Ма каква осуда? Вас треба капа да ви се симне...Луѓето не сфаќаат дека треба да се благодарни за луѓето што работат во маркети и воопшто што работат во прехрана. Ги гледам низ прозор како 3 дена од рано насабајле до доцна навечер истовараат огромен број пакети со роба во маркетов од карши, за да одговорат на потребите на цел народ. Изгинаа од работа луѓето...Некои од продавачите ми се комшии и пријатели, знам како им е..
Значи ние треба да сфатиме дека и она е една од трудниците кои што иако се ослободени за да се пазат и чуваат они се шетаат, а некој ќе работи за двајца, тројца и нема да се пожали. Нека престанат да мислат само на себе оти патетика се!Поддршка за снегулката!
Вака не бива! За некој мајка а за друг маќеа. На работа дозволија од дома на 70%, а на остали 30% се дадоа да се потпишат согласност дека ќе одиш во вонредна состојба! Ако стават мерки, МОРА ИЗРИЧНО од Влада да нагласат дека важат зс сите, инаку приватен сектор ќе не утепа живи. Или клуч на све, или нека отворат све! Не може да трпат мн сфери, а други да газат во пандемија! Македонска злоба, трулост, алчност....
Epa istoto i vo pp odea na rab merki nikakvi ne se pocituvaa zatoa sega imaat korona. Zabolena zena odi na rab a tamu rabotat 300 luge 300 zeni ami tie imaat semejstva deca mazh... Gazdite se vinovni
Kako trudnica sum oslobodena od rabota. Privatna firma vo prodazba. Najprvo mi baraa potvrda deka sum bremena ja dobija. Potoa boleduvanje od 2 nedeli(tolku moze maticniot ginekolog da dade) za pred inspekcija i toa dobija. Sega se baftam po lekari specijalisti, za da moze maticnata da mi napishe boleduvanje za mesec. Ne mi e jasno zasto boleduvanje koga spored merkata na vladata vo ovaa situacija sum oslobodena od rabota. Izgovorot e radi inspekcija. Zarem potvrdata ne im e dovolna pred inspekcija? Dali nekoj se nashol vo ista/slicna situacija? I kako da postapam? I uste edno prashanje dali firmata ili drzavata plakja dodeka trae merkava?
Со боледување над 15 дена мислам (или 30 не можам да се сетам точно) одиш под фонд. Затоа те маткаат за боледување, за да не плаќа фирмата туку фондот. Закани се дека ќе ги пријавиш. Ти треба да си ослободена по мерка и да ти плаќаат редовно како и на сите останати.
и мене не ми е јасно зошто лица кои со закон - со приложена потврда се ослободени од работа а фирмите уште се драпаат со дај боледување дај да ти пишеме одмор. Истото беше со три мои колешки кои се со деца до 10 години дома. Едната се врати на работа и се заканија со отказ. Другата која пред месец и заврши породилното со боледувања се одржа и сега за ова со децава дома и рекоа дека е уствари на принуден одмор до истек на договор на третата по секоја цена ја убедуваат да се врати на работа со изговор мажот да ги варди децата а мажот е во војното вработен што нема никакви шанси да е пуштен дома со децата. Истото и со трудниците. Со сите кои треба да седат дома. Кај маж ми во фабрика 500 души за 2 недели добија отказ. А нели не смее да се испуштаат од работа. Е ама за тие 500 ќе се најде изговор. Демек фирмата немала потреба од нив. А после кризава сите работодавци како луди ќе бараат работници.
Што мислите за фирмите кои пуштаат огласи за вработување во време на карантин? Пропуштив една можност за која мислам дека сега беше шансата, затоа што наидов на негодување од страна на мајка ми, ми направи некои црни сценарија, скраја да е, а таа ми е се на светов. Гледа само вести, а телевизијата знаеме што емитува. И јас читам по интернетов, и читам за случаеви од крајност до крајност, ама воопшто не се плашам, едноставно не се надеваш дека на тебе може да ти се случи нешто такво. Си седам дома, само еднаш бев до гтц ми требаше нешто, и се чудам како све живо и диво работи, посебно продавниците за облека. Мислам дека на никој не му е до облека сега. А луѓе врвулица.
Луѓенца јас одам 3 смена на работа и нели забраната е од 4 до 5 сабајле... Ете сега пример јас живеам во Лисиче али работам у Карпош и имам дозвола/потврда со печат дека смеам да се движам само за работата.. Али итно ми е и сакам да ве прашам дали морално да се тргне на работа од местото на живеење? И дали ќе напраат проблем ако одм на работа пример од кај баба ми која живее у центар.. Или мора само од дома? Плизз кажете ми. Страв ми е полицијата да не ми направи проблем или недај боже некаква казна да ми пише.
Јави се во мвр и најави се кога ќе одиш од кај баба ти, ќе те регистрираат. Не би требало да прават проблем ако пред тоа ги информираш.
Тоа со баба ми пример го кажав..глупава работа.. јас од сношти заминав кај дечко ми кој живее сам и цел викенд ќе сум кај него и (не излегуваме и затворени сме дома) и сега морам да одам на работа али тоа не е моето место на живеење. Не знам што да правам.
Нема врска кај кого си. Они ќе те прашаат за локација, од каде до каде треба да одиш. Ама најдобро е да се јавиш и ќе ти кажат што и како. Ако не се јавиш да кажеш, а те запрат, може да те казнат.
Јави се и објасни, речи, останав кај вереникот пред да почне полицискиот час, цел викенд не сум излегла од тука, и то е то. Нема шо да ти прават ако не ја прекршуваш забраната, не се плаши. Додуша требало дома да си останеш за да не се објаснуваш, ама не е криминал.
Читав горе кај предходната девојка и јас имам потврда/дозвола за да идам на работа трета смена.. али ме занима дали е морално да се излезе од дома од местото на живеење зашто јас сум сега кај вереникот и таму спиев а вечерва треба да идам на работа..и не знам што да правам Или мора обавезно да се извести полицијата? И не знам каде да се јавам и што да му кажам? Ве молам помагајте
Ние работиме од дома бидејќи самата работа тоа го овозможува. Многу зависи и кој што, работи. Искрено, не сум воопшто задоволна од одлуката, не е тоа истата ефективност како на работа. Дома нешто ќе испадне, нешто ќе одвлече внимание и тоа е тоа. На работа барем знам зошто сум отишла, работното време си има и секако немам опција за нешто друго да правам во меѓувреме. А реално, сама сум во канцеларија и воопшто не се плашам, секако би си воспоставила некое ограничување да не ми влегуваат што е доволно. Сега планирам да искористам некои денови кои ми останаа од стариот одмор па ќе се обидам да си се договорам да си продолжам како што треба. Реално, многу голем проблем е и полицискиот час лупнат од 16.00. Разбирам дека некои бизниси реално не ни можат воопшто да работат ама има и такви на кои ситуацијава нема толку големо влијание и на кои треба да им биде овозможено колку-толку нормално да функционираат. Тие што одат на работа секако работат со скратено работно време а на многу компании токму тие час-два им носат големи губитоци кои секако ќе ги трпат вработените преку откази или намалувања на плати во иднина. Исто така, независно дали станува збор за работа од дома или одење во фирма, секој вработен кој има некоја дополнителна обврска нема шанси да ја заврши имајќи во предвид дека работното време трае колку и времето дозволено за движење.
Kolku vi imaat odbieno za sedenjeto doma kako bolen od covid_19 t.e neli nemase da kratat a denes gledav na televizija deka platite se namaleni na site pozitivni slucai sto sedele doma 20 dena.Kako i da e jas sum denes posleden den vo izolacija.,kolku ke skratat ke ve informiram okolu 15 .01.
Некаде прочитав вест дека имаат право да кратат нормално како за боледување, односно да добиеш 70% од платата за периодот кој не си одела. Другар пак мој сега скоро беше во изолација и ништо не му скратија, целосна плата доби. Многу зависи и од фирмата.
Да, така е со 70 % од платата за периодот кој не си одела, односно дневницата ти е 70%. Ама ова е со класично боледување. Доколку е ковид, со изолација и со извештај - боледување од доктор каде е наведено дека дијагнозата била ковид, тогаш исплатата е 100%. затоа другар ти добил цела плата. не дека е до фирмата