Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбивност кон дечкото поради бившата

Дискусија во 'Врски' започната од Rio de la Plata, 29 август 2015.

  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    @Rio de la Plata , a штo си јa мaчиш душaтa? Oдбивен тие нa мoменти? Рaскини. Штo ти требa пoише? Oн секoгaш ќе јa имa тaa бившa и тебе секoгaш ќе ти сметa. Тoa е тoa. Кoлку пoрaнo сфатиш декa реaлнoстa е непрoменливa, тoлку пoубaвo ќе ти биде.

    И мене бившите нa сo некoј кoј мoжеби би се фaтилa ми игрaaт улoгa. Спoред мене бившите мнoгу кaжувaaт зa нечијa личнoст.

    Ајде сегa тукa ќе нaвлaгaме вo психa, зaмaрaње без врскa... 4 месеци не се некoј си гoлем периoд, ќе гo пребoлиш ;)
     
    На Rio de la Plata и DaCi1 им се допаѓа ова.
  2. Rio de la Plata

    Rio de la Plata Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Таман работа да ја шпионирам на социјалните мрежи и да испраќам никој да ја испитува. Како што реков, никому не сум ја спомнала освен на дечко ми.

    Едноставно се трудам да дојдам до коренот на сево ова за да го решам. Неколку пати повторив дека не се работи за физичкиот изглед и дека нема да седам да ја навредувам тука. Ама добро :)
     
  3. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Проблемот е во твојот комплекс на супериорност,нарцисоидност за кој можеби ни ти самата не си свесна.
    Не можиш да се помириш со фактот дека во некој период од животот, во минатото на твојот сегашен дечко постоела таа бивша девојка,(глупава плавуша која глуми јака фраерка) која во никој случај не може да ги задоволи твоите високо поставени критериуми(за кои што всушност и нема потреба да се замараш).
    Јасно е дека Ти не го сакаш дечкоти,тој ја има изгубено вредноста во твоите очи,Не сакаш да бидеш на исто рамниште со неа ,можеби го доживуваш и како самопонижување а,нему неможеш да му простиш за изборот кој го направил кога ти не си ни постоела во неговиот живот.Јас мислам дека оттука произлегува целата твоја одбивност и ладнокрвност кон дечкоти.
    За разлика од неа неговата бивша ,онаа за која велиш дека била манекенка или така ја опишуваш воопшто не ти смета,напротив најверојатно е твоја лига,тоа по малце ми укажува на фактот и дека се преценуваш.Не е ничија вина дали некој се родил убав или грд.Незнам колку години имаш но, целокупното твое однесување изгледа многу незрело и плитко.
    Запомни,ниеден човек не живее во минатото,денес сите сме онакви благодарение на нашето искуство од минатото,подобри после научените животни лекции.Никој не се родил совршен,ниту пак некој ни гарантира дека нема повторно да направиме некоја грешка.Утре можеби ти ќе бидеш таа која ќе згреши.
    Добро размисли и расчисти во себеси,прифати го онаков како што е или не одолговлекувај многу со врскава.Никој не заслужува залудно да му го трошиш времето,емоциите и посветеноста.
     
    На theowndemon, cresa-jagoda, Rio de la Plata и 5 други им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.205
    Допаѓања:
    4.249
    И спомнаа за психолози а не за психијатри и лечења. Помеѓу психолог и психијатар има разлика. А психолозите некој ги спомна токму за да не стигне до таму кое го спомна:
    Психолозите, а особено психотерапевтите преку разговори можат многу да им помогнат на луѓето да го согледаат коренот на проблемот што ги мачи и успешно да го отстранат. Тогаш може да дојде до внатрешен мир, среќа и исполнетост.

    @Rio de la Plata приближно која возраст си ти а која дечко ти? Учиш, студираш, работиш? Те прашувам бидејќи ова додатно може да фрли светлина врз твојата ситуација, барем другите можеби подобро ќе те разберат во врска со темава.
     
    На theowndemon, Valerin, Bloom19 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    а што мислиш они знаат за талентот, хобито и карактерот на таа личност онаа бившата? хаха колку јас што знам и колку тој што знае за моите бивши какви особи се толку и другите..затоа се се сведува на физички изгле.. Така да бесмислено е тоа да мислат дека ќе им го превземе назад зашто е поталентирана, поспособна, не знам со супер хоби и сл. Сум немала ваква ситуација не можам да зборам од свое искуство ама имав другарка која имаше сличен ваков проблем, и сметаше бившата на дечко а и таа не знаеше зашто , нит долга врска имал со неа нит ништо сериозно, а нит беше девојкава нешто посебно па другаркава да си имаше комплекс на ниска вредност дека таа е поубава, баш напротив обратно беше. ама изгледа си немаше друга работа па се замараше со бивши :D
     
    На Rio de la Plata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    3.853
    А доколку не ја сакал ниту бил долго време со неа ? Еве мм на времето ниту бил во врска ,ниту долго време со неа , му била за провод, е така си се се забавувал со неа, му здосадило и ја откачил. За неа дознав преку порака каде што она го молела да се видат. дури еднаш во оние мои испади му реков што си ја носел дома кога не ти била девојка? Ми рече, е каде да ја носам низ град ли, не сакам со таква во град да се појавувам. Значи он ја сметал за неубава а сепак бил со неа, машко де, знам дека не ме лажеше, ми се колнел и низ солзи тоа го кажувал. Мислам и мене толку ми бил паметот си признавам ,да се нервирам за такви работи ама ете незрели години.
    Искрено не знам ни што хоби има ( како да знае некој не ни се другарки?) ни што завршила, ниту пак сум помислила на тоа во тоа време. Јас тогаш немав ни факултет сеуште завршено, ниту работев, ниту нешто постигнато во животот, па така да да рече некој сум се преценувала и потценувала други.. велиш да го ќари пак со хобито? Која ќарила машко со хоби нека каже :D Башка тоа беше невозможно зашто тогаш тој период таа си беше верена за друг значи немаше таква шанса па ни помисла...едноставно за неа тоа ми се пројавуваше и сеуште не знам зашто. За другата пак со која бил во врска и дури одел постојано за неа во друг град (значи имал чуства за неа што возел километри и километри да ја види ) уопште не ми беше гајле, еве за оваа ми се јави некоја одбивност тогаш и готово. Навистина не мора одма да ја напаѓате девојкава таа само си праша дали има други случаеви како нејзиниот и еве виде дека има, сега останува на неа да се избори со тоа или да ја прекине врската третпо нема.
     
    Последна измена: 2 септември 2015
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Се сложувам 100%. Колку пати на девојки со проблеми тука сум им предложила да посетат психолог, и одма враќаат со: нема што да одам на психолог, јас не сум луда (facepalm) Доброооооо....
    Да не се знаеле основни поими, проста раја!!!
     
    На deathinside, sparklie, Jordanovska-K и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Rio de la Plata

    Rio de la Plata Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Ја живеам првата половина од 20-тите. Колку и да му изгледам незрело на некого, тоа е мојата возраст :)
    Дечко ми не е баш дете како што го нарекоа, нема 20 и кусур туку 30 и некоја.
    Ама не знам како информацијата воопшто може да помогне.

    Девојки, во ред е, нема потреба од подбуцнување и кавги.
    Најдобро е да го применам советот на Madam-A, и самата мислев така некако. Ќе почекам некое време и ќе му прекинам. Не ми е лесно да го кажам ова ама мислам дека ако го оставам полесно ќе заборавам, вака нема да се издржи. Не сакам да чувствувам болка и тензии во себе, ми треба мир.
     
    На alisijad му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.957
    Допаѓања:
    219.279
    Пол:
    Женски
    Еве го одговорот на сите прашања.
    Така и си претпоставив и спомнав баш за возраста.
    Ти си сеуште незрела и сето ова твое "понашање и реагирање" е одраз на твоите години,а и до некаде и е нормално.

    А претпоставувам дека сето ова му звучи смешно на дечкото, за некоја година и на тебе ќе ти биде верувај.

    Ако неможете да најдете некаква средина во вашата врска во однос на самата возраст, подобро заврши ја оваа врска и не се измачувај.
    Поздрав
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    Драга @daylight , наместо да се сконцентрираш на секој мој збор до збор, пробај да ја сфатиш пораката што сакав да ја кажам. Не викам дека не сум направила грешка и ти благодарам што ме поправи. :) Секој си ја создава сопствената среќа и најлошо е кога самиот несвесно(или свесно) си ја уништува.
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.205
    Допаѓања:
    4.249
    Твој избор е дали и што ќе правиш, но внимавај, ти си остануваш истата каде и да одиш, со кого и да одиш. Што ако во евентуалната идна врска или идни врски остане да се јавува истиот проблем? Постојано ќе им раскинуваш?

    Инаку информацијата помага многу за да ние подобро те разбереме. Едно е ваков проблем да имаш на тинејџ-и некоја
    (зборот teenager доаѓаа од teen-наставка на бројките thirteen, fourteen т.е. се однесува на возраст 13-19)
    кога не е убаво и не е пожелно но е разбирливо, друго е да имаш на дваесет и некоја кога тоа веќе е сигнал дека требаме добро да се преиспитаме и си се подзамислиме (што мислам дека ти и го правиш на некој начин преку отворање на темава и тоа е за поздрав), а нешто трето е ваков проблем да имаш на триесет и кусур - тогаш тоа е веќе знак за алармантна состојба оти си апла возрасна особа.

    Патем самото по себе, чисто технички земено, не е проблем што ти имаш дваесетина а тој триесетина доколку, како што рече vitamina
    Среќно! :)
     
    Последна измена: 3 септември 2015
    На YoungandBeautiful и vitamina им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Да не цитирам, ќе заземе многу...

    @alisijad а зошто ти мислиш дека не знаат?
    Мислим, не дека мора да знаат, ама љубопитноста е дел од човечката природа. Лесно е сега и преку неколку слики да извлечеш некој генерален заклучок за нечија личност.
    Самата си одговори - другарка ти очигледно имала комплекс на виша вредност, или бар така сакала да се претстави посупериорна, ама биди сигурна дека во себе знаела зошто токму таа девојка ѝ пречи. Како што се крие вистината и со она „Добро сум“ и „Ништо не ми е“, се крие и со „Не знам зашто ме нервира“, али го премолчуваме тоа од низа причини.

    @butterflysk и ти сама си одговори кај лежел зајакот. Штом си немала некоја поголема окупација, си имала време да размислуваш и да се нервираш за работи кои вака би ги занемарила. Тука те сфаќам пошто и јас сум се замарала со баналности при недостиг на нешто поинтересно во животов. Ама па ете, може те нервирал токму фактот што тој одрекувал и се колнел, а сепак имал нешто со неа...као, зошто би, ако ти била толку одбивна што сега дури плачеш?
    Може е и па само незрелост, којзнае. Имаме сите бубачки некогаш.


    Не знам, жени. Отворено поставете си купишта прашања, па кое највеќе ве пецка, тоа ќе да е проблемот. А ако ви е полесно да се тешите дека таквото однесување е во ред пошто „не сум само јас“...тогаш...
    Со лесно, како и да е. :)
     
    На alisijad му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rio de la Plata

    Rio de la Plata Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    До сега немав проблем и не верувам дека ќе се јави друг пат. Ако се јави веќе тогаш ќе мислам, инаку не можам да знам ако не пробам.

    Реков дека не сакам да ја опишувам, упорно ме влечете за јазик. Не знам зашто инсистирате дека била јака, имала хоби, таленти и глупости, јас немам никаков комплекс од неа. Зошто да имам комплекс кога е таа бившата и таа е оставената а мене ни еден дечко не ме оставил во животот.
    Напишав тука дека немаше да ми пречи ако времето наместо со неа го минувал во бордели. Така осеќам затоа што за мене проститутките не се нешто подолу од неа. А тој неа ја направил своја девојка и сега јас да го имам истиот статус, да ме води на истите места, да се перчи со мене како што се перчел со неа? Да ме изедначува? Е не може така.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    @Rio de la Plata , сериозно мислев по муабетот дека се работи за тинејџерка. Ме изненади кога кажа дека си 20 и кусур, а дечкото 30 и кусур. Мислам дека на дечкото му треба добра и стабилна врска, се наоѓа во години каде што сака да се заозбили, да има сериозна врска, па брак и семејство. Мислам дека нема потеба да му го трошиш времето со детски проблеми. Ете тој те одбрал тебе, мислејќи ќе има сериозна врска, ама од тебе тоа не може да го добие, и мислам најфер од тебе ќе биде да му се скараш ОДМА и да не му го трошиш скапоценото време. Се надевам ќе изиграш паметно и несебично.
     
    На vitamina, Umbrella22, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Девојко, не да имаш ти комплекси, ама не сакаш да си признаеш!! Убаво ти викаат, иди на психолог, не ти е океј начинот на кој размислуваш. Ти си опседната со неа и со нејзиното постоење. И таа и дечко ти си продолжиле со животите додека ти (буквално) полудуваш мислејќи на неа. Или помири се дека дечко ти некогаш ја сакал и дека на неа не гледал како на еба*ица или раскини му, трето нема.

    Сите сме ние нечии бивши и мене искрено страв би ме фатило некоја „сегашна“ вака да размислува за мене и да ме става на исто ниво до проститутка...
     
    Последна измена: 3 септември 2015
    На ♣ Alba Viduam ♣, MilaP, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  16. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    3.853
    Баш така, имаш потполно право. Мислам тука беше целата работа, јас не можев да го сварам тоа како можел да биде со некоја за која тврди дека не му се ни допаѓала, па дури се срамел да ја изнесе во град.
    Уште ми е нејасно тоа, можеби зашто јас никогаш не сум/ниту би направила такво нешто или можеби затоа што машкиот мозок (па уште и пијан) функционира поинаку.:tmi: Eте од сегашна перспектива, многу ми е криво што ја видов таа порака, што напнав која е па која е таа, што изгубив месеци лутејќи, се карајќи се, плачејќи баш за ништо.
     
    На calliope и alisijad им се допаѓа ова.
  17. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    Боже, боже што се изначитав...
    Па вриштат комплекси од тебе.
    Си ги лечиш на дечко ти (мила му душа), а на некој следен пак ке ги лечиш сигурно можеби за истото или за нешто друго.Комплексите секогаш и во секоја врска удараат негде и испливуваат на површина.
    Така да надмини ги, верувај многу поубаво ке се чувствуваш, подобро за тебе и за луѓето околу тебе, во овој случај партнерите.
     
    На 123ppp му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ти само се изживуваш со дечкоти, и јас да бев на негово место досега 100пати ќе те оставев, па да видам после дали ќе се фалиш дека никој од бившите не ти раскинал. Ако си над 20години соземи се и почни да размислуваш зрело, или престани да бидеш опседната со бившата на дечкоти или раскини му на човекот а не да го малтретираш вака за глупости. Па и на маж ми бившата девојка му била со малку послободен карактер и тој кога разбрал за тоа ја оставил. И според тебе што треба јас сега да правам? Да лечам комплекси при секоја кавга како сум поубава, подобра, поталентирана од неа и да ја навредувам? Или пак како можел да биде со таква во врска, сега јас ќе растурам брак бидејќи несакам да ме прават луѓето дека сум и јас со ниска вредност, како божем човекот да е програмиран само со такви да излегува. За твое добро ти кажувам малку воздржи се, не го мачи дечкоти а и не се мачи самата себе, ако не ти одговара имаш излез, слободно можеш да го напуштиш
     
    На vitamina, 123ppp, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Rio de la Plata

    Rio de la Plata Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Мислам дека вие што одговоривте последно не сте разбрале убаво.
    Јас не сум особа што хистеризира или се преокупира со една работа, ниту му вршам било какви психички тортури на дечко ми. Се што имав му кажав смирено. Инаку мразам љубовни испади и имате погрешна слика за мене.
    Ако ги имам овие мисли повремено и тоа го признав на форумот, не значи дека сум опседната со неа и по цел ден не мислам на ништо друго. Аман.

    Ќе му раскинам на дечко ми, реков кога ќе помине малку време.

    Инаку мислам дека не е во ред и е избрзано да имате толку предрасуди за некој што не го познавате ама тоа останува ваше.
    Јас самата побарав ваши мислења и ќе ги почитувам.
     
    На alisijad му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Постојат два вида на комплекси на висока и на ниска вредност.
    Е сега откако појасни некои работи со последниве постови,апсолутно сум сигурна дека станува збор за класичен случај на комплекс на супериорност.Мислам дека добар совет ти дадоа некои феминки за посета на психолог.Се рабира за твое добро,да си немаш вакви или сл.проблеми и дилеми понатаму во животот.
    Целава ситуација гледано од мој агол ми изгледа некако апсурдно.И што ќе му кажеш на дечкото?Абе јас не можам да бидам со тебе.Зошто?Па поради бившата не можам да ја смислам,не ја поднесувам.И не само неа ,ни тебе не те поднесувам.Зошто ?Па како си можел да бидеш со некоја како нејзе,па види ме мене јас сум нај,нај ,за мене се зборува само во суперлатив.Незнам како сум можела да се сплеткам со тебе.Поарно оди најди си некоја од некој бордел!Крај!
    Мислам дека е најдобро решение госпоѓица совршена да му раскине на дечково со тоа верувам ќе му направи добра услуга.
    Дечково не убил никого па да не заслужува искрена љубов од никој !
    Пред некој ден читав за Брејвик..монструмот масакрира невини луѓе па пак има девојка која го сака и за неа е најдобриот човек на светот.Како и да е љубов е!Се надевам разбра која ми е поентата!
     
    На calliope, SimonaTino и mila25ve им се допаѓа ова.