Мислам дека најдобра одмазда е да не дозволите да ве повредат постапките на луѓето кои ви згрешиле. Кренете глава и не покажувајте слабост. Не сум одмаздољубива по природа, ако некој ми згреши знам да дадам и втора шанса, во спротивно ставам точка и тоа е тоа. Не си го губам времето, нервите и спокојот да сервирам одмазда. Ни ладна, ни топла.
Za da imam zelba na nekoj da se odmazdam treba da mi zgrese premnogu,vo toj slucaj go brisam od mojot zivot i za nego veke nisto ne me interesira.Ne se odmazduvam no veruvam deka edna den se sto mi napravil ke mu se vrati duplo,ne za djabe rekle se se vraka se se plaka.
Никогаш не сум земал да подготвувам планови и тактики како да им вратам на тие што ми згрешиле. Ама, за срека, досега секогаш им се има вратено. КАРМА!
Пошто нели одмаздата е најубаво да се сервира ладна,после толку време јас ја сервирав и тоа многу успешно реализирано Ми кажа:ќе те памтам цел живот после ова,а што е најинтересно не ни беше свесен дека се работи за одмазда
Крајот е подобрата варијанта што ја избирам во случаите кога нема можност за простување, наместо ковањето планови и себемалтретирање. Спокојот ми е омилено расположение што не сакам да си го нарушам со туѓите (не) промислени постапки. Секој го добива тоа што го заслужува и без мојот заговор.
Вo живoтoв имa сaмo еднa личнoст штo ми знaчелa тoлку штo нaпрaвилa дa сaкaм дa се oдмaздaм и дa врaтaм се милo и дрaгo. Бев тoлку беснa штo имaв тристa нaчини дa си нaплaтaм и мнoгу мoжнoсти дa ги oствaрaм тие сценaријa. Амa тoa е сaмo мoјaтa избувливa стрaнa, некoгaш си имaм и тaкви мoменти. Кoгa рaзмислив смиренo сфaтив декa не вреди. Oдмaздaтa сaмo пoкaжувa декa некoј ти знaчи. Декa те пoвредил. А јaс не сaкaм дa пoкaжувaм слaбoст. Се штo имaв си кaжaв и сегa тaa личнoст веќе не е вo мoјoт живoт. Уште ме бoли, уште нa мoменти ми дoaѓa дa oтерaм се вo aмa секoгaш се трудaм дa пoстaпaм зрелo и дoстoинственo. Не ми е гaјле ни зa кaрмa, ни дaли пoстoи, битнo меме душaтa не ми се труе сo oмрaзa. Личнo мислaм декa е пoдoбрo некoј целoснo дa гo избришеш, oткoлку дa се oдмaздиш и пaк дa биде вo твoјoт живoт.
Ееее колку сум сакала да се одмаздам на времето.. ..како созреваш ти станува јасно дека зборовите мразам и омраза се премногу силни.. И не вредат да ги користиш во речникот бидејќи само ти ја трујат душата Не се одмаздувам.. Се се врти се се враќа
Верувам во карма, верувам и во божјата сила. Ми наштетувале до миле воље, ама најселско ми е да се одмаздувам. Ако таа/тој греши, зошто јас да грешам? Нека и/му е на чест, а со тек на време ќе си го добие, но не од мене!
Све се враќа во животот,нема ние што да враќаме,горе има еден Господ кој за све суди и враќа,некому добро некому лошо.
После непроспиени ноќи,душевна болка и непресушни солзи заради нечија себичност,нечовечност,неодговорност...кармата и Господ нека си го завршат своето,а јас моето бавно и полека секогаш кога ќе ми се пружи прилика. преголема душа и срце имам за некој да ми ги гази и плука по нив!
Ве читам со она Се се враќа. Се враќа ама не на тој што треба. Е тука страдат невини души. Нека не се враќа. Обично огорчени луѓе прват намерни лошотилци,нека им се врати со убаво,само така ке станат свесни каде погрешиле и дека не чини она што го сториле. Ретки се луѓето што умеат да продолжат понатаму како ништо да не било. Во прашање е ваљда зрелост,без разлика на годините.
Тотално се согласувам со постот над мене. Доаѓа кармата како бумеранг ама кај погрешни луѓе...малку доцни кармата. Прадедовци правеле лоши работи и после лошто се враќа на правнуци до 10-то колено...ни криви, ни дожни. Баш тие што треба да патат, не патат На лошите луѓе ко само убави работи да им се случуваат...колку повеќе прават лошо, толку поубаво им е во животот. Не е фер животот. Додека не си ја земеш правдата во свои раце, џабе е се. Надевајте се дека се се враќа, ама кај 98% од случаите после 10000 години ќе им се врати кога нема ни да постојат на земјава тие кривите. Човечки е да се погреши и човечки е да се прости. И јас се водам според мотото: Батали ги и биди поголем човек од нив, се ќе им се врати...ама не знам колку вреди да се размислува така...може некогаш треба да се превземе во свои раце.
Јас не заборавам ништо. Само некој нека се закачи со мене, тешко нему. И не се замарам ладна-топла одмазда, важно е да се реализира правдата.
Одмаздата е како отров во сад. Повеќе штета му прави на садот во кој се чува, отколку на оној врз кој се истура.
Ја сум личност на која ако и згрешиш ќе плаќаш дур не кажам јас крај.Можда не е убаво ама ќе научат дека мене не смеат да ме повредат.Многу луѓе во моја околина ми згрешиле и си добиле тоа што заслужуваат, а некои допрва ќе добијат.Или ќе ги повредиш или ќе те повредат, или ќе ги надвладееш или ќе те надвладеат. Пошто живееме во такво гадно време со ужасни луѓе...Ако не им вратам јас, тука е Господ кој се гледа, он ќе им врати.
Не сум тип што се одмаздува, а и немам некоја причина за одмаздување бидејки никој сеуште не ми згрешил, а и да ми згреши има Господ тој ќе ги казни.
Воопшто не сум одмаздољубива личност... такви чувства и мисли како планирање одмазда, па дури и посакување лошото да се врати некому - се трудам воопшто да не постојат во мојот речник. Кога некој навистина ќе ме навреди или разочара, ќе одговорам вербално бранејќи си го своето на достојно ниво (и тоа, ако смеам да напоменам - порано уште потрпелива бев и вербално, оставав и повеќе отколку што треба впечаток на личност што ептен тешко можеш да ја налутиш). Потоа едноставно се оддалечувам од тој токсичен однос и не дозволувам да се трујам со негативни чувства кон такви личности, не ни посакувам ни лично нешто да им се врати, уште помалку па јас да планирам да им наштетам.