Мислам за спортист е малку доцна за мене во моите години, така да, ми останува само да се пробам во писателските води. Кој филм можете да го гледате повторно и повторно?
Имам повеќе личности што ми е драго да ги читам секогаш кога ќе напишат нешто. Толку многу се елоквентни, начитани, интелегентни, што ти е драго со такви да разговараш. И ofc my girls ми се fave. Колку долга коса имаш?
Ајвар... со маргарин, и одозгора ајвар, и најгоре сирење. Колку најкасно се имаш вратено дома во тинејџерски години?
Времето кога се собиравме по 20-30 деца од цело маало и игравме криенка, брканица, жешко компирче, силна војска... Сакаш птици?
Сакам да ги гледам и учам навиките нивни. Во точно одредено време овде знаат да се соберат на крововите на зградите, и потоа на зајдисонце истите да се разлетаат некаде... Преубава глетка. Некогаш се прашувам зошто кога можат да летаат каде сакаат во светот, некои од нив сепак остануваат засекогаш овде? Сакав едно време и папагал, ама никогаш не ми купија... Серија која ќе ми ја препорачаш?