Во нечија полза кармата работи, за нас за кои не работи, треба сами да се помачиме, но што да се прави... додека е резултатот ист не се жалам... макар што сакам да видам како кармата ги мести нештата во моја корист и за мое добро без јас со прст да мрднам.
Големо (зло)памтило сум, пу пу пу, не заборавам скоро ништо, особено ако некој/нешто некогаш ми згрешил/о. Не кројам никакви планови за одмазда, се' до моментот каде подреденоста е сменета, и овој пат јас ја имам контролата. Тогаш завршувам работа што треба, и додавам нешто од себе за да дадам до знаење дека памтам, некој згрешил, и чисто како предупредување за да не го повтори истото. Втор пат нема да му се размине никако. Сепак, не се сметам за одмаздољубива поради тоа. Напротив- карактер, и си држам на себе и принципите.
Јас никогаш не сум се одмаздувал. Ниту тогаш кога стварно требало да се одмаздам. Не сум одмаздољубив. А тие што ме познаваат викаат дека сум добар човек.
Не сакам да се спуштам на такво ниво, да си ја валкам совеста и да нанесувам некому зло за моментално задоволство кое нема да ме направи (по)среќна in the long run. Премногу негативна енергија која може да се искористи на милион подобри начини, а и ми изгледа... petty. Сакам да верувам дека секој ќе го добие она што го заслужува, на овој или оној начин, макар тоа (моментално) не можам да го видам.
Не одмаздувам. Не ја трошам енергијата за тоа туку ја пренасочувам кон убави и корисни нешта. Тоа не значи дека заборавам и простувам, едноставно продолжувам понатаму најдобро што можам.
Злопамтило сум да ,но не се одмаздува , барем не намерно. Ако нешто така се подредило јбг. А понекогаш си викам што идиот ќе беше бе те скинаа од газење и ти пак им се мислиш.
Сакам да се одмаздувам но не секогаш го правам тоа. Памтам, не заборавам. Некогаш ја оставам работата на кармата
Има и такви ситуации кои ми покажале дека злото се враќа кај испраќачот. Трпение само, смирено. Подалеку од злобните, дистанца, и ќе бидете безбедни.