1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обрежување на девојчиња

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од programerka-2nd, 12 јуни 2012.

  1. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    @kikin Џоли што спомна за менекенката што кажувала, филм е. Desert flower.
     
    На JollyGirl и kikin им се допаѓа ова.
  2. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски

    I found it
    Ќе.го.спуштам да го гледам
     
    На SofiMar_, Victorian и kim.k им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    И јас ги имам гледано видеата за жал.
    Но очигледно на некого не му е жал штом оди таму да прави видеа и се забавува со тоа наместо да пријави и да се превземат мерки.
    Ете јавно е се тоа и зошто никој не превзема мерки?!
    Зарем тоа е законски? Зарем е нормално ? Не е..
    Брутален свет.
    Свет што нема памет односно немаат памет надлежните.
    Наместо да превземат нешто тие одат да документираат за тв и јутуб.
    Пу на совеста и човештвото.
     
    На Rama и Victorian им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Ако си чувствителна личност, јас не би ти го препорачала да го гледаш.
    Цел ден ќе ти се расипе :| ќе се натажиш многу.

    А ако сакаш да си исплачеш, тогаш ѕирни го...

    Инаку и мене не ми е јасно кој ги правел тие видеа за на јутуб?
    Значи тие на диво ги обрежуваат девојчињата, а дозволиле да ги снимаат некои странци?
    Плус како останале рамнодушни тие (што снимаат) кога гледале што се дешава пред нивни очи?

    П. С. Мајките на овие деца се да ги фатиш и во топ да ги исфрлиш.
     
    На Rama и Victorian им се допаѓа ова.
  5. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Сигурно ќе плачам и ќе ми е грдо. Од друга страна, сакам да го гледам.....
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    ^Јас го имам гледано и филмот, а ја имам читано и книгата. Книгата е многу постресна и многу убаво е опишана постапката на кастрација. Под тоа "убаво" мислам на тоа дека се наежив цела, плачев и мислам дека дури и мене ме болеше кога неа ја сечеа. Ја сечат со стар жилет, и мислам дека секој потег со жилетот и јас го чувствував додека ја читав книгата. Сепак, иако и се случуваат многу лоши работи, мило ми е што излегува од тој свет и на крајот бев благодарна што не сум родена таму. Кастрацијата се случува инаку за да ги спречат девојките да имаат односи пред брак, имено мажот и ги сече конците кога се случува првиот однос.
    Мислам дека е убаво за секое женско да го изгледа филмот или да ја прочита книгата, иако е многу тешка за читање.
     
    На Lolo5, Victorian, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Лајкот е за тоа како како ти го долови моментот, а не за содржината...и начинот на кастрирање.
     
    На Victorian и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  8. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    @WarriorAngel како се вика книгата?
    Јас за оваа кастрација имам читано во книгата прстенот на принцезата Султана. Се згрозив.
     
  9. slim123

    slim123 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2017
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Како се вика книгата?
     
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    За прв пат сум среќна што сум се родила во Македонија :x

    КОга ќе ти текне какви болни умови има по светов, едноставно ти доаѓа да скокаш од радост што си тука родена.

    Инаку имало и тема ваква посветена за тие девојчиња
    https://forum.femina.mk/threads/Обрежување-на-девојчиња.12715/page-4

    Модераторите од оваа тема може да ги префрлат мислењата во другата тема, ако сметаат дека се за таму.
    @Dust
     
    На Someonespecial, crazylady, КикиМаус и 5 други им се допаѓа ова.
  11. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
     
  12. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    И книгата Пустинско цвеќе обработува слична тема. Многу потресна.
     
    На AnaKlarc, КикиМаус и slim123 им се допаѓа ова.
  13. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    @slim123, @AnaKlarc За истата книга што ја спомнаа од претходната страна зборував, Пустинско цвеќе (Dessert flower). Мислам дека исто се викаше и филмот.
     
    На AnaKlarc, slim123 и kikin им се допаѓа ова.
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Баш го гледав филмот вчера ( ова , ги прочитав коментарите во темава де , па си реков ајде да не бидам ко избацена од поплава ) . Многу потресна приказна , и жално е што сеуште се случуваат тие обрежувања на девојчиња . Како бе од 3 години да ја однесе на масакар ќерка си ? Не е секој за родител . Инаку , во време на баба ми , не го имало она со чаршафот крвав , но сум го гледала на филмови тоа , и ептен е глупав тој обичај . Среќа што се искоренил навреме од нашата традиција .
     
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Во однос на обрежувањето и зашивањето на вагините на девојчиња во афричките племиња и прашањето „Зошто мајките не реагираат на оваа сурова пракса?“, одговорот е „Затоа што обичаиве се влезени во нивната традиција“, а луѓето, од некоја причина, слепо ги почитуваат и следат традициите, без да се осмелат да ги преиспитаат, без разлика на тоа колку се далеку од здравиот разум.

    Така да, не, не е вината само во мајките на несреќните девојчиња.

    Патем, истото важи и за праската на обрежување на момчиња, која (освен кај муслиманите и Евреите) е широко распространета на Западот, а особено во САД. Причина? Обрежаните момчиња наводно ќе имале помала желба за мастурбација. (facepalm)
     
    На Lolo5, JollyGirl, Pontif и 4 други им се допаѓа ова.
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    ^Точно, традицијата им е толку влезена во психа што мајките им го прават тоа на ќерките "за нивно добро", за да најдат добар маж и да се омажат. И самата Варис Дирие, кога наидува на цимерката која има односи со еден дечко и вели дека добра жена не го прави тоа демек не има односи пред брак и исто и вели дека само пресечена жена е добра жена. Таа и самата си верува во тоа. Жално е бе тоа што им се прави, по 10 минути мочаат оти им е оставено само едно мало просторче, памтам во книгата дека го опишува како глава од чкорче за мочање и кога имаат менструација им трае по многу време и исто така не можат да функционираат, многу им е лошо бидејќи на крвта и треба многу време да излезе а нема од каде.
    Е после веќе оди на гинеколог и сфаќа дека на сите жени во светот не им се случува истото и си прави операција со која нормално функционира.
     
  17. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Не не е баш до детали тоа е само мал дел во кој се кажува за едно девојче што мајка му го однесе да го кастрираат. Султана се обидуваше да ја разубеди ама не успеа.

    Затоа и сакам да ја прочитам Пустински цвет за подобро да се запознаам со тој чин.