Нормален живот додека трае короната?

Discussion in 'Коронавирус' started by Аничкаa, Nov 23, 2020.

  1. Stefani_33

    Stefani_33 Истакнат член

    Joined:
    Jan 20, 2021
    Messages:
    18
    Likes Received:
    13
    Gender:
    Female
    Како што прочитав погоре, новото нормално не е нормално.
    И уште од почетоков на се ова многу ме нервирал тој термин „ново нормално“. Како некој да сака психички да не побудали дека од сега па натаму до крајот на животот вака ќе се живее. Тоа не е нормално и никогаш нема да биде а кога- тогаш, ќе помине.
    Ама до тогаш, по мое мислење, не може да се затвориме дома и да чекаме. Ете 3 месеци седевме со карантини дома (во убави денови кога можевме да искористиме сонце некаде во природа) и што се случи? Само се правеа гужви по продавници пред да почне полицискиот час. Ама тоа беше издиктирано од некаде надвор и ние како држава секако си прифативме за да бидеме модерни нели.
    Мора да си функционираме како порано, на крај краева имало и секогаш ќе има вируси, лани ова време од грип имаше МНОГУ повеќе болни. Јас секој втор што го знаев имаше температура, а мајка ми (која е професорка) ми кажа дека едвај по 5 деца доаѓале во школо, се друго биле болни.
    Ама тоа беше порано, кога имаше и други болести освен корона. Сега не дај Боже да имаш друга мака, ќе умреш од таа мака а ќе те пишат од корона. Ужас и баш поради тоа целава ситуација со седење дома и стресирање околу короната многу ми е идиотска.
    И на крај најбитно, и психичкото здравје е битно, а вака со форсирање дека со други зборови сите ќе умреме ако стапнеме надвор од дома, еден ден сите во Бардовци ќе завршиме
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,299
    Секоја навика, има и одвика.
    Кога ќе се навикни чоек на ново, новото ќе му стане 'нормално'.

    Да речиме, дека 'нормалноста' како концепт, е динамична.
     
    Titanium 2 likes this.
  3. Titanium 2

    Titanium 2 Активен член

    Joined:
    Jan 14, 2021
    Messages:
    146
    Likes Received:
    188
    Gender:
    Male
    До каде појде човештвото наместо да им најде лек за тешките болести (а има најдено само за екстра богаташи) и да ги пушти народот да живее нормален живот тие уште не закопаа каков нормален живот бе да ти е страв со човек да се сретнеш....само Господ ако не спаси од оваа ѓаволска работа од овие сатани што ја пуштија оваа болест