен дел од свадби и не би ми пречеле кога би правела свадба, нормално ми е да трчкаат и играат, а и нив им е интересно. Секако и самите родители се тука ако некои деца плачат, им се спие и сл.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Ние деца на свадби многу ретко носиме. Големиот еднаш на свадба на многу блиски и малиот само еден час, чисто да види што значи свадба. Свадбите се прават ноќно време, а тогаш е веќе време за спиење и ниту детето ќе осети нешто, ниту пак ние.
    Досега немам добиено покана со пречкртани деца или имиња.
     
    На joy1 и daylight им се допаѓа ова.
  13. majdaa

    majdaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2016
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Сварно не е убаво тебе те канам дојди без деца,а што децата некој да ги остават на улица и тие се дел од нас.Е сега тоа што се палави тука се виновни и родителите треба да се воспитаат иако кај што бев на свадба имаше од друга држава дојдени со дечиња еден куп деца имаше и баш ми се допадна тоа тие треба да се радуваат.Како внука ми ја спомнува мојата свадба тоа и било големо доживување сепак мала беше само 4 години и малце ми беше досадна али дете во тој момент не размислував само се веселев на цедињата гледам колку била лепенка на мене.
    Иако јас моето дете го однесов на 10 месеци во друг град на свадба кај блики се разбира и одлично поминавме на свадбата цела свадба се веселеше се смееше креваше рачиња и пак би ја носела идејки не видов ниту една мака..... Иако поубаво е без дете на свадба али што си го стварал ако ти сакаш сам да одиш за нова година во кафани и свадба. така да мислам на децата местото е покрај родителот и не би отишла на свадба ако ме поканат без него
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.998
    Пол:
    Женски
    Постовите во врска со собирање на храна се одделени во нова тема, бидејќи тука се сосема оф-топик. За да се надоврзете на таа дискусија клик тука. :)
     
    На cresa-jagoda, jacqueline.s и daylight им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.166
    Допаѓања:
    36.561
    Пол:
    Женски
    За да се избегнат инциденти. На мојата свадба имаше деца - внуци од први братучетки. Додека се играа ората они цело време трчаа. Едното дете се сопна трчајќи, па свекрва ми го згазна додека играше. Не е виновна жената. Кај можеш да видиш дете занесен во играта.

    Кога носиш деца на свадба треба да ги пазиш. А не цело време да играш, а тие да беснеат. Помалиот син не сум го носела по свадби. Свадбите се случија додека бев бремена со него. Поголемиот син кога и да го однесев цело време внимавав на него. Кога играв, маж ми го пазеше. Не сум дозволила да беснее.
     
    На Summerlover, cresa-jagoda, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    93.857
    Пол:
    Женски
    Ова со "забранава" на покана го видел некој или само муабет е?
    Се знае тоа отсекогаш,ако на поканата пишува Семејство .......,е со се деца,ако има имиња на парот,односно родителите,само за нив е наменета поканата,нема простор за лутење.Децата на најблиските се секогаш присутни,и ја личи свадбата со по некое детенце,се радуваат и тие,а и самите се симбол на семејство,љубов,тоа и се слави всушност:)
    Околу беснеењето,нормално е да ги фати еуфорија и нив од гужвата,па се групираат сите и се бркаат низ сала и надвор.Освен за време на вечерата кога сите се седнати,никој не ги ни приметува.Ако на родителите тоа им е ок,и не ги мрзи да ги бркаат цела вечер,нема што да им пречи на останатите.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Децава кој што ми го кинеа фустанот на најблиска рода беа колку за информација.
    А незнзам кој прави свадба со најинтимни луѓе, бидејки во тој случај свадбата ќе биде со макс 20 души, а јас таква свадба немам видено досега дека некој направил!
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.080
    Допаѓања:
    77.057
    Пол:
    Женски
    Ти не си видела,ама јас лично сум присуствувала кај деверот.Не сакаа расфрлање,куп луѓе и триста други работи туку само со кум,старосват,родителите и брат,сестра.И не е само таа имало и други на луѓе што ги знам.И незнам што се чудиш,ко да е срамота такви свадби да се прават,ко да е морално големи свадби со ојле и дојле да се прават.
     
    На Summerlover, Kaetana, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.745
    Пол:
    Женски
    Јас сум видела, како што кажав, брат ми доби таква покана за свадба од колега, ама пред неколку години. Имаше знак со пречкртани деца на поканата, плус знам дека беше на отворено, некаде во Градски парк во Скопје. Уште тогаш ми падна чудно, оти брат ми секако без деца отиде, само со сопругата, оти сепак се работеше за колега, а не за некој близок.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.795
    Допаѓања:
    325.242
    Пол:
    Женски
    Јас правев :)
    Со 30 души горе доле

    Немав невестински фустан немаше,безвезе адети.Само блиските собрани во ресторант,нормално музика и играње.Ништо друго.
     
    На Glasna, Hipster, JuLleE и 9 други им се допаѓа ова.