Одбивност кон дечкото поради бившата

Дискусија во 'Врски' започната од Rio de la Plata, 29 август 2015.

  1. Rio de la Plata

    Rio de la Plata Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Сакам да знам дали ќе се јават слични на мене или јас сум за на психијатар.
    Имам релативно нов дечко со кој сме заедно 4 месеци. Го сакам и он ме сака мене, врската ни е супер. Ама има моменти кога не можам да го поднесам и ми доаѓа да го отерам, просто го замразувам а единствена причина е жената со која што имаше 2 и пол год. врска пред да заодиме. Не знам кој е коренот, толку ми е одвратна и иритирачка, и таа и нејзиното фарбано плаво косиште да не можам да се изразам. Се замислува дека е некоја јака женска, а нема врска, не е ништо посебно ни во тело ни во фаца, оди со мажи за пари и за интерес.
    Не се осеќам загрозено од неа, човекот и расчисти и не контактираат ама не можам да си го извадам тоа од главата, не можам да сватам како е можно некој кој е во врска со мене да имал нешто со неа и одвратен ми е. Не сум љубоморна особа, ова ми е нешто ново, инаку досега ми се допаѓале бившите на моите досегашни дечковци, чак и оние кратки авантури со лесни девојки не ми сметале.

    Дечко ми има една друга долгогодишна врска зад себе многу посериозна и немам ништо против таа жена, ни ја мразам ни ми пречи ама оваа не можам да ја поднесам.

    Се е во ред со нашиот однос се додека не ми се појават овие мисли. Во моментот ми станува одбивен и сакам да биде подалеку од мене и еве чекам да ми спласне малку љубовта и да ја прекинам оваа врска, дечко ми не заслужува да се соочува со моите промени на расположение а ни јас не можам повеќе вака да се измачувам.

    Дали има некоја друга девојка или момче вакво искуство да партнер/ка му станува одвратен/на од банална причина?
     
    На kasandrasrce и angelche16 им се допаѓа ова.
  2. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.471
    Пол:
    Женски
    Браво за темава :D Го имав и јас овој проблем пред неколку години , и се мислев дали сум вред со мозоков , бифшата беше мн грда , можит имаше едвај 40кг , заби како ајкула , и осетив голема одбивност кон тогашниот дечко , и дури му реков дека ми се повраќа од тоа што бил со таква како неа , и нормално не можеше да ме истрпи и прекинавме :D не знам за што се работи не сум ни јас љубоморна ,, али доколку го сакаш дечкото и не сакаш да го изгубиш пробај да го надминиш ова со психијатар или пак некој нека објасни што "болест " е ова , инаку само за тој тогашен дечко оваа одбивност ја осетив , за други не ми сметало
     
    На angelche16 и Rio de la Plata им се допаѓа ова.
  3. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Бравоо бе.. Со тоа што не ги поднесувате бившите им давате значение.Каква била за нејзе си била,со кое право вие ги ставате во категорија грди со незнам ти какви заби и што ли не? Демек вие излиени сте од лепота.;)Па демек леле он не е човек штом одел со ваква ц ц .Што ли нема да прочита човек.И на крај краева,зошто сте запнале за некоја која е грда,едвај толку кила и не ти знам што,ако сте сигурни во вашата врска и љубовта кон дечкото.Значи од такт се вадам кога некој се дризнува да оговара некој и тоа на анонимен форум.Изгледа од што сте опседнати со нив,сте ги анализирале до детал.Совет за @Rio de la Plata гледај си за себе и својата врска,нема што да се враќаш назад и да си ствараш сама проблеми таму каде што ги нема.
     
    На Gosh, EvAngelos, Cinderfakinrella и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    49.318
    Пол:
    Женски
    А зошто се замарате со минатото? Ако сакате среќна врска оставете се зад себе, било и поминало. Ако дозволите минатото да меша прсти во сегашноста, тешко дека ќе бидете среќни. Го сакаш ли ти тој човек? Ако го сакаш, мисли на вас, на ваша иднина, а не нешто што било некогаш. Ако не можеш да престанеш да мислиш дека тој не е добар за тебе, тогаш најдобро раскини ја врската.
     
    На Rio de la Plata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rio de la Plata

    Rio de la Plata Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    @anakonda88 можеби сме на иста фреквенција јас и ти ама таа мене не ми е гадна физички. Јас не можам да поднесам што фигурира како негова бивша.
    Јас не викам дека е грда, зборот е дека се претставува како многу јака женска што е сосем обична. Знам дека сум поубава од неа.

    Да не биде дека оговорам, не спомнав име и презиме ни ништо, не ја знаете која е, може да биде секоја. Ова никому не сум го кажала освен тука и на дечко ми. Немам намера да оговарам и да ширам муабети.

    Ја мразам, ме нервира се кај неа, почнаа да ме нервираат чак и жени што физички потсеќаат на неа.
    Ме боли помислата дека некогаш биле заедно. Многу посреќна ќе бев времето кое бил со неа да го поминувал во бордели.

    Немам чувство дека не е добар за мене, се е ок кога не ми се вратат овие мисли, зошто морало да се случи да биде со неа. И јас не знам од каде потекнува ова.
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    2.701
    Пол:
    Машки
    Ова ми беше сериозен критериум за да ја одбијам една.
    Идеше со едно пијаничиште, тепач и што уште не, уствари не ни идеа, одеше она кога ќе и се јавеше овој за секс. И и здосади после неколку месеци и мене ми се пушташе.
    Каква одвратност, нему му служела ко .... ај да не кажам ко што, а ја за рака да ја држам.

    Теоретски може многу да се вакви, али барем да не знам, нема потреба да знам. Али да знам и некоја да ми се колне на љубов, а до вчера со некои изроди да идела не не не не


    Али твојата е различна ситуација веќе сте во врска, кога си во врска имаш проблем
     
    Последна измена: 30 август 2015
    На Binka, Rio de la Plata, stilas7 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.765
    Допаѓања:
    193.853
    Пол:
    Женски
    Веројатно се работи за опсесија. Несакаајки и мислеејки толку многу си се врзала емоционално за таа личност што не гледаш ништо друго пред себе, иако си свесна дека тоа не е во ред и си лепеш жешки шамари на секоја помисла.
    Ете оваа ситуација се вика "опсесивна љубомора" и не кажувај дека не си љубоморна, ти не да си љубоморна туку си болно опсесивно љубоморна, за ама баш небитен човек во вашите животи. Баш се чудам како си дошла до ова дереџе за да твоето време и твојот живот ти се врти околу една цура што само името и го знаеш, а притоа како тоа си се осудила да се спуштеш на ова ниво да го малтретираш и дечкоти ради некоја бивша што одамна заврашил секакви контакти со неа.
    А башка на сето тоа не ми е јасно како тоа толку многу се сакате и тој ти е се за само 4 месеци, а притоа ти имаш толку сомнежи во твојата "љубов" , а со ова забележувам дека и самодовербата ти е на нула.
    Значи остави го дечкото да се спаси од твоите испади и психички предрасуди кои ни најмалку не ги заслужува, а во меѓувреме и ти ќе се спасиш и ќе ја скратиш оваа психичка тортура.
    А притоа ќе те советувам да си појдеш на психолог за да си го решиш овој твој проблем во најможен рок бидејки ако продолжиш вака тешко дека ќе имаш нормален живот.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, Lilit, tessie и 8 други им се допаѓа ова.
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    2.309
    Допаѓања:
    2.524
    Пол:
    Женски
    Ајде беее, витамина не претера малку?
    Која психоанализа па уште и дијагноза и постави на основа на само два поста, молим ти се :D :D

    До некаде те разбирам, сум била во слична ситуација, само знаеш што е проблемот кај тебе?
    Е ова. Како може ако го сакаш да чекаш момент да му раскинеш? Очекуваш нешто да се случи за да прекинеш да го сакаш? Уште во старт ја осудуваш врската на пропаст?
    Реално дечко ти не направил ништо ама баш ништо за да ти имаш причина да му раскинеш или да престанеш да го сакаш. Седни и размисли дали го сакаш, и дали сакаш да си во врскава.
    Кога дозна за таа? Откако заидовте или и претходно знаеше дека она му е бивша?
     
    На Sky-butterfly и Rio de la Plata им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.705
    Допаѓања:
    75.011
    Пол:
    Женски
    Ти пред да поченеш да одиш со него сигурно си знаела од прилика кои му се бивши, и сигурно и оваа бивша си ја знаела ама сепак си започнала врска со него. Значи сега не знам што е проблемот? Ете викаш го сакаш и се е ок, па што по ѓаволите дозволуваш да се замараш со бивша?
    Уживај со дечкото и не се замарај со други...
     
    На Rio de la Plata, Priroden и buba4e89 им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.894
    Допаѓања:
    106.330
    Пол:
    Женски
    Оф кога ќе бидете вие бивши нечии дали ќе ви биде убаво да ве нарекуваат "грди, сакати,заби како ајкула".
    Очигледно досадно ви е, т.е. на тебе ти е досадно.
    Минатото не може да се смени...
    Оф со какви работи се занимавате значи.
     
    На strawberry06, One.Moment, duffi и 7 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.765
    Допаѓања:
    193.853
    Пол:
    Женски
    Па можеби да претерав, но ова нејзиното некако не ми е баш нормално.
     
    На Rio de la Plata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rio de la Plata

    Rio de la Plata Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Имаш многу грешни процени во твојот пост и не знам од каде и дали да почнам да ти одговарам.

    Мислам дека во секоја врска доаѓа до тој момент да намали интензитетот на љубовта ако двајцата партнери не се трудат, а ако вака продолжи во мојата глава подобро да не се трудам и да не измачувам и двајцата.
    Таа му е последната бивша. Ја знаев од почетокот и не ми беше сеедно, ама привлечноста кога почнавме беше толку јака и не размислував за ништо друго. Како поминува времето сваќам дека не можам да замислам како е можно да бил со неа, а потоа со мене, многу ми смета.

    Јас никаде не напишав такви навреди за физичкиот изглед. Последно тоа ми оди на памет во мојата ситуација.

    Можеби е ситуацијата различна ама чувството е слично и кај мене.
    Барем видов дека има и други што размислуваат вака и дека не е необична појава.

    Ми треба уште да научам да се соочам.
     
    На anakonda88 и Priroden им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.765
    Допаѓања:
    193.853
    Пол:
    Женски
    @Rio de la Plata
    Па да можеби грешам, веројатно не си сеуште зрела и дорасната, имаш време ќе научиш и ти. Од грешките се учи најнормално.
    Инаку ова беше најдобронамерен совет, и критика за да увидеш дека грешиш, бидејки како што разбрав партнерот не направил ништо посебно за да ти се потресуваш волку.
     
    На Rio de la Plata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    3.072
    Обиди се да ги погледнеш работите обратно. Како би било кога би била бившата женска а неговата сегашна (некоја особа икс, чисто како пример) би рекла дека не и е јасно како можел тој да оди со таква како Rio de la Plata.

    Никој не е совршен. И дечко ти можел да згреши или пак можеби не згрешил, туку му била потребна таква личност од некоја причина во тој период од животот. Битно е дека тоа е веќе минато, тој не е повеќе со таа личност, туку со тебе.

    Исто така можно е да од тоа искуство тој научил или надминал нешто неубаво кај себе си, и ти - како негова нова девојка - добиваш на готово подобар дечко отколку што бил порано, а да си го запознала порано каков што бил можеби не би го бендисала. Ова го велам само како претпоставка, не ве познавам, но факт е дека човек учи и (може да) се менува додека е жив.

    Исто така можеш да провериш дали таа личност ти одразува некоја особина која и ти исто така ја имаш а е негативна, или пак од друга страна ја немаш но (макар потајно) посакуваш да ја имаш а всушност би можела да превземеш чекори таа позитивна особина да ја изградиш кај себе. На пр. силна самодоверба или самостојност.
     
    На strawberry06, Emy867, glosipgirl и 5 други им се допаѓа ова.
  15. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    7.609
    Пол:
    Женски
    Ако знаеше дека му е бивша и дека ќе наидеш на ваков проблем, зошто воопшто почнуваше врска со детето?
    Не те разбирам, ми нема логика тоа дека сакаш да раскинеш со него поради неа, а се сакате.
    Каква-таква, бивша му е и ти тоа неможеш да го промениш. Може не е до физичкиот изглед, може има нешто друго во девојката што го привлекло, па имале толку долга врска. А и друго нешто: Сите очи не гледаат исто.
    Ако продолжиш вака да му зборуваш на дечко ти, единственото нешто што ќе го постигнеш е тој да стекне неубаво мислење ЗА ТЕБЕ, а не за неа.
    Остави ја, не се замарај, уживај си со дечко ти.
    Немој да правиш непромислени грешки заради глупости. Да не се каеш еден ден.
     
    На tessie, Rio de la Plata и daylight им се допаѓа ова.
  16. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Еве ти пример, од моја најдобра другарка.
    Девојчето си фати дечко, идеа околу 5-6 месеци, се засакаа, он ја сакаше многу. Но пред неа идел со некоја 7 и пол години. И он кога збореле и кажал на другарка ми за неа. Како им било. општо правеле муабет на тема бивши. И девојчето се опседна, го проверуваше дечкото, имаа често кавги (ова ти го кажувам затоа што после секоја кавга она мене ми вртеше и ми раскажуваше). Долго време имаа проблеми на оваа тема, а другарка ми ја знам од мала, никогаш не била љубоморна, не правела драми, но ете и се случи да има одбивност спрема бившава баш од истата причина. И секогаш кога ќе ја прашав што е проблемот зашо ти смета неговата бивша нели немаат контакт, она секогаш ми велеше: Најмногу ми смета кога ќе се сетам дека он со неа бил 7 -8 години. Како можел што видел во неа па она ваква таква.
    И што се случи, на девојчето и светна у глава дека може да раскине врска поради сите овие работи, се смири, батали и бивша и сеа... ете ги сега скоро 2 години врска он ја побара.
    Затоа сакам да ти кажам, најдобро за тебе е да се олабавиш. Да му значела таа на него ќе бил со неа.
    Но ете он е со тебе.
    И зашо да се нервираш?
    И ако е грда, она е грда за самата себе.
    Терај си врска и само опуштено :)
     
    На joy1 и Rio de la Plata им се допаѓа ова.
  17. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.457
    Мене минатиот партнер се случуваше да ми гo навредува бившиот за физичкиот изглед и имаше вакви слични коментари и доста јака кавга падна заради ова. Исто така си ја навредуваше и неговата бивша, и тоа е многу ниско.
    Разбирам во тинејџерски години, ама возрасни оформени личности со такви коментари, додуша за неговата нека си збори што сака, ама личности што јас во одреден период во мојот живот сум ги сакала, да ги навредува за физички изглед, а не да дискутира за ментален склоп, кажува повеќе за него одошто за други.
    Јас никогаш не сум се заљубила во партнер само затоа што ми се допаѓал физички на прв поглед, па да кажам ете тој е тој. Туку ми бил симпатичен, а сум се заљубувала во личноста негова, начинот на кој ме третирал, а љубовта згаснувала моментот кога сум сфатила дека всушност не го поседувал оној карактер којшто сум мислела дека го има. Така што сегашниот дечко во никој случај нема право да ми суди на мене за тоа какви физички биле моите поранешни партнери.
    Ако ние бившите на нашите партнери ги сметаме за неубави, неписмени, простакуши и што ли уште не, треба да го почитуваме тоа што за нив биле убави, паметни итн. Сигурно виделе нешто во нив штом биле заедно. А и сигурно веќе ништо од тоа не гледаат моментално, и затоа и не се заедно @Rio de la Plata па така што треба да бидеш среќна што партнерот те гледа само тебе, те сака, почитува, цени итн.
    Ако порано ми пречело, со сегашниот дечко немам никаков проблем со тоа. На фејсбук во пријатели има една бивша која воедно му е и комшика и имале врска одамна. Девојката сега е во долгогодишна врска. Ми споменал чисто зашто не сака да крие работи од мене, па ме прашал и дали ми пречи. Ама не се разделиле на лош начин, така што според мене е културно да си имаат "здраво", муабет за она што им се случува во животот, честитки за позначајни случувања во нивниот живот итн.
     
    Последна измена: 31 август 2015
    На glosipgirl, MilaP, Rio de la Plata и 2 други им се допаѓа ова.
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    6.093
    Пол:
    Женски
    Класична љубомора, од тип на како тој воопшто имал некоја друга љубов пред тебе, како сето внимание и љубов што ти ги подарува, некогаш ги подарувал на друга девојка, зошто ти не си една и единствена, прва и последна негова љубов...Ете на ова ми личи целата ситуација, па и се изнајдуваат на бившата триста мани, им се удараат од нос на дечко ти, а уствари не е твоја работа, ама воопшто.Мислам дека си љубоморна на се живо, па и на тоа што тој имал долга врска пред тебе.

    Што е битно што се случило во минатото, било поминало, тоа е негово минато во кое ти воопшто не си вмешана.Негов избор и да била грешка, негова грешка за која не смееш да му се караш и мешаш, ако е сето тоа минато.Битна е сегашноста, ако вреди.Овака само се измачуваш и ти и дечко ти.Ке раскинете, тој ке си најде друга, ке си ја сака и чува, е тогаш ке ти светне па ке го бараш пак.Класична ситација видена од страна 100 пати каде што еден од партнерите е болно љубоморен.
    Неможеме да очекуваме дека некоја особа од 20 и кусур години немала, ниту сакала некого во минатото.Ако ти сметаат тие работи фати си дечко од 16год и си терај работа.
     
    На joy1 и daylight им се допаѓа ова.
  19. Rio de la Plata

    Rio de la Plata Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Не би било ништо. Не ме интересира што зборуваат и мислат за мене луѓе што не ми значат во животот.

    Најискрено не сакам да имам ништо заедничко со неа а еве имам дечко што таа го имаше.
    Нема да опишувам зошто за да не биде уште една забуна дека ја оговарам. Ќе го задржам за себе тоа што го мислам за неа.

    Ќе помислам на неа и не можам да сватам како тој и јас се споивме воопшто и зошто.

    Не е така, не си ми ги прочитала убаво коментарите. Он имаше една многу побитна девојка во животот а она не ми доаѓа ни на крај памет. Можам да живеам со помислата на неговите предходни врски и сексуални искуства како да не било ништо ама не и со помислата на оваа.

    Уште еднаш да разјаснам дека не се работи за нејзиниот физички изглед.
     
  20. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Машки
    Психолозите во МКД би имале полни раце работа да имавме култура за такво нешто...
     
    На SexiLy, tessie, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.