Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од дрога! Како да се постапи со зависник?

Дискусија во 'Психологија' започната од lepa.milena, 10 ноември 2011.

  1. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    :!: Трагично е еден млад живот постепено да гасне од непромисленост 0и глупост ама ,,УШТЕ ПО ТРАГИЧНО Е ТИ ДА МУ ПРАВИШ ДРУШТВО НА ПАТОТ КОН БЕЗ НАТА И ТИ ДА СИ ГО УНИШТИШ И ТВОЈОТ ЖИВОТ !,, Бери ум девојко прво гледај си за тебе после за други го трошиш дргоценото време за личност која треба да биде само минато во твојот живот !
     
  2. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Oф мила, и мојов беше шампион во пливање... Сега медалите му стојат дома закачени на кревет за да стонира на нив... Пред неколку години од инат го преплива Охридскиот Маратон, а беше на метадонска терапија. :wasntme: Да не откривам премногу детали можеби некој ќе го препознае...
    Н...сакам да ти кажам.... дрогата е чудна работа...така знае да ти го смени карактерот и одеднаш личноста се дели на две...биполарно растроена. Личноста преку која опијатот говори, и онаа преку која се јавува потсвесно рационалното во него...
    Лесно може оваа првава да го надвладее, бидејќи веќе и се предал. И веќе за некој месец да те убедува дека вака му е супер, или дека намалил, или дека престанал (почнува да лаже) прикривајќи ја реалноста и создавајќи сосем нова своја искривена реалност во која и тој самиот верува...
    Знам колку ти е тешко и искрено сочувствувам....
    Ова ти е само совет од човек кој поминал 5 години од животот со зависник ....кој дури и подлегнал, посегнал....Што би рекла мајка ми
    Наместо ти да го извадиш него тој те повлече доле. Тотално несвесно..но... Човек кога се дави, се фаќа за првиот до него сакајќи да се спаси, но фактички и двајцата тонат... :(
    ...Затоа сеуште не си дозволувам да се сретнам со него...а немаш е*ано поима колку ми е тешко и колку го сакам....
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Колку и да го сакаш, колку и да плачеш и да го молиш, веќе се е во негови раце. Тој треба да има волја за да се откаже и да се спаси...
    Според мене, подобро е да го оставиш, да продолжиш понатаму затоа што животот со наркоман е тежок, многу тежок. :worried: Најлошото е тоа што и твојот живот може да биде уништен, а кога ќе се освестиш може да биде многу доцна...
     
  4. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    + за малку ќе заборавев. Болки во црниот дроб= лекарства.
    Одма под рака со него на инфективно. Има хепатит Б или Ц : типично за секој зависник.
    Во ХОПС ги прават бесплатно тие тестови! Отидете заедно. Ако одбива значи знае дека го има вирусот што е тотално нефер, бидејќи ако имате секс без кондом знае дека може да ти го пренесе!!!
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!


    Само што го завршив разговорот со него, дури не може ни нормално да се разговара. Дури и тој кажува што се прима, а не сака ни да помисли на одвикнување. Ја напушти дури и работата, а имаше две работи, а сега само чека да му се донесе дрога во станот. Утре сакал да земе и инјекција, а веќе шмрка и прав прима кокаин, преку прав. Не успеав да извлечам ниеден контакт од неговото семејство, ги избришал сите контакти, за него сите биле мртви. Се чувствувам толку немоќна, не знам ни со себе што да правам. Зборуваше толку неповрзано, почна и работи да заборава, на крај едвај го изговараше секој збор. И уште и не негира дека се дрогира, кажува како убаво се чувствувал, дека лебдел, дури почна да му се причинува дека разговара со моите дома и ме прашуваше за моето семејство... многу пати така, не знам што да правам.
     
  6. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    да не му се јавуваш повеке и да го избришеш со ,,гумче од твојот живот и да го по
    множиш со 0 ,, ајде послушај ги сите што те советуваат ,,спаси се ти,, еден ден кога ке се сетиш што можело да ти се случи ке се стресиш од лошата помисла ,, немој да си дозволиш да те повлече со себе во пеколот . Мислам дека си паметна не вреди ни за телефон да трошиш за него !!!,,пиши пропало,, верувај нема да ти е тешко да го заборавиш иако можеби го сакаш кога ке помислиш на него помисли само дека тој не е затебе и ке го заборавиш со тек на време !
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    пред извесен период мислам дека проЧитав твој пост за твојата 2.5 год. виртуелна врска со типот од пакистан и неговото понасање после васата единствена средба.
    Оној сто те нарекувасе куЧка, дебела, слон???
    ако не гресам и се работи за истиот тип, би рекла ај не си ставај здрава нога во трн.
    не знам дали е крик за внимание, за помос.....несозреаност и манипулација од негова страна или стварно наеднас се навлекол толку јако .. :?:

    целосно се слозувам со се сто ти казаа останатите форумџики.
     
  8. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Ви благодарам на сите за советите. Дури и јас свесно преминувам преку многу работи. Меѓутоа, и да го оставам, што ќе биде со него? Како да ја оставам личноста што ја сакам да се уништува? Се обидов да му укажам, ама кога е зашеметен, тој следниот ден нема ни да се сеќава што сум му велела. Му реков дури и да оди кај специјалист за тоа, да започне некоја метадонска или друга соодветна терапија за одвикнување. Ама тој не сака ни да слушне. Да видиме што ќе биде утре, дали ќе го начекам во свесна состојба, за да се обидам да му укажам. Вели и утре некој ќе му дал кокаин што врие и ќе инјектира. Да не зборувам и веќе што ми велел. На слушалки го слушам како шмрка прав, а јас покрај се што му реков и го карав, тоа не влијае на него. Дури му реков и дека ќе се самоубијам... Ама тој во некој друг свет, дури му се причини дека разговара со моите родители, а и настаните му се мешаа. После вели дека сакал се да заборави... и на мене и на се околу него.
    Единствено ми преостанува да барам контакт од неговото семејство, преку податоците на неговиот пасош, кој го имам во скен, па тие да одат таму и да го приберат во соодветна установа каде може да му се помогне, бидејќи јас не можам да добијам виза од таа држава без покана.
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Јас мислам дека типот те мафта, дека ти изнакажа секакви навреди тогаш и ти реши да се дистанцираш од него и сега си игра мајтап, сака да види како ќе се однесуваш, а не се дрогира туку само глуми ;)

    А ти не знам што девојка си, млада, а без никаква самопочит.
    Си го видела типот еднаш во две години, виде дека те вреѓа, осети на своја кожа каков е и упорно сама одиш кон бездната.
    Што сакаш? Да ти се случи иста судбина како на пример на жената од Никаде без ќерка ми?
    Сакаш да бидеш робинка?

    Дај исклучи го веќе еднаш тој компјутер и излези малку надвор, дружи се со колешките, излези на кафе- ќе видиш дека има и тука машки, не мора да се оди во Пакистан |(

    И ме интересира дали твоите знаат за оваа твоја “врска“?
     
  10. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!


    Значи искрено не можам да те сфатам, ова што го болдирав па посебно.
    Тој ти шмрка на слушалки, а ти го слушаш?! Што сака да ти докаже со тоа дека ете, го боли вашата разделба и сеа чуј ме што си правам од што проклето многу боли?
    Приказни за мали деца, тој којзнае од кога си го практикува тоа, само сега ете добил малце егзибиционистички нагон па сака да ти ги демонстрира и тебе неговите дрогирашки маневри. А те нашол и тебе богами на ист памет, па втората реченица што ми е болдирана покажува и ти колку си самосвесна и зрела (а не си мала патем).
    Тој почнал да се самоуништува, а ти му се придружуваш - призор од Ромео и Јулија, нема што!
    Свести се девојко и остави го.
    Спаси си го животот на време, а не да се самоубиваш.
    Уствари, кога човек ќе размисли вашето е толку лесно да се прекине, зашто суштински тоа и не е вистинска врска.
    И не глуми добра Самаританка за некој човек што си го видела еднаш во животот и за кој што сум сигурна дека воопшто не го познаваш, а ти слепо си се врзала за него и јас не знам по која основа.
     
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Ако станал зависен и сака да е на рехабилитација веројатно при првата апстенцијална криза ќе попушти.Тука треба стручна помош, се даваат големи дози на апаурини и аналгетици за полесна подносливост на болката а и такви за да не им сопре срцето со работа.Се изолираат во посебни простории со тапацирани ѕидови за полесно да се справат на "налудничавите идеи " дека нанесувањето на болка ќе помогне да изчезне болката што ја чувствуваат во моментот и е речиси неподнослива.Не ретко се случува и при тешки случаеви да ги успијат , за полесно да ги преживеат тие 24 часа.Сепак е тоа голема траума за телото.Дека ти ќе го спасиш немој воопшто да се тешиш со тоа.Него можеби ни цел тим стручњаци нема да му се од помош....вреди да се проба сепак.

    Што поскоро да се јави на лекар и да почне редовна терапија со хепамерц, бесплатно е само треба да е послушен и редовно да прима.Постои ризик да има хепатит Ц.
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Сите горе доле ти дадоа сличен совет, а тоа е да се тргнеш со време од него ... меѓутоа мене ми делува дека не сакаш. Тогаш продолжи вака и верувај еден ден ќе се најдеш себе како веќе немаш сили да се бориш и замараш со него и она што вие сте ... и самата ќе ставиш крај. И мислам дека е подобро така сама да сфатиш колку време и нерви трошиш на нешто што неможе да биде подобро и вистинско, а и на некој кој Бог знае што човек е и што се ти сервира само за да те држи на тенок конец. Од мене исто совет е да ја прекинеш оваа приказна одма и да се соземеш и пронајдеш себе, да живееш слободно и мирно ... Меѓутоа ти сама (затоа што туѓа помош не прифаќаш) ќе мораш ова да го осетиш толку јако за да те свести и верувам ќе резултира со позитивен исход. Се најдобро :)
     
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Колку време сте заедно?
    Не може он да е толку навлезен, а ти дури сега го приметуваш, и тоа дури откако он ти признава, самиот :tmi:
    Пред он да ти каже никогаш ништо не примети?
    Човек кој има веќе и болки како последица на тоа, мора да се дрогирал константно и долг период,а не пред 2 недели ти кажува дека има врска со дрога, па во тој период се дешаваат сите драми, шмрка на телефон, се глупира, се заканува...абе ајде...
    Едно да ти кажам, човек кој се дрогира никогаш ама никогаш не признава дека има проблем, дури и пред тебе да има голема криза, или и да го фатиш, исто некој што планира да се самоубие на никого не му го кажува тоа.
    Он е далеку, и баш како што кажа Сеси, најверојатно ја укакал работата, па од пред две недели фура некој филм, да се извади, а далечината му го овозможува тоа.
    Дечково те игра.
    Ти се јавува кога ќе му текне, ваљда кога не е со друштво, шмрка таму, се кози на телефон, трагедизира, спушта, не крева.
    Нормално, ти си далеку, не можеш да видиш што прави кога не се слушате, и можда се кези откако ќе ти спушти.
    Е сега, ако е приказната е како што си ја пишала, ако нема пропусти, тогаш верувај те мафта, нит се дрогира нит ништо, туку интересно му е, тврдам дека не може пред 2 недели ништо да не си приметила, а сега откако решил да ти признае, почнуваат болки, симптоми на тежок дрогираш (кои бтв сигурно на интернет ги бара), припаѓања, па одеднаш приказни дека е заради тебе, па алкохол не му е доволен, па руски апчиња за чистење...оф мори мајко.
    А да го прашал кој филм последен го гледал?
    Знаеш кој е лекот за овој?
    Речи му само, твој живот, твое право, твоја работа, ако сакаш дрогирај се, ако мислиш дека треба да се убиеш, слободно. И не му се јавувај воопшто.
    Да видиш како ќе се јави, свесен и нормален, па ќе те обвинува како не ти е гајле за него, па сега видел каква си и сл.
    Послушај ме и ќе видиш, туку на него му годи, му звониш, плачеш, му изјавуваш љубов, се потресуваш.
    Ај откачи го филмаџијава, и ако се дрогира, уште повеќе ако се фолирал.
    У било кој случај дај му ја клоцата на пациентов, и живеј си го животот.
    (Јас се извинувам, ако приказната е поинаква, ама од тоа што си го напишала, дефинитивно мислам дека чоечево е лош америчко-руски, мафијашки филм.)

    П.с. Мене исто ми се случи, еден дечко, со кој бев ептен ептен другарка, а ми се пушташе со години, 100 пати го одбивав зашто стварно не ми се допаѓаше ама никако, освен како другар, еден ден ме викна кај него, и ми вика - Јас се дрогирам :tmi: :lol:
    Мајко божја, и му викам, и што сеа?
    Гледај да престане, затоа што не чини за тебе, имаш потенцијал, искористи го, немој да пропаѓаш. Е само ова му го реков, со доза цинизам, затоа што знаев дека лаже, и му реков извини се брзам.
    Остана ко посран, ни дрога, нит бутур спомна веќе. тој мислеше ќе го сожалувам, па што, па како, па немој, па како да ти помогнам, и тука да искористи. Ама најде црква да се прекрсти :lol:
    За твое добро, и да е вистина, а не е, и да не е...бегај...
     
    На JuLleE, sesilija и AIT им се допаѓа ова.
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Девојко/девојче а да одиш ти до кај неговите и да им кажеш што им прави синот !!!
     
  15. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    2 недели и тешки дроги па уште и зависник ??? :?: :?: |( ова тие само една негова не голема туку ептен голема лага . девојче тргај се од него уште сега :fubar: :fubar: инаку ке ти пропадне животот и младоста заради некој мрднат . таквите како него се уништувачи на семејства таквите како него неможат да бидат во здрава врска таквите како него живеат сао за дрогата. девојче тој тебе не те сака тргни се поскоро
     
  16. Blondydevil

    Blondydevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
    Во право си Лилит, колку и да ти е тешко, раскини му, верувај, ако е навлечен веќе на хеорин и коакин, нема враќање! Само ќе страдаш покрај него ! Го кажувам ова од лично искуство, не сакам да ја отварам таа тема од мојот живот која за среќа, навремено ја закопав во минатото!
    Пријателски совет, колку и да ти е тешко, тргни се настрана. Ако продолжиш со него, ќе те повреди, и на краот ќе сватиш дека не вредело да се трудиш, колку и да го сакаш!
     
    На srn4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mari93

    mari93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    EVE I JAS IMAM EDNO PRASAJNE STO KOGA DECKOTO PUSI TREVA T.E MARIHUANA.DOLGO VREME DA NE RECAN 10 GOD SI PUSEL I NEGOVITE NE ZNAELE AMA OD PRED 5 MES GO KAZAL NEKOJ OD TIE STO PRODAVALE I MU OTISLE ISPEKTORI DOMA I ZA SREKA NE MU JA NASLE CELA TREVA SAMO MALKU I SO LESNO SI POMINAL .NO OD TOGAS PROBLEMI SO RODITELITE KAVGI I SLICNO POSLEDNOVE 2-3 MESECI DA RECIME IMA PUSENO SAMO EDNAS MESECO I MI KAZUVA VELI NE SAKAM DA TE LAZAM .AMA MENE MI SMETA NE SAKAM VOOPSTO DA PUSI ,AMA NEZNAM KAKO DA RAZGORARAM NE MOZAM DA MU RECAM DA NE SE DRUZU SO DRUGARITE ID MALI SE ZAEDNO A TI PUSAT CELO VREME I PIJAT ALKOHOL
     
  18. VanillaSky

    VanillaSky Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    13
    Девојко не потпаѓај на лаги од типот на- Бев во депресија поради раскинувањето или сл.
    Да бил во депресија да но ако ти си му раскинала па да му било тешко ,но во обратната ситуација хмммм...па да не се лажеме.
    Да не избегам од темата,башка тоа руски лекови кои го чистат организмот од дрога????? :!: Такво нешто не постои. Мој совет ти е бегај додека е време,бидејќи ако тој нема желба да се откаже,ти ништо не можес да му помогнеш,а во најлош случај недај боже да те натера и тебе на нешто слично......
    Разбирам и љубов и се но самата си си поважна пред било кој друг....
     
  19. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555

    Има право. Послушај ја! :nod:
     
  20. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    ЈАС ГО БАТАЛИВ УШТЕ ПРЕД ГОДИНА ДЕНА! ФЕМИНКИТЕ БЕА ВО ПРАВО. МНОГУ МИ Е ПОДОБРО БЕЗ НЕГО!