Јас како што сум си интроверт, обожавам да сум сама. Како мала не сакав, ама откако ми почна пубертетот многу сакав. А и јас немав можност да бидам многу сама, постојано некој имаше дома. Некогаш дури се чудам дали е во ред ова што го правам. Дали можеби треба да се дружам повеќе, ама сепак некако на крајот изборот паѓа на тоа да сум сама со себе. Откако почнав на факултет уште толку шансите се смалија за да бидам сама и така секогаш е ,,полна куќа" и никогаш не можам да си бидам сама на раат. Тебе плус такви ти се годините, во пубертет си, ти треба простор сама за себе, да можеш да се изразиш. Потполно те сфаќам. Јас никогаш немав детска соба, па морав да барам некои алтернативи, некои други катчиња. Се е тоа нормално, уживај си. Кога ти се излегува излези си, кога ти се седи сама, седи си...прави го тоа што те прави среќна и задоволна
Ги сакам моментите кога сум сама дома,па и често се случува викендите да ги поминувам во моја режија.Од мала седев сама,поточно од 6 год.бидејќи моите работеа надвор од местото на живеење,па додека да си дојдеа часовите ги поминував сама.И тоа се одрази многу позитивно во моето развој.Стекнав навики и обврски сама да ги извршувам домашните работи што подоцна многу ми помогна. Се уште се сеќавам на тие денови.Верувам дека секој од нас има потреба понекогаш да биде сам.
Обожавам да сум сама кога останам сама дома имам време и простор да си ги разбистрам мислите коа сум сама или коа сум тажна само сакам да лежам и да размислувам за тоа како се одвиваат работите, каде сум погрешила и сл. а исто така мн подобро се чувствувам откако ќе прошетам сама имам време за се и се чувствувам слободна затоа што немА никој до мене никој не може да ме слушне кога плачам итн. Дали ова е нормално ?
Секој се дружи со вистинската верзија на себеси кога е сам,затоа е и толку пријатно. Колку и да сме свои и искрени,мораме да се контролираме и да ставаме барем малечка маска пред другите луѓе,освен оние кои ни се навистина блиски. Кога не би било така,би не нарекувале психопати Јас обожувам да сум сама,да ја земам четката за коса и да пеам замислувајќи си дека е микрофон,да правам глупави изрази на лицето,да го преправам гласот и да зборувам на тој начин сакајќи да видам колку всушност „гласови“ имам Понекогаш и само да си пуштам музиче,да си прилегнам и да уживкам. „Само тоа го правам“,се колнам во своето будалесто чело!
Моментално сум дома сама!! Mожам што сакам да правам!Да лудувам,да викам,да си пеам,да денцам и да се лакирам :geek: .
Исто и јас обожувам да сум сама . Изгледа сум затворено девојче . Сакам да сум сама за да можам да размислам , да си ги расчистам мислите во глава , да донесам заклучоци и пред се да можам да си го најдам сопствениот мир . Сакам да одам на места каде што ќе сум сама и ќе можам да си ги разрешам проблемите кои ме мачат . Несакам никој да ми помага . Сакам да сум самостојна во животот и се да правам сама . Изгледа избегав од темата ама како и да е некогаш е потребно да бидеш малце сам со себе , за да можеш да си ги растетретиш мислите .
И мене ми е убаво кога сум сама, како сега на пример, после прва смена во школо а моите на работа. Не се замарам едноставно си седам на фемина или гледам серии, читам книги во мир и тишина а не на секои пет минути некој да ми вика. Мислам дека секој сака да си е сам со своите мисли понекогаш, да се исклучи од светот и да се релаксира
И ја спаѓам у оваа група. Сега прат ми е бтора смена,мајка ми на работа,раат си терам.Летото го поминав кај баба ми у една соба.Си глеав серии,си свирев на гитара,си слушав музика.Баба ми неможеше да разбере како сакам сама да седам.Некои луѓе не разбират дека некогаш самотијата годе...Мислеше дека нешто ми фали И ја и викав да бе ми фали и она уште толку ќе се изнервира
Порано постојано бев сама, без никој, во секојдневна тишина. Воопшто не ми се допаѓаше, но со тек на времето навикнав и ми сметаат викотниците сега. Всушност, не само викотниците, дури и тивкото зборење ми смета на уво. А и. после сето време минато во самост, сѐ повеќе ја засакувам осаменоста. Можам да читам, да пишувам, да гледам телевизија. Нема на кого да ги трошам зборовите. Нема кој да ме кара или да пушта гласна музика. Исто како сега...
И јас сакам да сум сама. Едноставно си уживам дома сама, читајќи книга, гледајќи филм, секаде одам со слушалки, обично не започнувам прва разговор освен ако е нешто важно што сакам да кажам..
Обожавам... често имам потреба да сум сама во потполна тишина и мир, никој да не ми смета и гњави, а и за тоа не мора да има некоја посебна причина онака едноставно сакам да се исклучам од светот и да си ја одморам душата..
Јас не гледам ништо чудно во тоа да сакаш да седеш сама. Мене така ми е најубаво. Никој не ми смета, си уживам.