porano ne mi ostanuvaše nikoj dolžen odma mu vrakam, ama sea svativ deka se ke si dojde na svoe mesto toj što lošo misli lošo mu se vraka i ič ne se nerviram nek puknu dušmani
Јас се согласувам со ова.За некои поголеми работи кои те повредиле,мислам дека треба да се врати,да му дадеш до знаење на тој некој да не се осмели повторно да ти наштети . Ако го игнорираш,повторно ќе ти го направи истото тебе или пак на некој твој близок.
Злобна сум многу, во некои моменти не се ни препознавам. Не сакам кога некој што ми значел ме повреди или па си замине засекогаш. Тогаш комплетно се менувам. Психопатче сум ако ми згрешиш имам безброј планови како, кога и каде да те убијам или исплашам, како да те скарам со некој, како да те натерам да плачеш итн. Одмаздата е многу слатка, го сакам чувстовото на ситост што ми го дава.
Ако некој многу ми згреши, му се одмаздувам и го избегнувам. А ако некој не ми згреши многу, не се замарам.
Никогаш не би се одмаздувала на некој што ми задал болка без разлика дали било намерно или не намерно затоа што во животот се се враќа, се се плаќа , едноставно таа личност повеќе замене нема да постои и нема да сакам да сум во никаков каконтакт тоа е така бидејќи таа личност ми значела, но со текот на времето им простувам од срце затоа што не сум личност што сака да живее со омраза во душата
Ако некоја личност ме повредила во животот продолжувам понатаму без таа личност, ја бришам од мојот живот па колку и да е тоа тешко. Не се оптеретувам со правење планови за одмазда, не си го губам времето за тоа. Но ако некогаш се појави прилика за одмазда ја искористувам.
Oдмаздата е најглупавата работа на светот. Ако некој ми згрешил нека е здрав и жив, чао пријатно. Што ако му се одмаздам? Ќе уживам во туѓата болка? Многу ми е гајле за таа личност што за мене повеќе не вреди. Живот иде даље.
Ако некој немал жал за мене, јас го правам спротивното, ќе ги сожалам и нема да им вратам... Само ја кревам главата кон небото и си велам: Господе те молам дупло врати им...
Кога ќе се сетам што ми направиле некој луѓе, иде ми се животот пекол да им го направам Ама после кармата пак на мене ми се врате Затоа некогаш подобро е да се почека кармата Некогаш се мислеш „да чекам карма ама ако не им се врате и немам можност да се одмаздам?“ или „ако се одмаздам па ми се врате карма?“
Никогаш се немам одмаздено,смешно е што на збор ќе правам планови и оп на реализацијата стопирам си викам не сум таква,не би можела никој да повредам,има некој кој ќе им врати во мое име
Искрено до сега ме имаат повредено многу личности од кои најмногу бившиот дечко.Што е и најлошо,зошто многу го сакав а и ден денеска е така.Иначе не сум личност која сака да враќа,секогаш си велам господ гледа и ќе врати.Кармата е кучка.Но,постојат одредени личности кои неможам да ги поднесам и поради кои се вадам од кожа така да на едната од нив вратив и баш ми е мило.Нека види сеа мене како ми било и ако не и покажав дека ми е било тешко и слично.Само и вратив,така себично
Секогаш се одмаздувам на некој што ќе ме повреди мене или некој мој близок кој не може сам да го направи тоа.
Одмазда. Јас лично не враќам, мислам најслатка е, ама не враќам, премногу сум мека за да вратам ... Ако тој што не го поднесувам и што некои би му се одмаздувале, умира, јас ќе одам и ќе му поможам, а во други случаи, на помали начини, не толку болни, ама доволни - враќам.
Колку ли треба да биддеш злобен за да мислиш на одмазда и туѓата несреќа да те храни.. Што и да ми сторил некој, не се одмаздувам. Има кој да им суди, моето е подалеку од нив. Не правам зло на никој - ни на најлошиот - тоа ме врстува во злобниците и мене.
Не сум одмаздољубив тие што нешто ми направиле нека сватат дека згрешиле доволно на крај краишта на сите ќе ни се суди кога ќе умреме