Обилна менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Linn1, 17 мај 2011.

  1. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Имам многу проблеми со менструацијата. :worried:
    Ми тече премногу и предолго. Минатиот месец имав 12 дена. Сега ми е 3ти ден, а целата сум лом, значи се исцедив !
    Незнаев што да правам па облеков 2 пара гаќи и широки панталони, ама кога станав од столчето видов дека цело сум го направила со крв,панталоните ми беа лом и целата бев потопена. И вчера си ги направив фармерките :!: :puke: :puke:

    Ако ви се случува ова, што превземате?
    Кажете ми било каква помош, нешто да се напијам да правам нештооо.. Неможам повеќе.
    +кичмата ме боли(од менструацијата) неможам никаде да мрдам како капак на се :@
     
  2. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    треба да се консултираш со гинеколог постојат капки ergotil се пијат после 4-тиот ден од крваренјето и плу можеш ц витамин да си земиш ги стеснува крвните садови,а ако имаш болки и ако пиеш таблети на пример баралгин дополнително се зголемувува крваренјето и пробај нешто на база на бруфен ,а во мегувреме има влошки се продаваат на парче за луге кои имаат проблем со неконтролирано уриниранје во аптеките побарај ке ти свршат работа да не ги правиш лом столиците :D знам по мене :@ позз се надевам дека ти помогнав ;)
     
  3. MalaSlatkica

    MalaSlatkica Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Едвај чекам да ми помине менструацијата!
     
  4. kataleja

    kataleja Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Mesecov menstrualniot ciklus mi kasneshe eden den, od togash pominaa dve nedel i seushte mi trae(so mali prekini). Dosega nikogash ne sum imala poremetuvanja vo menstrualniot ciklus sekogash mi doagal tocno na 28 dena i mi trael 6 dena. Bidejki imam slushnato deka negogash vo ranata bremenost se slucuvaat takvi raboti, napraviv test i beshe negativn. Bev na ginekolog pred 3 meseci i se mi beshe vo red. Dali nekoj moze da mi objasni sto mi se slucuva i dali treba da bidam zagrizena?

    [mod-kirilica:3k3nys97][/mod-kirilica:3k3nys97]
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    2 nedelen menstrualen ciklus


    Треба да бидеш загрижена и да одиш на гинеколог. Ќе ти направи ехо на јајници и ќе ти каже што е работата. Еднаш на сестра ми и беше така поради пукната циста - ама си беше на лекар
     
  6. kataleja

    kataleja Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    2 nedelen menstrualen ciklus

    fala mnogu na sovetot ke zakazam denovive...
     
  7. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Протиив обилни крварења пијте чај од коњски опаш (така се вика тревката), а за средување на циклусот, значи за да биде редовен и како што треба треба да се пие чај од кантарион! Испробано, значи не лупам глупости , лично имав такво искуство, да не се труете со апчиња кога не е неопходно! ;)
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.515
    Допаѓања:
    5.884
    загрижена сум за сестра ми

    има преобилна менструација од 7 дена...значи за пола саат(како што кажува) ја полни влошката а ги зима секогаш најдолгите..најдебелите...

    ..Некој совет...од што би можело да е така...ретко се случува да пребледе (од губење многу крв,како да омалаксува,да снемува сила)
     
  9. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.435
    За ова мора прво да оди на гинеколог и да испита крв. Од преобилна менстуација може да и ослаби крвта, што е сериозен проблем.
    Гинекологот ќе и препише терапија.
    Ако секоја менструација и е вака не знам зошто сеуште не посетила гинеколог :?:
     
  10. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.655
    Допаѓања:
    6.407
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам пиено капките ерготил и не би ги препорачала видејќи уште повеќе го зголемуваат крварењето. Од коа знам за себе имам обилни крварења, 100 пати сум била на гинеколог и никогаш не ми кажале ништо конкретно. Алтернативно сум пробала и констатирала дека ананас помага за намалување на крварењето, по можност свеж или оној што е на кругови од конзерва. :)
     
    На EmeraldBLUE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.435
    Toa не значи дека и кај сестраи е истиот проблем како кај тебе и дека терапијата што тебе ти е препишана и нејзе не би и одговарала ;) .
    Затоа се испитува крв, а верувам дека и гинекологот би го барал тоа од нејзе :) .
     
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.947
    Пол:
    Женски
    Немојте со таблети и јас пиев,помагаат да ама може да се јават некои контра реакции како влакнетост,дебелеење ако се хормонски таблетите,затоа препорачувам да пиете природен чај од ајдучка трева и мајчина душица малку горчи ама помага против крварење :)
     
  13. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.435
    ^ Не знам какви си пиела, ама јас тие што ги пиев ја намалуваа влакнетоста :^) баш за тоа беа.
    Нормално дека е подобро со чаеви, дури имам слушано дека е добро да се пие витамин Ц или лимон и лубеница. Колку е ефикасно не знам.
    Витаминот Ц би требало да помогне зошто има таква намена :?:
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.053
    Допаѓања:
    137.017
    Јас имав многу обилни менструации откако се породив со второто дете, поради задебелување на матката како резултат од двете бремености.

    И јас полнев влошка од најголемиите за околу 45 минути. Крвта ми ослабна ненормално - железото ми беше 1.4, сите доктори ме прашуваа дали се онесвестувам, што било нормално за толку ниско железо.

    Почнав да пијам ерготил, имаше мало дејство, ама мнооогу ми беа гадни, неподносливи, па престанав да ги пијам.

    Потоа пробав со Јасмин таблети кои беа и поефикасни, но 3-4 месеци имав стрсашни главоболки и чувствував огромен умор. Па уште и да памтам секој ден во исто вбреме да пијам, тоа ми беше дополнително оптоварување.

    На крај решив да ставам спирала Мирена - ова беше првото нешто што ми го предложи гинекологот, но не можев да ја прифатам помислата да имам туѓо тело во мене. На крај сепак се решив, спиралата ја имам веќе една година и одлично се чувствувам. Речиси и не добивам, крвта ми зајакна, многу добро се чувствувам. Ова беше вистинскиот избор, ама не е за секој, се препорачува на жени што родиле.
     
  15. toca

    toca Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Прв ден ми е а премногу имам. Мењавам улошка на еден саат. Дали е можно да ми е некое пореметување бидејќи вчера имав однос, а исто така и минатиов месец за првпат имав неколку пати односи. Инаку си имам нормална менструација а првиот ден многу малце од секогаш сум имала.
     
  16. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Се случуваат промени во организмот, ништо страшно. Не се секирај, се е во ред. :)
     
  17. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Последната менструација ми дојде на 17.12, ама луѓе ептен ми тече значи :sweat:
    Имам потрошено 3-4 големи пакетчиња Еври Деј, а можеби и повеќе од најдебелите, ама небива, не сака да престане :(
    Што да се напијам?
    Не сакам да одам на гинеколог, знам дека ќе ми даде некои апчиња ..
     
  18. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Јас мака мачам со ова цел живот...хормониве ми се хаос. Имам пиено од сите можни апчиња,чаеви и не сум забележела долготраен резултат! Само периодот кога сум пиела се средувало и пак исто...
    Затоа решив малце да ја сменам храната,започнав многу поздраво да се хранам(знам дека фразава е клише),да внесувам повеќе свежи продукти,овошје,зеленчук,се што содржи повеќе витамин ц бидејќи тој го намалува крварењето! Исто лекарите ми препорачаа кога крварам многу да си земам и суплемент витамин ц во форма на таблетка,ама само во тие критични денови како надополнување! Исто почнав да бидам физички активна онака убаво да се истресувам речиси секој ден,да пливам и осетив за брзо време промена,мн.ми се намали интензитетот на крварењето,претпоставувам дека на хормоните им прија кога ќе се испукаш онака убаво! Секако што порелаксиран живот и обид да се справите со стресот...се си влијае! јас вака решив да се лечам со храна,не ми паѓа на памет повторно да се клукам со хормони,само не дај Боже во некој екстремна и безизлезна ситуација!
     
  19. Cicero

    Cicero Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    18
    Девојки, имам обилна менструација веќе 14 дена. Денес бев на доктор и ми препиша ерготил капки и циклопрогинова, да ги пијам истовремено. Истово ми се случи и пред 2 години, но тогаш пиев само циклопрогинова. Дали уште некоја од вас има слично искуство или ги пиела овие лекови? Ве молам за мислење, многу сум загрижена. :(
     
  20. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Машки
    Здраво феминки , имам едно прашање и ве молам за одговор. Со менструација сум веке 4ти ден. Завчера се истуширав се облеков и си седнав и некако ми дојдоа гасови. Си прднав и само осетив како некој балон да ми испука со вода. Се осетив некако мокра и коа отидов во вц има што да видам влошката која ја носев на себе 10 мин беше полна со крв,гаките цели измокрени од крв па дури и бодито ми беше мокро. Вчера исто така ми се деси , одам во продавница и осетив како ми потече многу крв. Всушност тоа не било само крв туку и парчиња згрутчена крв или што беше незнам но личеше на парчиња црн дроп. Бидејки не бев дома (во струмица во продавница бев) побарав да одам во вц таму и видов на влошката полно крв и парчиња како црн дроп. Ги фатив со тоалетна хартија и ги фрлив па бидејки бев цела мокра од крв си ставив тоалетна хартија плус над влошката . За пола саат бевме дома и отидов во вц кога исто така и тоалетната хартија ми беше цела крв едвај ја извадив и ја фрлив. Денеска немам така забележано да ми потече. Дали некој му се има случено ова ? Како го „излековте„? Што да направам ?