Н.Р Кина - Нова идна светска сила

Discussion in 'Политика и настани' started by quattro, Jan 1, 2021.

?

Дали Кина наскоро ќе го преземе првото место како светска сила?

  1. Да

    46 vote(s)
    71.9%
  2. Не

    18 vote(s)
    28.1%
  1. quattro

    quattro Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2020
    Messages:
    3,253
    Likes Received:
    8,516
    Gender:
    Male
    [​IMG]

    Народна Република Кина
    или скратено НР Кина - држава која го опфаќа најголемиот дел од културниот, историскиот и географскиот простор на Кина. Од своето формирање во 1949 година, таа е водена од Комунистичката партија на Кина. Кина е најнаселена држава во целиот свет со повеќе од 1.393 billion жители, од кои повеќето припаѓаат на групата Хан. Таа е најголема земја на подрачјето на Источна Азија, и четврта по големина во целиот свет. Кина граничи со 14 земји. Кина е една од најстарите царства формирана пред 5000 година. Во 1949 со ѓраѓанската војна Кина се дели на Народна Република Кина и Република Кина (Тајван).

    [​IMG]

    ЕКОНОМИЈА
    Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд номиналниот бруто-домашен производ во Кина во 2014 година изнесувал 10.355.350.000.000 американски долари. Бруто-домашниот производ мерен според паритетот на куповната моќ истата година изнесувал 17.632.014.000.000 американски долари. Според еден од двата критериуми Кина била на првото место пред Соединетите Американски Држави. Номиналниот БДП по жител во 2014 година изнесувал 7.572 US$, додека БДП мерен со паритетот на куповната моќ по жител изнесува 12.893 US$.

    Кина е членка на Светската трговска организација и земја со најголем обем на надворешна трговија, која во 2012 година изнесувала 3,87 билиони долари. Кон крајот на 2010 година, Кина располагала со далеку најголеми девизни резерви на светот во вредност од 2,85 билиони долари, што претставувало зголемување од 18,7% во однос на претходната година.Во текот на 2012 година, Кина привлекла најмногу директни странски инвестиции во износ од 253 милијарди долари,додека истата година кинеските инвестиции во странство изнесувале 62,4 милијарди долари Се проценува дека во 2009 година Кина имала 1,6 билиони долари во вредносни хартии на американската влада, и дека меѓу странските држави била најголем сопственик на јавниот долг на САД со 1,16 билиони долари обврзници на министерството за финансии на САД.Заради потценетиот курс на својата валута Кина е изложена на критики на претставниците на водечките светски економии како и заради производство на големи количини фалсификувана стока. Консултантската фирма Макинси проценила дека вкупните ненаплативи побарувања нараснале од 7,4 билиони долари во 2007, на 28,2 билиони долари во 2014 година, што претставува 228% од БДП на Кина.

    Во 2016 година, кинескиот банкарски систем станал најголем на светот, мерен според вредноста на вкупната актива, која изнесувала 33.000 милијарди американски долари.

    [​IMG]

    ТЕХНОЛОГИЈА
    Кина брзо развила образовен систем во кој било нагласено значењето на науката, математиката и инженерингот. Само во 2009 година преку 10.000 инженери докторирале, а 500.000 дипломирале, што е повеќе од која било друга држава Кина е втора во светски рамки по бројот на објавени научни трудови, само во 2010 година биле објавени 121.500 труда, од кои 5.200 во водечки меѓународни магазини.Кинеските компании како Хуавеи и Леново се светски водачи во телекомуникациите и информатиката,а кинеските суперсметачи редовно се рангираат меѓу најјакитесто така Кина е и најголем инвеститор во технологијата на енергија од обновливи извори.

    [​IMG]

    Кина стана втората држава во светот со свое знаме на Месечината
    Кина стана втората држава во историјата која го постави своето знаме на Месечината, 50 години по САД. Слики од кинеската Национална Вселенска Администрација го покажуваат мирното црвено знаме на површината на Месечината.Сликите од знамето биле фотографирани со камерите на вселенската сонда „Чанг’e 5“, именувано според кинеската божица на Месечината.Сондата на Земјата ќе донесе и примероци од месечевите камења, која ќе биде првата таква колекција во последните четири декади.Кина инвестираше милијарди во својата вселенска програма која е водена од страна на воените сили, а државата се надева дека ќе има и сопствена населена вселенска станица и ќе испрати луѓе на месечината во 2022.

    [​IMG]




    Кина 3та воена сила во светот
    [​IMG]

    СООБРАЌАЈ
    Од крајот на деведесеттите години на 20 век, патната мрежа во Кина била значително зголемена со мрежа од автопатишта. Кон крајот на 2012 година должината на автопатиштата во Кина достигнала 96.000 км, при што само во 2012 година биле изградени 11.000 км. Бројот на сопственици на приватни автомобили значително расте, така што во 2009 година бројот на продадени возила бил поголем од оној во САД, со вкупен број продадени возила од преку 13,6 милиони.]Аналитичарите предвиделе дека годишната продажба на возила ви Кина може да порасне дури на 40 милиони годишно до 2020 година Спореден ефект од брзиот раст на патната мрежа и возила е значаен раст на сообраќајните несреќи, главно заради лошо спроведените сообраќајни закони, така што само во 2011 година настрадале 62.000 лица. Кина исто така е главен пазар за европската и азиската авто индустрија. До 2030 се очекува повеќе од половина од населението да вози на електрични возила.

    [​IMG]

    Kина - број 1 филмска индустрија
    Н.Р Кина исто така е број 1 во филмската индустрија со висок процент на буџет.

    [​IMG]


    Документарци за Н.Р Кина:
    1дел - историја:
    2дел - иднина:


     
    Last edited: Jan 1, 2021
    V.odolija, LadyMau and elimkd like this.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Joined:
    Oct 25, 2012
    Messages:
    8,031
    Likes Received:
    48,357
    Gender:
    Female
    Што да напишеме :?:
    Се си напишал
     
    quattro likes this.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2020
    Messages:
    3,253
    Likes Received:
    8,516
    Gender:
    Male
    Пред две недели започнаа емитувањата "Nihao" поврзани со кинеската култура на ТВ Телма. Мислам дека емитувањата се одвиваат секоја недела на пладне, исто така имаат и youtube channel.
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,252
    Likes Received:
    4,311
    Додека се САД и Русија функционални мислам дека тоа нема да го дозволат, првите ќе си го штитат првото место а вторите територијата од кинеските апетити (мислам на Сибир).
     
  5. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2012
    Messages:
    320
    Likes Received:
    181
    Некоја држава пред да стане водечка сила побарала дозвола од другите држави, и која е таа?

    Русија ако дојде до тоа да бира страна, тешко дека ќе ги одбере оние што се трудат да ја бутнат на колена како да е уште една источноевропска провинција.
     
  6. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Joined:
    Feb 18, 2021
    Messages:
    2,222
    Likes Received:
    9,049
    Gender:
    Male
    Мислам дека Да. Кина ќе избие на прво место на светска сцена. Само се прашувам дали ќе биде сама или во некаква соработка со Русија. Сепак Кинезите од неодамна се доста зависни од Русите на енергетско поле.
    Ми изгледа дека Русија ќе биде булдужерот што воено-политички ќе се пробива низ светот, а зад неа Кина ќе се шири економски. Ми изгледа дека моментално Русија го има првиот збор во воената технологија и верувам дека така и ќе остане, а истовремено Кина предводи во се останато.
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,252
    Likes Received:
    4,311
    Не, но никој не се ни спротивставил на тоа бидејќи немале толкава моќ. За разлика од некогаш, денес САД се најмоќни, Русија и некои други земји како Франција и Британија исто. Доколку нив не им биде по волја, можно е да се спротивстават на развојот на настаните. А дали ќе победат тоа е веќе прашање на вештина, итрина не само на ресурси и логистика, иако и тие играат важна улога.
    Кина се надева дека по Путин, Русија би ослабнала па таа би можела да се обиде да го поврати Сибир кој уште руските цареви ѝ го одзеле. Дали Русија би останала мирна на таков развој на настаните?

    Веројатно ќе го бира помалото зло или поголемиот интерес, зависно од ситуацијата.

    Од друга страна ако се случи некоја драматична промена предизвикана од силите на природата (зборам чисто хипотетички) која значително би ги ослабнала САД, како на пр. астероид или супервулкан, тогаш тоа секако би создал сосема друг сооднос на светските сили.
     
  8. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2012
    Messages:
    320
    Likes Received:
    181
    Zapadot se nadeva na rascepkuvanje na RF po Putin. Zapadot saka da menuva i da oktroira vladi vo Rusija kako vo banana drzhavite poput makedonija. Toa 'malku' poteshko. Rusija nema shto da bara so niv vo sojuz, nitu ja sakaat kako faktor.
     
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2013
    Messages:
    4,764
    Likes Received:
    15,491
    Gender:
    Female
    Нема да биде. Кинезите се посветени, но не доволно. Ја немаат таа енергија и сила за да се пробијат сами. Евентуално во иднина обединување на земјите од Истокот со меѓусебен договор, бидејќи Истокот не би дозволил Западот да завладее со светот.
     
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2020
    Messages:
    3,253
    Likes Received:
    8,516
    Gender:
    Male
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,252
    Likes Received:
    4,311
    Кина исто така.
    Тоа е многу релативно што е според некого сиромаштија.

    Како што и самиот текст појаснува:
    "Некои експерти за глобална политика сметаат дека Кина ја постави линијата на сиромаштија прениско во нејзината дефиниција и дека се потребни одржливи инвестиции за да се продолжи развојот во најсиромашните области."
     
  12. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2012
    Messages:
    320
    Likes Received:
    181
    Kina e taa shto poddrzhuva smena na vlast vo Rusija favorizirajkji svoi pioni i ocrnuvajkji i go megjunarodniot ugled? Naprotiv, samata Kina e meta na slichni kampanji, ti dobro znaesh koj stoi zad niv.
     
  13. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Joined:
    Aug 22, 2015
    Messages:
    1,139
    Likes Received:
    3,267
    Gender:
    Male
    Ова е тотално промашен наслов.... КИНА е ВЕЌЕ СВЕТСКА СИЛА, и тоа СТАРА, всушност најстарата од сите останати спомнати на листата, прашање е дали ќе биде НОВА најмоќната светска сила, или светски лидер во секогашното опкружување и распоред на сили.

    Иако, идејата за ваква тема е одлична и актуелна....
     
    Last edited: Feb 26, 2021
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,252
    Likes Received:
    4,311
    Тоа може да е така, сепак тоа не го ублажува кинеското историско помнење и желбата да се повратат изгубените територии кои денес во еден дел се наоѓаат на територијата на Русија.

    Сите земји имаат свои интереси, не само САД.
     
  15. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2012
    Messages:
    320
    Likes Received:
    181
    A sepak ne site zemji se tolku nametlivi i nastojchivi vo ostvaruvanje na svoite interesi daleku od doma, ni iljadnici kilometri radius da ne im se granica.
     
    Last edited: Feb 27, 2021
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,252
    Likes Received:
    4,311
    Па затоа што кинзеите засега не се светска сила како САД за да можат во таа мера да бидат настојчиви. Но кинеското влијание на илјадници км вон нивниот радиус не е безначаен. Погледни го нивното влијание na pr. во Африка.

    А еве нешtо и од рускиот печат:

    «Крым – ваш, Сибирь – наша»
     
  17. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2012
    Messages:
    320
    Likes Received:
    181
    Баба ти да била машко кај ќе беше сега ти.

    Јалова е секоја твоја релативизација. Кина е најстара држава, а Кинезите во историјата не се запамтени по амбиции да го освојат светот, за разлика од западните цивилизации кои обиди имале подоста и никад крајот не бил сјаен. По се изгледа, најдолго опстојуваат оние кои не се дефокусирани од својот двор.
     
    Last edited: Feb 27, 2021
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,252
    Likes Received:
    4,311
    А како станала толку голема ако не со освојувања низ историјата?

    Прочитај за кинескиот имепријализам низ вековите па до денес. Во поновата историја (средината на 20. век) земи го примерот со Тибет... иако лично мислам дека за обичното население кога е во прашање општиот развој (образование, економија, здравство, инфраструктура и тн.) стана значително поголем со Кина отколку со нивното некогашно теократско-феудално општество.
     

    Attached Files:

  19. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2012
    Messages:
    320
    Likes Received:
    181
    Светот ало, други континенти. Не околијата (дворот). Сконцентрирај се кога читаш.
     
  20. asdas

    asdas Популарен член

    Joined:
    Jul 6, 2010
    Messages:
    1,040
    Likes Received:
    1,964
    Зошто се избришани мислења?? @RainBow