Темава малку ме потсеќа на онаа за „Професии што изневеруваат“ или како и да беше Ако е доктор, тогаш гарант е швалериште, ако оди по семинари - такуѓере. Тек па доктор што оди по семинари... Па па па... Многу лесно можеш да си направиш филм кога девојка ти/дечко ти оди на семинар - неколку дена во друг град или држава, во хотел со спа центар, базени, џакузи, многу луѓе, па хаха-хихи, ти реков-ми рече... Па не ти се јавува на телефон, па ти си мислиш којзнае сега со кого се тркала по кревет и ти доаѓа да запалиш колата да отидеш до таму. Јас на семинарот на кој бев пред 2 недели, буквално од хотелот не излегов, освен првиот ден до бензиската отспротива, за да си купам еден кроасан и кафе за до вечера Агендата беше набиена, ни сауна, ни џакузи не видов. Да не зборам па дека телефонот цел ден ми беше на airplane додека траеја предавањата. Дечко ми требаше да збесне знаејќи во каков хотел сум, бонус тоа што бев со луѓе што ми се колеги по професија, а тоа значи многу заеднички теми на муабет Нема да се повторувам со другите, ниту нешто ново да кажам што не е веќе кажано во темава. Тој што не е верен ќе си најде начин, тој што нема доверба ќе си ја чука главата. И така.
Sho znam nekoi razmisuvanja i neznam.nemam.bas sea za sea stabovi,a somnezi si imam deka mi mrda neso go kri tel
Enko 1 Те сфаќам потполно другарче. Впрочем, навистина заљубен маж (кој навистина сака, и во неа ја гледа единствената жена на светот) мора да е љубоморен. Инаку, криењето на телефонот може, а и не мора да е знак на изневерување. Можеш ли некако да ја наговориш девојка ти / сопругата да го отворите заедно нејзиниот фејсбук профил. Пр. сакаш да видиш дали некој те блокирал? Па, можеш и да видиш со кој последно станала пријател и сл. И ако се љути што сакаш да провериш изговори го болдираново.
Јас мислам дека не е до човекот, ако си опкружен со многу нови луѓе сигурно некој ќе ти стане интересен, ќе се најде некој убав што ќе ја привлече. Доста со тоа ако те сака, вака така муабети. Семинарите се место каде што човек повеќе се опушта и има повеќе простор за дешавки @Enko1
Со вакво размислување и јас би те варала. Опушти се малку. Како тоа ти да ја пушташ девојката да иде на семинар?
Абе ако сака да изневери и у кафиќ да сте ке те изневери а не па на семинар. Си зависи многу од тоа каква е личноста дали има такви нагони. Може со еден куп машки да бидам опкружена на семинар у не знам ти каде и пак да си чатнувам со дечкото и да си седам мирна. Се е до личноста а не до ситуацијата, ситуациите не вршат присила за изневерување самите луѓе си го прават тоа.
Хух, добро е. Оти, си помислив дека само мене ми се случува да, неколкудневните семинари по хотели на кои сум била ми се повеќе замор преку целиот ден (ради сите збиени активности и брзински ама, изеди колку можеш повеќе оброци) и малку дишење вечерта, по 19 или 20 саат, кое било ништо повеќе од обично вечерање, пијалок и бла-бла муабети за... работа, воглавном. Не било значи до мене и семинарите на кои сум била,луѓето со кои сум била. Него муабетите за оригијање по време на...биле само муабети.
Шала на страна Верувал или не женските имаат поголема грижа на совест од мажите. Ако се почитуваш првин себе си , ја почитуваш нејзе и ако имате среќна исполнета врска тогаш не верувам дека ризикувала да пропадне сето тоа со едно изневерување .Друго мислам дека ова не е некој порно филм или било каков филм па да те изневерува со шефот црнец. Него сега ќе ми платиш ли зимување/летување или џабе седам на темава?