Pivara tochenje pivo, 28.000 startna plata, 35% treta smena, praznici plateni i nedela ako ima potreba. Se menuva smena na edna nedela.
Здраво, планирам да аплицирам за Customer Care Support позицијата во Taskforce, па би сакала да Ве прашам како Ви помина интервјуто за оваа позиција, дали имавте само усно интервју или имаше и некое тестирање? Колку сте задоволни од работното место, дали работата повеќе се извршува преку телефони или emails (имам слушнато дека се работело повеќе со emails па затоа прашувам)? Дали е стресна работата и како Ви се смените? И ако може да споделите за почетната плата би ми било многу корисно при аплицирањето. Благодарам!
Гледам доста огласи за Магационери или и спремачи на роба, некои вртат и по цела година. Ќе го споделам моето искуство за да не се зафркне некој случајно :Кој е заинтересиран можам во порака подетално. Следниве фирми избегавајте ги во широк круг: - ПАКОМ КОМПАНИ- Визбегово - ниска основица, минималец скоро, многу прекувремено работење за да ја одработите сабота, зошто нели официјално е од пон до петок. Кревање прилично на рака, цел ден работа. - КОЛИД С- ИЛИНДЕН-далечината, плус смени, забораваш кога си дошол, обем огромен на работа, лоши шефови - Бато и ДИвајн-Драчево- слатакоречивоста ќе ве придобие, ама после ќе имате милион обврски кои не се во делот на магацинско работење, плус во огласот не пишува, ќе мора да работите 2 саботи кои не ви се плаќаат. Другите и сами ќе ги препознаете зошти се едни исти огласи.
Rabota vo d sport dali ima nekoj iskustva gledam non stop baraat rabotnici me interesira platata kako e ,uslovite ?
Од контакт со едно лице што работи таму знам дека е презадоволен и платите се големи. Тој е инжењер, јас не па не сум аплицирала зошто кога и са видам огласи бараат инжењери.
Не е се ако сме 2010 година. Се додека не почнеш да земаш поголема плата и не почувствуваш дека имаш поголема финансиска стабилност и независност. Со нив не се купува среќа, здравје, ама се живее од нив. На овие моментални цени и те како е се само во пари. Со малку пари не се ни преживува, а не да се живее.
Нека прави профил на Linkedin. Тиго, Флекс Кредит, Луте Јуте како и да се вика итн. подалеку од таквите лихварски фирми.
Друштво здраво...имам пријателка која очајно бара нешто да работи ид дома,зашто девојката оперираше колк и не може да движи барем уште некое време...на соц.мрежи наоѓа се и сешто и повеќето се скамови. Сега на последно налетала на реклама да постира објави на соц.мрежи за фирмата Кобошон. Даваат некој фиксен дел и плус процент од продадено ,бонус. И сега ова звучи океј до моментот кога и побарале лична карта, трансакциска ска ,да слика и прати. Зборела и со некоја менаџерка на вибер и рекле мора така за да биде легал се ко што треба. Не знам што да ја советувам оти ептен ми е некако ни ваму ни таму. Нејзе не можат ништо да и земат нема приходи на ска и да е ете скам. Сeкој совет или искуство е добредојдено. Благодарам однапред.
Некој искуство со Креативна мисла? Имам интервју во Петок не знам што да очекувам, нема многу за нив како фирма.