Здраво дали има некој искуство со издавачка куќа медија планет? Или ако некој бил на интервју нека сподели импресии
Јас сум била пред многу години на интервју во медија планет мислам и еден ден отидов пробно ама се откажав. Тогаш канцаларијата беше во Аеродром. Работата беше да продаваш списанија по гтц и слично значи нешто како уличен продавач. За платата не се сеќавам можно е да беше нешто и на процент.
За утре ме викнаа на интервју, чим е таква работата не би се нафатила да работам тоа, е сега да им најавам дека нема да одам, да одам и да ги одбијам или едноставно ништо да не им одговорам? Ми испратиле меил, не ме повикаа телефонски.
И јас поодамна аплицирав, ама не отидов на интервју кога слушнав и прочитав што треба да работам. Ти ако сакаш појди. Ама работата е таа.
Феминки, денес ме побараа од Костал за интервју за работа во делот за пластика, може ако знае некој подетално да ме просветли како е дали мириса, ако е за малу ок, ама ако мириса за да ме подуе, да си барам друго чаре
Дечки, искрено јас никогаш не сум видела некој да продава списанија по улици, какви списанија? Освен ако не се оние што собираат пари за болни деца и продаваат боенки и слични минијатурни книжулиња за деца. @hristinan12 имаш опција да си прашаш нешто по телефон, детали? Или ако не ти е далеку да отидеш?
Ништо не губиш ако отидеш на интервју. Од рекла казала муабети немаш корист. Ете отприлика знаеш што може да очекуваш, но може не е тоа. Може се сменило нешто. И ова важи општо за сите. Работа која мене не ми чини, може на некој супер ќе му биде и обратно. Секој треба да се види по своето искуство.
Има улична продажба. Најчесто низ ГТЦ. @КикиМаус има пишувано за ова. И уште неколку членки напишаа. Не се рекла казала муабети. Треба да бркаш луѓе и да им нудиш списанија. Работиш на процент. Затоа не можат да најдат вработени.
Не ни помислив дека е само муабет, ама кога прочитав баш си размислував дали сум видела нешто такво и освен девојките со боенки и Лице в лице, други не сум видела и ми падна чудно. Затоа. Како така не кажуваат кои ќе ти бидат задачите.
На претходното место кај што работев доаѓаа од фирмата и продаваа списанија. Одреден процент они го земаат. Еве ја темата https://forum.femina.mk/threads/Медија-Планет.26103/
Епа тие се тие значи кои ги мислев, продаваат и собираат пари за болни деца. Знам на двапати купив, имаа и боенки. Го прочитв и текстот на офф.нет. Абе леле има ли оваа држава правен систем?
Јас два пати купив. Ама откако прочитав дека се лажги со опашки, веќе не. Како не им е срам да си играат со туѓа мака.
Девојки да не знаете некој бутик за облека, аксесоари или слично низ Скопје (аеродром, центар, карпош, влае) да бараат продавачка? Само да не е во мол.
https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/399232/Facebook-Advertising-Specialist/ https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/399229/Kopirajter/
Леле колку пати имам купено вакви сликовници среќна дека сум донирала... А цело време се прашував самата себе си дали навистина стигнуваат парите до тие што треба. Подобро директно да донира човек на организациите кои се борат против рак отколку вака индиректно па ништо да не стигне до нив. Жал ми е за девојките кои продаваат убедени дека работат за убава цел.