Мислам дека веќе има ваква тема https://forum.femina.mk/threads/Ограничувања-од-страна-на-родителите.24262/
Здравоооо го прочитав претходниот коментар и јас имам ист проблем и јас живеам со татко ми мајка немам и имам многу ама многу ограничувања од страна на татко ми а веќе имам 18 години и тешко ми е многу де на пример ако сакам со некој да се видам не можам не ми дозволува цел живот така ми беше не знам кога ова ке заврши имам една другарка по некогаш ме вика да одам кај неа да седиме да збориме татко ми не ми дава некогаш ретко кога ке излегувам до град ми вика до 9 часот дома да си ако не си ке дојдам по тебе и ке те истепам пред сите во град аххх многу ми е тешко не можам да најдам работа да си имам свои пари пошто и јас имам потреба да си купам женски работи... тешко е да си женско многу особено да живееш со strict parent стварно не знам што да правам дома сум затворена како во затвор да сум за се буквално за се имам ограничувања и морам дозвола да барам ух морам да барам дозлова до вц да одам се срамам 18 години имам кога слушам како другарките излегуваат одат по кафичи по журки до касно многу многу ми е тешко не знам како да најдам излез од оваа ситуација ке умрам веќе
da znam tesko e mnogu ako sakas da razgovaras tuka sum pisi mi a <3 zosto nikoj ne i odgovoril na devojkata???
Здраво на сите. Имам 20 години и сум студент. Со дечко ми сме заедно веќе 2 години. Пред 3 месеци доби виза и замина Германија. Секако дека за мене не беше сеедно, со оглед на тоа дека се уште студирам. Но, мислев дека на почетокот ќе издржиме некако, па за понатака ќе видиме. Пред неколку дена разгледувавме кога најмногу сум слободна, па се решивме и купивме карта за следниов месец -Април. Целата среќна, ова им го соопштив на моите, односно ги прашав дали смеам мислејки дека не би било никаков проблем, со оглед на тоа дека се работи за една недела, и пред се него го знаат многу добро. Меѓутоа они реагираа многу бурно, и никако не дозволуваат да одам. Се обидов на секаков начин да ги разубедам. Толку поминати одмори со него не можам да разберам зашто оваа една недела претставува толкав проблем. Он наредниов период не може да дојде, а јас навистина не знам како би ги разубедила моите. Секојдневно разговарам, се трудам да им објаснам на моите, но ништо од тоа не помага. Некој ваш совет?
Ќе се спаковам и ќе одам. Па нека се бунат тие колку сакаат. 20 години имаш. Не си малолетна. * и заборајв. Ни кажувам, ни објаснувам. Ќе им се јавам од таму.
А не разбирам, кое е нивното оправдување за да не смееш да одиш? Финансиски проблем да не е, а ти им бараш пари? Само тоа би ми се видело како разбирлива причина, друго не. Инаку им викаш, мамо тато тогаш и тогаш одам во Германија и само си одиш.
И Мојата прва помисла, се пакувам и одам. Меѓутоа сепак како некоја почит спрема нив, ги прашав. Сепак сум студент, финансиски сум зависна од нив, се уште живеам со нив. Но, кога се работи за вакви патувања кои јас сум ги испланирала, од нив не барам никакви пари. Замислете, немаше никаква причина само они тоа не го одобрувале.
@Secret Lady Епа чим не е финансики проблем и досега имате одено на одмори, така иди и сега. Што може да ти направат? До Април ќе ја сварат идејата.
Они прават проблем за идењето сега на една недела. Летово како послободна, логично дека би сакала на подолго време да одам. Тоа нема да можат да смислат. Низ разговорите како што разбрав единствена нивна причина е да не заминам и јас со него, факултетот да не останел незавршен... Моето објаснување дека нема шанси тоа да се случи, верувајте беше залудно.
Шосторе совет @Secret Lady инсистирај да ти кажат причина зошто не може. Која е причината? Што е поразлично од до лани кога сте оделе на одмор сами?
И јас да сум ти родител не би ти дозволила да одиш туку така сама во непозната држава.. Млада си, неискусна, ранлива, а дечкото можеби е лажго и преварант, се има по светот, можеби има намера само да те излаже да отидеш таму и да те продаде или искористи.. Послушај си ги твојте и не оди, за твое добро мислат.
Но, тука се работи за врска од 2 години. Моите многу добро го знаат него, плус фамилијарно се знаат со моите. Во никој случај тоа не е причината.
А да поразговараш со твојте и да прашаш зашто не сакаат да одиш? Сигурно си имаат свој причини, вака може само да нагаѓаме.
Уште поубаво што сама си организирала и имаш свои пари. Ќе ги известиш дека одиш и ќе си се помират со идејата. Родителите треба да се среќни што ќе прошеташ, не да ти бидат пречка.
Нели, баш така. Јас сум таков карактер што лесно избувнувам, ќје се спакувам и ќе кажам одам. Ама сега стварно не сакам така да постапам. Се работи за убава работа ќе одам да прошетам, зашто да заминам со вакви кавги...
Мислат можеби ако идеш ќе ти се допадне таму и нема да сакаш да се вратиш и да го заврашуш факсот. Објасни им дека нема таму да останеш и ќе продолжиш пак со факсот.
Еее... овие родителски стравови се она што многу често не' спречува да го исполниме целосниот потенцијал. Сите се плашиме дали нашите деца 'ќе успеат' (што и да подразбираме индивидуално под 'успех') Некогаш родителите се плашат поради реални причини, ама некогаш се оуврпротектив и ги ограничуваат можностите на децата. А некогаш, некои родители, сметаат дека ако имаат деца, тогаш ги поседуваат (како предмети)