Кога ке ми текне порано колку се замарав да враќам за се нешто, мака ме фаќа што сум губела време и живци. Многу клише е да кажеш дека игнорирањето е најдобрата одмазда, ама со тек на годините ја сфатив суштината на овие зборови. Кога ке му завртиш грб на некој и веќе нема да добие ни грам внимание од тебе, ем душата ти е мирна а нив тоа најмногу ги боли. Последниве години само дигам раце од оние што ми прават лошо и вртам грб засекогаш.
Тип сум што се замара и враќа ..ама со зборови напаѓам.. па може да се каже дека до негде сум одмаздољубива..(али малку малку..хахах)
Јас сум толку безопасна ,што самата помисла во моментот на бес да му се одмаздам некому ме задоволува па камоли да спроведам во дело.Можам да вратам со зборови,да навредам некогаш,ама ако ме знаат добро знаат и дека се е моментален бес.Познавам луѓе кои кога ке им згрешиш нешто од прва не реагираат,ти си мислиш не си ги повредил,не ги допира ништо,ем те нервира тоа ем кога најмалце очекуваш ке удрат добро со одмазда.Убо рекле,куче што лае не каса.
Па ако ме изнервира некој,само во тој момент мислам да се одмаздам,што да вратам,ама после ми поминува ,,желбата'' и се откажувам од ,,планот''.Едноставно не можам да се замарам со сѐ. Мислам дека не сум многу одмаздољубива.
А што кога кај ти се исмејувале 4 години бидејќи си бил мирен, добар повлечен и сл. после тоа пак те зборат? Што кога не те забораваат? Што кога ти викаат џабе мислиш дека си добра кога си дно? Кога ти викаат дека се ти е залудно?
Немав како бидејќи заедно учевме, на сред час ќе се издереа со навреди по мене, се радуваа што бев осамена и ме етикетираа дека е до мене и дека нешто ми фали, ме тепаа, ме понижуваа и навредуваа и бев со врзани раце без никој да ми помогне и разбере. Кога одевме на пракса моравме заедно, ми се смееја што одев позади нив и ме избегнуваа, нејќеа да одам по екскурзии, ми се смееја кога гледаа дека сум излезена со други, ми се смееја што и да облечев, јадев или направев, и после се пак ме исмејуваат кажувајки дека сум лузер што нема ништо да направи во животот, и дека нема да бидам успешна како нив.
Па тоа е твој проблем што не си го решила на време, знам и во друга тема пишуваше и тогаш ти кажав блокирај ѓи тие што ти пишуваат на сите социјални мрежи (не ја сфаќам поентата да имам некој на ФБ што ме навредува и омаловажува) За нивен инат учи и стани успешна личност и докажи им дека можеш многу повеќе од нив тоа ќе ѓи боли. Карма ис а бич еден ден верувам дека некој од тие ќе дојде и ќе има потреба од тебе. Тогаш ќе бидат твојте 5 минути
Ги немав, туку ми пишуваа во инбокс и ме тагираа по статуси, ако немаш некого на фб има опција пак да му пишеш и они тоа го правеа, и покрај што ги отерав упм. Јас немав како да го решам проблемот бидејќи не знаев како и бев сама тогаш.
Старите викаат молчењето е злато. Но не е секогаш, еве пример од твојот случај. Јас кога бев основно во класот имавме едно девојче што беше тивко, мирно и повлечено и цел клас се изживуваше врз неа се до моментот кога бевме 6то одд, еден ден сите машки околу нејзе беа собрани и ја задеваа и на девојчето му пукна филмот буквално толку години да молчи, кога почна да вика и да се дере на цел глас (искрено незнам од каде го извади толку силен глас) се дереше и плачеше почна да мава по клупите, ние стоевме сите како запрепастени бидејќи толку години од нејзе збор не се слушаше. Од тој ден кога она крена глас и реши да се заштити самата себе никој ништо не и викаше. И така и за тебе се додека им дозволуваш ќе ти го прават тоа, додека не решеиш да станеш и да се одбраниш. !!!
И јас бев тивко и мирно девојче во основно. Сите ме одбегнуваа, освен кога им требаше нешто. Еден ден, решив да го променам класот. Беше први септември, отидов со татко ми на училиште и право кај директорот . Од таму добив амин за префрлување во седмо еден, а мојте дотогашни соученици довикуваа дека сум ја згрешила училницата , дека треба да одам доле, само им се насмевнав и им кажав дека од сега се 19 ученици во класот.
И јас бев мета на психичко малтертирање во основно. Си бев повлечена, сама, избегнувана. Додека ги гледав сите како се дружат, одат по кафиња, јас си бев сама и седев дома. Понав во гимназија, запознав нови другари и другарки (фала богу сеуште сум со нив) и почнав да си стекнувам самодоверба. Околу 3 или 4 година не се сеќавам точно, сите оние кои ме малтертираа, зборувам за машки сега, сите си ги пробаа шансите кај мене и сите добија "корпа''. Воедно по очите им се познаваше љубомората која ја имаа кај мене кога ме гледаа во друштво и среќна со нови пријатели. Се си се лекции во животот. Порано дозволував да ме газат, веќе не.
Сами си се редат коцките јас немам потреба нешто да направам бидејќи верувам во карма. Сега сум свесна за ситуациите порано мислев дека имам среќа ама сега знам за што се работи.
Порано и листа имав направено за одмазди. Цела тетратка. Ја запалив пред неколку месеци Одмаздата е лоша, ве сопнал камен, продолжете. Дробење на истиот не е решение.