Немојте вие од Скопјево никаде да шетате дома да си седите, затоа што нон стоп ќе изневерувате. Немојте ни до кооперација затоа што позади ќошето ве чека некој да се изсексате. Битола го направи како најзатуцан град во Мкд, а беш немам такво мислење за градот и граѓаните.
А јас баш за граѓани ги сметав Битолчани. Чекам другиве сограѓанки нејзини да се произнесат со свои ставови,.
Тетка ми живее во Битола и има 65 години (иако не изгледа за толку). Мажена е одамна, има дете. Јас од кога памтам (а тоа се многу години) секој петок излегува со пријателките на кафе. Го нема изневерено тетин ми (или ете и успеало без никој да ја разбере). Снаа ми е Битолчанка и оди често во посета кај своите, некогаш со брат ми, некогаш не. Секогаш кога е во Битола, и со него и без него, навечер е излезена. Може треба да му кажам да и забрани (мислам ако тој се обиде, ќе добие тава по глава - ето од домаќински предмети да почнеме). Ај за други градови не знам, ама Битолчанки дека се плашат од мажите А, да, и една од пријателките со кои утре сум на вечера е мажена со Битолчанец, иако во Скопје живеат. "Сигурно" го прашала дали ја пушта.
poziveav nekolku godini vo BT i mozam da kazam deka imam predrasudi i malograganstina, no kako i sekade vo MK. SEgade ima slobodoumni i so napredni svakanja i nekoi koi seuste se pridrzuvaat za tradicionalnoto. I vo mojot grad gi ima koj sto e mnogu pomal od Bitola. Edno ke kazam...Ako se mazis i rodis dete ne znaci deka zivotot zavrsuva za tebe kako individua. Pa zaren bracniot zivot treba da e cistenje peglanje gotvenje i odgleduvanje deca? Dali odkako ke vlezis vo brak znaci da nemas potrebi da se pozafrkavas so drustvo na sali koi tvojot partner ne bi gi razbral ili ne treba da se doteras i da se cuvstvuvas seksi? Zosto sekoja zabavna aktivnost vo koja partnerot ne e vklucen mora da se misli deka e povrzano so izneveruvanje?
А во која соба смеете да прднете прашувате? Исклучиво во вц,ходник,тераса,пред врата... ? И после се чудиме зашто луѓево имаат страв во коски од брак. Кога ќе прочитам некои вакви мислења добивам впечаток дека бракот е најсташнното нешто што може да ти се деси. Ако не ќе седиме во 4 ѕида затворени и со спуштени ролетни а сонце ако сакаш да видиш исклучиво на прозор со дозвола а под постојан надзор на стопанот. Факт е дека со бракот се менуваат приоритетите во животот, ама да барам дозвола дали да идам вечер на пијачка со другарки или колеги од работа ни во сон. Од култура и почит ќе ги најавам моите планови за вечер пошо сепак некој ме мисли дома и ќе се грижи зошто ме нема ама дозвола и рапорт ако треба да давам со таков човек ни врска не ми треба а не па брак.
не се предрасуди можеби така размислувам затоа што живејам во таква средина каде што лугето зборуваат повеке од колку што треба.....затоа што заради озборувањето на лугето сега сум баш ама баш вистински несрекна.........
Затоа што си дозволила со такви луѓе да живееш. Одамна таквите ги избришав, а божем, многу блиски во животов требаше да ми бидат. Живеј за себе, инаку никогаш нема да бидеш среќна.
Ембашка близок другар битолчанец имам и жена му битолчанка. Таа моментално е во Белград сама на специјализација...
@***nekoja*** Аман бе некоја какви се овие трауми си имала врска од 4 години завршила и што ? Млада девојка вака ужалена божем животот и пропаднал. Уживај.
Јас сама со ранец на одмор си појдам на друга страна од топкава, па за излегување или одење на журки да не е проблем. Забелешки и осуди добивам секогаш и од секаде. Толку ми се битни. Оти единствено ми е битно што мојата друга половина мисли, а ако он мислел поинаку двајцата ќе бевме сингл веројатно. Миничи не носам, ама на тропска клима ме има народ видено во шорц. И на диско на овие години, и пак поарно играм од децата, срам да им е, не знаат ни еден робот да направат а да не правеме муабет за фанки чикен. На бар се имам качено и имам играно, пред неколку дена баш. Ми се пуштија момци ко да не виделе женсмо, за една жена знам дека се скара со маж и оти гледал во мене, тоа си е нивни проблем. Ако јас сакам да го изневерам маж ми не морам ни да излезам од дома. Сите доаѓаме сами на овој свет и сами си одиме од истиот. Сите треба да умееме да живееме со себе. Никој не треба да смее никого да стави на ланец, сакаш партнер или куче да си му газда? Самоубедување е тоа со ама проживеав јас сега во брак сум, не постои фаза во животот кога некој сака да е под тој ланец. Тоа не значи да не е лојален на партнер туку значи сосем друго, а кој не може тоа да го разбере џабе е објаснување и не објаснувам.