Дали е во ред да пратам две апликации во иста компанија за различни позиции? Имам пратено веќе ама огласот сеуште трае и немам сеуште одговор. а во меѓувреме објавен е оглас на кој сакам да се пријавам? Што мислите ќе оставам ли впечаток како изгубена?
Нема да оставиш таков впечаток, баш ќе видат дека си активно посветена да се вработиш. Плус кога ќе ги сумираат документите на сите кандидати и видат дека за двете места имаш аплицирано можно е на истото интервју да те проверат за кое од двете работни позиции повеќе одговараш. Баш вака и им ја олеснуваш работата на регрутерите.
Лакталис за магационер - 18.000 почетна прв месец + 0,07% минат труд од година - 20.000,00 втор месец + 0,07% минат труд од година - секоја втора сабота работна - смени 06-14, 10-18, 14-22 Треба да го адаптираш малку ЦВ-то можеби. Може има работи кои на прва ги иритираат тие што го читаат. Еве кај мене во 2 фирми ми рекоа многу си менувал работни места, зошто имав некаде по 3 по 6 месеци по 1 год демек не сум бил лојален а се работеше за ист газда "ќерки фирми" па модификував и ок е AWT било определено време, солидни со плати КОЛИД -С е солидно исто, условите се добри. И во 2 случаи не е до ЦВ-то
Што мислите да отвориме тема на форумов од типот за "несериозна работа". Пример како што има многу изнамници да им работиш месец два и да не те плати,постојано доцни,запаѓа у долгови така што никад нема да може послем да ти ги надомести тие долгови( а знаат и да се прават на мутави и да си преќути и да не ти ги исплати никогаш)... А замислете има луѓе кои трпат до следна плата,макар ден,два ќе отиде на работа без храна а камоли па да доцни платата две недели или поише. А замислете луѓе од провинција кои седат под кирија и нема плата на точен датум за да си плати кирија или пак уопште нема плата за тој месец и останува на улица Вака бар јавно да ги кажуваме и нека знае народот да не си губи време кај луѓе кои имаат намера само да злоупотребуваат! Фактички да си помагаме едни на други при барање на работа. Пример ја знаете некоја фирма која што е таква и ја пишуваме на форумов за да не настрада некој друг.Или пак сте заинтересирани за некоја работа но немате уопште поим каква е и тука да може да прашате за искуства. Или доколку знаете ваш познаник или близок кој работел некаде и имал/а страшно искуство во некоја приватна фирма тука да споделуваме. Всушност да се предупредуваме едни со други,да не си го губиме времето кај такви луѓе и да не си го фрла некој здравјето за некој кој се богати на туѓ грб а работникот цел месец да иде на раб без јадење и да се надева попусто од ден на ден за плата а они си немаат абер да платат. Бидејќи нема закон за приватниците кои работат напорно а газдите буквално ги играат за една е*ана минимална плата. Пример да има закон доколку не пушти плата на работникот до одредениот датум да биде казливо, но за жал нема.... На овој начин мислам дека многу луѓе ќе се спасуваме а сите они доколку си се пронајдат тука нека не се срамат ма лагано...Исто како шо не се срамат да ги гледаат работниците секој ден у очи. Така да доколку сте за да отвориме таква тема на форумов...? Оваа тема е слична но не е конкретна баш за овој страшен тип на измамници кои гледаат за себе а за работникот ако остане. А ваљда нема ништо да остане. Баш за несериозна работа,нема одреден датум за редовна плата а може и да нема плата уопште! Ете јас моментално сум без работа,барам работа но ми е страв секаде да отидам. Но ме интересира како е платата во Силуете дали е редовна,всушност дали е сериозна работата без вакви зезанции со плата а и со пријавување. Колку и да е платата океј но бар да е редовна на точен датум. Доколку некој знае искуство нека ми помогне тука или во приватна порака.
Знае некој инфо за ONE STOP SHOP? ИМаат над 200 огласи низ Македонија. Гледам дека е фуд деливери, но имаат многу позиции , customer care,financial, data entry итн.
Алма М за во кој град и што позиција? Дистрибутери од 25.000-30.000 земаат. Мерчендајзерите се најмалку платени 21.000 просек. Повисока е платата за мерчендајзер, 19.000 почетна од каде тоа 16.000 ептен малку е за таа работа плус немаат превоз во Скопје. До 4 да, ама ако стигнеш да ги средиш сите маркети.
Девојки аплицирам на повеќе огласи за државни и јавни службеници на таа страната, профилот ми е пополнет ама секоја апликација ми е одбиена поради потврдата за работна способност односно уверение. Бев на матичен и ми напиша дека сум работоспособна ама очигледно не е тоа што го бараат они. Да не знаете за каква потврда станува збор? Исто така во делот за компјутерски вештини ми бараат сертификат да прикачам а јас такво нешто немам, а сепак знам да ги работам аутокад и некои такви програми кои се учеа кај мене на факултет а таму сертификат не се добива нормално. Што да правам со овие две работи? Ве молам за помош, секоја апликација ми пропаѓа заради ова
Тогаш не знам како планираш во државна администрација да се вработиш. Нормално дека ти се одбиваат апликациите. Кој знае како подесиле во системот, само за да не може некој да аплицира. А од партија без аплицирање без ништо ќе ги испратат неписмени да работат и да земаат плата.