Новoсти за идните пензионери - намалување на работното време

Дискусија во 'Политика и настани' започната од referentka, 20 септември 2019.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.710
    Допаѓања:
    322.528
    Одлична новина за идните пензионери – жените со навршени 60 и мажите со 62 години старост ќе работат по 6 часа, а ја задржуваат целата плата

    Во министерството за труд и социјална политика во тек е изготвување на Законот за работни односи чие донесување е планирано за годинава. Имено, според информиациите предвидено е да се овозможи намалување на работното време за повозрасните работници без притоа да имаат намалување на платата.

    Се предвидува жените работнички со навршени 60 години старост да работат 6 часа, а ја задржуваат целата плата до пензија, а мажите работници со навршени 62 години старост исто така ќе работат 6 часа и до пензионирањето ја задржуваат целата плата. Дополнително според нашите информации ќе биде воведена можност државата да субвенционира ангажман на млади кадри кои ќе ги заменуваат во преостанатите 2 часа.

    Превземено од 24info.mk

    Одличен потег, мерка добра и за возрасните и за младите, посебно во време кога се бориме со невработеноста.

    Само се плашам дека младите би биле волонтери тие два часа.

    Ако државата им дава полна плата на идните пензионери, тогаш младите кои ќе работат на два часа би биле на терет на Државата.
     
    На lovestoneddd, Alishan30, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.717
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Женски
    Ако поентата е да се заменат вработените пред пензија со помлади лица, супер идеја. Во западниве земји, законски мора да има практиканти во фирмата, пример на 15 вработени 1 практикант, кој зема симболична сума, но сепак е платен за тие 15-20 саата во неделата што ги работи/се обучува.
    Може ова е еден чекор во тој правец. Јас сум многу ЗА вработување на млад и неискусен кадар, и тоа за помала плата. Старите секако еден ден ќе си одат, битно е да имаш спремен кадар за во иднина.
     
    На galapce, Angie1432, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.710
    Допаѓања:
    322.528
    Мене меркава многу ми се допадна, ама некако се сомневам во непотизам (кој оди во пензија -негово дете да се вработи), или децата кои ќе доаѓаат на два часа нема да ги плаќаат...

    Иначе, ако се тера како што треба, баш е ОК.
     
    На theowndemon, WildMk, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Во државава само пензионерите се задоволни, а и како не би кога ги третираат како бели мечки.

    Пази сеа, немаат пари да им качат плата на просветарите, а ниту медицинскиот персонал не ми изгледа дека задоволен од платите, битно пензионерите да се среќни.

    Овој бенефит ке го ужива само администрацијата под државна капа, а они секако не се преморени од работа, барем најголем дел не.
    Ако се толку загрижени за младите, нека ја укинат опцијата да се пролонгира одењето во пензија. Јас лично знам еден куп луѓе, жени со 63-64 години и мажи со 65-66 години кои абер немаат од одење во пензија. Држат работно место на млад човек, земаат плата а не се доволно ефикасни, посебно откако ги воведоа компјутерите речиси секаде.
     
    На dunika, zuto, senza.parole и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.824
    Допаѓања:
    84.843
    Пол:
    Женски
    Млади нема да сакаат да се вработуваат за 2 часа.
    Бенефит само за идните пензионери во државни служби.
     
    На dunika, zuto, senza.parole и 7 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.710
    Допаѓања:
    322.528
    Пензионерите и онака доаѓаат на работа реда ради, па и продолжуваат до последна минута.
    Да работат на некој пулт, на некоја промаја, ќе ги прашам дали до 67 години ќе доаѓаат на работа.

    Млади може и ќе сакаат да се вработат на 2 часа ако тоа им гарантира дека кога пензионерот ќе отиде во пензија тие ќе го завземат местото.
     
    На dunika, theowndemon, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.516
    Допаѓања:
    265.392
    Пол:
    Женски
    Со ова само ќе се мотивираат сите да продолжуваат со работа до максимум кој го дозволува законот,а младите да си чекаат и чекаат .За 2 саати колку ќе им платат,симболично, а со тоа не се живее...
    Ова да ама да мора на одредена возраст да си замине во пензија ,на 62 за жени и 64 за мажи ,тоа е максимум според мене.
     
    На Dadusicka, dunika, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Lostinparadise

    Lostinparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    2.030
    Пол:
    Женски
    Е после бегале младите. Епа ќе бегаат ќе некој 66годишниот да се излежава на биро а ти со дипломи, одличен просек, магистратури, сертификати и сто други работи ќе го чекаш да се пензионира, во меѓувреме ќе работиш за минимална плата било што да врзиш крај со крај или ќе му ги доработиш тие 2 часа за смешни 50-100евра месечно полна надеж дека после него нема на столчето да си седне ќерка/син/внук/а...
    Циркуз стана оваа држава.
     
    Последна измена: 20 септември 2019
    На mKdevojce, темјанушка, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  9. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.516
    Допаѓања:
    265.392
    Пол:
    Женски
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.556
    Пол:
    Женски
    За по 2 саати дневно на кој му се исплати да оди? :^) |(
    Колку пари би дале за тие 2 саати дневно? :drunk: Превоз да си платиш и дали нешто ситно ќе остане или не, кој да знае (facepalm) Работава би била да си го изгубиш времето за без пари. И не губиш само 2 саати дневно, туку кога ќе го пресметаш времето за одење и враќање од работа, многу повеќе изгубено време за џабе.
    Секој оди на работа за да заработи, а не да се шета и да си го губи времето |(

    Треба да се намали старосната граница за пензионирање, а не тие на кои им е лесна работата да си продолжуваат да одат на работа до гроб.
    Треба млади да се вработуваат, ама не на 2 саати (ќе се заебаваме со младите), туку на полно работно време. И тоа да биде вработувањето според квалитет, а не непотизам, партиски врски и мито давање.
     
    На темјанушка, senza.parole, Antolinaa и 3 други им се допаѓа ова.
  11. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    6.181
    Не верувам дека некој од приватниот сектор ќе ја почитува оваа одлука. Ќе запишуваат дека работат 6 часа а всушност ќе работат 8, а можеби и 9. А ако реагираат ќе им коментира дека вратата е отворена и дека ако не им одговара слободно можат да си одат. Како што е со минималната плата така и со оваа мерка.
     
    На galapce и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    19.288
    Пол:
    Женски
    Ова е дезинформација!
    Така рече Царовска
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
  14. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Ова е спин на владата баш тогаш кога објави борба против лажните вести. Очаен обид.
     
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.659
    Пол:
    Женски
    Тај шо го донесел вај закон дрогиран да не е бил? Кој ке работе за 2 часа дневно ако еден саат е 70 80 шо он за 200 денара ли ке работе дневница смешки
     
  16. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.778
    Пол:
    Машки
    Да ви кажам информација само. Ако влеземе во европска унија пензиите рапидно ќе се смалат за 70%.
    Тоа не го кажуваат.. со вакви инфоа само си ќаруваат бодови, ништо повеќе.. а пројде тоа време кога луѓето работат за пензија , размислете логично.. дали би доживеале да уживате во минималната пензија работејќи во ова државичево скапано ? Мислам дека не.
     
  17. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Ова Целе од Малме ти го кажа?
     
    На candy.cane, galapce, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.778
    Пол:
    Машки
    Не, Изабела од Бугарски врв.
     
  19. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    А да ја намалат старосната граница за пензионирање не ќе биде лошо.Луѓето не можат пензија да дочекат.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.513
    Допаѓања:
    34.311
    Пол:
    Женски
    Најдобар потег ќе биде ако ја намалат старосната граница. Луѓето ќе умрат чекајќи пензија.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.