1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбрана со напад

Дискусија во 'Психологија' започната од Bitter-Sweet, 11 март 2017.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Често се доведувам во ситуација каде гледам дека другите, кои се незадоволни од својот живот, си го пикаат носот во туѓиот и бараат недостатоци во него, бараат материјал за трачарење и ги лечат своите фрустрации и комплекси на тој начин. Зошто? Своите недостатоци не можат да ги поднесат па, наместо да поработат на себеси, тие мирот го наоѓаат озборувајќи или исмевајќи ги другите. Ако некој им укаже на тоа, тие се бранат себеси и не признаваат дека се на погрешен пат, наместо тоа, топката пак ја вртат на другата страна. Мислам дека ова е сериозен психички проблем. Фрустрацијата од неквалитетот на сопствениот живот така не се надминува. Така само повеќе се заглавува во калта. Јас лично си го гледам сопствениот двор и си работам на него, немам никаква потреба да го споредувам истиот со некој друг па да мислам чија трева е позелена, да барам таму дупки и да говорам за тоа наоколу.

    Што мислите вие за ваквите личности? Како можат да се сменат?



    И на крај, во склоп на темата:

    6c34023cb0de6cb542aafb82b7d622d1.png
     
    На Angie24, Vitaly, anel и 11 други им се допаѓа ова.
  2. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Нападот е најдобра одбрана :)
     
    На fallenangel, Dust, Crna Dama и 6 други им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Одбрана со напад е одраз на карактер, кога длабоко во себе знае дека не е во право, нема веќе агрименти со кои може да се одбрани, а гордоста не му дава да се извини, што му останува друго освен да возврати со напад
     
    На Vitaly, buba4e89, anel и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    963
    Пол:
    Женски
    Личностите кои немаат аргумент најчесто напагаат . Личностите кои немаат свој живот , или најчесто се фрустрирани од својот живот , се занимаваат со други животи со негативни " муабети" !
    Како што кажав тие патат од фрустрација , незадоволни од својот живот , луге со празен живот , луге без свое јас . Овде кај нас ги има многу , дали сиромаштијата си го направи своето или стварно им е закржлавен менталитетот во 10 век.
     
    На Dust и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.806
    Пол:
    Женски
    Напад одговара оној кој е или фрустриран, или се плаши или му навлегуваш во безбедната зона, или пак едноставно и самиот заклучил дека не е во право, па во недостаток на аргументи се обидува да го оцрни или на некој друг начин да го нападни соговорникот. Одбрана со напад е ниско и бедно, секој кој се користи со ова би било пожелно да изврши добра интроспекција врз себе и да види каде е проблем зошто крај краева, до одредено ниво му штети на индивидуата.
    Нападот како одбрана е чиста фрустрација, а фрустрирани луѓе се оние кои најтешко ни се допаѓаат зошто зрачат со негативна енергија.
    Одбрана со напад е исто и кога бегаш од нешто дали тоа било дискусија или игра или нешто друго, изигрувајќи жртва како сите да заговарале против тебе и мислиш дека постигнуваш нешто со тоа, но само се браниш со напад и во врска со тоа горе се изјаснав.
     
    На Bender Rodriguez, SunnyGirl2, blueeparadise и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Не е џабе ρечено нападот е најдобρа одбρана. Во денешницата сеκојдневно се соочуваме со луѓе κои обρнуваат внимание многу повеќе на туѓите животи него на својот и тоа е жално навистина жално. Стигнале до тој степен и го достигнале вρвот на фρустацијата и κомплеκсите и им станало опсесија туѓото сеκојдневие. Познавам и неκолκу особи κои се занимаваат со животот на луѓето κои се "κρем" во гρадот и знаат за нив и моментално κаде се наоѓаат и со κого се и κуп дρуги пρиватни стваρи за κои нема да ти се веρува деκа може да ги знае.... буκвално ги демнат на сеκој чеκоρ. На таκва личност κога ќе и ја плеснеш вистината во лице ноρмално единствено што му пρеостанува е нападот бидејќи се ρаботи за лице κое не ρасполага со фаκти, аρгументи и свое сопствено јас. Уништен им е животот немаат цел визија за својот па затоа се ρанат со туѓите. Овие личности знаат и да бидат доста опасни, да создадат пρоблеми и сплетκи зад твој гρб па да те вовлечат и во многу непρијатни ситуации....Пазете се од луѓе κои немаат свој живот. :)

    П.С. Κој на дρуг дупκа κопа самиот паѓа во неа.
     
    На theowndemon, blueeparadise, PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Под одбрана со напад подразбирам секое скренување од дискусија во коментирање, т.е. навреди кон личноста на соговорникот.
    На пример, имам приметено во последно време дека луѓе без култура и ниво на дискусија, кога пред нив ќе се најде некој што цврсто си стои на својот став - често знаат од таа упорност и аргументирање да извадат муабет и заклучок дека личноста немала свој живот, без разлика што не ја ни познаваат доволно :D Ваква констатација кога некој тотално неповрзано ќе ви извади, знајте - you won :nod: Заклучок и совет од психологот во мене :D
    Многу едноставно и логично, таквите луѓе немаат ни доволно познавање за што го зборуваат и очигледно е дека немаат аргументи, но за жал тие самите не се свесни, ниту пак ќе го признаат тоа.
    А да, ми текна и на една реченица што сум ја прочитала во многу варијанти - Повишувањето на тонот е знак дека ја губите дискусијата :d:
     
    На anel, Florenсе, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Ова ме потсетува на моја бивша другарка, која секогаш кога ќе ја соочев со фактите за одредена ситуација, зборуваше се' само не она за што е темата, се обидуваше со ниски удари да ја добие дискусијата (барем таа сметаше дека нешто ќе ме повреди со тоа). Значи, зборуваше тотално неповрзани работи и само напаѓаше зошто знаеше дека не е во право, или можеби не ни сфаќаше што и зборувам, не знам навистина.

    Кога подобро ќе размислам, сум имала и повеќе личности вакви во мојот живот. Проблемот кај нив е што буквално никогаш не признаваат пораз, и секогаш тие се во право, така добро знаат да ја изманипулираат ситуацијата да не можеш да излезеш на крај со нив и сам да посакаш да се откажеш. Сум се соочила со такви луѓе и во реалниот живот, и овде на форумот, и искрено колку и да знам дека дискусијата нема да вроди со плод, и дека е баш ко со ѕид да зборуваш, повторно и повторно го правам истото... :drunk:

    Ама, не за друго, ајде со мене така ќе се понашаат, со некој друг исто, ама што кога утре ден ќе треба да зборуваат со претпоставен или со било кој друг на кој нема да можат да му вратат така дрско? Најчесто, човек што нема свој став и свое јас, што мислењата ги менува како чорапи - ја користи оваа одбрана со напад. Или, пак станува збор за исфрустрирани луѓе, кои во недостаток на аргументи одма стануваат агресивни и напаѓаат. Не, велам дека тоа му се нема случено на било кој од нас, ама ти да се справуваш со сите ситуации во твојот живот на ваков начин... тогаш нешто не е во ред.
     
    На *Amethyst*, Someonespecial и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    "Нападот е најдобра одбрана“ е всушност една од варијантите на познатата воена максима, која пречесто е злоупотребувана и погрешно искористена во секојдневниот живот. И иако во воена примена е можеби оправдана и издржана, во ситуациите за кои најчесто се користи речиси никогаш не е.

    Во една дискусија, фактите и аргументите се и најдобриот „напад“ и најдобрата „одбрана“.

    А во моментот кога ќе ви снема издржани аргументи – вие веќе сте ја изгубиле дискусијата. :)
     
    На eloves, buba4e89, Outlook и 8 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што се замарате да им објаснувате,да им се правдате. Никогаш нема да им одговарате на другите,секогаш паметни,секогаш тие ги проценуваат другите. Во реален живот обично завртувам грб што значи дека едноставно не ме интересира што имаш да кажеш.
    Друго е дискусија од јавен карактер,а друго е дискусија за својот личен живот. Сите мислиме дека некако треба,така и тие мислат дека некако треба.
    Најлошо е што сакаат по нивни правила да се водат,да контролираат и тие луѓе имаат предрасуди.
    Сметам дека нападот не е најдобра одбрана туку потпалување на огнот,најдобра одбрана е игнорирање.
    Сепак не се работи за натпреварување кој има најдобри аргументи.
    Луѓето со предрасуди не се во моја околина и кога би го препознала таквиот би му воочила директно и би се тргнала.
     
    На teteks му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Оправдувам.Ако се посериозни обвиненија или физички напад да.
    Мислам дека само по себе ни доаѓа да нападнеме во одбрана.
    Ретко кој се контролира и секој им чест.

    The best defence is a good offence.