Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов тренд - забрането носење деца на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од jacqueline.s, 27 мај 2017.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Јас па мислев свадба правев со 20 души. Ете сега се разочарав, не била свадба, веселба било. Scarred for life!!!
     
    На Mishela, cresa-jagoda, Lolipop23 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    12.528
    Пол:
    Женски
    Не носам дете на свадба зашто нема да видам ништо од свадбата а да растрчувам низ салата по него немам намера.
    Кога ќе биде поголем(ако сака да дојде)кај блиски се разбира ќе го земам.
    Ние кога правевме свадба имаше околу 200 луѓе(најблиски)
    Голема фамилија сме.Значи тетки,вујко,стрико,колеги,другарки први соседи ете ти ги се збираат околу 100 души.Комшиите ги каневме и едните (двајца браќа се со по 3 деца значи 6)рекоа дека сакаат со децата да дојдат.И цела маса со 10столчиња беше за нив.Му рекоа на мм за децава пола порција.Глупости.Мм кажа во ресторантот за сите по една порција цела.Не мислевме нити кој колку ќе донесе нити што.И сега искрено нз кој колку донел и не ме интересира Парите што ми биле планирани за свадба тие биле и толку.Не ми е јасно забранава за деца.Па мислам тие најмногу се радуваат за невестата,настанот,фаќањето бомбони во црква.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.242
    Пол:
    Женски
    Не, напротив, мислам дека убаво те прочитав и притоа те исправив, свадбата е веселба. Тоа што некој од неа прават циркузи и бизнис е срамота.
     
    На black-angel, SwanMay, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    20 гости поканети, а невестата во обично фустанче за вас тоа е свадба-за мене не е, а збор соодветен не можам да најдам затоа и пишав веселба, но свадба тоа во никој случај не е. Не гледам потреба од ирочни коментари.
     
    На m.i.g му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Од мојата свадба едно нешто сфатив - свадбата ја правиш за гостите, не толку за себе. Оти и да си весел и среќен, ако гостите не се весели, играј си сам на подиум. И тоа не е лошо, но многу ми беше ќеф кога гледав дека и другите се забавуваат.. ок, може јас сум таква - сакам да удоволам на луѓето.
    Поклон во плик секако дека сакав да добијам - секој сака да добие пари и да може да си ги потроши согласно на неговите желби. Но, поканите се за сите - и за најблиските, и за колеги на родителите (на пример). Епа не можам на сите да им се обратам со истата „близина“ во покатана... некако невкусно ми е.

    Мислам дека од тоа поклон во плик нема никаква потреба. Блиските секако би прашале што сакате како поклон... што ви треба... а подалечните нека донесат што мислат дека е соодветно. Е сега, може моето соодветно не е исто со туѓото, ама тоа е... триста људи триста чуди. Ниско и нечовечно ми е да им судам на луѓето према поклонот. Најважно ми е да направиле атмосфера, и да си поминале убаво.

    За ова со децата прв пат читам тука. Но, некако ми е исто така безобразно и мноогу беспотребно. Кога малата беше бебе, морав да ја носам секаде со мене од причина што беше врзана со мене со доење. Затоа не одев на сите свадби, туку таму кај што ми беше ќеф. Ако на некој му пречеше тоа, нека му стои - гајле ми е. Нормално дека не би ја носела на свадби каде што не и е место. Ама да треба некој да ми потенцира, ко јас да сум ретардирана... многу е глупаво. Мислам пак ќе речам - поканата ја давате и на блиски, но и на далечни. Не е исто. Можеби откако имам дете ова повеќе ме навредува (што е логично), но и да немав... многу невкусно! А за трчање по невеста и гњавење - родителите треба да си внимаваат на децата. Иако сум невеста која и да и направеше нешто детето на фустанот, ама баш немаше да ми е гајле.. мислам, дете е. Со цигари ми се изгоре, дупки му се направија во гужвата... тоа е. Фустан е. Не е болка за умирање.
     
    На cresa-jagoda, bittersweet, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.083
    Допаѓања:
    21.760
    Пол:
    Женски
    На никого не забранив да донесе деца на свадба, напротив сакав, а и прекрасно изгледаше, јас во средина сите тие околу мене го држат фустанот, абе слика како од бајка. Толку радости, они биле до принцезата, памтат раскажуваат, сакаат и тие таква свадба. Но, не битно. Кога можат да ми идат стари кои ги чекам пола саат за да ме исцеливаат со лиги, можам да потрпам и некое дете. Овие трчкаат се смеат денсаат на све, а овие стариве неспособни се фатиле на оро, демек да се покажат а ми премираат и превртуваат со очи, па музиката била гласна, па брзи ора свиреле.
    Што се однесува до цената, постои порција за деца, половина се плаќа, пијалок не им наплаќаат, бар кај нас беше така. АМа никој не зема порција за дете.
    Сепак, глупо е на некого да кажеш како да дојде. А ако нема кој да чува дете?? А си кум, старосват, близок??? Исто и за поклон во плик. Јас моето дете секаде ќе го носам. АКо е немирно тоа е мој проблем, и не треба никој да се оптоварува со тоа што моето дете ќе прави на свадба. АКо не, не идам на таа свадба. Имав гости кои само 1 дете носеа, зошто знаат дека од другото не ќе се раат.
    Не бев некоја важна невеста, апсолутно се едно ми беше за се, и за фризура, шминка, дали деца ми го искинале фустанот. Битно ми беше да имам убава свадба, да си поминам јас убаво, на крај сите ми подадоа рака, алал да ти е невесто не седна.
    Но, сепак, секој за себе. Секој си има своја замисла, само треба да се има во обзир дека не треба да навредиш некого несвесно.
     
    На cresa-jagoda, joy1, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.432
    Допаѓања:
    38.425
    Пол:
    Женски
    Само некои без врска трендови со свадбите измислуваат. Прво поклон во плик. Ни малку не одобрувам. После грепки наместо благо и цвеќе. Ама ова со пречкртувањето деца ми врв. Порано се знаеше, тој што е пишан на покана оди, ама за мали деца и бебиња родителите одлучуваат според мене. Секако нема порција за нив, а и да има штом си решил свадба да правиш за порција плус минус ништо не значи. А за поголеми, не гледам зошто не би ги поканиле на роднините децата. На мојата свадба сите наши братучеди беа со децата и баш беше весело. Не ни заприметив дали биле немирни. И за нив имаше порција нормално. Имав и другарка со бебенце, и баш ми беше мило што дојде. Се надевам нема многу да го прифатат овој тренд, ептен е понижувачки и безобразен начинот на кој се потенцира да не присуствуваат деца.
     
    На cresa-jagoda, Kitten и Kaetana им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    A крштевка со 20 души крштевка е, или и тоа е веселба? Оти ај денес што научив дека не сум правела свадба, ај некако... ама да разберам дека и крштевка не сум правела, ептен ќе си пукнам од мака... се само веселби па ние.
     
    На Glasna, cresa-jagoda, SwanMay и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Грепки место цвеќе?? Прв пат слушам!
    многу невкусно!
     
  10. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    Чекај и родителите си се смееа? Свашта...

    Инаку мене ми е поделено мислењето. И јас не сакам многу многу деца да се растрчаваат по сала, да чепкаат по тањири и да се тркалаат на подиум. Секоја чест на мирните деца.
     
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    Има такви родители, и не се однесуваат така само на свадби. Кај нас дома на гости што доаѓаат едни, кабелот од климата ми го влечеа, можеше на глава да им падне, па гарнитурата ми ја направија со фломастер, а немаше два месеца како ја купивме, а мајката се оклештила и нема абер, као деца се. Епа многу ме нервираат невоспитани деца што прават хаоси,било дома некаде на гости или на прослави. Дома нека си прават така. Има мирни што ни доаѓале, ама се си е тоа до родителите.
     
    На cresa-jagoda и Luna91 им се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.432
    Допаѓања:
    38.425
    Пол:
    Женски
    Да, да за сите свадби во последно време што сме биле таква покана добивме.
     
  13. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    Знам драга, познавам и јас такви и не знам дали им е срам да им викнат пред домаќините, али бар може да ги тргнат...
     
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.319
    Допаѓања:
    112.841
    Пол:
    Женски
    Да има ама досега не сум видела тоа на покана да пишува. На моја свадба ми донесоа грепки ама само неколку парови. Кој како мисли така нека донеси не замерив за тоа ниту се изнервирав баш ми беше интересно да си грепкам. Секако дека сметам дека е невкусно тоа да се напише во поканата како што исто сметам дека е невкусно да стои поклон во плик и дечиња пречкртани.
     
    На cresa-jagoda и Kaetana им се допаѓа ова.
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.083
    Допаѓања:
    21.760
    Пол:
    Женски
    Ни јас не знаев дека постои дефиниција за свадба. Денот кога сум се потпишала во матично е свадба, мене 1 година ме викаа невесто, а не ја носев 1 година венчаницата. Секој си сака различна свадба, некој сака со 1000 души..ти си си имала свадба каква си сакала и можела.
     
    На cresa-jagoda, jacqueline.s, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сите деца на секоја свадба трчаат по невестата, и ја фаќаат за фустанот, тоа секогаш и секаде сум го гледала, интересно им е. На последната што бев во септември невестата носеше широк фустан, децава трчаа по неа и ја мкнеа, она на крај попизди и им се развика стварно беа досадни.
    А тулот се расипува и се раздрснува (неможам да најдам соодветен збор аман) многу лесно, јас знам, бидејќи работам со такви материјали, секунда му треба да му се расипе обликот.
    И уште нешто, и јас сум мајка, мм стално вика не комментирај за туѓи деца незнаеш твоите какви ќе бидат, а јас му викам ќе бидат такви како што ќе ги воспитам, не ти е детето темпераментно и хиперактивно, туку невоспитано и ако ти е такво или не оди по свадби, или ако одиш не го носи со тебе, да биде pain in the ass на сите таму. Не зборувам за бебиња овде, туку за продени деца.
     
    На Glasna, cresa-jagoda, moonlight-girl.55 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    Од тема ТРЕНД-забрането носење деца на свадба, се премина во друга насока:|

    Ве молам да се задржиме на темата и дискусијата нека се движи околу новиот тренд.

    За подароци за свадба темата е
    тука
     
    На cresa-jagoda, ♡BuBaLe♡, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.080
    Допаѓања:
    77.056
    Пол:
    Женски
    Абе прај си ако сакаш и на стадион свадба,мене ама ич не ми е гајле,мислам :D Ама притоа не очекувај брод или зграда да ти купат за да ти се исплати слвадбата што си ја праела де :?::wasntme::hai:
     
    На Glasna, An-na и joy1 им се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    А што мешаш баби и жаби? Де смири малце нерви да не дојдеш и до други сознанија
     
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.319
    Допаѓања:
    112.841
    Пол:
    Женски
    Дефиницијата за свадба според мене за секого е различна и тоа не може да се унифицира. Без разлика како сте биле облечени и колку гости сте имале причината на славењето е стапувањето во брак на двајца млади луѓе кое секако е убава работа и треба да се прослави.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.