Ова прераснува веке во лудило. На темата несоница пишав дека не можам да спијам со недели и се тоа биоритамот ми се поремети по природа јас сум мн живчана и нервозна , анксиозна, ама за мојата несоница најмногу придонесе хрчењето на мм што ме излудува. Не можам повеќе вака луѓе Не знам на небо ли сум на земја ли сум, почнавме многу да се караме за тоа негово хрчење што го има во последно време откога накачи некој килограм . Ужасно се чуствувам од таа нервоза сето тоа прерасна во несоница и ако заспијам на пола саат се будам и пак неможам , дури и кога спијам сама. Некогаш навечер одам се преместувам во дневната ама не бидува пак не се спие или него ке го пратам во дневната ама после ми е мака не сакам да спиеме така раздвоени пак го викам назад. Тој нема мака ке заспие било каде али за мене ова е агонија. Ако продолжи вака на нервно оделение ке завршам , озбилно. Неможам да функционирам како човек почнавме да се караме , а и односите ни се намалија , немам желба,немам волја за интимност либидото ми е рамно на нула. Вака е неколлу недели , тоа ме загрижува. И плус гледам во компјутерот кога не сум дома си гледа мрсни филмчиња а и туширањата му станаа многу подолги од вообичаено ( ме сваќате нели) а до скоро мн често се туширавме заедно.
Знам дека има мака и ми е грев но што да правам кога имам лесен сон, години сме заедно и неможам да се сетам кога последен пат сум се разбудила покрај него, молам за некој лек
Мислам дека ја нема оваа тема, споделете искуства.. Далиможеби некоја од вас продаваа апарат за ноќна апнеа или знае каде има поевтини или на рати?
Кои се ефективните решенија за рчење? Не е лично за мене, но гледав на нет некакви ленти, па ме интересира тука кај нас што е достапно
Дали некој има искуство со ноќна апнеа? Детектирање, лекување? Не знорам за хрчење туку проблем со дишење?
Има ли кај нас третман за ова? Се будам исцрпена после 8 саата спиење покрај редовна смена на спиење секој ден. Тестирав железо, тироидна, витамин Д, CRP и други хормони и се излезе нормално но сепак се будам ненаспана веќе 2 години. Се обидов со спиење 6, 8, 10 часа без никаков ефект. Се плашам дека е последица од ковид, вакцинирана Фајзер сум. Знам у Америка и на запад ги третираат со посебна машина (континуиран позитивен притисок на дишните патишта; на англиски CPAP) и целосно им е покриена од здравствено осигурување. Ама тоа у Америка, кај нас и во многу други држави не се сфаќа сериозно ова пореметување..
Здраво како им помагате на вашите деца во дишењето ноќе при ноќна апнеја? Многу е жално и страшно звучи,дали можеби може да се случи да остане скроз без воздух? Има воспалени крајници и чекаме термин за вадење на истите.
Прашај во аптека би требало да ви дадат нешто. Не знам колку е за деца ама вдишување на пара, супа со бибер, топол чај со мед и внесување на повеќе течности.