1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Носталгија за едно југословенско минато

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Phyramide, 25 мај 2011.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Е ова што го рече, алал да ти е. Стварно, во време на Југославија кога можеше самохрана мајка од 5 деца три да школува (зборам за факултети) а сега едвај за едно да се истера на пат се снаоѓаат луѓе, зајмат, се задолжуваат. Има и такви кои ова им е смешка, ама за жал за повеќето е сериозно.

    А колку се цени југословенското минато може да се види од мојов пост на друга тема. politika-i-nastani/promena-na-imeto-makedonija-ili-da-prestanat-pregovorite-t2325/190.html#p441396

    Не ми е јасно, ако искречат една плоча некои луѓе мислат дека ќе се заборави споменот за едно убаво и за жал неповратно време. А за тоа-да, сто пати поголеми верници, полојални другари, поубав живот...За жал бев премногу мала за вистински да искусам и уживам во такво време. А можеби и подобро, којзнае колку сега ќе бев разочарана. И луѓето кои се носталгични за времето на Тито не се глупи комуњаришта (како шо ги викаат) туку според мене се луѓе кои знаат да кажат благодарам за она кое им се пружило.
     
    На ph.orhideja, Phyramide и nena2010 им се допаѓа ова.
  2. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Ааааа не. Јас бев мало, 6 годишно, послушно девојче со црвени чевлички (да одговараат на марамата, де) кое со гордост и среќа стана пионер. Рацете си ги ставав покрај телото и по можност прстите да се испружени, зошто мама ме учеше дека не треба дури рецитирам да мавтам лево-десно и да брцам со прстите по џебови или да тегнам блуза :rofl: Поклонувањето е задолжително пред да почнеш и откако ќе завршиш. И главата гордо крената, гледаш право и никако наведнување.
    Уф бе Пирамитке, ама ме разнежни. си се потсетив, југоносталгично, на тој ден. И да, имам снимка од настанот, на другарка татко и снимал, па мислам дека треба да си направам копија за успомен и дуго Осечање. :D

    Сега може секој да плука по Тито и Југославија, ама сепак и тие живееле како и сите останати, еднакви биле сите. А не како сега, некој не знае колку и каде се му се парите, а други се донесени до питачки стап, едвај врзуваат крај со крај.
    Тито бил почитуван и влијателен секаде во светот. Југославија како земја била поим во светски рамки.
    Баш пред извесно време гледав некој документарец за погребот, па сите светски лидери или јас како што милувам да ги наречам држаЛници присуствувале. :D
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    колку убавооо :) јас не ги фатив тие убави времиња :( :( :(
     
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.641
    Допаѓања:
    251.422
    Пол:
    Женски
    Ве поздравува уште една пионерка со црвена марама и петокрака на глава (за доказ имам и слика дома :lol: )
    Ме фаќа носталгија кога сакам да навивам за мојата држава во некој спорт а тоа да не биде борба за 48место од 50 натпреварувачи. Сакам земја како претходната во која да се биде светски шампион ни беше цел, желба, амбиција и најбитно од се беше остварлива. Да бидеш голем и респектиран противник со млади во државата на која идоли и се спортистите, писателите, глумците....Земја со поединци со светска слава.
     
    На ph.orhideja и Phyramide им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Излегов тука најголем комуњар и носталгичар :D

    Вака така стана петокрака! Ви текнува како не учеа да ја цртаме? :lol:

    [​IMG]

    А - ха!
     
    На ph.orhideja, Sweety-Tweety и nena2010 им се допаѓа ова.
  6. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Во југославија си играв со кал, се лулав на лулашки, играв ламбада пред сите комшики и ми плескаа, постоеше одговор на прашањето - КОЛКУ Е СААТ? - 100 саат е, и баш беше кул да постоиш онака у 100тиот саат од денот, пошто ти ќефнало, и да си стално у минус со фиктивни чекови, а ипак да дојдат твоите со кеса цреши или јагоди.
    Не дека бев другар, другарка, пионерка или титовка...али ако е сето ова поврзано со југославија а не со фактот што имав 4 години... Онда, Ју КАМ БЕК ЈУГОСЛАВИЈО!!! ЈУ КАМ БЕК НАУ! :wasntme: :rock: :rock:
     
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Јас сум пионерче или боље кажано полупионерче од последната генерација :(
    Имав само марама, а капче не ;( , ама битно заклетвата под тробојка беше положена... :clap:
    Таа година (родена сум `84, ама не ми текнува кога беше, порано сум тргната во школо), не сите, само неколку школи ја направија оваа церемонија, и тоа знам дека си ги купивме марамите дека во школите веќе ги немаше, или така нешто...
    Многу слушав за тоа време, моите беа страшни југоносталгичари, и незнам, некако сакам да живеев тогаш...само не ми се допаѓа тоа што ќе бев стара сега :lol:
    Инаку речениците кои ми се целосна асоцијација на тоа време, нормално после безбројните повторувања на истите од моите се :
    - Ееее, книшката (здравствена) во џеб и кај сакаш лечи се :lol: а не како сега, нигде, на одмор си, на гости, на пат, не ти е арно, си изгорел, влагаш во аптека, амбуланта, се ти е бесплатно...
    - На улица да заспиеш никој нема да те чепне
    - За сите имаше тогаш...
    :lol: :lol:
     
    На ph.orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Пирамитке да не пукнеш ме опседна со темава. Одам низ ходник на работа, на цигара пауза и потпевнувам Друже Тито ми ти се кунемо...
    http://www.youtube.com/watch?v=2PKoXCD_RaI

    Ајде сега сите заедно :rofl:
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.192
    Допаѓања:
    23.929
    Сум Југо носталгичар, не затоа што сум го доживеала, туку затоа што ми раскажувале :) Знам порано кога ќе ме прашаа, викав дека сум родена во Југославија, зошто сум ги фатила последните години на нејзино постоење. Ма, ги знам сите екс ју песни, само тоа ечеше во 101цот. Плус, потеклото ми е измешано и имам роднини баш во сите ЕКС Ју земји, и да гордо си зборувам Српски во Србија :D
    Живееле сите убаво, имале пари, станови, шетале, политички не било идеално, ама па ова денес поубаво да не е? Знам и мајка ми имала книшка од КПЈ, и се фалела секаде дека книшки им давале само на првенците во генерација :D Па слики ми покажувала, па ми кажувала дека дури еднаш, го видела другарот Тито како поминал со лимузината пред неа. :D
    И дедо со неговите приказни како бил во војска во Словенија, ама кога ја скршил ногата го однеле во Хрватска зошто била подобра болницата, како кога го покажувал пасошот во странство, сите ги пречекувале со почит, како во Бугарија кога оделе им носеле хулахопки, зошто во Бугарија немале. Како Фас правеле најдобри Автобуси, Годел најдобри кондури, Охис најдобар прашак :D

    Денес, искрено ми е смешно и глупаво што аеродром во Хрватска се вика зракопловна лука, што имало толку многу војни, и има толку многу омраза. Братство и единство за цела бивша ЈУ ! :)
    И јас ако може да се вратам 30 години назад, да видам како било :)
     
  10. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    На lolyta777, ph.orhideja и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Ал се некад добро јело ,а богами и живело.
    И јас цел ден си потпевнувам,некои рефрени ми се мотаат по глава.

    ,,Очи су ми море Јадранско
    Косе су ми класје Панонско
    Сестра ми је душа Словенка
    Ја сам Југословенка."

    ,,Игра рокенрол цела Југославија
    све се око мене исправја и савија".

    И не сме само ние носталгични.Можам да кажам ,барем од луѓе со кои сум имала можност да се сретнам од бившите Ју простори,се чувствува кај секој,жалење за едни убави времиња.И кај срби,босанци,па и хрвати.А најмногу ме изненади тоа што едни луѓе,мои познаници,словенци родени ,школувани,кои живеат во Трст,на мое прашање како се чувствуваат,дали како италијани или словенци,ме изненадија со одговорот.Најмногу како југословени.

    Југославија беше 7-ма по површина земја во Европа,а 4-та воена сила.Секоја мајка која имала син,била горда да го испрати своето војниче во ЈНА.Какви само банкети се правеле,свадби биле тоа.Нека ви текне на Жикина Династија,кога го испраќаа Бобо во војска.

    А потоа следува лошиот дел,на кој добро се сеќавам,
    поголема бев.Вестите на Јутел и Југославија во пламен,братоубиствената војна.Република по република.
    И денес после толку години и жртви,која била целта?!

    Ништо,за тие кои паметиме,ќе им раскажуваме на нашите деца кои сигурно повеќе ќе дознаат Од своите баби и дедовци за некои времиња кога се живеело во брaтство и единство.

    И за крај,само Тоше ја имаше таа сила,со песна да ги обедини сите.Неговата смрт која предизвика масовна хистерија,тие што паметат велеа:,,вака беше кога умре Тито."
     
    На Sweety-Tweety, lolyta777, Theodora и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Јас сум голем Ју носталгичар.
    Го сакам времето кога не се заклучуваше никогаш врата, кога вревата во соседството беше дел од реакциите на фудбалот Ѕвезда - Партизан, кога југословенскиот пасош и ЈАТ ти беа виза за секоја дестинација, кога се градеше или купуваше дом и автомобил на кредит и се одеше на годишен одмор на море секое лето, кога ЈУС стандардот беше навистина синоним за квалитет и сите го говореа српско-хрватскиот јазик бидејќи беше и наставен предмет по училиштата барем мене ми беше 2 години и кога луѓето навистина се социјализираа спонтано и искрено без задкулисни намери и интереси, кога насмевките на лицата беа поискрени, а соништата многу поостварливи.

    Не дека се‘ беше розево меѓутоа докторките стапуваа во брак со возачи на камиони од љубов, факултетското образование беше бесплатно и достапно за сите, кога доминираа возилата на Застава - Крагујевац на паркинзите пред зградите и по патиштата, кога се облекувавме во Наше дете и Први мај - Пирот, кога носевме Пеко чевли и се покривавме со ќебиња од Отекс и се засладувавме со програмата на Европа, Краш, Таково и Кандит. Кога изгледаше дека нема толку избор на брендови, а ништо не ни недостигаше да имаме весело детство, да станеме пионери со црвена марама, Тако тортица и посебен сјај во очите дека сме дел од нешто големо. И бевме.

    Југославија го чува споменот на баба ми која памети како Германците го барале златото од Охрид насилнички и како учела бугарски песни на училиште додека дедо ми во Словенија разнесувал пораки за партизаните, за да после години се сретнат кога дедо ми бил војска и да формираат брачна заедница. Го чува и споменот на баба ми која била вклучена во градењето на железничката пруга во Бања Лука „Док траје обнова, нема одмора„. Го чува споменот и на запознавањето на момчето од Титов Велес дојдено на студии и неговото запознавање и брак со девојката која носи словенечка крв.

    И мислам дека беше Сањаева со коментарот како Словенците се самобендисани и се правеле Енглези нема потреба од генерализации секој народ има секакви примероци луѓе не знам колку Словенци ти лично познаваш но јас можам да ти речам дека се многу мирољубив народ и дека си ја гледаат својата работа, но се далеку од твојот опис, а јас имам многу роднини кои се негација на ова твое тврдење исто и неколку соработници кои ги запознав на моето претходно работно место.
     
    На sesilija, ph.orhideja, Strumfeta93 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ајде едно песниче :D
    http://www.youtube.com/watch?v=JzpRFAcGMUI

    Мене ми е ептен жал што не сум дел од тие генерации, не сум била титово пионерче, не сум го фатила времето на Тито, јес да сум родено југословенче, 5 години сум живеела во таа држава ама сум го фатила крајот а многу и сум разбирала јас на 3 години.

    Уживам кога стариве ќе зборат за тоа време, татко ми кога ќе разприкаже како во војска оделе по 3 години :shake: а не пред некоја година ми се правеа муживе војничиња со 6 месеци и секој викенд домче.
    Па кога ќе почнат да кажуваат кај шетале низ светот без никаков проблем, не живееле раскошно но сите имале пари и си живееле среќно, колку било ефтино се, невработеност на најниско ниво. Па и кога ќе се развртам фабриките околу нас се оние поранешни југословенски, кои за жал пола од нив се распаднати поради наша македонска негрижа.

    Зимово имајки еден неделен семеен ручек се пукнав од смеење кога дознав дека татко ми за време на војничките денови бил одбран да ја носи титовата штафета, па дури и мајка ми за ова не знаела и се испорадува и она, леле маж и на времето носел штафета, тоа сон било :lol:
     
    На Phyramide и lolyta777 им се допаѓа ова.
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Лоли пионерка...corpus delicti :lol:
    ПИОНЕРИ ЗДРАВО!
    ЗДРАВО...ЗДРАВО...ЗДРАВО!!!
    Oва е се` што успеав да најдам.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1252.JPG
      IMG_1252.JPG
      Големина на фајлот:
      151,8 KB
      Прегледи:
      244
    • IMG_1245.JPG
      IMG_1245.JPG
      Големина на фајлот:
      200 KB
      Прегледи:
      243
    • IMG_1248.JPG
      IMG_1248.JPG
      Големина на фајлот:
      196,1 KB
      Прегледи:
      244
    На sesilija, rossonerka, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Ги гледам значкиве и се потсетив,какво хоби постоеше тогаш(можеби и денес,не сум упатена
    со исклучок на некои политичари
    )собирање на значки.
    Обавезно во скоро секој дом,покрај црвените книги,,,Tито,Одбрани дела",имаше и колекција на значки,а посебни беа оние со потписот на Тито-ракописен.А ние деца ко деца.Се да чепнеш и да фатиш,колку пати се имам испобоцкано.Абе убавини.
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Лоли пионерке! Растеме под знамето на Тито а? :lol:

    Јас баш вчера ја потпрашав мајка ми, за времето во Југославија. Ми вели - ах неспоредливо во однос на останатите комунистички држави кои беа да речеме под варшавскиот договор. Тито многу убаво му се спротистави на Сталин и Југославија беше рајот во Европа.
    Ми кажуваше за денот кога починал Тито. Ми вели - татко ти плаче, сите плачат - општа хистерија ги зафатила луѓето, а таа кутрата била со прашалници во очите, не разбирала што толку се случува.
    И ми вели - подоцна сфатив, кога почнаа сите проблеми со распаѓањето на Југославија. Па инфлации и чуда. Универзитетски професори од Србија доаѓаа кај нас да продаваат на пазар, немајќи буквално ни за леб.
    Одеднаш драстично се промениле многу работи.

    Мене ми текна сега на еден силен момент. Почетокот на војната и ЈУТЕЛ вести. Едно младо војниче од ЈНА испратено во Словенија да се бори против оние кои сакаат да се „отцепат“. И го прашуваат што се случува а тој кутриот, низ солзи и очигледно многу исплашен вели - „Ма немам појма. Они хоче као да се отцепе, а ми им као недамо.“
    Сигурна сум дека ќе се сетите за што зборувам.

    До ден денес се ежам кога ќе ми текне и слаба точка ми е војната во Југославија. Не можам да разберам како можеше такво нешто толку страшно да се случи на ова убаво парче земја.

    Ми текнува на моментот Нестле чоколади и банани за десет денари. Што се немавме. Абе, Америка! :)

    Ми текнува како татко ми гордо ми кажуваше за времињата кога имале омладински акции. Вика се печеш и копаш на жешкото сонце, ама пееш и забавно ти е, се дружиш, запознаваш нови луѓе. Секогаш ми е интересно да ги гледам неговите слики од војска, од Ичичи и Бечичи. Ние за матурска имавме екскурзија низ Македонија - тие - низ Југославија.
    Кога бев во музејот на Тито во Белград, зборував со човекот кој работи таму, желен да си направи муабет. И навистина беше многу паметен и пријатен за раговарање. Гледајќи ме дека ги сликам подароците од Македонија ме праша.
    - Македонија?
    - Му велам да.
    - Ми вели, ах колку е убаво Скопје. Во времето на Југославија бевме на екскурзија и Сараево и Скопје ми оставија најголем и најубав впечаток.
    И потоа со тага во очите додаде - е нема више тога.

    Кога падна култот на Тито после неговата смрт, одеднаш сите почнаа да го плукаат. Но подоцна сепак повеќето сфатија - ал нам је добро било. И мислам дека токму тоа е причината за носталгија.
     
    На Theodora, julie77 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ах ме разнежнивте до солзи. Сега сум дури сигурна дека подобро што не сум живеела во тоа време, сега сигурно ќе ми беше многу тешко...Само едно не ми е јасно: како може некој да плука по човек кој не направи трета светска сила? Не можам да сфатам. Сега сме безмалку предмет за потсмев, никој не знае каде сме, кои сме (додуша со овие 300 скандали шо ни се изнадесија ќе не запознаат, ама за жал не по добро како тогаш), а за Југославија сите знаеја...сеа се вакви „ :o Македонија? :o Македонија? Из ит ин Ејжа? “ Ете ни independence. Сами сме си со својата глупост. Шо да кажам освен да цитирам еден графит „Бравар је био бољи“ ... и те како...
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Растеме, растеме..него како...
    Подобро да речам растевме... :(

    Вчера бев кај моите и како голем носталгичар ја потпрашав мајка ми за нивното време..почнав да барам и пушам клипчиња од ју туб, ги гледавме парадите за роденденот на Тито, за омладинските акции, за изреката-нема одмора дур траје обнова... па кога дојде татко ми од раб. го ччнав да ми раскажува за ЈНА,... цело попладне го поминавме во сеќавање и жалење за распадот на Југославија...мајка ми со восхит гледаше и и` трепереше гласот...
    Само едно рече-тоа беа времиња... :!: За сите имаше...слободно можеш да легнеш во парк да преспиеш без никој да те нападне...а сега, сега ти е страв и дење да шеташ, а не камо ли да спиеш..

    Роденденот на Тито го славеле сите Републики на СФРЈ...Каков респект...каква љубов...
    Сега нема шанси да се изведе вакво нешто...а уствари и кому би му славеле роденден и зошто...дали постои некој во денешно време што заслужува глорификација па и почит на овој начин... :?:

    Името Тито е поим за лидер...синоним за лидер...еден човек кој обединил Срби, Хрвати, Словенци, Македонци, Црногорци, Босанци...еден човек кој успеал сите да ги држи заедно...

    Мала бев кога почна војната, не се сеќавам многу, само знам дека молк имаше кога гледавме вести...штама...се сеќавам на бомбардирањата, на сториите за воени злосторства, на избеглиците...на срушените мостови...
    Не можам само да сфатам како може да национализмот толку да ја труе душата и довчерашните браќа да станат смртни непријатели... :x четници, усташи, терористи, воени профитери, силувања, логори, покољ....жално, страотно и запрепастувачки..

    Се сеќавам и на ифлацијата, не го разбирав зборот, ама се сеќавам на колоните и редиците за млеко..
    А кој всушност и не ја памти Сара од Дајте музика кога викаше-мајка ми кај нема пари, кај го нема млекото...уште ми го купува и морам да го пијам.....памтам и кога се сменија парите и кога им падна куповната моќ..и до ден денес може да се чуе некој постар како вика 10 миљарди...

    За војната добари филмови се Лепа села, лепо горе и Ничија земља
     
    На Phyramide и julie77 им се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Јас и бев љубоморна на сестра ми зошто она се сликаше како пионерче, а мислам дека тие што бевме родени 1983 немаше за нас чесен пионерски збор! Туку сртенав еден египќанец, кога почна да ми кажува за Тито колку го сакале, колку им помагал и кога ми изнакажа детаљи јас бев вауу. ТОа е наш ТИТО!! И морам да признаам им ги сакав парите со огромни цифри леле еден период колкеционер бев..
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    kurz und bündig, во извадоков лежи целата реалност за југословенското минато.