Оддавање почит на бранителите

Дискусија во 'Политика и настани' започната од LegallyBlonde13, 8 август 2017.

  1. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.874
    Побарав и не видов дека има ваква тема, доколку постои нека иде во канта.
    Ако се прашувате зошто во категорија политика, тоа е затоа што уствари сето тоа е политика.

    Па ајде да им оддадеме почит на македонските бранители.

    Денеска ќе се одбележат 16 години од загинувањето на 10-те бранители на Карпалак во 2001 година.
    На 8 август 2001 година на патот Скопје - Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што загинаа десет армиски припадници: Нане Наумоски (48 ), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.
     
    На makedonkamak, macush1, Prijatelot и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.614
    Допаѓања:
    48.935
    Пол:
    Женски
    Големо браво за темава. :clap:
     
    На macush1, Јаневски, Snow white и 4 други им се допаѓа ова.
  3. carangigia

    carangigia Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    4.721
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за темава. Вчера во политичката категорија ги споменав загинатите на Карпалак, денес мислев да им оддадам почит во темата Војната од 2001, но многу ми е мило што си ја направила оваа тема. Браво.
    Таљат им оддаде ли почит на овие херои?
    Сега на 10 август исто така се одбележувааат 16 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила. Сувишни се сите зборови за да им се оддаде почит, многу од хероите иако имале повреди барале побрзо да бидат пуштени од болница за повторно да се вратат на терен и да се борат.

    Да не се заборави ниту еден од хероите кои го дадоа животот за Македонија, оставајќи позади себе мајки, татковци, сопруги, ќерки и синови. Цели фамилии завиени во црно.Да имаат мир и спокој во Царството небесно. Вашите имиња и дела вечно да се запаметат и да се споменуваат, а вашата решителност и борбеност да биде во срцата на идните поколенија СЛАВА ИМ
     
    На Tanjamm, Snow white, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    18.538
    Пол:
    Женски
    Браво за темава . Да не се повтори ваква загуба никогаш повеќе . Херои , вечно ќе живеете во срцето на народот ! Народот памти кој се жртвувал за денес слободно да живееме ! СЛАВА ВИ !
     
    На Tanjamm, Arthur, Snow white и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. carangigia

    carangigia Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    4.721
    Пол:
    Женски
    На 10 август 2001 година, во осум часот наутро воениот камион на АРМ нагазува на две противтенковски мини кај Љуботенски Бачила при што загинуваат осум припадници на АРМ, а осумина биле повредени. Загината се Томе Бадаревски († 33) од Скопје , Марјанчо Бошковски († 28 од Волково, Скопско, Томе Димовски († 37) од Скопје , Ивица Златевски († 24) од Скопје, Бранко Јанев († 36) од Скопје, Раде Јанковски († 32) од Волково, Скопско, Томислав Настевски († 27) од Ѓорче Петров, Скопје, Гоце Чанкуловски († 39) од скопско Љубанци

    Извадок од Википедија за Марјанчо Бошковски

    На 8 август 2001 година требаше да се раздолжи и да се врати дома. Веќе му беше подготвено решението за редовен работен однос во АРМ. Бидејќи не беше дојдена комплетната смена, Марјанчо и неговите соборци остануваат уште два дена, до кобниот 10 август, каде што ќе загине кај Љуботенски Бачила. На враќање од позициите, камиончето застанало пред чешмата, се напиле вода и наполниле шишиња. Потоа, само што тргнале, експлозијата го разнела возилото. Десетина, петнаесет метри од патот, имало терористичка заседна со пет до шест вооружени терористи. Тие ги активирале експлозивите, а и припукувале на камиончето. Тогаш од позициите повисоко на планината дотрчал војник пукајќи со автомат да ги заштити настраданите. Терористите се разбегале и немале можност да ги дотепуваат настраданите.

    Марјанчо починал на патот кон болницата. Хеликоптерот задоцнил со интервенција. Велат, барем двајца - тројца можеле да се спасат да дошол порано. Марјанчо имаше четири рани на левата страна кај рбетот. Левото око му беше затворено, потечено и крваво.
    Во текот на транспортот, Марјанчо имал кус дијалог со лекарот што бил во екипата за извлекување на ранетите и убиените.

    Докторе, однесете ме дома
    , му рекол на лекарот. Стрпи се уште малку и се ке биде во ред му одговорил лекарот.
    Марјанчо пак, му вели на докторот:

    „Знам дека тука ми е крајот. Однесете ме дома само да ги видам сестра ми и мајка ми. Само да ги видам. Не ми е жал што ќе умрам, загинав за Македонија”


    [​IMG]

    Ова беше мал извадок за тоа како македонските бранители останале борбени и решителни до самиот крај. На самиот крај знаеле дека ќе умрат за Македонија и не жалеле.
    Низ какви маки имате поминато наши македонски браќа, а Шеќеринска не им оддаде почит на загинатите од Карпалак, нема да им оддаде почит ниту на овие херои.
    Секој чест за вашата пожртвеност, за нашата Македонија вие оставивте цели фамилии завиени во црно. Вашите фамилии да имаат здравје и секогаш да бидат горди што во нивна фамилија имало храбри херои со јуначко срце.
    Вековито да бидете запамтени и споменувани. Имајте мир и спокој во Царството Небесно. СЛАВА ВИ.
     
    Последна измена: 10 август 2017
    На Bitter-Sweet, kukla21, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.163
    Поклон пред споменикот во Волково на четворицата загинати македонски бранители,кои во 2001 беа на кукавички начин убиени од страна на УЧК, со поставување на мина кај Љуботенски Бачила.
    Должност и чест е да се брани Македонија!
    - Ивица Златевски
    - Раде Јанковски
    - Томе Димовски
    - Ацо Ангеловски
    Имињата на четворицата Ѓорчепетровци. Ѓорче Петров беше една од општините со најмногу доброволци за одбрана на татковината во 2001 година.
    Вечна слава ХЕРОИ!!!!!
    ЗАГИНАА ЗА МАКДОНИЈА.



    [​IMG]
     
    На macush1, Bitter-Sweet, kukla21 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    4.039
    Пол:
    Машки
    Кога би знаеле на која функција се тие од кои загинаа, мислам дека би се срамеле од тоа што се македонци а не да земат пушка во рака.
    Вечна ви слава. :bow:
     
    На Bitter-Sweet, Lianna Anna, CrazyGirl15 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    45.808
    Пол:
    Женски
    Лесно е да се каже со зборови Вечна ви слава...тешко на вашите семејства обвиени во вечна црнина и жалосно за вашата младост,загинавте бранејќи ја татковината,но од таа татковина наскоро нема да остане ништо како што тргнало.
    Загинавте толку млади и на кукавички начин,ама дали вистина Мајка Македонија вечно ќе ве памети-Не.
    Повеќето веке ја заборавиле историјата,како и на револуционерите од 1900 и некоја,така и од 2000 натаму.
    За каква почит и благодарност ќе зборуваме,кога крвниците што ве убија уживаат на високи функции.
    А граѓаните Македонски никаква забелешка не давале и не даваат на тоа.
    Свесно ја прегазија вашата крв,велат не ги интересира историја,им требало соживот и плата од 500 евра.
    Нека се гонат со се нивниот лажен соживот,не ми треба мене таков соживот,поважни ми се моите браќа Македонци.
    Да не се повтори,никогаш,никогаш повеќе ниедна мајка да не се завие во црно,кога би можело само...
     
    На artemidis, macush1, ladyySi и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    5.370
    Во право си. Еве за Стојанче Ангелов мене ми е мило што се врати тој и жена му во МВР. Но, има и луѓе Македонци кои викаат абе пазар е, ова, она. Абе што сака нека е, сакам тој човек и сите други бранители да ги видам на пиедестал. Кога Ангелов собираше потписи во СК за смена на Талат, јас од провинција отидов да дадам подддршка и да се потпишам, но знаете ли колку луѓе имаше таму?Па 20 луѓе да речеме и тоа бранители, сопруги на бранители, а каде сте се сите кои се во Скопје?Скопје е 700.000, ама дојдоа една шака народ. Еден потпис нашиот народ не дава за нашите бранители, а не пак нешто друго. Каков народ сме, многу е што ја газиме оваа земја. Тие живот дадоа за сите нас, или останаа инвалиди, ама ние па сме модерни, си се сончаме во Албанија, си купуваме од Бипазар, од тој што дал пари пример за УЧК, им продаваме куќи, им даваме простор да се шират. Штета голема.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    26.077
    Се оддава почит така што се прави рат за пари, па се праќаат сонародници да умираат за истото, па потоа да ги оставиш без работа, и плус оштетата да им ја бараш назад од фамилиите, да ги оставиш без леб и медицинска помош, само едно мочано пакетче да им дадеш на децата, да ја заташкуваш истрагата и ни еден терорист да не лежи у затвор, туку да си ги прчат у влада, а да плукаш по едни Стојанче и Љубе, да не можеш една ебана спомен плоча да ја одржиш на место, или пак да идеш да се поклониш на истата...

    Али кривете ги вие ,, шиптарите ,, за се... Поголеми ,, шиптари ,, за Македончето, од Македончето нема.

    Ајт!
     
    На Црна Ружа, Prijatelot, Arthur и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    5.370
    Не е крив ни Љубе, ни Стојанче, ни Јохан. За мене се херои и секогаш ќе бидат. Криви сме ние. Колку пати Ангелов кажал дека се врши терор и етничко чистење на Македонците во западниот дел. Колку пати Ванчо Шехтански повика да не продаваат Македонците затоа што Македонија нема земја за продавање. Колку богати бизнисмени имаме, можат да купуваат имоти по западна и да си вработат свои луѓе. Да им дадат леб и да не мора да бегаат во Скопје. Глас никогаш повеќе од мене за Груевски затоа што ги малтретираше бранителите и ги амнестираше за Хашките случаи. Јас како единка не можам да направам многу, но денар нема да дадам за некој што сака мојата држава и народ да ги нема. Тука спаѓаат Грците и Албанците. Одам во Тетово пример, или ќе влезам во македонски дуќан и кафич или нема никаде да влезам. На избори секогаш ќе гласам за да со масовно гласање ги сузбиеме нивните гласови колку толку. И секогаш ќе поддржам бранител да биде на функција. Смешни ми се тие кои викаат ок е Стојанчњ, ама не чини што влезе во политика. Таквите Македонци со таков став се заблудени и заслужуваат власт со терористи и убијци кои ги јадат нашите државни пари.
     
    На Rama и Vitaly им се допаѓа ова.
  12. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.732
    Пол:
    Машки
    Браво мала! Почит до тебе. Нека почиваат во мир....
     
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.072
    Пол:
    Женски
    Кое фајде...
     
  14. carangigia

    carangigia Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    4.721
    Пол:
    Женски
    Денес се навршуваат 17 години од убивањето на осуммина припадници на македонските безбедносни сили.
    Имајте мир во Царството Небесно.

    377389-petnaeset-godini-od-masakrot-kaj-vejce.png
     
    На Rama, Vitaly, Petra777 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    1.583
    Слава им на 3агинатите бранители на АРМ кај Вејце.