Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Носење заштитни маски во училиштата

Дискусија во 'Коронавирус' започната од My litle pony, 17 март 2022.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Чекај малце...која година е? :?:
    Какви идат во школо?

    Ај више олабавете го форумов. Сите што можевме се испозаразивме од корона (читај настинавме) во февруари со почетокот на второ полугодие и заврши таа прикаска. И ги нема веќе тие изолации ко лани, не се секирајте, има на кого да се предава. Веќе нема ни болни, а жив сведок сум дека маски не се носат 90% од времето.
    Ова ти е скроз медицински неиздржано.
    Да де да, бесконечно ќе си седиме дома за секоја настинка.
     
    На zuto и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    20.325
    Ова се случува кај да речеме полово преносливи болести.
    Кај респираторни многу ретко, коронава па ич
    Со моите дома ако е така досега немаше да сме оздравени уште оти 15 пати ќе си го подадевме.:D
    И кај сите кај што имало неколку болни во иста фамилија.
     
    Последна измена: 25 март 2022
  3. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски
    Не оди тоа така. Во принцип по било кој поминат вирус се формира имунитет кој трае определен период, така што тој го минал истиот нема повторно да се зарази во толку кус период. А децата мора да минат низ вирусите како и да е, така се гради имунитетот и отпорноста. Еве и Мехмедовиќ кажа дека владее само омикрон со полесна клиничка слика, а сум повеќе од сигурна дека и тој повеќето од нас го имаме минато, па веќе нема потреба од маски, барем за оваа пролет и лето. Имам дете во прво одделение, на голем одмор вадат маски, кога јадат исто, на физичко исто, кога се сликаат по некој повод исто, не гледам зошто би ги носеле остатокот од времето, посебно сега кога учат да читаат и вежбаат изговор.
     
    На kalinaka, Snowflake97 и Ljubova им се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Во принцип така е, општо зборувано за вирусите. Само што прележаните од ковид, и деца и возрасни покажаа доста голем процент на сериозни последици по здравјето. Ова цело време се потенцираше, сеуште не се знае колку штета прави кај поединци и колку се долгорочни, односно како ќе влијае на здравјето понатаму, посебно невролошките.

    Веќе во поразвиените држави турбо работат здравствени центри за справување со последиците од ковид19. Требаше и кај нас ама ние "градиме имунитет", тие што го немаат и така ќе умрат па што?!
    Вие што викате обичен вирус и грип е, дека имунитет се гради така не правите никому услуга туку сте истите кои го ширете 2 години без свест и обзир кон вашето здравје и на оние околу вас.
     
    На cresa-jagoda и Ljubova им се допаѓа ова.
  5. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски
    Како прво, две години маска не симнав на работа, не одев по гости, кафичи, така што не секого треба го нарекувате несовесен и без свест и обзир. Друго, се вакцинирав и покрај тоа што прележав, да со маска се заразив на работно место, верувала или не, така што максимално се трудев да не ширам и да не заразувам. Ама, кога сам Злате ви вели дека нема веќе тешка форма на вирусот, дека слабее, дека треба да се олабуваат мерките постепено, не знам што сакате, вечно ли да носиме маски? Апсурдно е навистина, во услови кога кафани, кафичи се преполни, вклучително и оние кои имаат забавни активности за деца, а да не зборам дека во градинските носат маски и децата во школо да носат маски. Аман, работите се менуваат, не можеме да се држиме до истото цело време. Инаку, што се однесува до мене, на пример во февруари кога многу родители инститираа на настава без маски, лично бев против и сметав дека не е време за такво нешто. Ама сега, а посебно што во пресрет ни доаѓаат и потопли денови, сум за настава без маски.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не сите.
    И не е настинка, пошто има долгорочни последици.
     
    На Ljubova, Feminka22 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Сѐ убаво, но наративот дека слабее и дека тие што прележале се безбедни не е толку наивен, посебно затоа што многу кои прележаа, и возрасни и деца имаат последици после повеќе од една година, луѓето сеуште се заразуваат со делта, не е само Омикрон присутен.

    И јас сум за укинување на маските, нема смисла деца да мора да носат додека кафани и дискотеки од лани си работат најнормално, сепак не се согласувам дека со прележување ковид се гради имунитет и поттикнување на заразување деца секако не. Олеснителна околност е што иде лето и нема да се нон-стоп на затворено.
     
    Последна измена: 26 март 2022
    На Ljubova, Feminka22 и BlackNight им се допаѓа ова.
  8. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски
    Се рабравме сега. Зборувам така, зошто баш Мехмдовиќ или кој и да беше од Комисијата, кој рече дека само омикрон во моментов е присутен кај и не се очекуваат потешки видови. Искрено, сакам да е во право, да заживееме нормално и темава да остане лош спомен.
     
    На Mikha4 и Ljubova им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Не е издржано?
    Не сум гледала како сме се заразувале пола клас?
    киваат/кашлаат без рака на уста, при зборење се плука, се делат шишиња сок/вода.
    За тебе може е настинка, ама не е за тие шо сеа не можат асално 500 м да поодат, шо имаат задебелување на срце, шо на 20 години им паѓа грст коса, шо ги болат коските и шо се како утепани цело време.
    Тоа од настинка не е.Ти викај си ја како сакаш, медицински не ти е издржано ;)
    Настинка било.Уште ова не чув.Ќе биде како настинка за некое време отсега, кога уште ќе се прошири меѓу населението.И ќе стане нормален вирус.
    Значи зборев за настинки, шо не мора да е вирус секад во прашање.Си шетала гола ти паднал имунитетот, ти тече носот и кашлаш.Добро де, треба да пројдат низ некои вируси, ама тие деца дома имаат може родители или баби/дедовци, браќа/сестри со коморбидитети.Вие тоа не сфаќате.Ја не сум се гледала со другари и другарки со месеци пошо сакаа да глават по станови и дискотеки.Тек годинава почнав апла по гужви да идам, и тоа не толку крцана.Сега пошо сум тазе прележана сум си охрабрена некако.
    Детето ќе се зарази шо ќе се зарази, ама може и да го пренесе на некој шо нема да пројде како детето.Ама себични сте и не мислите, дали немате болни дома (се надевам немате) ама сепак, треба да мислите на другите малце.
    И да логично е дека нема со маска да јадат или спортуваат.Самите СЗО рекоа дека не треба да се носи маска дур се вежба.
    А знам луѓе, фаќа корона, се вакцинира, фаќа уште два пати.Кај некои луѓе едноставно не се ствара имунитет и антитела.Не може да мислите дека одма ќе се напраи имунитет.На светов има 7 милијарди различни организми и секок различно функционира.
    Преку лето да не идат у школо? На 10.06 не е 40 степени како и сред јули.И нема да носат маски у школо пошо нема да идат.
    А башка преку лето сите сме изложени на повеќе витамин Д, пола се ваму, пола таму, у Скопје преку лето живо пиле нема.Да не иде на кафе некој на 40 степени? Кој иде на работа, е на работа, со маска.Другите дома под клима до 21ч.Навечер кој искача искача.Помалку се шири.

    едит: да Китен идат КОРОНОСАНИ во школо, у превод со корона де.Има температура, ѝ е гајле, иде со денови у школо, дур не се осети уште некој лошо, па прават тестови и пола клас во изолација.
    Ја у средно температура кога сум имала, не мо текнувало у школ ода идам.Лично за 2-3 дена максимум ми проаѓа лошото, ем побрзо ќе ми помине дома ако седам и одмарам, ем нема да ги испозаразам тие околу мене.Пошо има луѓе, со коморбидитети, чие срце и некоја настинка нема да ја пројде као шо треба, не па корона.
     
    На cresa-jagoda и My litle pony им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.579
    Допаѓања:
    34.956
    Пол:
    Женски
    А ти уште викаш дека си непрележана? :rofl:
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не сфаќам шо е смешно?
     
    На marlonbrando69, cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Овој сој веќе е настинка, и секој нареден ќе биде така. Вие ако сакате носете маска до бесвест, ваше право.
    Сте застанале во времето со тие последици та последици. Масовно се испозаразивме со омикрон на работа (читај образование), на никој ништо не му беше и не му е.

    @Feminka22 никој родител не пушта дете со температура во школо. Дај да не претеруваме. Ако качи додека е на настава најнормално го пуштаме да си оди дома како што впрочем отсекогаш се правело.
    И дај, не си само ти прележана за да нѐ нарекуваш себични. Сите ние имаме и баби и дедовци. Сите пројдоа без последици од омикрон.
     
    На kalinaka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Сеа ти ќе ми кажуваш?
    Значи знам деца и кај мене во средно шо идеа болни, и шмркаа со носевите на час и беа опоменувани од професори.Ти мислиш сите кажуваат дома дека им е неарно?
    За оваа година еве, кај другарка во средно, една со температура со денови си идела, не била многу висока зада не може да прати часови и си идела.И фер ли е тоа?
    не е фер.

    па себични сте.Од омикрон, а пред омикрон колку соеви имаше?Шо ти е со муабетов бе жити се.
    Имаат среќа шо немаат последици.Ја еве неам од омикрон, мајка ми на 60+ има.Пред месец дена прележавме, осеќа болки во нозете и грбот, и некој замор во телото иако не праи ништо.Од шо и` е тогаш?
    нит праи тешки физички работи нит ништо.Talk for yourself.
    Вирусот остава последици кај луѓето.
    точка.
     
    На My litle pony, fbaby, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Пуштаат.
    Ако е ниска.
    Сум посведочила такво нешто и пред и за време на пандемијата.
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    Има доста луѓе што умреа од Омикрон. Не само во Мкд, умираа и во држави со болници како НАСА. Ако вашите баби и дедовци не испоцркале од Корона, супер. Други ја немале таа среќа.
    Ако бара некој објект да носете маска, носите. Не сте вие тие што ја разбирате ефикасноста на истите.
    Освен што сте вечити Керенс се едни исти антикорона и антиваксерки по истите теми.
     
    На noteforself, fbaby, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    20.325
    @Kitten мислеше дека медицински неиздржано е двајца да си прават меѓу себе на ти го-дај ми го повеќе пати. Ако јас сум болна, Трпе ќе префати од мене, а јас ќе оздравам у меѓувреме ама нема да префатам од Трпе пак за толку краток рок

    Едит
    Ама ваљда не мислите дека е океј да носат и на физичко.
    Сум пробала да вежбам со маска. Ќе приумрев.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Ја иам две другарки, шо седеа заедно, и цело време си ги шетаа вирусите.Едната ја нема две недели, па другата, со слаб имунитет се ептен.Нема да ве лажам сеа, може не е чест случај, ама не е дека не се дешава.
    Еве и да не е меѓу мене и тебе само, ја на Славка ќе и` пренесам, ти на Ивана, Ивана на Трена и ќе се врти низ класот.
    Се дешавало во средно по пола клас да го нема.Никогаш нема да заборавам, еден февруари, 2020 ли беше, или 2019, ќе ве излажам.Знам јас се разболев у јануар само шо почна полугодието, у февруари 13 души беа болни.Пола клас ми беше тоа.Ја не знам шо се задеси, пола клас го немаше едноставно.
    Абе иде у школо кива, рака на уста? ма какви.И ја со најдобрата другарка си делев флашички вода, или со други другарки, или ,,дај голтка од сокот/кафето"
    а другото шо го истресе она го истресе про макс..
     
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    20.325
    Еве кај мене во средно класниот пред коронава, не признаваше оправдување за настинка, ако притоа си во состојба да функционираш и следиш настава. И скоро секогаш настинките ми биле лесни, не сум била малаксана или со температура и сум одела од морање.
    Во една прилика класниов се изнасмеа на еден ученик што донесе оправдување со натпис "ринитис".
     
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Епа затоа се дешава тоа...искрено тоа е кривица на професорите.Не на вас.
    Кај нас ти викам, класната ги има опоменувано пред сите као не доаѓај болен.Онака срам да те фати.
    И се признаваше и главоболка и потешки менструални болки и се`.Некогаш беше доволно само оправдување од родител ако е за 2-3дена отсуство.Нема поента болни да идеме.И за нас не е добро, мене пример, иам 2 максимум 3 дена температура, и нишо не ми е после, или се дешава отпосле да почнам со кашлање, и ме држело со недели.Ама сум ставала бар рака на уста.Не сум простача.
    Ај дечиња ќе сфатам, ама на 17/18 години е срамота.
     
    На cresa-jagoda и Mikha4 им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.491
    Допаѓања:
    165.913
    Пол:
    Женски
    Јас сум за заштитни маски. Сметам дека последниве две години покрај цело лошо, барем го ставивме колку- толку здравјето како приоритет. Нема поќе одење болен нигде, носење маски ако имаш какви било симптоми и ова го мислам и надвор од корона.

    Едино не гледам „смисла“ еве речи го, кога ученици носат во училиште чисто зошто тие в ходник, в двор, во тоалет, в кафич, излезени на вечер пак се тие истиот состав - едина разлика е не носат маски таму, а носат на училиште. И зато ова е можеби едино место каде форсирање маски не ми е логично. И зато реков учениците, не мислам исто за наставниците и професорите, особено надвор од одделенска настава пошто во најмала рака тие се изложени на нови 30тина деца секој нареден час. Да не би носеле маска би биле изложени на сите тие деца, ама и ако евентуално имат нешто има поголем ризик то нешто да се размени меѓу сите тие деца. Од друга страна, ќе заокружам круг кај децата, една е социјализација во затворен простор, сосем друга во отворен. Кога имаа позитивно дете во тие 2 месеци шо имаа настава во живо кај брат ми - после то само 1 блиска другарка имаше фатено и никој друг. Ни дете, ни професор.

    Поента ова нема. Само мислам гласно. Сум за маски, ама сметам дека социјализација надвор од објектот прај носењето да е „џабе“.
     
    На fbaby, Ketchup, M.B. и 2 други им се допаѓа ова.