Во секое село постоел по некој "Милан тарот". и по некој со компулсивно-опсесивна болест (оттаму тоа со сите вратички отворени пред пораѓај) и тие биле главни во селата и измислувале адети и обичаи. Тие како Милан од зафрканција, тие вторите за да си ги лечат симптомите од болеста. А има и трети, сега ми текна Вицот со кобасичките и тавчето, неколку генерации ги сечат краевите на кобасичките, а прабабата на тоа вика: Уште ли не купивте поголемо тавче? И така.
Dali dokolku ne si znaela deka si bremena i vo prvite 10 dena vo bremenosta si skinala nekoe ovosje od drug dvor ili si zemala nesto bez da pasas ke ima belek deteto ili toa vazi otkako znaesh deka si bremena
Готово веќе отпечатено е овошјето на бебето Зошто бе луѓе вакви глупости ве мачат? Зошто наместо да уживате во бременоста се занимавате со "бабини деветини" Објаснете по која логика ова може да се случи?
Уште и ако те тераат кој кога стигне да си апнеш од СЕ за да јадело бебето СЕ Бегај од такви муабети, дур не ти ставиле нож под перница на бебето(да го пресекле стравот) па уште и ја беа зашеќериле цела постела .... Со лесно бременоста и уживај гали меше не слушај бабини деветини
Мене свекрва ми кога ја скратив косата ми вика. Немој не смееш да ја кратиш косата во тек на бременост му го кратиш векот на детето После па ми вика не смееш да се криеш додека јадеш, кога ќе се чешаш после таму бемка ќе му излезе на бебето. И јас како што не сакам да се расправам и да се докажувам, да си губам време со личност која цел живот верува во овие работи, знам дека не би и го сменила мислењето никогаш. И викам, па добро не сум знаела до сега не сум слушнала за ова, добро што ми кажа. Јас пак по мое си терам.
Нема врска знаела не знаела. Така викаат. https://forum.femina.mk/threads/Вродени-белези-кај-бебиња.31269/
Еве за белезите да ви раскажам. Кога бев бремена првпат, од секое овошно дрво покрај кое ќе поминев, обавезно си "крадев" по некоја овошка. Имам така и цвеќе "украдено". Се испипав насекаде по телото, и замислете какво ми се роди детето! Никаква флека, белег, точка, ништо! Не можам да верувам дека некој во 21век уште верува во такви небулози.
Прекрасна тема за семинарска по "народни обичаи и ритуали за време на бременост" Ако има антрополози на форумов ќе ме сфатат
Зошто воопшто би шутирала маче? Логика нема никаква. Јас кога бев бремена имав испад од продавачка. Пазариме со маж ми и видовме јагоди, ај да ги пробаме. Продавачката почна да става а јас и велам да стави една јагода што ми се виде сочна, и пружив рака да ја земам. Кога викна жената НЕ, ме исплаши. Таа ке ја ставела, јас да ја покажам ама да не ја допирам, ке била крадена. И кажав дека ке си платиме, не, запна, најубавите ке ми ги ставела, јас да не пипам.
Неделен бисер од свекрвата... Разговараме по телефон и бидејќи жената беше запната таа како баба да ги перела алиштата од бебе и кажувам дека ќе почнам и порано со перење барем на дел, зависи како ќе сум слободна. Не е тука во моментов, а и подолго ќе е отсутна. Плус немаме машина за сушење и тоа ќе одземи време. И добивам "совет", не е проблем што сакам да си перам ама тоа да е во СРЕДА. Алишта од бебе се переле исклучиво во среда.
Недела е евтина струја, каква среда. Да и однесеш сметката за струја после, кажи перев само у среда цел ден на скапа струја оти после 10 вечер веќе четврток ме фаќа Ќе умрам
Jas nisto ne i kazuvam ni na majka mi ni na svekrvami. Majka mi poveke e po babini devetini, a sveki pak muva ne ja laziii za nisto brate mili! Dvete ke me iznerviraati zatoa ne im kazuvam. Planiram vo nedela da si peram (narednata zdravje) bas zaradi sto ne e svekrvami tuka,ne i kazuvam, koga ke dojde ke si vidi sama.
Пред да се роди или откако ке се роди? Ако и откако се роди се пере во среда, нека ти даде пари за 30+ шпихозни. Ти требаат барем 2 за еден ден, ако сметаме дека цел ден ке носи едни, а пред спиење ке го бањаш (јас барем така правев) и облекуваш нови. Плус ке има млеко, бљуцки, каки, под 3 не сум била на ден.
Sekoj kraj ima svoi adeti.kaj nas e imeto da se stavi,jas od start rekov moe dete moe pravo nemoze nikoj da me natera da stavam ime na svekor ili svekrva.so prvoto so mazot mi se dogovorivme,sega kje bide pak isto.nase dete nase pravo