1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ноќни напади на паника

Дискусија во 'Психологија' започната од Valeria50, 31 март 2018.

  1. Valeria50

    Valeria50 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    НОЌНИ НАПАДИ НА ПАНИКА - ПРИЧИНИ И СОВЕТИ

    Имавте долг и напорен ден. Сега сте дома, надвор е веќе мрак и се подготвувате да си легнете и добро да се наспиете. Се е подготвено за квалитетен ноќен одмор. Ролетните се спуштени, гори само малата столна ламба до креветот, ги носите своите омилени меки пиџами, во собата е тивко и се чини дека ги имате сите можни услови за еден добар, окрепнувачки сон. Ја ставате главата на перницата, се местите во својата омилена позиција за спиење и....ако сте еден од трите личности кои барем еднаш во животот доживеале или ќе доживеат проблеми со спиењето - ноќта нема да ви донесе ниту одмор, ниту релаксација. Напротив, може да доведе и до масивен паничен напад, чии што „тригери“ може да бидат навидум различни и неповрзани причини. Еве само некои од нив:
    - стресен работен ден / конфликт со колега или шефот
    - финансиски грижи / најавени извршители
    - страв од смртта - нашата или на нашите најблиски
    - чувство на неизвесност, лоши предикции за иднината
    - интензивни мисли за симптоми на сериозни болести
    - загриженост дека сите многу очекуваат од вас
    - незадоволство од сопствените или постапките на другите
    - ненадејно чувство дека нешто лошо ќе се случи утре

    Дополнете ја оваа листа со вашите причини за несоница и панични напади. Секој од нас е индивидуа за себе и нема една единствена причина за хаосот што може да го создаде нашата ментална состојба - затоа и секому од нас му треба индивидуален пристап во решавањето на психолошките блокади и крстосници. Само една непријатна мисла може да повлече цела низа од анксиозни конструкции и „филмови“ за кои е способен нашиот ум. И онака, без најава, без предупредување, навлегуваме во магичната спирала на огромен страв, немир, проблеми со дишењето, вртоглавица, тресење или потење на рацете, чувство на „грутка“ во грлото која не ви дозволува нормално да голтате...телесните симптоми се мешаат со психолошките и веќе се возите на емоционалниот тобоган што е побрз од најбрзиот воз. Се наоѓате на средина на патот - назад е чувството дека ќе се онесвестите или ќе ви се слоши - а пред вас е чувството дека овојпат нападот „ќе ве докусури“ и дека ви нема спас.
    Секако, цело време во некое рационално ќоше на умот знаете дека ова е само силен напад на паника кој ќе потрае некое време и потоа ќе ги напушти вашето тело и ум, но додека трае - Ох, Господи, навистина е страшно! Неподносливо! Зошто ова МЕНЕ да ми се случува? - се прашувате растреперено, а сакавте само една мирна ноќна почивка. Да, знам дека не ви е лесно, но од друга страна, секогаш постојат начини на кои може да си помогнете и самите себеси, пред работите целосно да излезат од контрола и паничните напади да станат се почести и посилно да влијаат на вашата животна енергија. Ајде да се обидеме да најдеме совет што ќе ви помогне да се справите полесно со тие „ноќни чудовишта“ што се кријат под вашиот кревет. Нема правило - различни луѓе различно реагираат на начините на справување со анскиозните напади. Еве што јас ви советувам да пробате:
    - пред одење во кревет, избегнувајте телефонски разговори за работниот ден кој поминал и жалење за сите неправди кои ви се случиле ( тоа веќе поминало, а вие ништо не можете да смените, освен да ја покачите тензијата со повторната реконструкција на непријатните моменти)
    - направете си некаков „ќеф“ на душата, па макар тоа да е
    и коцка чоколадо или шолја топло какао ( да, шеќерот и кофеинот не се идеалните нешта пред спиење, но знаат да помогнат да се намали чувството на осаменост или тага)
    - ароматичните мириси како лаванда, сандалово дрво, ванила или шумски бор се одличен „тригер за релаксација“, било да се во форма на свеќа, етерично масло или обичен спреј за прскање на постелнината
    - тивко потпевнување на омилениот рефрен или цитирање на поезија која ви останала во некакво убаво сеќавање на детството или раната младост ( не мора да се трудите да биде точен секој збор, едноставно импровизирајте)
    - амбиенталната музика во затемнета спална соба го има еден од најсмирувачките ефекти врз вашата психа ( моја лична препорака е Enya, но вие самите знаете што е тоа што ве олабавува најмногу)
    - медитирање / молитва (секому она што му е потребно за душевно смирување и пат кон емотивниот спокој)
    - длабоко дишете и „преселете се себеси“ (замислете дека се вративте на некое место каде што сте биле среќни / безбедни и останете таму додека трае нападот)
    - вкрстете ги рацете на градите и следете го ритамот на вашето длабоко вдишување и издишување
    - можеби не сте знаеле, но постојат одредени работи коишто ако ви станат рутина на земање пред спиење, ќе ве натераат да се чувстувате сонливо и подготвени за добар сон: таблета магнезиум или калциум, камилицата, маточината, лажица мед во топло млеко, валеријана, кокосово масло.
    - дали знаевте дека неколку парчиња пресечен лимон на вашето ноќно шкафче можат да направат чуда за вашиот нервен систем - обидете се, не чини многу, а може да ве наполни со позитивна енергија и чувство на чиста свежина

    Можеби ниеден од овие мои совети нема да ви биде од некоја голема корист, можеби за некои од вас ќе бидат вистинска прва помош, а можеби некој од вас, водејќи се според правилото дека секому лекот е различен, инспириран од овој мој текст, ќе осмисли СВОЈ лек како начин на однесување што ќе му помогне во првите моменти на ноќниот паничен напад. Но каков и да е резултатот, не заборавајте една важна работа - тоа е само напад, вашиот живот не е загрозен, нема да се случи ништо страшно и вие ќе излезете живи и здрави и после оваа епизода на страв! Среќата ги следи храбрите и затоа - одиме решително напред, мои драги пријатели!
     
  2. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Точно се како што опиша. Голем дел од моите студентски денови бев под стрес (постојан стрес). Само кај мене имаше плус и забрзано чукање на срцето.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Нокнии напади имав коа бев студент па и одкако завршив се будев и имав немир како последица од стресовите од факултет.... Но има и "дневни "напади