1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Н.Р Кина - Нова идна светска сила

Дискусија во 'Политика и настани' започната од quattro, 1 јануари 2021.

?

Дали Кина наскоро ќе го преземе првото место како светска сила?

  1. Да

    41 глас(а)
    71,9%
  2. Не

    16 глас(а)
    28,1%
  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.999
    Допаѓања:
    22.516
    Пол:
    Машки
    И на начинот на владеење да се угледаме на нив. Од наредна година диктатура, форум фемина ако не е медиум одобрен од владата, ќе го сонуваш за да си пишуваш есеи.
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Машки
    Модерните социјализам односно "кинескиот социјализам" е далеку многу подобар во однос на тие што пропагираат демократија и слобода. Поголем прекршител на човековите права од САД нема, итоа прекршител на човековите права во ЦЕЛ СВЕТ!

    Она што црвениот змев го гради во азиските посиромашни земји и африканските затуцани земји е далеку понапредно од западната инфраструктура, особено пак железничката инфраструктура. Инцијативата "Еден Појас Еден Пат" е многу поуспешна за разлика од невладините соросоидни организации на САД и ЕУ, а тоа САД многу добро го знаат па бараат секаков начин да ја стопираат кинеската иницијатива, но безуслешно им е.
     
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.999
    Допаѓања:
    22.516
    Пол:
    Машки
    Не знам дали знаеш што значи слобода на говор, слобода на изразување, недискриминација.. Далечни поими. Прашај го Сорос, ќе ти објасни.
     
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Машки
    Слободата која ја имаат кинезите неможи да се мери со ниту една друга демократска земја.
    Зарем интернетот во САД нее контролиран од страна на Стејт Департментот?
    Кинеските социјални мрежи се и далеку подобри од тие на САД, проблемот е тоа што не се широко распространети. Но една кинеска мрежа наречена "TikTok" во краток временски период стана многу популарна за разлика од некои си американски мрежи, дури ми се чини и рејтингот на гледаност на youtube падна зад TikTok. @Billy Idol ги прати овие технолошки работи и ако е така нека потврди слободно. И да нее така сепак е на исто ниво со останатите западни мрежи.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Машки
    @staycalm резултатите се видливи.
    youtube


    IMG_20210919_163252.jpg

    tiktok

    IMG_20210919_163322.jpg
     
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.929
    Пол:
    Машки
    Зар уште некој верува во оваа "слобода"? Snowden нели беше доволен пример за
    да се симнат розевите очила и од оние кои највеќе слепо следат западна пропаганда.

    "Демократијата" на САД е виновна за тоа каков е светов денес. "Социјализмот" на Кина ќе биде виновен како ќе изгледа светот утре.

    Денес Кина ни се чини подобра само и само затоа што се додворува кон светските земји, па инвестира за да ги придобие. Ќе видиме како ќе биде кога ќе дојде време за "наплата" на долгот и ќе стане дефакто сила број 1.

    Демократија, во права форма не може да постои во овој свет, се друго е фарса. :)
     
    На Angie1432 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Дали познаваш некој од Македонија или Балканот да оди на печалба во Кина, а да станал ултра богат човек? Не, никој.

    Од друга страна, јас познавам барем 20-30 луѓе во блиска околина што отишле во САД како келнери, а денес се газди на милионски фирми.

    САД има милион свои негативности, но се убедливо земја со најдобра бизнис клима, услови за работа, можност да успееш.

    Кина како колектив е силна, затоа што се 1.4 милијарди популација, огромен пазар, но како индивидуалци сеуште се со балкански плати, балкански станови за живеење, голем број делови на земјата се како Македонија во 70-те без канализација, никакви стандарди за храна, партиска индоктринација.

    И, не постои модерен социјализам. Кина е капиталистичка земја, а огромен дел од капиталот се директни инвестиции од САД и Европа.

    Плус, не дај боже Кинез да ти е газда, па да видиш тортура и услови за работа.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.929
    Пол:
    Машки
    Јас познавам доста луѓе што отишле, живеат, работат и напредуваат во Кина. И, ќе има уште повеќе со менувањето на центарот на моќта од САД во Кина.
     
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Машки
    Миграцијата нее во прашање. Ако гледаме така има доста кинези кои имигрирале во САД или американци во Кина.
    И треба да се дозволи навлегување на црвениот змев, бидеќи за нив нее важно дали мачката е бела или жолта за нив битно е да љови глувци.
    Доста беа тортурите и притисоците на САД поткрепени со условување за нивни интерест.
     
  10. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Да, работат како учители по англиски јазик со едвај основно познавање :D

    Одат луѓе да работат во Хонг Конг, Макао, Сингапур, кои се независни од Кина и имаат друг систем на уредување.

    Кина има градови и провинции (јужна Кина) што се бизнис ориентирани и се развиваат големи корпорации, но средна, северна Кина се сеуште сиромашни и неразвиени.

    Да не набројувам дека огромен дел од градовите им се монолитни грдотии. Добро тука проблемот е преголемата населеност, па затоа се градат високи еднолични депресивни згради.
     
  11. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.999
    Допаѓања:
    22.516
    Пол:
    Машки
    Абе дечки, па чим е толку добра држава Кина, одете да работите таму 1 година, ни р од работнички права нема да видите. Ко роботи ќе ве третираат а не ко луѓе, а да не збориме колку ќе ве плаќаат на саат истите што после ќе заработат милиони. Лесно е да се пишува зад монитор колку е добра некоја земја.
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  12. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    А тука или во Германија нешто поинаку е?
    Зборам за наши граѓани, не германци.
     
    На orevokrsacka, Billy Idol и quattro им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.929
    Пол:
    Машки
    Па вака ако гледаш ниту САД не е добро место за работа. Ај прво што како Македонец немаш шанси да заминеш и работиш освен некои пар среќници што ќе добијат Green Card на лотарија, или децана што одат преку work and travel да мијат тањири за 10$/h или возачи на камиони... Без слободен работен ден, со никакви услови, на црно, малтретирани... Живеат по дупки, во shady мотели. Њу Јорк и ЛА ги гледаат на филм само, а заглавуваат во некои земји како Небраска и Минесота и секако во Чикаго.
    Многу од нив се враќаат назад разочарани од тој Американ Дрим.

    @Abracadaver Во Кина најчесто одат едуцирани лица, професори по англиски, информатика, математика, историја, менаџери на фирми, IT. Да не зборувам колку само е ценет белиот човек таму и како е добро третиран, подобро од локален кинез и азијат. Соработувам со Кина и работев за кинески компании добри 6 години, знам што зборувам.

    И ако зборуваме за развиени региони меѓу Кина и Сад... Шангај, Пекинг, Гванжу, Сужо и секако Шенжен се и поголеми економски, развојни центри од Њу Јорк и ЛА.
    И САД има региони што се далеку неразвиени. Освен east and west coast се во средина, посебно по Мисисипи е ужасии живи.

    Швајцарија, Скандинавија, Германија, Бенелукс > Сад/Кина за работа, човекови права, слободи anyday, anytime.
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.999
    Допаѓања:
    22.516
    Пол:
    Машки
    Затоа што само нив ги гледаат како луѓе. Сѐ друго е евтина работна сила.
     
  15. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.999
    Допаѓања:
    22.516
    Пол:
    Машки
    Во Кина работата и условите за обичните луѓе се многу полоши од конфекциите во Македонија.
     
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.929
    Пол:
    Машки
    Ама нив не им треба евтина работна сила, ја имаат на претек, 1.5 милијарди се. Исто сега и они почнаа да користат трети земји кои имаат уште поевтино производство и уште полоши плати и услови како С.Кореја, Бурма, Индонезија, Тајланд, на големо инвестираат во Африка за таму да аутсорсаат произведување. Ама тие луѓе ги третираат подобро од тоа што ги третирале ЕУ/САД.

    Од друга страна, ние сме им таа евтина работна сила на САД/Европа, каде им црнчиме за ич пари и не сметаат како треторазреден свет.

    Тоа е вистината во светот. За некој да ужива во сите благодети, мора 3 да црнчат за него.
    За САД црнчи 70% од светот, додека од друга страна Кина се гради на грбот на своите луѓе и не експлоатира други земји толку, за сега. Во иднина ќе сменат и тие политика. Само прашање е каде ќе припаднеме ние. Дали ќе сме 3 разредна земја како до сега што не третира САД и ЕУ, или пак ќе продолжиме да бидеме респектирани од Кина како до сега што сме ние Балканците.
     
    Последна измена: 19 септември 2021
    На orevokrsacka и quattro им се допаѓа ова.
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Машки
    Ауф па овие нашиве шо рмбаат во Дојчланд и САД таму со раширени раце ги чекаат.
     
  18. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Македонија постои само и само благодарение на САД и на никој друг.

    Зарем мислиш дека после распадот на СФРЈ ќе опстаневме без оружје, без никаква интелектуала, распадната економија, распадната земја, а да не беа САД? Треба буквално свеќи да им палиме. Не, дека тие тоа го направиле, затоа што не сакаат, туку затоа што сме им во интерес да постоиме. Се дур е така треба да се држиме до тој курс. Никакви Кини и глупости.

    Кинезите за 10-15 години ќе произведат работна сила, а ќе ги шутнат сите од останатите земји. Тогаш ќе видам дали истата песна ќе ја пеете.

    За САД црнчат други. Тоа е точно, но САД има милиони и милиони свои сопствени брендови, кои се продаваат во светот, а се креирани од нивни сограѓани. Кина, од друга страна, е најголемиот лопов на туѓи патенти. Го немаат тој индивидуален талент на креативност, едноумни се, нивните продукти се базираат на Западните, неталентирани се за уметност. Едноставно многу работи им фалат, за да станат хегемон број 1. Само погледни САД каков културолошки импакт имаат во светот. Јапонија, Јужна Кореја, Хонг Конг, Макао, Сингапур, Тајван се изградија благодарение на тесната културолошка и економска соработка со САД.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    Сегде е исто/слично за луѓе кои се скоро дојдени од надвор.

    Сметам дека Кина допрва ќе напредува ама за светска сила број еден мислам дека треба да пројде многу време и САД да потфрли во некои работи како сега пример што пречесто почна да потфрлува.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.929
    Пол:
    Машки
    Абе види, тој истиот САД е главен виновник за војната 2001-ва, за примањето на огромен број бегалци од Косово и менувајќи ја демографската слика овде, главни виновници се за растење на радикалниот ислам на Балканот. Главни виновници се што сме овде што сме затоа што сите влади до сега работат она што ќе им наредат од Калето. Ние сме она што сме благодарение на САД, да, а тоа е банана држава со народ што умира по болници секој ден оти нема од што да се лечи и живее. Да не зборуваме дека поради сеење на осиромашен ураниум на Косово малигни болести кај нас достигнуваат плафон.
    Немој, не ми зборувај повеќе за САД. Ете последно што направија за нас е насадување на едно село Авганистанци, за сега. :)

    Кина не знаеме каква ќе е во иднина, се сложувам со тебе и баш и јас посочив дека не е така сјајна како некои што мислат и не би ме чудело да станат новите САД во иднина, па може и полоши, но засега се подобри, имаат поголем респект кон нас и не третираат подобро.
    Не дека и ние имаме тука некој избор меѓу САД и Кина. Кога ќе се повлечат американците од овде, а ќе се повлечат во иднина и во регионов ќе завладее Кина, тек тогаш ќе видиме како ќе сме третирани, битно е како ќе се поставиме и како ќе сурфаме на новиот бран.

    Просечен американец е поглуп едно 10 пати од просечен кинез. Сето ова што го гледаш во САД е градено од имигранти од Европа, од Италија, Ирска, Германија, Англија и собирање на најголемите мозоци на светот секоја година. Буквално најпаметните 5% на светот ги привлекуваат да живеат таму. Со растот на Кина, како што гледаш, се случува одлив на таа интелегенција од САД во Кина. Одамна веќе кинезите го надминаа копирањето, сега веќе технолошки се над другите, погледај само компании како Хуавеи кои владеат во 5Г мрежите, и не можеа да ги пратат ни Циско, ни Нокиа. Затоа и добија бан. :)
    Погледни ги Шаоми како газат, Алибаба. И ова се само дел, погледни ги ББК групација, Тенсенд, Баиду, ВиЧет итн. итн.
    Отвори малку да видиш кои се најинвентивни и најаки компании во светот и види колку се Кинески. :)

    Рим не бил изграден за 1 ден, и не пропаднал за 1 ден.
    Ние сме сведоци на пропаста на една империја (САД) и растот на друга империја (Кина). Треба ова мудро да го искористиме.
     
    На Bratot, x-MajaEsposito-x, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.