1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обожавам да сум сама

Дискусија во 'Психологија' започната од hristinnnna, 27 ноември 2013.

  1. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    За почеток да кажам дека сум пресна 14година пубертливка во најинтересните, и воедно најнајчудните години.И еве како и сите со овај период и јас да кажам си имам нешто ако можам да го наречам маана.
    Тоа е многу често сакам да останувам сама.Можеби тоа е поради тоа што ретко можам тоа да си го овозможам бидејки живеам во стан со баба и дедо заедно, па сме 6 луѓе,кога тато и мама не се дома, тука се бато баба и дедо, или обратно.А често другарките мои останувале сами, често ме викале кај нив на гости ајде сама сум дојди, или филм ќе гледаме ќе се собереме или дојди на спиење кај мене, а јас никогаш не сум го искусила тоа и ми било ептен криво. и многу им завидувам и им љубоморам бидејки нема кој редовно да им дроби и досадува над глава, а тоа и лично им го имам кажано и на моите.Можда ќе кажете, некој цело време патат бидејки се осамени, ати се жалиш бидејки живееш со луѓе кои те сакаат, тоа и мама и тато ми го кажаа, ама ете едноставно крвта ми врие, се нервирам лесно(иако тоа го сокривам) а и моиве на моменти се препредосадни и не можам да ги сварам.исто така обожавам под ќебе да седам во темница, ја обожавам ноќта, обожавам да размислувам сама со себе, го обожавам времето кое го поминувам сама, иако тоа ретко се случува. |-)
    И не сакам да помислите дека не сум некоја дружелјубива, напротив имам пријателки и све тоа, ама ете едноставно бубачките ме мафнале :lol:
    Што мислите вие за ова? Дали е нормално и дали ви се случувало и на вас?
     
    На Taa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Обожавам да сум сама.

    Во тие години крвта ти врие, односно хормоните работат и се ова е нормално. Сите сме поминале најразлични периоди во пубертетот, ова не е ништо. И возрасните понекогаш имаат потреба да останат сами, а камо ли тинејџерите, бидејќи тоа е период кога најчесто мислиш дека никој не те разбира. Воопшто немој да се секираш, ќе помине, уживај во тинејџерските години и пробај да размислуваш на тоа што имаш ти а некои немаат, а не обратно. :)
     
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Обожавам да сум сама.

    Осаменоста ми е најомиленото нешто мене.. сама се враќам дома, како што кажав еднаш, разговарам со улични кучиња.
    Во школо ретко да разговарам со другарките. Почесто сум повлечена, изолирана од нивната љубопитност.
    Во класот има едно девојче кое би можело да ме разбере за разлика од другите. Не се шегува на моја сметка и внимава да не ме повреди. Се дружам со неа, но дека не живее блиску, неможеме да си одиме заедно до дома. Па секогаш се препуштам на тишината додека се спуштам до дома. Не љубоморам на другите кои си одат дома во.стада цели. Тоа е нивни избор. Јас сакам да сум сама и да не бидам со некој кршач на спокој.
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Обожавам да сум сама.

    Секако дека е нормално нешто,посебно во тинејџерскиот период.
    И јас бев ваква.Живеам во стан,четиричлено семејство,мајка ми невработена,што значи константно е дома.И мене ми сметаше тоа.Сакав некаква изолираност,осаменост..Едноставно обожавав да бидам сама.
    Понекогаш и друштвото го одбивав за идење на кафе,ако знаев дека ќе бидам сама..Едвај го чекав тоа :) :)
    Еве на мои 22 години,уште сум таква.Мајка ми сеуште е невработена,а брат ми(по 2,3 дена е дома во 4,5 месеци) и татко ми(2 дена во неделата) и сега имам повеќе прилики за тоа.Ама едноставно ми поминаа таа фаза на осаменост,и сега некако шубе ми е кога сум сама дома.Ми недостасува друштво.
    Ова е само период,дека сте повеќечлено семејство во стан.По некое време пак,ќе ти прече осаменоста :lol:
     
  5. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Обожавам да сум сама.

    И јас обожавам да бидам сама..Убаво ми е,но ретко кога останувам сама..
    Обожавам да си одам дома кога е темно и да сум сама :mm: или пак да одам в парк ама никој да нема..да бидам само јас со моите мисли..кога имам можност да си одам сама од школо пример, и бидејќи е темно веќе на шестиот час..му велам на наставникот по физичко да ме пушти ако не вежбам и гледам да си најдам некој пат од каде што нема многу луѓе(најубаво да нема никој на тој пат :D )..убаво ми е :D
     
  6. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Обожавам да сум сама.

    сама сакам да останам само кога сум расположена за пеење хахах :lol: :lol:
    инаку не сакам сама да бидам .
     
    На blady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Обожавам да сум сама.

    Нормално е тоа. На секого му е понекогаш потребно да биде сам. А и твоите години придонесуваат. :)
     
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Обожавам да сум сама.

    Порано сакав луѓе, го сакав нивното внимание, неќев да сум сама ама сега се навикнав без нив и обожавам да сум сама. Секогаш ми треба време за себе и неќам да бидам попречувана и кога сакам да сум сама и некој упорно ми се пика сум многу .. непријатна.
     
    На bubica13 и Anne15 им се допаѓа ова.
  9. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    најубаво се чуствувам кога сум сама, често знаев да се затворам во соба порано и да си пуштам музика и да уживам, и сега го правам тоа ама поретко, немам толку време... тоа ми е нешто најубаво, едноставно кога сум сама заборавам на се и на сите проблеми...
     
  10. clock.pot

    clock.pot Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    335
    Многу сакам да сум сама. Всушност, во дружба од самата себе. Јас ќе побарам совет, а оваа другава ќе ми даде. И обратно. Заедно си мислиме планови за нашата иднина. Се сеќаваме на нашето, не толку долго минато. Си се запознаваме една со друга се подобро. Една за друга знаеме повеќе отколку самите за себе. Многу ни е убаво. Си уживаме.
    не, немам психички проблеми ;)
     
    На Tumblr.123 и blady им се допаѓа ова.
  11. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    На секој од нас понекогаш ни годи да бидеме сами, меѓутоа сметам дека не е во ред млади девојчиња кои место да се дружат и да си играат со другарки и соученици, бираат да бидат сами и во тишина. Мислам, колку големи проблеми може да има 12-годишна (карикирам) за да ѝ е потребно да останува постојано сама со своите мисли? Не сакам некој да ме разбере погрешно, меѓутоа јас сум комуникативна и не разбирам. Сум имала и сеуште имам моменти кога сум нервозна и не ми се прави муабет со никого, или пак да ми годи од време на време да се разбудам сама и да се расонам со кафе на лаптоп без никој да ми смета во расонувањето, но тоа е ретко. А без причина да уживам во самотијата со своите мисли, на 20 години..... :shake:
     
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Јас сум имала моменти т.е денови во кои сум сакала да бидам на крај на универзумот...
    На пример, нарушување на нервниог систем на мајка ми која еден месец неможеше да биде со нас. Или баба ми кога доби рак на дојка, колку и беше тешко.. на сите им беше... со нашиве болници едвај се излекува. Уште нема коса од терапиите...
    Лесно е тоа за моја возраст?
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Мислам дека бев доволно јасна со последната реченица од мојот пост. Јас сум имала смртни случаи во поширокото семејство, не едвај излечени. Друго ми беше муабетот, мислам дека дружбата во најраните години е многу важна за правилно да се оформи личноста и да се социјализира.
     
  14. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    8.766
    Пол:
    Женски
    Понекогаш сите ние имаме потреба да бидеме сами и нема ништо чудно во тоа. Има денови кога сум толку многу :Down: , што едноставно сама се повлекувам во собата и радо би чачкала нешто, некоја занимација си наогам, само да бидам сама. Понекогаш едноставно не ми е до никаков разговор, за да не дојде до вака ми рече, така ме погледна, и да има мир, се повлекувам се додека не ми помине кризата.
     
  15. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Христина тоа е до типови на луѓе. Јас сум секој ден турбо, со многу луѓе околу мене. Ми се нема случено да не излезам од дома, макар и еден ден. Меѓутоа навечер гасам телефонот и добри 4-6 часа ги поминувам сам со себе.

    Нормално е субјективна категорија, уживај во тоа што те прави да се осеќаш убаво.
     
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Баш си го сакам времето кога сум сама. Имам време да си се релаксирам, да завршам нешто што сум одложувала некое време, да си гледам филм, музика да цртам ова она... :) Тоа е скапоцено време.. нема ништо лошо во тоа да сакаш да бидеш сама.
     
    На Tumblr.123, glosipgirl, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.550
    Допаѓања:
    59.753
    И понатаму во животот ќе имаш потреба да бидеш сама со себе. Тоа е во ред, бидејќи секој треба да има простор за себе, да размисли, да се одмори од се што му се случува.
    И мене ме нервирале моите кога бев на твоја возраст.. цело време некој дома, неможеш да се опуштиш и ете, одма некој те вика. Затоа, ако имаш можност, најди си некое место надвор од дома, каде што ќе се чувствуваш пријатно и ќе може да поминуваш време сама со себе.
    Во ред е што „неможеш да ги свариш“, сето тоа ќе помине и ако сега поддржуваш добри односи со твоето семејство, истите ќе се зајакнат многу, многу повеќе кога ќе излезеш од пубертетот, барем така беше кај мене! Уживај во годините низ кои што поминуваш сега, подоцна ќе се сеќаваш на нив со насмевка. :)
     
  18. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Воопшто не сакам да сум сама :?: Незнам зошто толу ви е убаво да сте сами?
    Сигурно не зборувате со ѕидовите :!:
    Таква личност сум секогаш опкружена со луѓе, и несакам никогаш сама да останам
     
  19. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Обожавам да сум сама! Не за да си ги средам мислите, не за да се одморам или нешто слично едноставно обожавам да си поминувам време сама. Не сметам дека има нешто лошо во тоа
     
  20. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Порано сакав постојано да сум сама и некако така се навикнав.Понекогаш ми е интересно, но во последно време многу ме плаши помислата да сум сама ..