Еве.. ПОЧНУВАМ и не ми е гајле веќе што другите мислат за мене!! 2013 ми го смени животот целосно, отпрвен дознав дека сум индиго а потоа не можев да престанам да пребарувам за мноогу други чудни работи. Но јас отсекогаш сум била чудна и се чувствував специјално и се чувствував ИЗГУБЕНА во овој свет.. :/ ИИии.... НЕСАКАМ ДА ЖИВЕАМ НА ОВАА ПЛАНЕТА ВЕЌЕЕЕЕЕ!!! Сакам да си одам дома!! Камо да беше така лесноо.. Убиј се и врати се дома, нели? Но, не е лесно.. Не сакам да се вратам такааааа... Поразена од лошите луѓе. А кој би сакал? Не сакам никој да ме жали. Знам дека ако се самоубијам ништо нема да постигнам, но имам самоубиствени мисли секој ден. Навистина почна да ми се гади од луѓето, ми се смачи од нив. Сите се себични и мразам што и јас сум човек. Ако го кажам ова на родителите сигурно ќе завршам во лудница или на психијатар. Ете такви се луѓето не знаат да те ислушаат.. Можеби и ќе ме избркаат од дома. Кој би сакал ваква ТАКВА ќерка како мене која не е добра во ништо. НИ во училиште (како помала имав петки сега имам многу слаби оценки дури и не ме интересира веќе училиштето си велам "тоа не е мојата иднина не сакам животот да ми е одвива така работа па дома, дома па работа), НИ во социјалниот живот (моите социјални вештини се 0) итн.. Океј.. Имам талент за пеење, ама што ќе ти е талент ако не знаеш на интервју како да се изразиш.. Како и да е, веќе се откажав од тие соништа да станам пеачка. Понекогаш имам голема желба да избегам од дома.. Сакам да се најдам себе си, да најдам некој како мене. Но не.. Па мајка ми и татко ми ќе умрат од мака што не станав ОБРАЗОВАНА ќерка. Пробав.. Многу пати да бидам како сите други, ама не можам.. Незнам како сум се согласила да дојдам на овој свет, СВАРНО НЕЗНАМ! Јас не припаѓам овде. Таа проклета желба да се вратам ме убиваа, плачам секој ден поради тоа.. Ако се вратам со незавршена мисија тогаш сите ќе бидат разочарани (Ќе бидат ли?).. Знам дека дојдов овде со мисија, но што треба да правам? Понекогаш имам голема желба светот да се руши и крај на сите проблеми, секој си оди онаму каде што треба да оди. А дали вие навистина верувате дека сте мозок, месо, срце итн..? о.О Вие немате душа, ВИЕ СТЕ ДУША! Вие имате тело! Имајте убав деннн!! Life goes on and gets so heavy.. But I will always be better the next day, I know it...
хммм.. а како дозна дека си индиго? прво возраста тие е многу специфична. на тие години сите сме се чуствувале како да не припаѓаме негде. тоа се вика пубертет. јас како мала н пример бев 100% убедена дека сум посвоена додека мајка ми не ми ја донесе бабицата нејзина пријателка тога дома да ме убеди толку бев и сум различна од фамилијата што неможев да сфатам како може да сум нивно дете. потоа правевеме детски планови дека ќе бегаме од дома па како ќе живееме од што ќе живееме итн. потоа уште повеќе се депримирав бидејќи растев во мал град се ме гушеше и за да избегам од таа ситуација не размислував да се самоубијам туку да учам да добијам стипендија додека можам и поволности да избегам да учам во странство. и би. своите желби или несигурност постави ги кон позитивен правец постави си цели и остварувај ги.. како може некој да размислува на самоубиство не ми е јасно... и каде тоа сакаш да се вратиш не ми е јасно? земи читај истражувај барај... немој да седиш и да размислуваш безвезе работи. разберете животот е она сега и тука. додека дишеш и чуствуваш. тоа е најсигурно. друго ништо не е сигурно... (овој е мојот совет ако не си трол )
Jас се согласувам со joelle земи читај истражувај и фрли ги тие мисли во главата што ти стојат девојче ти не од што имаш некој проблем како што викаш ти дека ке завршиш во лудница или психијатар туку тоа ти е од пубертетот ти си сеуште тинјеџерка земи учи дека без школо во денешно време нема ништо и што те мачи слободно можеш да пишеш во форумов ке ти помогниме ние ...
Па тогаш врати се на Венерааааа!!! Ама нема да се вратиш таму ако се убиеш, туку со вселенски брод, а за да направиш вселенски брод, мораш да си паметна,а за да се паметна мораш да учиш! Се надевам дека ја сфати мојата поента. Spoiler Во случај да не ја сфати поентата, јави ми се, ќе ти ја дадам шемата на вселенскиот брод за да не се мачиш и да учиш и да постигнеш нешто во животот. Ама ако не постигнеш ништо на Земјата, нема да постигнеш ништо ни на Венера. Ако си мрзлива и мислиш дека се нешто ти недостига, ќе ти недостига каде и да си, па и на Венера.
девојче што те надерало да не сакаш да живееш во ова планета ? ајде кажи искрено што те мачи имаш ли некој љубовни проблеми ли? проблем со учење или пак со родителите или твојата глава не сваќа ништо од животов што го имаш пред себе?
Девојче, колку години имаш? Видов си пишала 16. Тие се најубавите години. Седни и размисли. Додека го читав ова, помислив дека не се сакаш себеси. А, за да ги сакаш другите треба прво себе да се САКАШ! Не биди толку себична и злобна кон себе. Како помала и јас имав ваков период и да помислував на самоубиство. Но тоа ми помина откако почнав да не се замарам со се и сешто. И сега се замарам, али кога ќе почнам да се замарам, едноставно сама се спречувам. Незнам како да ти кажам. Си напишала, ми се здосади од луѓето. Сигурно мислиш на другарките,другарите. Тие не се причина и не треба да дозволиш да бидат причина за твојата помисла на самоубиство. Да одиш на психијатар, не се срамота. Нашиот менталитет е таков, дека ако одиш на психијатар си луд. Психијатарот ќе ти помогне, верувај ми. И јас кога ќе забегам на моменти , мама ме прашува: "А да те однесам на психијатар"? Гледај на животот позитивно, радувај се наа малите задоволства. AND, DON'T WORRY, BE HAPPY!
Овие неколку редови што си ни ги напишала во целост опишуваат како се чувствува една типична тинејџерка , девојче во пубертет.. Сакам да кажам дека тоа што чувствуваш како да не припаѓаш ниту на твоето семејство, ни на оваа планета не е ништо ново ниту пак невообичаено за твојата возраст.. Посебно е карактеристично за оние тинејџери што се со натпросечна интелигенција..што значи колку повеќе мозок толку повеќе бубачки во главата, повеќе прашања на кои нема одговор...и ете проблем .. Пубертетот е многу осетлив период од животот на секое девојче.. и верувај дека секоја трета девојка ги има ако не истите слични проблеми , прашања и недоумици.. Затоа ќе те посоветувам .. не си го замарај мозочето премногу..сакај си ги родителите и покажувај им го со дела тоа секој ден..дружи се со врсниците, излегувај ..но посветувај му внимание и на школото ..затоа што без факултет ќети бидат ограничени можностите за да напредуваш во животот.. И животот на земјата е сепак убав , иако можеби сега не ти се чини така ...
Јас разбирам дека пубертетот на денешно време доаѓа многу рано ама и дека ,,оволку,, вади памет (тешко на твоите дома) Девојче најдобронамерен совет, престани да јадеш амерички батаци , хормоните чуда прават
Psychic отпрвен прочитав за индиго децата случајно на интернет, а потоа на youtube пребарував и една девојка која е индиго рече во видеото "Ако го гледаш ова видео и ти си индиго" И така потоа си правев тестови за дали сум индиго на интернет.. итн.. итн... А сега кога ќе ја прочитам оваа тема ми се иде да ја избришам..
Незнам, не сум 100% сигурна, но зарем индиго децата не треба да се интелигенти? А ти велиш дека си анти-талент за се, освен за пеење... А и незнам, плачеш секој ден, во ред но зошто? Мисија, велиш имаш мисија, секој има мисија и причина зошто е дошол на овој свет, значи сите се индиго? Потоа викаш тие ќе се разочарани ако не ја извршиш мисијата, мене не ми е јасно кои се тие? Марсовците? Слушај, немој да ме сватиш погрешно, не сакам да те навредам или сл. Бидејки јас како помала, се замислував дека сум самовила, и ги убедував на сите другарки дека ноќе во соновите се среќаваме и се бориме против злото. Бидејки јас сум принцеза на фантазијата, умеам со замислување, понекогаш и си помислувам дека сум индиго дете. Си велам имам напишано над 10 книги, од кои два поголеми романи, неколку кратки приказни (кои ги пишував за еден ден една), две стихозбирко со по 50 песни внатре и сл. А, плус и некои едночинки (драми), се разбира половина и повеќе беа со научно-фантастична содржина и навистина не се со најубави реченици испишани но се трудев и се усовршував бидејки уште од 12та пишувам, тоагаш сватив дека всушност јас само на долго си ги запишувава своите фантазии, тоа не значи дека сум индиго. Но, реков и пак ќе кажам, насмевката помага, смеј се, пушти весела музика и гледај од светлата страна, а и фантазирај, замисли си прекрасен свет полн со енергија, љубов и среќа. Уживај!
Да беше стварно Индиго не ке висеше по форуми. И тоа е нешто кое секој родител ке го примети кај свое дете. Тебе све што ти фали е да се осеќаш посебно од други, па ај сеа си нашла некоја статија за тоа и ај тоа си ... Ај жити све
Море ме замисливте )) почнав тестови да правам, не за друго, се исплашив не се секирајте, не сум, 64% ми покажа тестот, ама имаше многу глупи прашања
Чисто сумљам дека имаш 17 години. Ова е дефинитивно пубертет и што вика joelle сите на тие години сме се чуствувале поразлични, со други зборови не удираат бубачките во глава. Ич да не се потресуваш и секираш, скоро сите сме го поминале тоа и нормално е, нема потреба од психијатри и такви ствари, период ти е ќе ти помине. Индиго сигурно не си, тие се многу многу поразлични деца . Заврши школо, дружи се, живеј си нормален живот како сите твои врсници, не ти треба самоубиство. Еден ден кога ќе си ги читаш овде мислењава и кога ќе се присетиш што се си мислела, ќе паѓаш од смеење, верувај!
Пиши на гугл indigo kid test и ќе ти излезат повеќе резултати, одбери си некој оти овој што го правев јас ептен двосмислени прашања има
Не ме зае-ба-вај. Пола луѓе на светов индиго. А индиго термин од кои некој заработил пари, и родители со аутистични деца, даунови, хендикепирани, се тешат оти нивните деца се индиго. А ти индиго, а? Е како си нешто шо не постои, шо е измислен термин на чија основа се заработуваат паришта, браат? Паришта се у прашања. На сите ви е тежок филмот оти сте различни, оти сте нешто посебни, оти не припаѓате никаде. Ако не припаѓате никаде, најдете си место кај шо припаѓате. А такви филмови: јас ваков, ти таков, јас поетеса, ти таксист, ахахахахах! Ме насмеа темава. Јас од друга планета, ти од оваа. Хааа!