Зар ова е само до 31 декември 2025? После пак со визи? Кога ја слушнав веста на радио се израдував баш. Кина ми е на bucket list за посетување. Сега баш отворив да видам билети, рандом селектирав за февруари в година за Пекинг, дава од 700 долари нагоре, со едно прекачување.
Не, не. Од 30 Ноември до 31 Декември 2025 треба целосно да се заврши политиката т.е процесот за ослободување од визи за сите овие земји. Овај датум е даден како траен датум за завршување на процесов т.е до 2025 овие земји веќе треба да се ослободени.
И така, Дипсик дојде, ги потопи бродовите https://edition.cnn.com/2025/01/27/tech/deepseek-stocks-ai-china/index.html @Realist1
Овој вчера го гледав ми го пушти еден другар го помина чатџпт на аpple store стана прв по downloads, ни на крај памет не ми текна дека може да ја потопи нвида. Хаха, денеска нвида изгуби 650 билиона пари а на крипто изгубија речиси 980 милиона, каков потоп. Сеа баш земав ја цртав нвида да видам до каде ќе оди моментално е 117 треба да тестира доле на 111 ако задржи таму ако не ќе продолжи да паѓа. Иначе ништо страшно во последната година дена нвида има 94 % скок на берзата ова е само корекција. Меѓутоа изненадуваат кинезиве со ова баш се разбарав не е ни блиску до чатџпт ова ама изгледа пофункционално е и затоа толку го симнуваат. Во прилог на call- ot Во прилог на темава ко шо гледам веќе кинезите на сите пазари почнуваат да доминираат
Let the war begin https://www.cnbc.com/2025/01/27/dee...erattack-says-its-limiting-registrations.html
Ма како, војнава економска ќе биде нема војни, сеа баш ме интересира да видам дали трамп ќе ја забрани апликацијава во мурика и ќе побара 50 посто, Интересно е шо кинезиве толку многу доминираат на пазарот шо овој на се 50 посто ќе треба да им бара па овие за инат да му напнат на тајван да му ги скинат фабриките за процесори.. What a time to be alive Иначе фирмава е приватна хеџ фонт си отворил човеков и сам си работел и развивал 6 милиона потрошил за развој. Браво секоја чест
Токму тоа ми беше фасцинацијата и мене. Чоек, толку пари еден стан кошта негде. Ама кинезите работат, учат, не се драпаат ко некој. Дали ги бива, појма немам...и скептична сум. Ама ете, електричните им коли се бестселер во Австралија, па ваљда ги бива за нешто
па колку и да не ја бива за 28 000 долари 100к километри да помине доста е Еден голф нов е 50 000 евра Си работат луѓето, се надевам сеа на овој нема да му ја национализираат компанијата иначе и јас сум изгорел денес ја појма неам шо се случува
Имам другарка во Германија, работи во автомобилска индустрија. Вика дека се во тешка криза моментално од новиве коли на Кинезиве. Парче правеле. Па моментално као ќе се обиделе да им стават голема царина, за увоз во Европа.
Првата делница Фариш-Дреново од експресниот пат Градско-Прилеп е изградена од кинеската компанија Sinohydro, која е дел од POWЕRCHINA (China Power Construction Group). Sinohydro е глобално позната компанија специјализирана за изградба на инфраструктура, особено патишта, брани и хидроелектрани. Проектот во Македонија е дел од широка соработка со кинески компании во рамки на кинеската иницијатива "Појас и пат" и проектот често се споменува како дел од пошироката кинеска економска стратегија за инвестиции во инфраструктура во Балканскиот регион. Патот е дел од Коридорот 10-д, што ќе го олесни поврзувањето на централна со јужна Македонија посебно со пелагонискиот регион кој е најклучен регион во државата за раст и развој. Па така, патувањето од Скопје за Прилеп сега е само за 1 час и 5- 10минути додека за Битола на 1 час и 30 минути и обратно во двата правци. Sinohydro исто така работи и на автопатот Кичево-Охрид. Спојлер: Прилеп-Градско извор: https://en.powerchina.cn/
Фасцинантна воена парада во Кина, по повод 80 години од победата над фашизмот. Навистина се нова воена сила, неверојатен напредок имаат, можеби се дури и чекор пред Америка. Пример за патриотизам и сплотеност, до перфекција истренирана војска мажи и жени во параден марш. Немам појма од воена технологија, секако се делува импозантно. Трамп со реакција на мало дете кое не е повикано на забава
Не е само воена парада, туку моќна симфонија на единство, гордост и визија. Чекор по чекор, боја по боја, силата на народот се претвора во величествена слика на иднината. Ова се вика, величието на една цивилизација што трае илјадници години. Ова е жив доказ дека единството создава сила, а силата раѓа иднина.
Ако,ако само вие здружени против мене ковајте завери .....обраќајќи му се на Си, Путин и Ким ... Ааа ќе видите вие кога ќе се скарате, ќе ме барате