слушајки вакви глупи предрасуди од мала го имам сватено бракот како ропство , а гледам мажени жени/девојки секој викенд си се журкаат , и си викам ИМАЛО НАДЕЖ! Ги подржавам девојките што излегуваат , што знаат да си го живеат животот и ич не им е галје за оговорачките! Сите вие што викате она е ваква она е онаква , она води лажен живот , она изневерува , она изиграва тинеџерка , ја шмекаат машки .. и итн . за истото и вие пагате у несвест ,али никој не ве есапи! поздрав
Баш сношти вечер во ноќен клуб ја сретнав комшивката која инаку е во брак, не е многу стара девојката има отприлика 35 години и нешто, со сопругот беа долго време во врска и еве веќе две години каде што се во брак, навистина пријатно се изненадив и можам да кажам едно големо браво.. Мило ми е што постојат такви сопрузи што без проблем ги оставаат жените да излегуваат за викенди по клубови и тоа со пријатели и пријателки, секоја чест навистина додека имам другарки што се колку мене 20 години што имаат дечковци и не ги оставаат никако боже сачувај да одат без нив во ноќен клуб со другарки па нарочито ако друштвото се повеќето сингл.. Не знам какво е тоа старомодно закоравено размислување и искрено ми се гади од таквите парови, а на комшивката едноставно и завидувам и посакувам да си најдам таков сопруг што ќе има безрезервна доверба во мене.. Во странство ваквите излегувања не се никакво табу додека овде кај нас во Македонија народот е толку прост што веднаш почнуваат оговарањата од типот: таа излегува сама без сопругот тој дома седи таа којзнае што прави, како што кажа феминката погоре: ја гледаат, и се пуштаат мажи.. Дајте бе луѓе, ако немаш доверба во сопствената жена која одлучила по свој избор да стапи во брак со тебе тогаш како прво зошто ти си стапувал во брак ако немаш доверба.. Многу ниско и просто размислување што ми се гади од тие таквите.. Бракот не е ропство точно, и зошто мора да постојат такви предрасуди не ми е јасно, искрено дојде време да им е страв на девојките да се омажат, ќе ги затворат дома недај боже да не ги грабни некој или да ги опули оти веднаш ќе побегнат.. Аман веќе со овие простотиите
Одам да ја искарам мајка ми, на Пиво Фест беше и си дојде во 4 сабајле... срамота, мажена жена, со деца, таа на пиво со пријатели (и од двата пола) отишла... Шу прајме бре со размислувањава?!
Неможам да ги сфатам мажените жени со деца што секој викенд излегуваат по дискотеки, што се понашаат ко да доживуваат тинејџерски години по втор па, а уште помалце па и тие што воопшто не излегуваат од типот на малограѓанските муабети
Еве јас сум од Битола, па вакви малоѓраѓански муабети од типот дека мажите во Битола се еби ветер прв пат слушам?!
Јас сум тазе во брак за да дадам некое издржано мислење,но ке речам се да е во некоја граница и со усул..лично не сум клубер тип,напротив ме нервираат дискотеки бидејќи ретко кој игра и се забавува-стојат ко дрва сите со пијачките во рака и вртат со поглед,но пијачка во кафич,вечера или мезе во кафана со другарки ми е терапија и нема таков маж што ке ми забрани такво нешто..довербата се гради пред брак,и таа е основа на истиот,еманципација и моќта на жените е на исто па дури и поголемо ниво од мажите во 21 век.За жал,има, и познавам лично доста девојки/жени кои се третирани како посед,но вината ја наоѓам исклучиво во нив,дека самите така дозволиле!
На темава една купа ,,еворпејци,, со современи сфаќања... Исто толку ликови со малограѓански размислувања од типит ,,една моја комшика носи минич и многу шета,, Што ви е бре жени?!? Дајте малце реално да ги погледнеме работите и да си признаеме дека не е ист ноќниот живот пред брак и после брак. Прво, колкава организација трпи едно ноќно излегување?!?! Кој ќе го чува детето? Ќе плаче ли? Дали ќе успејат да го заспијат? Дома или кај баба да го чуват? Па во колку да си дојдеме? И верувам дека на многуминави се случило таман седнете некаде ви звони моб ,, не сака да спие, без престан плаче,, Епа у пм и излегување и ноќен живот и све! Друго, како ќе се издржи другиот ден? Сте се прибрал во 2 саат, малото станало во 7.. ахааам, ок... среќна си што синоќа се очука и заглави до 2, ама ај да те видам денес колку сила имаш и што родител ќе бидеш. Веднаш се поокајуваш и носиш заклучлок дека требаше порано да се прибереш. Не ми е мубаетов дека ноќниот живот, забавите, потпивнувањето и сл. застануваат во моментото што преминеме во статус ,,мажена,, ама факт е дека не е сеедно, не е исто како кога си без обврски. Па колку сакате правете се современи, ма факт е - не е исто! Нашиот ноќен живот се состои од одвреме-навреме седнување во кафеана или ресторанче со друштво или сами со мм. Сме заглавувале и до подоцна, сме си оделе и дома напиени и ќе лажам ако речам дека другиот ден не ми било зорт да си го чувам детето. Ама некако се смогнува сили за да мине денот некако. Си велам, ми треба и мене релаксација, па си сакам да се средам и напијам и седнам во кафанче, едноставно ми треба малце да се опуштам. Многу често ноќниот живот ни се сотои и во седење на балкон со вечера и пивце, јас и мм (јако нели) ... и тоа ни е многу полесна варијанта затоа што не молиме никој да го гледа детето, туку си го заспиваме и дома ни е со нас. Излегувањата по барови и дискотеки ми се некако изживеана работа, и уште пред да стапиме во брак не бевме чести посетители по дискотеките. Реално, детето пред сЕ, па и пред ноќниот живот...е сега вие правете ме колку сакате затуцана и проста.
Темава не е баш по дифолт за деца, туку за брак, што не е баш исто. Сигурно им е зорт на сите (и мене ми е, во 6 треба да го шетам кучето, а во 4 сум дошла, не па цело дете да треба да чувам). Не е тоа затуцано и просто, ако имаш кому да го оставиш детето на чување, и секако дека е детето пред сите. Но самото тоа дека си мажена и МОРАШ само со маж ти да излагаш, НИКАКО со машки и женски пријатели, е крајно глупаво размислување. (не велам дека ти си го рекла тоа, него имаше такви коментари, и да, не се нормални и сами си се криви). Иначе се сетив на два примера, од две мои колешки, за едната веќе имам зборувано за нејзиниот чакнат начин на комуникација со маж и (морам да бидам дел од нивниот брак, не дека сакам), е таа истата веќе не оди на прослави со колеги откако се омажи, затоа што на пример на прослава за Нова Година сме повеќе мажи од жени, а она е нали, мажена. Тоа е нејзин заклучок, маж и не е ваков шутрак и знам дека нема проблем таа сама да искача. Другата никогаш е дошла на прослава никаква, ни свадба на колеги ни бутур.. е тоа е забегано, па што сака нека биде. Јас не ни познавам некоја од немажениве другарки баш секој викенд да е искочена до 5 сабајле, сите сме доволно возрасни и сме вработени и сакаме одмор, а и тие што ми се мажени, со и без деца, искачаат исто колку и ние, ако искачаме другарки мажите нивни ги чуваат децата. Исто и на работа, имам колешка со 3 деца помали од 5 години, па на сите прослави е дојдена и свадби. Ни без деца не можеш баш секој викенд да искачаш освен ако не си вработен и друг ти прави доручек.
Не е исто додека се нема деца и потоа. Не од аспект на што ќе речат комшиите, туку од аспект на имање време и енергија. Јас и мм исто си излегувавме откако живеевме заедно и после откако се земавме. И до сабајле и со пиење, лумпување, со другари, другарки, заедно, одделно... Е сега со дете нема веќе тоа, добро, мало е уште, не знам како ќе биде кога ќе порасне. Ама ако ми се излегува нема зошто да не излезам, иако не верувам дека ќе биде до сабајле. Немам веќе желба за такво нешто. Сепак, никогаш не се знае. Јас сум за секој да си ја гледа својата работа, ако вие немате време и не ви се излегува немојте да зборите за оние кои сакаат и можат. Мене ама ич не ми е гајле што зборат или мислат другите, важно ми е само што мм мисли за мене и тоа е тоа.
Тамата не е за деца, ама и не е за излегување со мажите или сами! Општо земено за излегување после стапување во брак! Децата, домашните обврски, финансиите и ред други причини има заради кој ноќниот живот спласнува и ете мене тоа ми е сосема нормално! Изживеав доволно од ноќниот живот, ама се разбира дека ми годи одвреме-навреме да заглавиме некаде! Најчесто со мм заедно, дружбите оделно ни се поретки но не и исклучени целосно! Туку ми ја поттикна љубопитноста, па сакав да прашам, ако ти го шеткаш кучето во 6, тогаш како издржуваш преку ден детето да си го чуваш со малку сон. Јас ако од 6 сум на нога цел ден сум никаква. Претпоставувам и споругот твој многу ти помага! Така?
@snegulkata тоа е веќе брз ритам на живот ако сакаш да постигнеш секаде. Мојот ден исто почнува во 6 наутро а завршува во 2 по полноќ. Значи од 24 спијам 4 часа И така функционирам последните 12 месеци. Но по мој избор е тоа,никој не ме сили да завршав се во еден ден
Како бе со 4 саати сон нормално функцинирате?!?! ВИ се дивам, браво! Мене минимум 7 саати сон, за да бидам жена, домаќинка, мајка... море за да бидам човек, инаку не се трпам. Кога малата не спиеше дури беше бебе, не се сакав самата себе и постојано бев со главоболки од недостаток на сон! Претпоставувам навика е, и ја нејќам таа навика, искрено! А и не сум сигурна колку е тоа здраво, тоа сигурно подобро од мене занеш затоа нема да ја тупам! Туку @CameliaMiller можеби исто умее да функционира со малку сон и ете има сили и за куче и за дете и за сопруг и за дом и за ноќен живот и за форум и за се... Браво!
Бидејќи имаме највероватно деца со ист тепмерамент, од збор до збор се зложувам со постовите на @snegulkata Само има една разлика, моето дете и после 2 год. ноќе се буди. Со последнава реченица претпоставувате колку ни е дојдено до ноќен живот на мене и мм.
Веќе реков, јас не сум мајка, ама мајка ми живее исто како @joy1. Плус татко ми учествува во домашни обрвски исто колку и она, а сега веќе и јас и сестра ми. Инаку јас сум спанка А се согласувам дека имањето дете со или без брак менува се.
Јас мислам дека 4-5 пати у месецот да испаднеш со другарки доволно е.Навика само да не стане Исто и он може со другари да си излева али зависи сега каков маж ќе ни се падне затоа женски отварајте очи..Ова и за мене важи
4-5 пати во диско идев последен пат во средно. На факс и со работава доволно ми е и еднашка Во петок навечер како заклана спијам, сабота евентуално ако смогнам сили на некое свирче да појдам... евентуално велам
@CameliaMiller Не си мајка, не си сопруга, немаш свекрва, немаш золва а толку многу знаеш за односи со старите, за односите со сопругот, и за самостоен живот, и за ноќен живот во брак и за сЕ што опфаќа брачниот живот! Бравос! Знам дека зајадливо звучам, ама стварно се иритарам кога некој збори напамет, од искуството на мајка му, братучетка му, стрина му...