Сите работни позиции до сега ми се добиени на оглас. Во друштво, скоро сите кои се вработени во добри фирми се влезени на оглас. Не е се црно бело во државава, има и нијанси боја.
Ако не е проблем да кажеш кои се добри фирми у државава? Бидејќи нешто многу ниски плати кај и да одам. Фала
Nestle, Nelt, Vip, TMobile, Endava, Alma M, повеќето банки, IT сектор сите фирми, фармацевтски компании. Има многу фирми кои нудат добри плати, ама на кои им е битно да имаат добри и квалификувани вработени, па преземаат луѓе директно од други компании, по препорака, или на оглас.
Ама па мислам дека во овие фирми барем прв пат да те вработат треба врски, па после ќе одиш каде е подобро.
Апсолутно се согласувам дека треба врски. Кукличка, многу лесно кажуваш дека во овие фирми се влегува без врски. Во пола од нив имам аплицирано и тоа со добро СИ-ВИ и никогаш ме немаат викнато. Да не зборувам за банки каде сите тестови ги имам поминато... Колку се платите од прилика?
Знам доста пријателки што работат, плата минимална по 6 саати дневно, имаат во веро, сити мол, рамстор, буњаковец, имаа во беверли хилс ама мислам дека го затворија не сум сигурна, знаат да се пожалат ама шо знам у глобала океј е, скоро сите се млади, и шефицата е многу фина и разбрана жена, ама за газдата мислам дека е малку заникаден
Работат постојано, имаш една ден слободна во неделата, се работи и празници затоа што моловите сите работат за празници, по 6 саата дневно
Ок, секој со своето искуство и среќа. На големи меѓународни компании им требаат луѓе кои ќе исполнуваат таргети, и секако дека таков човек ќе изберат пред некој кој појма нема од работата, а има врски. Само не очекувајте прво работно искуство да ви е за мин. 600 евра плата и одма на висока позиција. Тие кои стигнале до високи позиции и високи плати работеле и за 200, 300 евра плата во помали фирми и собирале работно искуство и знаење пред да аплицираат во друга компанија или пред да ги забележат и преземат на друго работно место.
Со работно искуство 20 год, плата 16000, нормално е? Затоа луѓево бегаат. Некој искуство со Стокомак? Подобро у маркет него 3та смена. Позз
Не знам, јас сум навикнат на елиптични временски зони... Такаречи терање на денот на повеќе од 24 часа.
За тие што знам и можам да тврдам дека сите познати што се вработени во Вип се со врски (освен некои што се на шалтер), исто и T-mobile, за банките посебно сите се со врски, за Endava исто знам што бараа врски зошто за подобра позиција требаа врски, фармацевтските компании и те како се со врски, за Nestlе, Nelt и Alma M не можам да тврдам, затоа што немам никакво инфо, за ајти секторите знам дека најчесто има фер избор и спаѓаат во приватен сектор, најчесто се европски фирми па затоа е и малку понаков изборот и човековите права се запазени, но и во некои од нив бараат врски за повисоки функции. Муабетот ми беше за државните институции и за македонските компании, ти ми наброја странски.
Потврдувам за ова! Една другарка беше на интервјуто и на првиот ден само од обуката исто вака ми раскажа дека било..ептен преварантско @темјанушка видов погоре си прашала за папироти груп Дали дозна некои информации ? Или некој друг нешто дали знае за папироти фирмата? Да има соработувано или нешто слично?