Некогаш ми доаѓа таква желба, ама кога би размислила подобро, со тоа уште повеќе ќе си наштетам. Одмаздата ќе ми донесе само краткотрајно задоволство, а за тоа не вреди да си ја трујам душата. Сепак, не држам долго лутина. Ама ако некој многу ме повреди, тогаш нема простување. Нема одмазда, но нема ни простување.
pamtam,pamtam i taktiziram j koga najmalku se ocekuva togas vrakam,odmazdata ja serviram ladna ali prvo so taktika i strategija
Сите што ми сториле лошо, самото им се вратило или враќа. Порано се преоптеретував, рамнев сметки, фрустрирав и сл. Патем, ако ви е неправедно нанесена неправда пуштете душа и самото ќе се врати кога-тогаш.
Секогаш гледав само да се одмаздам, но за жал или за среќа, не добивав ништо со тоа. Кога простувам, многу полесно ми е. Но, ете. Некои луѓе ми имаат толку згрешено што само кога ќе им вратам исто, тогаш ќе ми олесни товарот. Мислам на тие што ми го вреѓале семејството, тогаш само човек може да ми згреши. За друго не се одмаздувам. И не напаѓам никој којшто не ми згрешил, во случајов семејството на тој што ми го вреѓал семејството.
Кармата си е карма како што имам пишано во темава. За некој стравот е неуспех и се радуваат, а за некој стравот е успех. Зависи кој како ги толкува стварите. Се испаднало како што треба. Тоа го покажуваат и резултатите. Да сакаш нешто да испланираш нема така да ти испадне ако немаш толку среќа. Сега што им е криво на некои тоа е нивни проблем. Што се чудат како може да биде некој среќен со проблем.
И јас верувам во карма. Имам направено лошо и ми се удри после на ист начин од глава. Верувам дека и на тие што ми грешеле ќе им се врати кад тад.
,,Лошото’’ треба да научиш да го искористиш во ,,добро’’ . И треба да направиш да им е криво што ти се случило лошо. Тоа е цела поента. Кога им зборев за Ана во темиве ме отераа у три лепе. Ама сега се да знаат не би кажале така.
Odmazdata e noz so dve ostrici. Plus ne vredi da trosis vreme i energija na nekoj koj ocigledno ne ti misli dobro. Ima koj da se grizi za toa